Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Орце влезе во Град Скопје: Од вечерва ќе чисти, за 72 часа треба градот да светне

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
media-library99a9ue74s9ercrb3iwO
ФБ

Новoизбраниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес официјално го доби уверението за функцијата и најави дека веднаш започнува со првите активности во главниот град.

— реклама —

„Денешното уверение е симбол на довербата што ми ја дадоа граѓаните на Скопје, но и голема обврска да работам одговорно, посветено и со јасна визија. Ќе бидам градоначалник на сите, без разлика на верска, национална или партиска припадност. За мене поделбите не постојат“, порача Ѓорѓиевски.

— реклама —
— реклама —

Тој најави дека уште вечерва во 20:30 часот започнува првата голема акција за чистење на Скопје, со цел градот да се исчисти во рок од 72 часа.

„Скопје го менуваме од корен. Почнуваме веднаш – прво со чистење, а од утре и со реорганизација на јавните претпријатија за градот конечно да функционира како што скопјани заслужуваат“, додаде тој.

Ѓорѓиевски најави и нови инфраструктурни, еколошки и образовни проекти, како и целосна транспарентност во работата на Градот Скопје.

„Скопје ќе биде отворен град. Благодарен сум на секој скопјанец што препозна искреност, посветеност и дела зад зборовите. Почнуваме!“, заврши градоначалникот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryho2e8d01qfp74MIokAz

Ѓорѓиевски: Нова зона со над 1.300 паркинг-места и дигитални услуги за „Градски паркинг“ во Аеродром

Скопје | пред 3 дена

Screenshot-2025-08-24-at-11.14.20

Град Скопје со поддршка за онколошките пациенти: Како до еднократна парична помош?

Македонија | пред 5 дена

media-library7a7lqa0676mseY6J6A4

Со подземната сообраќајница метежот и сообраќајниот хаос во Скопје ќе се намалат за најмалку 33%, вели Ѓорѓиевски

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryu3oc6m0brbrdc36Jw0A

Ѓорѓиевски: Завршува изградбата на улицата „Фрањо Клуз“ во Аеродром

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања