Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ

media-libraryv6h8agcfa0lv4aFqrbU

Орце Ѓорѓиевски најави 100 нови еколошки автобуси: Јавниот превоз во Скопје влегува во нова фаза

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, оценувајќи дека со ова започнува суштинска трансформација на јавниот превоз во главниот град. Според него, станува збор за исполнување на конкретно ветување и за чекор што директно ќе го подобри секојдневието на илјадници граѓани.Како што соопшти Ѓорѓиевски, одлуката е донесена од страна на Влада на Република Македонија, а предвидува на Скопје да му бидат доделени 100 нови автобуси, заедно со 50 полначи. Тој истакна дека ваквата инвестиција значи побезбеден, навремен и подостоинствен јавен превоз, но и значаен придонес кон заштитата на животната средина и подобрувањето на квалитетот на воздухот.Градоначалникот се повика и на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, кој најави дека оваа поддршка за Скопје е дел од поширока стратегија за стабилизација и модернизација на јавните услуги. Според Ѓорѓиевски, одлуката произлегува од стратешки договор „влада со влада“ меѓу Македонија и Унгарија, што овозможува набавка на возилата по исклучително поволни услови.Во своето обраќање, Ѓорѓиевски нагласи дека проблемот со јавниот превоз, кој со години бил една од најголемите болки на скопјани, наскоро ќе стане минато. Тој посочи дека преземањето на функцијата значело соочување со сериозен колапс во системот, но и дека токму поради тоа прифатил одговорност да започне процеси кои со години биле закочени.Градоначалникот информираше дека за неполни три месеци од стапувањето на функцијата се иницирани повеќе клучни постапки, меѓу кои и набавката на нови возила за Комунална хигиена, чие пристигнување се очекува до крајот на годината, како и стартот на процесот за набавка на новите автобуси. Според него, ова се првите конкретни резултати од, како што рече, „тектонски промени на подобро“.Ѓорѓиевски упати јавна благодарност до премиерот Христијан Мицкоски за поддршката и, како што нагласи, за посветеноста кон граѓаните, оценувајќи дека без таквата поддршка реализацијата на вакви крупни проекти не би била возможна. Тој порача дека Скопје има потенцијал повторно да стане град со достоинство, ред и јасна визија за иднината.На крајот, градоначалникот истакна дека времето на дилеми дали може подобро завршува и дека следува период во кој граѓаните директно ќе ги почувствуваат промените, додавајќи дека подобриот јавен превоз и почистата животна средина се заедничка обврска кон сегашните и идните генерации.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryq5u4fdlvdmg7fhxyqAz

Стартува еден од најзначајните проекти за Скопје: сообраќајниот хаос во центарот ќе се намали за најмалку 30 отсто

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска официјално го означи почетокот на градежните активности на булеварот Македонија, проект за кој, како што рече, со години се зборувало, но без конкретна реализација.Ѓорѓиевски истакна дека стартува првата фаза, која треба значително да придонесе за растоварување на сообраќајот во централното градско подрачје, со проекција за намалување на сообраќајниот метеж за најмалку 30 проценти. Првата фаза, според најавите, ќе се реализира во рок од 90 дена.Тој најави дека веќе наредната недела ќе започне тендерската постапка за втората фаза, која ќе опфати изградба на два нови кружни текови и влез во подземна сообраќајница. Целта, како што рече, е да не се губи време и втората фаза да започне веднаш по завршувањето на првата.Во рамки на првата фаза се предвидува проширување на дел од постојните сообраќајници, уредување на просторот, изградба на нова атмосферска канализација и поставување на 60 нови шахти, со што ќе се решава и проблемот со атмосферските води во овој дел од градот. Проектот вклучува и проширување на улицата „Пролет“, нов приклучок и крак кон булеварот „Борис Трајковски“, како и проширување и нов крак кон улицата „11 Октомври“.Ѓорѓиевски изрази уверување дека по истекот на 90 дена ќе биде пресечена лентата за завршување на првата фаза и нагласи дека до крајот на неговиот мандат ќе вложи максимални напори, заедно со својот тим, целата сообраќајница со должина од околу два километри целосно да биде завршена. Проектот, според него, претставува еден од најзначајните за главниот град и дел од ветувањата дадени пред граѓаните.На крајот, градоначалникот со симболична забелешка посочи дека речиси секој значаен проект што го започнуваат заедно со претседателот на Владата е проследен со дожд, што, како што рече, го доживува како добар знак и бериќет за брза и успешна реализација на градежните активности.

Скопје | пред 1 месец

media-librarya333e1p5k8bf8sNrKCW

Забрзани работи на клучните сообраќајни точки во Скопје, најавен тендер за „Борис Трајковски“

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски изјави дека со засилено темпо се работи на неколку клучни инфраструктурни проекти во главниот град и дека дел од нив влегуваат во завршна фаза.Тој посочи дека интензивни активности се одвиваат на клучката кај Момин Поток и на мостот „Љубљанска“, како и дека се наоѓаат при крај постапките за супервештачење, што треба да овозможи пробивање на мостот на релација Гази Баба – Аеродром. Според неговите најави, во наредните десет дена ќе биде распишан тендер за довршување на булеварот „Борис Трајковски“, проект кој, како што рече, конечно треба да биде целосно завршен.Во однос на мостот Аеродром – Керамидница, Ѓорѓиевски објасни дека постојат проблеми со околу 30 објекти кои сè уште се нерешени и се во приватна сопственост. Како што наведе, спорот се води со еден објект кај кој експропријацијата е завршена од едната страна, додека за другата страна сопственикот има повисоки финансиски барања. Поради тоа, ангажирани се супервештаци, а градоначалникот изрази уверување дека и овој процес наскоро ќе биде заокружен.Ѓорѓиевски додаде дека паралелно се работи и на стабилизирање на јавните претпријатија и дека, според него, градот постепено се враќа во нормала. „Даваме сè од себе Скопје повторно да застане на здрави нозе“, истакна градоначалникот.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryafnd89a7afcraGn7gCv

Ѓорѓиевски: Ќе воведеме паметен зелен бран со кој ќе се намалат гужвите

Орце Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил објави дека денес бил одржан координативен состанок со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и експерти од областа на сообраќајот, посветен на финалните подготовки за официјалното пуштање во функција на Сејф Сити системот.„Градот Скопје ќе има силна и активна улога во неговата имплементација, со цел воспоставување ред, дисциплина и многу повисоко ниво на безбедност за сите учесници во сообраќајот“, напиша Ѓорѓиевски. Тој додава дека ова е „суштинска реформа во начинот на кој функционира сообраќајот во нашиот град“ и дека ќе се воведе „паметен зелен бран – модерен, адаптивен и иновативен систем кој во реално време ќе го регулира протокот на возила, ќе ги намали гужвите и ќе овозможи побрзо, поефикасно и побезбедно движење низ Скопје“.Дополнително, според него, преку Сејф Сити системот ќе се стави крај на „девијантното и неодговорно однесување кое со години наназад го нарушуваше јавниот ред и резултираше со уништување на урбаната опрема и јавниот простор“. „Контролата, превенцијата и брзата реакција ќе станат стандард. Ова ќе значи побезбедни улици, почитување на правилата, заштита на јавниот имот и пред сè, сигурност за секој граѓанин“, истакнува Ѓорѓиевски.Тој заклучува дека со овие мерки Скопје се гради како „современ и функционален град за сите“.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryk76sierv6m1q5z6dZfR

(Видео) Нас, снегот не може да нѐ изненади, уверува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, порача дека градот е целосно подготвен за зимските услови и дека снегот нема да претставува изненадување за градските служби.„Градот Скопје е подготвен. Веќе неколку дена екипите се постојано на терен и внимателно ја следат состојбата на сите сообраќајници“, истакна Ѓорѓиевски.Тој нагласи дека се обезбедени доволни количини сол, која навремено се користи согласно минусните температури и ризикот од замрзнување на коловозите. Дополнително, Кризниот штаб функционира непрекинато, 24 часа дневно, со цел да се обезбеди безбедно и непречено движење низ градот.Градоначалникот упати апел до сите учесници во сообраќајот да бидат особено внимателни и строго да ги почитуваат препораките за возење во зимски услови.„Само со заедничка одговорност и навремена реакција можеме да обезбедиме безбедност за сите граѓани“, порача Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryhjsl26t2s10uanaA8sv

Ѓорѓиевски: Засилени инспекции во Скопје – казни до 53 000 евра за загадувачи на воздухот

На вонредната седница на Советот на Град Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски се осврна на проблемот со аерозагадувањето и најави конкретни мерки за негово намалување. Тој посочи дека во буџетот на Градот за 2026 година се предвидени 64 милиони денари за заштита на животната средина, што е за 40 милиони повеќе од лани, како и дополнителни 220 милиони денари за одржување на зелени површини и паркови.Ѓорѓиевски нагласи дека загадувањето не е проблем кој се решава преку ноќ, но дека е обврска на Градот да дејствува за почист и поздрав воздух. Во последниот период, како што рече, се извршени засилени инспекциски контроли на индустриски капацитети, градилишта и јавни површини, со изречени казни од 1.000 до 53.000 евра, вклучувајќи прекршочни платни налози, решенија за задолжување и опомени.Инспекторите вршеле надзори на поранешните фабрики ОХИС и Стаклара, како и во општина Сарај, при што десетици правни и физички лица биле казнети за неправилно одлагање отпад и палење. Контроли имало и на повеќе градилишта, при што се изречени казни за непочитување на времен режим на сообраќај и комунални прописи.Претседателот на Советот, Даме Димитровски, посочи дека индустријата треба да примени европски практики во мерењето на загадувањето и јавноста на податоците, а градот и општините да ги зголемат инспекциските надзори.Советниците истакнаа дека Градот мора да донесе спроведливи мерки кои навистина ќе дадат резултати, вклучувајќи дислокација на цементарницата „Усје“, забрана за стари дизел-возила под стандардот ЕУРО 4, субвенции за електрични возила и екофлоти за претпријатија.Градоначалникот потсети дека досегашните заложби вклучуваат редовни и вонредни инспекции, решавање на сообраќајот, изградба на зелени коридори и соодветен третман на депониите, со цел Скопје да стане почист и поздрав град за сите граѓани.

Скопје | пред 2 месеци

media-librarytp8ie6qv5ghp5gfa40T

Казни и до 53.000 евра за загадувачите – Скопје засилува инспекциски надзор, но воздухот и понатаму останува проблем

Иако надлежните се пофалија со рекордни инспекциски контроли и изречени казни, загадениот воздух и понатаму останува секојдневие за скопјани. Ова беше главната тема на денешната вонредна седница на Советот на Град Скопје, на која градоначалникот Орце Ѓорѓиевски информираше за преземените мерки и финансиските алокации за заштита на животната средина.Тој соопшти дека во периодот од 6 ноември до 1 јануари инспекциските служби издале 90 прекршочни платни налози и глоби, 33 решенија за задолжување, 35 вонредни надзори и 290 опомени. Посебно бил засилен надзорот кај правни субјекти во кругот на поранешните индустриски капацитети, како ОХИС и Стаклара, како и на подрачјето на Сарај.Во прилог објавата на социјални мрежи од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски:Нема компромис со загадувачите - изречени се казни до 53.000 евра!Денеска се одржа вонредна седница на советот на градот Скопје, посветена на загадувањето на амбиенталниот воздух и неговите причинители.Драго ми е што по долго време за овие прашања се дискутира искрено и без политиканство, со цел да се преземат конкретни активности, а не само да се ставаат проблемите под тепих. Се согласувам со сите излагања на советниците.Овој проблем бара посветеност, конкретни акции и заедничка одговорност.Загадувањето не е проблем кој се решава преку ноќ, ниту е создаден од сегашниот систем, но сега е наша обврска да делуваме и да го направиме Скопје почист и поздрав за сите.Во изминатиот период преземавме засилени инспекциски контроли на индустриските капацитети, воведовме редовни и вонредни надзори, работиме на решавање на сообраќајот, изградба на нови зелени површини и зелени коридори, како и соодветен третман на депониите.Само во периодот од 6 ноември до 1 јануари, издадени се 90 прекршочни платни налози и глоби, 33 решенија за задолжување, 35 вонредни надзори и 290 опомени.Инспекторите за животна средина извршија над 45 вонредни надзори на правни субјекти во кругот на поранешни фабрики ОХИС и Стаклара, како и на територијата на општина Сарај.Изречени се глоби во висина од 1.000 до 53.000 евра.Одговорни лица во правни субјекти се казнети со по 3.000 евра, додека десетици физички лица кои неправилно одлагаа отпад на јавни и приватни површини добија казни од 250 до 500 евра за палење и неправилно одлагање на отпадот.Инспекцијата за патен сообраќај и патишта изврши контроли на девет градилишта, од кои седум беа задолжени со решенија за времен режим на сообраќај, а две имаа позитивни записници.На едното градилиште е изречен прекршочен платен налог од 3.000 евра за правно лице и 900 евра за одговорното лице.Комуналната инспекција изврши 240 контроли на градилишта низ целото Скопје, опоменувајќи 25 објекти, а на 11 се изречени глоби од по 1.300 евра. Комуналните редари вршат постојана обиколка и контрола на територијата на градот, плоштадите и јавните површини, со што се изречени повеќе од 60 казни.За буџетот за 2026 година, предвидени се 64 милиони денари за делот за животна средина, во споредба со 24 милиони денари во 2025 година, што јасно покажува колку сериозно ја сфаќаме заштитата на здравјето на граѓаните. Дополнително, се обезбедени 220 милиони денари за подигање и одржување на јавно зеленило и паркови, како дел од нашите искрени заложби за чист воздух и здрав живот.Предвидени се субвенции за инвертер-клима уреди, чистење на оџаци, филтри за истите, субвенции за велосипеди итн.

Скопје | пред 2 месеци

media-library2r7pcperl3go6mkrvpu

Ѓорѓиевски: Евгенија е првото новородено бебе во Скопје во 2026 година

Малата Евгенија Камчева е првото бебе родено во Скопје во новата 2026 година, соопшти Орце Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека нејзиното раѓање претставува силен симбол на надеж и нов почеток за градот.Како што информира, Евгенија се родила точно на полноќ, во моментот кога новата година ги „отворила своите врати“, носејќи радост и оптимизам кај скопјани.„Нов живот, нова надеж и убав симбол за почеток исполнет со радост и вера во иднината“, порача Ѓорѓиевски, посакувајќи ѝ на Евгенија да расте жива и здрава, среќна со своите родители и со живот исполнет со љубов, достоинство и можности.Тој истакна и дека обврска на општеството е да создаде услови во кои секое дете ќе може да сонува, да напредува и да верува, нагласувајќи дека секое новородено дете е заедничка надеж и одговорност.„Нека оваа година биде плодна и бериќетна, година на нови животи, насмевки и радост“, порача Ѓорѓиевски, упатувајќи искрени честитки до мајката Емилија и добредојде до малата Евгенија, како „најубавиот почеток на новата година“.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryhi8jc9bg7ruua7n5C3R

Ѓорѓиевски: „Вечерва покажавме како се сака Скопје“

Орце Ѓорѓиевски со емотивна порака им ја честиташе Новата година на скопјани, упатувајќи благодарност за, како што наведе, сплотеноста и љубовта кон градот.„Ти се поклонувам, Скопје! Среќна Нова година, мој народе. Да сте здрави, живи и секогаш да останеме вака сплотени“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава.Тој истакна дека прославата е доказ за заедништвото и грижата кон градот, потенцирајќи дека токму ваквите моменти ја покажуваат вистинската љубов кон Скопје.„Вечерва покажавме како се сака градот убав. Ви благодарам од срце“, порача Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryp9i3cdhieumpeEoKEHq

Не само „Усје“, сите загадувачи мора да се дислоцираат од центарот на Скопје, вели Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ги поддржува едногласно изгласаните заклучоци на советниците во Советот на Град Скопје, за дислокација на цементарница „ Усје’’, за справување со аерозагадувањето и најави средби со премиерот и со заменик-министерката за животна средина за решавање на проблемот.Градоначалникот смета дека цементарницата „Усје“ не е единствениот проблем и дека е потребна поширока стратегија за преместување на тешката индустрија надвор од градот.„За жал, повеќе од 30 години сите го констатирале проблемот, но никој не го решил. Цементарница не е единствениот потенцијален загадувач. Ние имаме и останати погони и фабрики кои според мене треба да бидат дислоцирани од централното градско подрачје. Имаме одредени погони во Железара, имаме фабрики за кабли, одредени отпади.Што значи дека системот што требало да се изгради, не е изграден. Тоа биле лоши проценки во минатото. Триесет години освен констатации, немаме помрднување од мртва точка“, рече Ѓорѓиевски во гостување на ТВ Сител.Ѓорѓиевски кажа и дека инспектори веќе делуваат на терен, иако тоа било без медиумска помпа. Досега, како што рече, биле изречени неколку казни во висина од 53 000 евра за индустриски капацитети со Б-интегрирана дозвола.Усвоена е и мерка за финансиска поддршка на граѓаните за поставување филтри на оџаците.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarybpadjj0k1bf4aJ2k0gC

Ѓорѓиевски: Нема толеранција за никого - изречени се казни на загадувачите во Скопје

Скопје изминативе денови се соочи со сериозно загадување на воздухот, при што, според податоците од државниот мониторинг, беше надминат дозволениот праг, состојба која наметна итна и решителна реакција, изјави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.„Како градоначалник, но и како граѓанин кој заедно со своето семејство го дише истиот воздух, немав право да молчам и да не постапам“, порача Ѓорѓиевски.Тој информира дека во изминатите два дена биле спроведени засилени и координирани инспекциски надзори на терен, при што Инспекторатот за животна средина изрекол казни за правни лица кои ја загадуваат животната средина.„Законот важи за сите. Оваа акција нема да застане тука – продолжуваме уште поинтензивно и уште поодлучно. Секој што го загрозува здравјето на граѓаните ќе биде санкциониран, без никаква толеранција“, нагласи градоначалникот.Паралелно со репресивните мерки, Градот Скопје објави и сет препораки и мерки за заштита од загадениот воздух, кои веќе се применуваат и се јавно достапни за граѓаните. Според Ѓорѓиевски, тие се важен дел од заедничката борба за почист воздух.Во својата изјава, тој ја поздрави и континуираната заложба на Владата на Република Македонија за подобрување на квалитетот на воздухот, наведувајќи ги Стратегијата за почист воздух 2024–2030, субвенциите за инвертер клими, поставувањето прочистувачи на воздух во градинките, пошумувањето, гасификацијата, изградбата на когенеративни централи и новите паркови со вградени прочистувачи.„Борбата за почист воздух е заедничка. Апелирам до сите скопјани да се придржуваат до препораките и мерките – секој поединечен придонес е важен“, истакна Ѓорѓиевски.Тој порача дека за надлежностите на Градот Скопје нема да има компромис.„Ред мора да има. Законот ќе се спроведува, а здравјето на скопјани ќе биде наш апсолутен приоритет“, рече градоначалникот.Граѓаните се повикуваат да пријавуваат потенцијални загадувачи на електронската адреса: prijavizagaduvachi@skopje.gov.mk.

Скопје | пред 3 месеци

media-library4hsa32qf750t0nUjNfA

Орце тврди дека ниту купувал ниту продавал имот: Анкетниот лист не е поднесен поради многуте обврски

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вели дека неговата имотна состојба е непроменета и дека анкетниот лист ќе го поднесе во наредните денови. Во изјава за „Скопје1“, тој појаснува дека досега не го сторил тоа поради, како што наведува, обемните работни обврски.„Имотната состојба ми е иста и непроменета од моментите кога уредно била пријавена во Општина Кисела Вода. Нема никаква промена на движен имот и анкетниот лист ќе биде поднесен во текот на наредните денови. Не бил поднесен до сега, поради обемен обем на работа и обврски“, изјави Ѓорѓиевски.Реакцијата на Ѓорѓиевски доаѓа откако Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) утврди дека вкупно 54 сегашни и поранешни градоначалници не ја испочитувале законската обврска за поднесување изјава за имотна состојба и интереси.Според ДКСК, 19 новоизбрани градоначалници, меѓу кои и Ѓорѓиевски, не поднеле анкетен лист по стапување на функцијата, додека 35 поранешни градоначалници, меѓу кои и поранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, не ја исполниле обврската по завршување на мандатот.

Македонија | пред 3 месеци

media-library56cnajh7tbrp3l0Gsfi

Без огномет, Каролина, Тамара и македонски ѕвезди на дочекот на Нова година

Скопјани и сите добронамерници ќе ја пречекаат Новата 2026 година со голем музички спектакл на плоштадот „Македонија“.Ќе настапат Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Лара и Пајак, Миле Кузмановски, Куку Леле Лина Пејовска.Деталите за новогодишната програма денеска ги соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на прес-конференција на која објави дека годинава градот се откажува од традиционалниот огномет и се стремат кон модерен и семеен концепт на прослава.Публиката ќе има можност да ги слушне и најталентираните скопски средношколци, кои ќе настапат со свои музички изведби и свои бендови. Во програмата се вклучени сите средни училишта ид Скопје.„За новогодишната ноќ јас инсистирав да настапат само домашни пејачи. Покрај програма за дочекот од наредните денови ќе има програма за деца, но и за млади. Фокусот ни е да направиме забава за младите и на тоа ќе работиме во наредните години“, рече Ѓорѓиевски.Со ребалансот на буџетот се издвоени средства за оваа намена, а единствениот трошок за градот Скопје е украсувањето, кое е помалку од 70.000 евра. Изведувачите ќе ги плати Државна лотарија.Новинарите на прес конференција прашаа дали ќе има албански изведувачи, скопскиот градоначалник одговори дека „музиката не познава вера и нација“ и ги повика сите на обединување.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryte95lojtgv1ldSrxSFq

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги покани скопјани на празнична магија, вечерва ќе блесне новогодишната елка

Вечерва ќе светне новогодишната елка и празничното осветлување на Скопје, а градските власти најавуваат забава, музика и изненадувања за сите генерации на плоштадот „Македонија“. Почетокот на програмата е закажан за 18 часот, кога официјално ќе биде означен стартот на новогодишните и божиќните празнувања во главниот град.Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ги повика скопјани да дојдат на плоштадот и најави враќање на празничната атмосфера во центарот на градот.„Нашиот град е најубав тогаш кога свети од радост, насмевки и празнична магија. А сите ние – и младите и возрасните ја заслужуваме таа топлина што ја носат Новогодишните и Божиќните празници. Затоа, со огромна радост ве поканувам заедно да го означиме почетокот на едно ново празнично поглавје исполнето со забава, музика, многу подароци и вашите омилени херои кои ќе ги израдуваат најмалите. Во 18 часот, на плоштадот „Македонија“, заедно со вас ќе го осветлиме градот и после неколку години ќе ја почувствуваме првата искра на празничниот дух“, изјави Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarya1q8qgaei2l441JMAy7

Ѓорѓиевски: Започнува постапката за новиот Луна Парк во Скопје

Скопје конечно добива нов, модерен Луна парк. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска соопшти дека започнува јавната набавка за проектирање и монтажа на долгоочекуваниот забавен комплекс, со што се става крај на, како што вели, „години оддолговлекувања и лажни ветувања“.Ѓорѓиевски во својата објава истакнува дека по децении во кои генерации деца беа лишени од свое место за игра и семејна рекреација, конечно започнува реализацијата на проект што треба да означи „нова ера на семејна забава во главниот град“.Според најавите, новиот Луна парк ќе биде изграден според европски стандарди и ќе понуди ултрамодерни содржини: ролеркостери, водени атракции, интерактивни игри, зони со виртуелна реалност и современи системи за безбедност. Ќе биде целосно прилагоден и за лица со попреченост.На просторот од 84.000 квадратни метри ќе бидат сместени и зони за одмор, улична уметност, локации за културни настани и театар со затворена сцена. Панорамско тркало, пиратски брод, подморница и „среќна лулашка“ се дел од реквизитите што ќе го збогатат изгледот и туристичкиот имиџ на Скопје.„Како што ветив – најдоброто доаѓа. Скопјани конечно добиваат Луна парк што ќе биде симбол на нов почеток и едно модерно, гордо и достоинствено Скопје“, порача Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 3 месеци

media-library4hsa32qf750t0nUjNfA

Орце Ѓорѓиевски „сели” дел од администрацијата од Кисела Вода во Град Скопје

Со одлука за преземање, радоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски одлучи својот тим да го зајакне со 12 лица со кои работел додека беше градоначалник на Кисела Вода.Иако е вообичаено кај нас секој функционер да доаѓа со тим во кој има доверба, сепак сите 12 лица доаѓаат од исто место, а меѓу нив има тројца раководители на сектори: за животна средина, сообраќај и поодршка на Кабинет:четворица помошници на раководители: урбанистичко планирање, поддршка на здруженија и граѓани, поддршка на градоначалникот и општи работи. Меѓу преземените ќе има и двајца возачи, од кои едниот ќе биде за претседателот на Советот и секретарот на градот, потоа двајца инспектори и еден референт за документација.Градот се уште нема нов секретар, но според прописите, најверојатно тоа ќе биде еден од преземените, бидејќи секретарот доаѓа од редовите на администрацијата.Финансиски средства за овие 12 трајни преземања на вработени, како што е наведено во предлог одлуката, се предвидени во Буџетот на Град Скопје за 2025 година.За одлуката советниците ќе се изјаснат во среда, но со оглед на мнозинството кое го има ВМРО-ДПМНЕ, потпомогнато од ВРЕДИ и ЗНАМ нема да има проблеми одлуката да помине. Нејасно е што со административците кои до сега ја извршуваа функцијата, дали ќе бидат распределени на други места.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryu735hh25ldna6ZCx9dk

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски волонтира на терен со Црвениот крст: Порака за солидарност и човечност

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес се приклучи на активностите по повод Светскиот ден на волонтерството, заедно со претседателот на Советот на Град Скопје, Даме Димитровски. Во соработка со Црвениот крст на Република Македонија–Црвен крст на Град Скопје, тие учествуваат во низа хуманитарни и социјални активности насочени кон поддршка на најранливите категории граѓани.Овој ден претставува силен потсетник за важноста од волонтерството и институционалната поддршка која таа благородна мисија ја заслужува. Во продолжение ја пренесуваме изјавата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски:Денес, на Светскиот ден на волонтерството, со гордост се приклучувам како волонтер во активностите на Црвениот крст. На 5 декември, целиот свет оддава признание на волонтерите, на сите оние кои несебично го даруваат своето време, енергија и добрина за да ги зајакнат нашите заедници.Овој ден е силен потсетник за важноста на волонтерството, но и повик до институциите и граѓаните да ги поддржат волонтерските организации и нивната хумана мисија. Токму затоа, денес заедно со претседателот на Советот на Град Скопје, Даме Димитровски, се приклучуваме на активностите организирани од Црвениот крст на Република Македонија - Црвен крст на Град Скопје.Заедно со група пратеници од Собранието на Република Македонија, ќе учествуваме во хуманитарни и социјални активности низ градот, посветени на оние кои најмногу имаат потреба од наша поддршка. Овој чекор е јасен показател за институционалната поддршка која волонтерството ја заслужува, една од темелните вредности на Црвениот крст и клучен двигател за создавање посилни, похумани и поотпорни заедници.Преку активности за поддршка на стари и изнемоштени лица, помош за ранливи категории како бездомните и лицата со попреченост, како и преку учество во хуманитарни иницијативи, испраќаме порака дека волонтерството е чест и привилегија. И оваа година, Град Скопје стои рамо до рамо со волонтерите како поддржувач, сојузник и активен учесник во создавањето на поодговорно, похумано и посолидарно општество.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryjoc5i9tijl1pcteMLkF

Добра одлука на Ѓорѓиевски за забраната да се фрла ѓубре по 22 часот: Софија Куновска посочи пример од Швајцарија

Според Софија Куновска, поранешта советничка во Град Скопје од СДСМ, одлуката на градоначалникот, Орце Ѓорѓиевски, да забрани фрлање ѓубре во контејнерите по 22 часот е добра одлука. Таа направи споредба со регулативата во Швајцарија.„Во Швајцарија пред 40 години првпат видов поставени камери кои набљудуваат кога и какво ѓубре одложува секој станар во или (скраја да е) покрај контејнерите.Ако е оставено несоодветно спакувано или вон предвиденото време ви го враќаат на врата со љубезен поздрав и прашање дали знаете дека тоа ѓубре се фрла тогаш и тогаш, таму и таму, спакувано во таква и таква боја на најлон.И тоа е прва и последна опомена пред да ви стигне казна по пошта“, напиша таа.

Скопје | пред 4 месеци

media-library0h3e56972igs7cu4dfh

Скопје со 70.000 евра ќе го украси градот и ќе организира новогодишна и прослава

Со ребалансот на буџетот за 2025 година, град Скопје новогодишно ќе го украси и ќе организра новогодишна програма. За оваа цел ќе се потрошат 70.000 евраСо буџетот за 2025 година не беа планирани средства за оваа намена, за што имаше реакции од скопјани.Според најавите на новогодишната ноќ, граѓаните ќе ги забавуваат македонски музички ѕвезди.рационален.„За прослава на Нова година ќе има 70.000 евра. Сметам дека тоа не е премногу и дека е сосема нормално за да имаме една достоинствена прослава за скопјани”, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој најави дека, годинава, и тој со семејството ќе ја дочека Новата година на скопскиот плоштад.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryttiderlk9qgkcz4vYLV

Скопје ќе го добие првото „подземно чудо“ - Ѓорѓиевски најави изградба на подземна сообраќајница од Лимак до Кисела Вода

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска ја потпиша одлуката за јавна набавка за изградба на почетната фаза од првата подземна сообраќајница во Скопје која ќе биде реализирана од потегот од под „Лимак“ до влезот на Кисела Вода, односно на булеварот „Македонија“.„Со пуштањето во употреба на подземната сообраќајница под ‚Лимак‘, Скопје ќе го добие своето прво подземно сообраќајно чудо“, истакна Ѓорѓиевски, додавајќи дека ова е еден од најзначајните проекти за градот и симбол на новото време за Скопје.„По завршувањето на правната постапка, веднаш започнуваме со работа“, соопшти градоначалникот, нагласувајќи дека оваа инвестиција ќе го растовари сообраќајниот метеж во централното градско подрачје и ќе донесе нова динамика во срцето на градот. Проектот предвидува изградба на шест ленти, од кои четири се за двосмерен автомобилски сообраќај, две за јавен превоз, како и дополнителни пешачки патеки.Дополнително, ќе бидат изградени нов кружен тек кај „Нова Македонија“ и двата кружни тека на потегот кај булевар „Кочо Рацин“ и улица „Железничка“.Според Град Скопје, со завршувањето на подземната сообраќајница, централниот дел на градот ќе стане побезбеден, покомфорен и поуреден, а сообраќајот ќе се одвива непречено.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryg00bvbfghsidfFgc3s0

Градоначалникот Ѓорѓиевски со порака за 13 Ноември: „Нашата должност е да ја чуваме жртвата на хероите“

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски утрово одржа традиционална средба со претставници од Градскиот одбор на Сојузот на борците, по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, каде што им оддаде признание за зачувувањето на споменот на хероите што го донесоа слободниот град.Утрово ја одржавме традиционалната средба по повод 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје, со претставници од Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.Им се заблагодарив за нивната пожртвуваност и храброст да го чуваат жив споменот на борците кои го положија животот пред олтарот за слободно Скопје.На денешен ден, Скопје ја дочека слободата донесена од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та македонска бригада, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор.Тие херои се бореа за идеја, за достоинство, иднина, за Скопје какво што денес го имаме. Нашата должност е да ја чуваме нивната жртва жива, со тоа што ќе го градиме Скопје како град на слободни, горди и обединети луѓе.Вечна слава на хероите кои го донесоа 13 Ноември!Слава на борците за слободно Скопје!, напиша градоначалникот.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryesbm7s1q8ihqaBgJ5pd

Ѓорѓиевски: Имав средба со Финансиската полиција, барам одговорност за злоупотребите во градските претпријатија

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека веќе имал состанок со претставници на Финансиската полиција, откако државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вчера побара од него да пријави доколку располага со докази за злоупотреби во градските јавни претпријатија.Ѓорѓиевски изјави за МТВ1 дека не може да открива детали во интерес на истрагата, но нагласи дека стои зад сите информации што досега ги обелодени во јавноста. Тој потсети дека од списоците на вработени биле избришани околу 500 лица кои земале плата без да доаѓаат на работа, што, како што рече, претставува сериозно кршење на Законот за работни односи и на работната дисциплина.„Станува збор за луѓе кои не биле ангажирани на реални работни задачи, туку им било дозволено да ја злоупотребуваат институцијата. Градот се доведе во ситуација да губи по пет милиони евра годишно, што за четири години изнесува околу 20 милиони евра – колку што чини новиот Луна Парк, кој го чекаат генерации скопјани“, рече тој.Градоначалникот посочи дека на средбите со надлежните побарал не само индивидуална, туку и командна одговорност – односно, освен лицата кои земале плата без работа, да одговараат и оние кои ги потпишувале нивните исплати и директорите што го одобрувале таквото постапување.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarym8vfukbt0br163EBES8

„Да го вратите Ѓорѓи Галетановски за директор на ЗОО Скопје“, му порача зоонегувателот Војо Иванов на скопскиот градоначалник

Зоонегувателот Војо Иванов преку објава на ФБ го повика новиизбраниот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски до градоначалникот да ја посети скопската Зоолошка градина и да се запознае со состојбата во која се наоѓа институцијата, а истовремено му порача за директор да го назначи Галетановски.Следната година треба заедно да славиме 100 години постоење, не сум сигурен со сегашнава состојба дали нешто има за славење, за жал ние управуваме со институција во која енергијата на дневна основа многу се рефлектира на животните и секако посетителите можат исто така да ја почувствуваат.Ние вработените „долу“, зоонегувателите, имаме специфична работа – од една страна ним да им придонесеме за благосостојба секој ден, од друга страна да мотивираме и едуцираме публика да сака и почитува природа, директорите само треба да ни бидат „сенка и ветер во грб“ за да може ние да си ја завршиме работата.Ве замолувам и предупредувам од ризик на нови експерименти, институцијата ни е во многу тешка состојба!Целиот мој живот го фокусирав на работа со животни.Целата моја енергија ја посветувам таму на Илинденска, сега веднаш до вашата канцеларија.Кога имате време, посетете не па и ќе не запознаете како тим.Претходно ме мотивиравте со интервју во кое се трудите да ја добиете довербата со изјавата дека директно ќе се вклучите во работата на секоја јавна установа, иако да признам не гласав за Вас, се надевам дека коректно ќе постапите и дека ќе ме уверите дека сум згрешил!Би сакал да не води човек кој ќе не слуша, кој ќе има пасија и желба да научи првично за нашата работа, а потоа (неопходно) добар менаџер.Мој предлог беше да го вратите Ѓорѓи Галетановски.Зашто навистина немаме време и капацитети да експериментираме – а тој се надевам ќе се откаже од сегашните ангажмани и ќе се врати? Тука сме истите луѓе, истиот простор и животни, само таа позиција е различна – покажавме дека од институцијава може да направиме добра приказна.П. С. мислам дека со годините покажав доволно дека немам апсолутно никакви амбиции да бидам на таа функција! Затоа и молам статусов да не се доживее за таков – уживам денот да го поминам во штала, во базен, да мирисам на бара, риба, по малце на камили, да бидам искасан од пингвини, а во џебовите да перам кликери и таблети, витамини – уживам да шетам и раскажувам на деца за природата, па дури и да урлам и се карам за викенди со публика (господо).Барам / замолувам – само да можеме да работиме!!!Благодарам.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryesbm7s1q8ihqaBgJ5pd

Нови сомнежи за злоупотреби во „Комунална хигиена“, Ѓорѓиевски побара истрага од институциите

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, синоќа рече дека до него пристигнале нови информации поткрепени со документи кои, како што рече, укажуваат на можни финансиски злоупотреби во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Побара надлежните институции веднаш да реагираат и да ги испитаат наводите.Добив извештај придружен со документација која покажува дека во последниот период биле ангажирани возила за чистење, а исплатите за нив се вршеле на сметка на физички лица под изговор дека се работи за интелектуални услуги, со износи меѓу пет и десет илјади евра. Јавно ги повикувам сите релевантни органи да се вклучат и детално да ја проверат состојбата. Веќе најавив ревизии и одговорност, а новите информации потврдуваат дека има сериозни индиции за прекршување на законите, особено во работењето на ‘Комунална хигиена’“, истакна градоначалникот.Ѓорѓиевски најави и дека во наредниот период ќе бидат извршени дополнителни контроли и во другите јавни претпријатија под надлежност на Градот Скопје, со цел да се утврди дали има слични неправилности и таму.

Скопје | пред 4 месеци

media-library99a9ue74s9ercrb3iwO

Орце влезе во Град Скопје: Од вечерва ќе чисти, за 72 часа треба градот да светне

Новoизбраниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес официјално го доби уверението за функцијата и најави дека веднаш започнува со првите активности во главниот град.„Денешното уверение е симбол на довербата што ми ја дадоа граѓаните на Скопје, но и голема обврска да работам одговорно, посветено и со јасна визија. Ќе бидам градоначалник на сите, без разлика на верска, национална или партиска припадност. За мене поделбите не постојат“, порача Ѓорѓиевски.Тој најави дека уште вечерва во 20:30 часот започнува првата голема акција за чистење на Скопје, со цел градот да се исчисти во рок од 72 часа.„Скопје го менуваме од корен. Почнуваме веднаш – прво со чистење, а од утре и со реорганизација на јавните претпријатија за градот конечно да функционира како што скопјани заслужуваат“, додаде тој.Ѓорѓиевски најави и нови инфраструктурни, еколошки и образовни проекти, како и целосна транспарентност во работата на Градот Скопје.„Скопје ќе биде отворен град. Благодарен сум на секој скопјанец што препозна искреност, посветеност и дела зад зборовите. Почнуваме!“, заврши градоначалникот.

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања