Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Без огномет, Каролина, Тамара и македонски ѕвезди на дочекот на Нова година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-library56cnajh7tbrp3l0Gsfi

Скопјани и сите добронамерници ќе ја пречекаат Новата 2026 година со голем музички спектакл на плоштадот „Македонија“.

— реклама —

Ќе настапат Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Лара и Пајак, Миле Кузмановски, Куку Леле Лина Пејовска.

— реклама —

Деталите за новогодишната програма денеска ги соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на прес-конференција на која објави дека годинава градот се откажува од традиционалниот огномет и се стремат кон модерен и семеен концепт на прослава.

— реклама —

Публиката ќе има можност да ги слушне и најталентираните скопски средношколци, кои ќе настапат со свои музички изведби и свои бендови. Во програмата се вклучени сите средни училишта ид Скопје.

„За новогодишната ноќ јас инсистирав да настапат само домашни пејачи. Покрај програма за дочекот од наредните денови ќе има програма за деца, но и за млади. Фокусот ни е да направиме забава за младите и на тоа ќе работиме во наредните години“, рече Ѓорѓиевски.

Со ребалансот на буџетот се издвоени средства за оваа намена, а единствениот трошок за градот Скопје е украсувањето, кое е помалку од 70.000 евра. Изведувачите ќе ги плати Државна лотарија.

Новинарите на прес конференција прашаа дали ќе има албански изведувачи, скопскиот градоначалник одговори дека „музиката не познава вера и нација“ и ги повика сите на обединување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryho2e8d01qfp74MIokAz

Ѓорѓиевски: Нова зона со над 1.300 паркинг-места и дигитални услуги за „Градски паркинг“ во Аеродром

Скопје | пред 3 дена

Screenshot-2025-08-24-at-11.14.20

Град Скопје со поддршка за онколошките пациенти: Како до еднократна парична помош?

Македонија | пред 5 дена

media-library7a7lqa0676mseY6J6A4

Со подземната сообраќајница метежот и сообраќајниот хаос во Скопје ќе се намалат за најмалку 33%, вели Ѓорѓиевски

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryu3oc6m0brbrdc36Jw0A

Ѓорѓиевски: Завршува изградбата на улицата „Фрањо Клуз“ во Аеродром

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања