Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Скопје
media-libraryrh4pk550lq7bcWa0N1K

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски соопшти дека денеска се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, во рамки на реконструкцијата на булеварот „Македонија“ во Скопје.

Според него, во првата фаза од проектот е извршена реконструкција и рехабилитација на постојниот коловоз, како и проширување на дел од сообраќајните ленти на булеварот „Борис Трајковски“, улиците „11 Октомври“ и „Пролет“, како и крак од булеварот „Македонија“.

— реклама —

Ѓорѓиевски истакна дека улицата „Пролет“ е проширена со дополнителна коловозна лента на потегот од полициската станица „Пролет“ до Тутунскиот комбинат, а раскрсниците се уредени со нови сообраќајни острови.

— реклама —

Во текот на вечерта ќе биде извршено и целосно обележување на коловозот, по што сообраќајницата ќе биде подготвена за користење.

Тој најави дека во следните фази ќе се градат кружен тек кај „Нова Македонија“, уште два кружни тека меѓу булеварот „Кочо Рацин“ и улицата „Јордан Мијалков“, како и проширување на булеварот „Св. Кирил и Методиј“.

Паралелно, се работи и на атмосферската канализација, при што се поставуваат повеќе од 60 шахти и сливници.

Подземната сообраќајница, која е дел од третата фаза, ќе има шест ленти – четири за автомобилски сообраќај и две за јавен превоз, како и пешачки патеки. Според проценките на градските власти, со нејзиното пуштање во употреба се очекува намалување на метежот за 33 проценти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynbj0fssafh3k8Sb3ZRk

Ѓорѓиевски: Започна процесот на одгасување на Вардариште

Скопје | пред 6 дена

— реклама —
media-librarys8o3gcc07pjobisP5T0

Над 300 оброци за бездомници на Велики Четврток

Скопје | пред 1 седмица

media-library0co5sc0kahlhbVkMDDn

Скопје денес е центар на светското олимписко таеквондо

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryho2e8d01qfp74MIokAz

Ѓорѓиевски: Нова зона со над 1.300 паркинг-места и дигитални услуги за „Градски паркинг“ во Аеродром

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања