Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ

orce-gorgjievski

Ѓорѓиевски во Љубљана: стигнува експертска поддршка за јавниот превоз и чистотата во Скопје

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со долгогодишниот градоначалник на Љубљана, Зоран Јанковиќ, на која бил постигнат договор словенечката престолнина да стане град-партнер за развојот на Скопје.Средбата се одвивала во пријателска атмосфера, со размена на искуства и визии за идната соработка меѓу двата града. Ѓорѓиевски истакна дека добил драгоцени совети и поддршка од Јанковиќ, кој вети дека експертски тимови од Љубљана ќе бидат континуирана помош за Скопје, особено во решавањето на предизвиците со јавниот превоз и чистотата, но и во други области каде ќе биде побарана поддршка.Договорена е и интензивна соработка за зајакнување на капацитетите на Град Скопје во креирање, планирање и спроведување европски проекти. Ѓорѓиевски нагласи дека преку ова партнерство верува во изградба на поефикасен и поевропски главен град, достоен за своите граѓани.Во таа насока, тој упати и официјална покана до Јанковиќ за посета на Скопје, со потврда на статусот на побратимени градови.

Скопје | пред 7 месеци

orce-i-misko

Орце Ѓорѓиевски објави фотографија со Мишко Ралев: Посакуваниот кандидат за градоначалник на СДСМ му се приклучи во тимот за Скопје

Иако долго време се шпекулираше дека професорот Мишко Ралев ќе биде кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје, партијата пред десетина дена ја избра Каја Шукова како свој официјален кандидат. Ралев, кој важеше за еден од најпосакуваните избори внатре во СДСМ, сега ѝ се приклучи на кампањата на Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за престолнината.Со тоа, Ралев направи остар политички пресврт и се позиционира како поддржувач на противкандидатот.„Голема чест и искрена благодарност до професорот Мишко Ралев што се приклучува во мојот тим за поубаво Скопје. Со своето богато искуство, визија и интегритет, тој претставува силна поддршка и уште поголема мотивација за нас... Заедно ќе работиме Скопје повторно да го направиме достоинствен град — град на идеи, вредности и иднина!“, напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи, објавувајќи и фотографија со него.Ралев е декан на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, поранешен претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија и поранешен член на Извршниот одбор на СДСМ во времето на Димитар Ковачевски.

Скопје | пред 7 месеци

orce-gorgievski

Ѓорѓиевски: Верувам во поддршката од моите сограѓани, следува реорганизација на комуналната хигиена и голема генералка на градот Скопје

Во „Вести Плус“ на Канал 5 телевизија гостуваше Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за Град Скопје. Тој истакна дека како што се вложувал изминатите четири години како градоначалник на Кисела Вода така ќе продолжи и понатаму, со визија за решавање на сите проблеми кои ги има градот Скопје како нефункционалноста на комуналната хигиена, депониите и се она со кое се соочуваат граѓаните, се со цел за едно поубаво и почисто, зелено Скопје.На почетокот на емисијата тој истакна дека умее и сака да работи за граѓаните, потенцирајќи дека ќе остане на зборот да градот Скопје го направи поубаво место за живеење, со што првично би го решил проблемот со нефункционалноста на комунална хигиена за почист и среден град како што доликува.„На градот Скопје најмногу од се му недостасува ред, она коешто е базично и коешто прво ќе се зафатам да го работам тоа е да направиме генералка на градот, Скопје никогаш не бил по нечист од тоа што е денес, она што најмногу ги тишти нашите сограѓани со години наназад е состојбата со нефункционалноста на комуналната хигиена, така да ако бидам утре градоначалник на Град Скопје а верувам во поддршката од сите мои сограѓаните, прбо нешто со кое ќе се зафатам е реорганизација на комуналната хигиена и една голема генералка на главниот град“, рече Ѓорѓиевски.Истакна дека сето она што го сработил изминативе четири години како градоначалник, е доволен показател за сериозноста искрените и чесни намери кои ги има за Скопје, наведувајќи дел од проектите кои ги има остварено во Кисела Вода, истакнувајќи дека со иста мера ќе се вложува и ќе даде се од себе, за да се смени состојбата во градот.„Јас дадов се од себе, заедно со мојот тим изминативе четири години за да ја сменам состојбата во мојата општина и мислам дека успеавме сериозно во напредокот којшто го обезбедивме, еве утринава имавме отварање на еден објект нов, градинка во општина Кисела Вода каде што листите од над 450 дечиња на чекање ги сведивме на 20-тина во моментов но во наредниот период ќе се отворат уште две градинки нови“, вели Ѓорѓиевски.Градоначалникот Ѓорѓиевски потенцираше дека ќе понуди долгорочни решенија за проблемите со депониите и комуналната хигиена, притоа образложи модел кој е применет и се покажал како успешен во општина Кисела Вода, каде на местата на депониите се градат паркови и спортски комплекси, со што воедно се овозможува рекреација на граѓаните и почист воздух.„Имав многу успешен модел во Кисела Вода на местата на депониите градиме современи паркови или пак спортски комплекси или онаму каде што имаше потреба паркинзи. Истото планирам да го воведам и во град Скопје, на Скопје му недостасуваат нови бели дробови, нови места каде што народот ќе може да се рекреира. Во првите месеци од мојот мандат проблемите ќе ги сведам на нула, односно ќе останат позади нас и ќе почне нормално да функционира комуналната хигиена“, заклучи Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 8 месеци

Orce-Gorgievski

Ѓорѓиевски: На Скопје му треба развојна стратегија која ќе овозможи граѓаните тековно да ги добиваат услугите од јавните претпријатија

Орце Ѓорѓиевски, актуелен градоначалник на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на град Скопје за претстојните локални избори, беше гостин во емисијата ,,За или против“ на Алфа телевизија. Тој се осврна на состојбата со пожарите во земјава, и притоа истакна дека има доверба во институциите по однос на оваа ситуација.„Многу одговорно на територија на Скопје Противпожарната бригада ја врши и совесно својата работа. Одговараат навремено на ваква појава, и благодарение на нив спречени се многу непријатни ситуации изминатиов период. Треба модернизација и на опремата која што ја поседуваат пожарникарите. Треба законски регулативи да се донесат и да се променат. Верувам во институциите моментов, и верувам дека правдата ќе излезе на виделина“, рече Ѓорѓиевски.Според него, програмата за Град Скопје треба да произлегува од потребите и проблемите на граѓаните со цел да се задоволат елементарните услови за функционирање на граѓаните. Тој се осврна и на неговите теренски посети низ општините во градот Скопје, и истакна дека според него, правилен начин да се изработи програмата е предлозите да доаѓаат од страна на граѓаните.„Започнавме една фаза каде што имам средби со граѓаните и прибираме идеи за креирањето на програмата, заедно со граѓаните. Според мене е единствен правилен начин да креирате програма, е кога ќе ги слушнете, изворно од нив ќе потекнуваат идеите и предлозите“, рече Ѓорѓиевски.Тој се осврна на состојбите во јавните градски претпријатие како ЈСП, како и ЈП за комунална хигиена, и дека она што треба да се промени, е процесите да се планираат долгорочно.„Во топ 5 приоритети на граѓаните е токму ЈСП Скопје и нефункционалноста на истото. Она што треба ние да го промениме , е да има состојба на долг рок да се планираат сите процеси во градот. Да не се доведува претпријатие во колапс. Истото важи и за комунална хигиена“, истакна Ѓорѓиевски.Ѓорѓиевски додаде дека програмата за Град Скопје ќе биде изработена прецизно и темелно со рокови.„Ќе има развојна стратегија, според која што ќе има постојано обновување на возниот парк. Многу е важно да имаме сериозен пристап на долг рок. Сега сме во фаза на изготвување на програмата, која што ќе биде темелно изработена, ќе биде прецизно со рокови и ќе ги содржи решенијата за најгорливите проблеми. Особен фокус ќе има тоа што значи задоволување на елементарните услови за функционирање на нашите сограѓани“, заклучи Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 8 месеци

gjorgievski

Ѓорѓиевски: Програмата ќе ја градиме заедно со граѓаните преку теренски посети и отворена комуникација

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во Дневникот на телевизија Сител. Ѓорѓиевски кажа дека веќе започнал со теренски посети и дека програмата ќе ја гради заедно со граѓаните, со цел да се одговори на сите нивни потреби. Тој ја истакна високата реализација на програмата во Кисела Вода, која е резултат на конкретни проекти кои го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните.„Ова е еден од правилните начини, од една страна граѓаните подолго време ќе можат да слушнат за мојот концепт мојата визија за Скопје, за сето она што треба да го направиме. Од друга страна, од денеска започнав со теренски посети. Тоа ќе го правам во наредниот период, каде што програмата заедно со граѓаните ќе ја креираме. На овој начин, поблиски ќе бидеме до граѓаните и нема да испуштиме одредени делови во програмата да вметнеме што се од исклучително значење за граѓаните“, вели Ѓорѓиевски.Ѓорѓиевски изрази благодарност за поддршката од граѓаните и ја потенцираше нивната улога во изборниот процес.„Силно верувам во поддршката на мојата политичка партија, но од друга страна верувам во сето она што со мојот тим го сработивме изминатиот период во општина Kисела вода. Граѓаните како и обично пресудуваат во овие процеси. Јас им се заблагодарувам на сите скопјани, на сите граѓани коишто и во оваа фаза ми дадоа огромна поддршка. Се чувствува силната поддршка од страна на граѓаните, и тоа дека верувам дека скопјани ќе ми дадат шанса да го водам главниот град“, рече Ѓорѓиевски.Ѓорѓиевски истакна дека неговиот фокус е на резултати, а не на споредби со минатото. Тој ја истакна и високата реализација на програмата за општина Кисела вода и нагласи дека граѓаните можат да препознаат што е сработено.„Не би го трошел времето на граѓаните да ги правам споредбите и паралелите со минатото. Реализацијата на мојата програма е над 90% и тоа сите го знаат добро во Кисела Вода. Тоа што сум го реализирал во Кисела Вода заедно со мојот тим, заедно со советниците, се проекти за граѓаните и секогаш наидувале на позитивна реакција од страна на Советот и секогаш сум ја добивал колективната поддршка“, истакна Ѓорѓиевски.Тој ја потенцираше својата посветеност да го води главниот град за доброто на сите граѓани.„Вчера бев категоричен на моето излагање, кратко, во присуство на претседателот на моја политичка партија кога ја побарав поддршката на сите скопјани, без разлика на политичка припадност, без разлика на вера, без разлика на нација“, речен Ѓорѓиевски и додаде:„За мене се подеднакво важни сите, за мене постојат само граѓани коишто си го сакаат градот или не го сакаат градот. И по тој основ јас ќе функционирам“.

Скопје | пред 8 месеци

1-3

Ѓорѓиевски: В понеделник Бадникови поворки во чест на Христовото раѓање

Подготвени се повеќе од 3500 коледарски пакетчиња за дечињата од Бадниковите Поворки. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги покани сите да бидат дел од досега најдолгата поворка која ќе финализира на плоштадот ,,Македонија” во Скопје, каде е поставена импозантна Божикна пештера.„Голема е мојата чест, што заедно со Премиерот Христијан Мицкоски сме помагатели на овогодинешните Бадникови поворки. Се потрудивме и плоштадот „Македонија” да го краси најимпозантната Божикна пештера во регионот.На 6-ти јануари, во 12 часот заедно со дечињата кои ќе го најават Христовото раѓање ќе ја формираме досега најдолгата поворка, на која ве поканувам сите да бидете дел од овој ден за паметење. Претходно, дечињата од Кисела Вода во 10:20 часот ќе ја посетат општината и ќе бидат дарувани со пакетчиња, а потоа заедно, пеејќи ја ,,Вечниот Бог” ќе се упатиме кон центарот на Скопје на досега највеличествениот Божикен настан. Ова се дефинитивно најрадосните денови во годината што посакувам да траат во текот на целата, а она што ме прави исклучително горд е што младите повторно живеат во духот на вистинските вредности и ја продолжуваат традицијата. Бог нека дарува здравје и љубов на сите. Се гледаме“, изјави градоначлникот Орце Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Ѓорѓиевски: Потребни се законски измени во насока градоначалник да може да биде отповикан пред истек на мандат за да не ни се случи повторно Данела Арсовска

На денешното гостување на „Телевизија 24“ присуствуваше градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски кој ја истакна потребата од носење на законски измени во врска со одземањето на ингеренциите на градоначалниците.„Се залагам за законски измени кои што би го регулирале статусот на градоначалникот односно согласно законската регулатива на државата единствен функционер избран од граѓаните кој што не може да биде отповикан пред истекот на неговиот мандат е градоначалникот што на некој начин му дава апсолутна моќ и власт на градоначалникот или во превод да не се случуваат состојби како што се случуваат состојби со Град Скопје во моментов“, рече Ѓорѓиевски.Ѓорѓиевски посочи дека одредени градоначалници избрани од страна на граѓаните знаат дека четири години никој не би можел да ги отповика и поради таа можност тие избираат четири години да ги поминат во хибернација и нагласи дека ред мора да се воспостави а единствен суверен кој ја има моќта да даде и земе власт е граѓанинот.„На некого му е доволно да биде избран од граѓаните да стане градоначалник знае дека четири години никој не може да го отповика од таа позиција има можност да ги помине тие четири години во хибернација наместо да работи во интерес на граѓаните. Ред мора да има и единствен суверен кој што ја има моќта и да даде власт но и да земе власт е единствено граѓанинот затоа сметаме дека е добра ова законска измена да се направи час поскоро“, изјави Ѓорѓиевски.Претседателот на ЗЕЛС посочи дека во Македонија години наназад се случувале брзи законски решенија кои ги решавале состојбите на краток рок и дека за овој проблем е потребна темелна реформа која ќе го реши проблемот на долг рок и дека оваа законска измена нема да овозможи манипулација спрема граѓаните од било кој политичар во локалната самоуправа.„Во Република Македонија години наназад се случуваат брзи законски решенија кои што можеби ги решаваат состојбите на краток рок, нас ни треба темелна реформа поврзана со оваа законска измена и нешто што на долг рок ќе ни предизвика состојба во која што ќе биде дадена моќта повторно во рацете на граѓаните и нема тогаш да ни се случуваат примери какви што имаме сега. Но за жал би споменал дека ние во 21 век говориме за многу општини за решавање на проблеми со фекална водоводна мрежа, за паркови, спортски сали, училишта, недостаток на градинки што значи дека триесетина години наназад некој ги лажел граѓаните, ова законска измена нема да овозможи простор за манипулација према граѓаните на било кој политичар во локална самоуправа“, дециден е Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 година

orce-cereb-1

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски се дружеше со дечињата со церебрална парализа

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес се дружеше со дечињата со церебрална парализа во нивниот клуб во Расадник. Заедно поминаа неколку часа во кој сликаа, украсуваа глинени вазнички, предмети, а средбата ја надополнија и со песна и смеа.- Денеска со големо задоволство поминав неколку незаборавни часови со дечињата со церебрална парализа во нивното катче за дружење, едукација и социјализација во Расадник. Заедно сликавме, украсувавме, а овој ден го збогативме со песна, смеа и искрени насмевки.Ова катче, кое постои веќе трета година, претставува мал, но значаен простор каде што децата со церебрална парализа можат да се изразат, да создаваат и да се чувствуваат прифатени. Лицата со попреченост се рамноправни членови на нашето општество, а ние имаме обврска да создадеме услови каде што секој поединец ќе може да го достигне својот потенцијал. Само преку заеднички напори можеме да изградиме општина и заедница во која секој ќе има еднакви можности и право на среќа и успех.Денеска од овие прекрасни дечиња добив бесценети моменти на инспирација и сила. Им благодарам и на нив и на нивните семејства за гостопримството и за тоа што ни покажуваат колку е важна човечката топлина и емпатијата. Заедно ќе продолжиме да работиме за општество без бариери и заедница која инспирира-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.Катчето за дружење, едукација и социјализација деца заболени од церебрална парализа во Расадник функционира веќе трета година. За овој простор и за тековните трошоци, средствата ги обезбедува лично градоначалникот и неговиот кабинет.

Скопје | пред 1 година

viber_image_2024-11-13_18-40-12-195

​Орце Ѓорѓиевски: Градоначалник на Скопје е убав предизвик, би го прифатил бидејќи работата ме исполнува

Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, во своето гостување во емисијата ,,За или против” на телевизијата Алфа, запрашан за тоа дали ќе биде следен кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи неговото име се почесто се споменува во јавноста, рече дека му е особено драго што граѓаните веруваат во него и дека работата е она што го исполнува.„Чест ми е што моето име се почесто се споменува во медиумите и кај народот како иден кандидат за градоначалник на градот Скопје. Тоа е убав и сериозен предизвик и со задоволство би го прифатил бидејќи јас не се плашам од работа туку напротив, ме исполнува.Секако, за тоа треба да одлучат и органите на партијата – Централен, Извршен комитет и секако претседателот на мојата матична партија Христијан Мицкоски. Би кажал само дека кој и да е, ќе биде значително подобар градоначалник од Данела Арсовска.Она на што јас сум фокусиран во овој момент е да ги дореализирам оние малку проекти од мојата ветена изборна програма кои се бројат на една рака, а брои реализација од 95% во целост што не се случило досега во историјата на нашата општина која е една од најстарите.Јас сум исклучително горд на тоа, бидејќи како што реков мене работата не ме изморува, туку ме исполнува и мотивира.Тоа бара енергија, бара сериозен фокус, макотрпна работа да една од најруинираните општини доведете да сега зборуваме за неколку улички што не сме ги доасфалтирале а имаме а имаме простор уште година и некој месец да ги доасфалтираме.Исто така, можеме да говориме и за бисерот на нашата општина и Скопје, спортската сала „Расадник”, која што за многу скоро со министерот Ристовски и премиерот Христијан Мицкоски ќе се појавиме на отпочнување на градежните активности и тоа е проект којшто со децении го очекувале нашите граѓани.Можеме да говориме и за решена состојба во градинките, за училишта со доградби каде што дечињата ќе учат само во прва смена, понатаму за изградени детски катчиња, изградени спортски терени, за подземна инфраструктура, за населени места коишто трајно ги решивме да конечно во населени места не се говори за септички јами во 21 век, да не се говори за слаб притисок на вода, обезбедување на водоводна мрежа итн“, рече градоначалникот Ѓорѓиевски и додаде дека деновиве кои следат ќе организира отчет на кој ќе ги презентира сите реализирани проекти и дека веднаш после тоа, започнува турнеја со неговиот тим низ населбите на кои заедно со граѓаните ќе се креира буџетот и приоритетите за наредната година.

Скопје | пред 1 година

orce-blagodarnica-1

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски доби благодарница за посебен придонес кон лицата со попреченост

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес доби значајно признание. Од страна на Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Македонија, му беше доделена благодарница за посебен придонес во развојот на едукацијата и рехабилитацијата на лицата со попреченост.„Дозволете ми да го изразам моето искрено задоволство и чест што денес ја примам оваа благодарница во име на Општина Кисела Вода, на оваа значајна конференција која одбележува 75 години на организирана едукација, рехабилитација и вработување на лица со попреченост во нашата земја. Вашето признание е потврда дека посветената работа и вложените напори се вреднувани и забележани. Ова признание ја носи со себе не само мојата лична гордост, туку и гордоста на целата Општина Кисела Вода и нејзината посветеност кон ранливите категории на граѓани, особено децата и лицата со пречки во развојот. Кисела Вода е препознатлива како општина која активно вложува и работи на создавање подобри услови за живеење на овие категории. Горди сме што реализиравме низа проекти и мерки кои го подобрија секојдневието на лицата со попреченост.Меѓу најзначајните иницијативи е отворањето на дневниот окупационен центар, во соработка со невладината организација “Крик”. Обезбедивме и простор за дневни активности за Здружението за деца со церебрална парализа, при што сите трошоци се покриени од сопствени средства. Секоја година ја збогатуваме библиотеката на децата со оштетен вид од ДУРМДОВ “Димитар Влахов” со книги напишани со Брајово писмо. Децата со попреченост активно учествуваат и во сите наши настани од културата. Секоја година, под наше покровителство, се одржува неколкудневен фестивал на инклузија со цел подигнување на свеста за ова општествено прашање. Во основните училишта во општината, опремивме сензорни соби, со што овозможивме учениците со различни потреби да ја добијат потребната поддршка. Во зградата на општината обележавме патеки за слепи лица, што сведочи за нашата решителност за создавање инклузивно општинско опкружување. Посебно сум горд на фактот што во општинската администрација имаме вработено лица со Даунов синдром и со попречен вид. Ова е пример за вистинска инклузија и докажува дека сите заслужуваат еднаква шанса и еднакво придонесуваат кон општеството“, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски во своето обраќање.Информираше дека годинава, за прв пат, со поддршка од него и од Општина Кисел Вода, беше реализирана инклузивната претстава „Малиот принц“, каде што учествуваа лица со церебрална парализа, а оваа година Кисела Вода беше и домаќин на логопедско-дефектолошкиот конгрес.„Општина Кисела Вода интензивно работи на овој план, што ни овозможува да се истакнеме како водечка општина во поддршката на лицата со попреченост. Оваа благодарница за нас значи потврда дека патот кој го одиме е правилен. Ние не застануваме тука. Продолжуваме да соработуваме со институциите, невладините организации и сите заинтересирани страни за подобра иднина на лицата со попреченост. Досега имаме бројни предавања, трибина со Македонското научно здружение за аутизам.Од септември на наша територија, во соработка со “Гаспар” центарот, функционира и дневен центар за бесплатни индивидуални логопедски и психолошки третмани, кој е првиот лиценциран на територија на Кисела Вода. Во тек ни е соработка со УКИМ, поточно со Филозофскиот факултет, одделот на специјална едукација и рехабилитација каде што ќе има соработка и пракса со студентите, при што ќе се искористат максимално сензорните соби кои ги имаме и кои се целосно опремени. Продолжуваме да вложуваме во инклузија и развој, за секое дете и секој човек да имаат поддршка и можности за подобар живот. Благодарам уште еднаш за признанието. Ова е наше заедничко достигнување е поттик да продолжиме да градиме посилна и поинклузивна заедница“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 година

orce-gjor

Ѓорѓиевски: Со одбележувањето на Светскиот ден на ромскиот јазик, испраќаме порака за поддршка, почит и заедништво

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, присуствуваше во Владата на Република Македонија, на настан по повод денешниот 5 ноември, Светски ден на ромскиот јазик.-Денес, на 5 ноември, го одбележуваме Светскиот ден на ромскиот јазик, посветен на промоцијата и зачувувањето на ромскиот јазик, култура и образование. Ромската заедница е значаен дел од нашето општество. Нивната историја, традиции и јазик додаваат непроценлива вредност во културното ткиво на Македонија, што ја прави уште побогата и поразновидна. ЗЕЛС, има за цел да поддржува иницијативи и програми кои ќе ја унапредат инклузијата на ромската заедница, ќе обезбедат поддршка во образованието и ќе помогнат во зачувувањето на ромскиот јазик како дел од културното наследство на Република Македонија. ЗЕЛС се залага за силна соработка со сите општини, институции и организации за креирање можности за ромската заедница, во образованието, културата, и рамноправниот развој на локално и национално ниво. Оттука, со одбележувањето на Светскиот ден на ромскиот јазик, испраќаме порака за поддршка, почит и заедништво. Денес ги одбележуваме не одбележуваме не само нивниот јазик и култура, туку ја славиме и ромската заедница како битен дел од нашето општество-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 година

orce-gh

​Ѓорѓиевски: Фокусиран сум на барања решенија, Арсовска е завршена приказна за скопјани

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ги коментира нападите кон него од страна на градот Скопје и градоначалничката Арсовска, рече дека избегнува да ја коментира и дека таа е завршена приказна за скопјани:- Избегнувам да ја коментирам Арсовска искрено, бидејќи сметам дека е завршена пријазна за Скопје и скопјани. Го видовме нејзиниот потенцијал и она што го направи во Скопје. Јас повеќе сум фокусиран на барање решенија и алтернативи за година дена од сега и начини како би го решавале транспортот во градот, како би ја средувале хигиената, какви проекти му недостасуваат на Скопје и што ќе треба да преземеме во тој дел, така да повеќе сум фокусиран на тоа прашање на перспективите и иднината на главниот град, отколку на политиканството на Арсовска – истакна Ѓорѓиевски за ТВ Сител.

Скопје | пред 1 година

1-3

Ѓорѓиевски: Поради неспособноста на Арсовска учениците не можат да стигнат до училиштата

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето на МТВ посочи дека состојбата во Град Скопје предводен од Данела Арсовска, како и во градските претпријатија е катастрофална, нагласувајќи дека тоа, за жал, преку Јавното сообраќајно претпријатие го чувствуваат сите патници, меѓу кои и учениците.-Со постоечката законска регулатива во делот на јавниот транспорт не постои можност за одземање на таа надлежност. Сите градоначалници од скопските општини на заедничка прес -конференија упативме апел и загриженост за состојбата во ЈСП. Ние обезбедуваме финансии за превоз на ученици, а тој не е редовен, а некаде и воопшто го нема. Конкретно, во Усје за тоа пред неколку дена имаше протест од жителите. Покрај проблемите со хигиената, со ЈП Паркови и зеленило, сега сме сведоци дека градоначалничката Арсовска преку ЈСП продолжува да се изживува со сите скопјани, меѓу кои се и најмладите ученици, со тоа што не обезбедува соодветни услови за транспорт за да стигнат до своите училишта, изјави Ѓорѓиевски.Тој потенцираше дека во рамки на ЗЕЛС, во координација со Владата и со ресорното министерство се подготвуваат законски измени кои би овозможиле одземање на ингеренции на одреден градоначалник, додавајќи дека се подготвува и законски механизам за предвремено отповикување на одреден градоначалник доколку не ја оправдува довербата дадена од граѓаните на локални избори.

Скопје | пред 1 година

vec1

Ѓорѓиевски: Идеите за сработеното ги црпам од граѓаните и нивните потреби

Граѓаните се непресушен извор на идеи и од средбите со нив произлегоа голем број на проекти, изјави за Вечерното шоу на Богдан Илиевски градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, говорејќи за промените што и се случија на општина Кисела Вода во неговиот мандат. Потенцираше дека е потребна волја и желба да се менуваат нештата на подобро и дека најважното нешто за еден политичар е да остави зад себе дела кои го подобриле животот на граѓаните.-Доволно е да имате близок контакт со граѓаните, да ја живеете и да ја познавате материјата, да ги познавате проблемите, да знаете што е фокус и што е она што со години ги мачи нашите граѓани. Кисела Вода беше една општина каде што минатите избори кога јас бев кандидат, сеуште во многу населени места приоритет беше фекална канализација, водоводна мрежа, проблеми кои беа предизвик да се решат. Можам да кажам дека на крајот на денот, кога ќе го завршам мандатот, а јас имам уште година и еден месец, тоа повеќе тоа нема да се споменува и ќе остане зад нас како едно од тешките, горливи прашања кои се надминале.Доволно е да сакате да ги промените работите во оваа работа, секогаш ќе има идеи, секогаш ќе има некој граѓанин кој на приемните денови кој ќе истакне некоја идеја која мене на мене и а мојот тим не ни била приоритет, имаме и такви проекти кои се реализирани. Раководење на општина е жива материја, можеби вие кога ја правите програмата до вас допираат идеи на малкумина граѓани, но кога навлегувате во материјата детално сфаќате дека тоа што сте го предвиделе во програмата за одредено населено место не е до толку голем приоритет, наспроти она што е вистинска потреба на граѓаните. Има и нови проблеми кои тековно се појавуваат, но најважно од се’ е да се има волја, да се даде се’ од себе. Jас така ја имам разбрано политиката, еден ден ќе завршам со политика и важно е зад себе да оставам дела-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 година

IMG_4966

Ѓорѓиевски: Доста беше толеранција, поднесена пријава против ЈП ,,Комунална Хигиена”

,,Скопје не смее да биде жртва на вашата неспособност!Скопје со недели изгледа на голема депонија и се дави во отпад!Ова се влошува со високите температури, односно од отпадот што не се собира редовно се шири неподнослива миризба во секоја општина. Кисела Вода не е исклучок, кај нас сликата се полни контејнери и страшна миризба.Ова е резултатот на несовесното работење на ЈП ,,Комунална хигиена” и градоначалничката на Скопје кои се грижат за хигиената во главниот град!Досега неколку пати алармирав до градските институции, со дописи, телефонски, но очигледно нашите реакции како општина и оние на граѓаните на Кисела Вода не успеаа со проактивност од страна на ЈП ,,Комунална хигиена” кое сите граѓани на Скопје го плаќаме.Бевте сведоци кога како градоначалници лани се обидовме да со собереме сметот што со недели стоеше на улиците, нема да дозволиме да се случи ова повторно.Бидејќи во нормална комуникација немаме никаква реакција, во текот на изминатите денови испративме комунален инспектор да ја провери состојбата на терен.Увидовме дека ситуацијата е катастрофалната и поради тоа понесовме прекршочна пријава до Комунална хигиена и ова ќе биде наша пракса и следните денови ако состојбата на се подобри.Секое непостапување ќе значи нова прекршочна пријава.Граѓаните се на прво место, Скопје мора да биде повторно горд град!”, напиша Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Кисела Вода.

Скопје | пред 1 година

danela-orce

Арсовска може да влезе во филм дека е министер за внатрешни работи, па да почне да казнува народ на улиците и да ги апси, вели Ѓорѓиевски

Неспособноста и агресивноста на Арсовска кулминира во последните 24 часа. Освен тоа што на очиглед на целата јавност може да се забележи дека таа нема капацитет, некадарна е и неспособна за водење на градот Скопје, со последната нејзина активност и обидот да се пише казна по џебот на граѓаните на Кисела Вода, покажува дека ниту си ги знае своите надлежности ниту си ги знае своите ингеренции и што е најстрашно – не знае која е територијата што истата ја администрира, обвини на денешната прес-конференција градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.Во неделата неколку градоначалници со камиони со отпад беа попречени да го одложат во „Дрисла“.„Како општини и градоначалници излеговме со наши колеги од соседни општини од Македонија да се справиме со проблемот што го создаде Град Скопје, Данела Арсовска, ‘Комуналната хигиена’. Со денови не знаеше да го реши. Токму затоа се самоорганизиравме, почнавме сами да си ги чистиме улиците. Откако неколку камиони беа наполнети со отпад, се упатија кон ‘Дрисла’, каде што за одлагање нема потреба од никаков договор, одлуката е донесена од 2005 година. Сите општини може да одлагаат отпад во ‘Дрисла’ за тоа да им се изработи фактура и да се наплати“, рече градоначалникот.Тој обвини дека лажат оти нема договор и приложи влезни фактури до Општина Кисела Вода.„Додека се спречуваше камионите од Кисела Вода и Сопиште да одложат отпад во ‘Дрисла’, возила со италијански регистарски таблички, селективно, но и други возила, се пуштаа да одлагаат отпад. Замислете, возилата на граѓаните на општина Кисела Вода, сопственост на Општината, биле попречувани да го одложат отпадот во ‘Дрисла’. Само нашите камиони беа задржани еден и пол час. По неколкупати повикување на разум од наша страна да го внесеме отпадот во ‘Дрисла’, немавме друга опција, освен да го одложиме пред јавното претпријатие ‘Дрисла’. Втората опција беше отпадот да го вратиме во Кисела Вода. Отпадот го одложивме пред ‘Дрисла’. Со ова Арсовска покажа дека, освен тоа што не си ги врши работите, туку и нè попречува ние да си ги завршиме работите за кои таа не е способна да ги изврши“, додаде тој.Градоначалникот објасни дека депонијата „Дрисла“ се наоѓа дел од Сопиште и дел од Студеничени, општини надвор од ингеренциите на Град Скопје.„Сакам да ја прашам Арсовска дали ги знае своите надлежности кога испраќа инспектори од Град Скопје да казнуваат надвор од границите на градот. Дали оваа постапка значи дека Арсовска може да влезе во филм дека е министер за внатрешни работи, па да почне да казнува народ на улиците и да ги апси. Госпоѓата не знае кои ѝ се надлежностите и ингеренциите. Таа нема капацитет за водење на институцијата, не знае да се справи со ниеден проблем. Ниту ги знае своите ингеренции ниту ја знае територијата со која администрира“, рече тој.Ѓорѓиевски праша зошто новото раководство на „Комунална“ две години ги штитело луѓето што не оделе на работа, а примале плата.Во однос на казната, градоначалникот објасни дека нема никаков основ, а правниот тим на Општината ќе постапи против неа.„За оваа казна нема ниту еден денар да биде потрошен од буџетот на Кисела Вода, за оваа казна нема основ. Во која било ситуација во иднина, доколку се појави проблем, а не е во моја надлежност, никогаш нема да бидам нем набљудувач. Нашиот правен тим ќе постапи против казната, не е стигната, а имаме информации дека е изречена од Град Скопје. Казната е за одлагање отпад во неделата. Изречени се казни и за Општина Сопиште и 86 илјади евра на Кисела Вода за одложување отпад на јавна површина. Ингеренциите се на Општина Сопиште и на Општина Студеничани“, додаде тој.

Скопје | пред 2 години

orce

Орце Ѓорѓиевски доби казна од 90.000 денари поради непрописно одлагање на отпад, најави детали на прес конференција

Од Општина Кисела Вода, пристигна известување за прес-конференција која ќе се одржи денес на пладне, во врска со последните случувања поврзани со отпадот и информација дека е пишана казна за градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во вредност од речиси 90.000 евра поради непрописно одлагање на наталожениот отпад собран од улиците во општина Кисела Вода По тој повод, со почеток во 12:00 часот, во просториите на Општина Кисела Вода, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес конференција.Инаку, Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, во неделата вечерта, го истурија насобраниот отпад од двете општини пред Дрисла, откако од депонијата одбија да им дозволат ѓубрето да го истурат внатре.Засега нема информации дали казна заработил и Муцунски.

Скопје | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања