Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Ѓорѓиевски: Потребни се законски измени во насока градоначалник да може да биде отповикан пред истек на мандат за да не ни се случи повторно Данела Арсовска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје

На денешното гостување на „Телевизија 24“ присуствуваше градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски кој ја истакна потребата од носење на законски измени во врска со одземањето на ингеренциите на градоначалниците.

„Се залагам за законски измени кои што би го регулирале статусот на градоначалникот односно согласно законската регулатива на државата единствен функционер избран од граѓаните кој што не може да биде отповикан пред истекот на неговиот мандат е градоначалникот што на некој начин му дава апсолутна моќ и власт на градоначалникот или во превод да не се случуваат состојби како што се случуваат состојби со Град Скопје во моментов“, рече Ѓорѓиевски.

— реклама —

Ѓорѓиевски посочи дека одредени градоначалници избрани од страна на граѓаните знаат дека четири години никој не би можел да ги отповика и поради таа можност тие избираат четири години да ги поминат во хибернација и нагласи дека ред мора да се воспостави а единствен суверен кој ја има моќта да даде и земе власт е граѓанинот.

„На некого му е доволно да биде избран од граѓаните да стане градоначалник знае дека четири години никој не може да го отповика од таа позиција има можност да ги помине тие четири години во хибернација наместо да работи во интерес на граѓаните. Ред мора да има и единствен суверен кој што ја има моќта и да даде власт но и да земе власт е единствено граѓанинот затоа сметаме дека е добра ова законска измена да се направи час поскоро“, изјави Ѓорѓиевски.

— реклама —

Претседателот на ЗЕЛС посочи дека во Македонија години наназад се случувале брзи законски решенија кои ги решавале состојбите на краток рок и дека за овој проблем е потребна темелна реформа која ќе го реши проблемот на долг рок и дека оваа законска измена нема да овозможи манипулација спрема граѓаните од било кој политичар во локалната самоуправа.

„Во Република Македонија години наназад се случуваат брзи законски решенија кои што можеби ги решаваат состојбите на краток рок, нас ни треба темелна реформа поврзана со оваа законска измена и нешто што на долг рок ќе ни предизвика состојба во која што ќе биде дадена моќта повторно во рацете на граѓаните и нема тогаш да ни се случуваат примери какви што имаме сега. Но за жал би споменал дека ние во 21 век говориме за многу општини за решавање на проблеми со фекална водоводна мрежа, за паркови, спортски сали, училишта, недостаток на градинки што значи дека триесетина години наназад некој ги лажел граѓаните, ова законска измена нема да овозможи простор за манипулација према граѓаните на било кој политичар во локална самоуправа“, дециден е Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynbj0fssafh3k8Sb3ZRk

Ѓорѓиевски: Започна процесот на одгасување на Вардариште

Скопје | пред 6 дена

— реклама —
media-librarys8o3gcc07pjobisP5T0

Над 300 оброци за бездомници на Велики Четврток

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryrh4pk550lq7bcWa0N1K

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“

Скопје | пред 2 седмици

media-library0co5sc0kahlhbVkMDDn

Скопје денес е центар на светското олимписко таеквондо

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања