Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Орце Ѓорѓиевски „сели” дел од администрацијата од Кисела Вода во Град Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-library4hsa32qf750t0nUjNfA

Со одлука за преземање, радоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски одлучи својот тим да го зајакне со 12 лица со кои работел додека беше градоначалник на Кисела Вода.

— реклама —

Иако е вообичаено кај нас секој функционер да доаѓа со тим во кој има доверба, сепак сите 12 лица доаѓаат од исто место, а меѓу нив има тројца раководители на сектори: за животна средина, сообраќај и поодршка на Кабинет:четворица помошници на раководители: урбанистичко планирање, поддршка на здруженија и граѓани, поддршка на градоначалникот и општи работи. Меѓу преземените ќе има и двајца возачи, од кои едниот ќе биде за претседателот на Советот и секретарот на градот, потоа двајца инспектори и еден референт за документација.

— реклама —

Градот се уште нема нов секретар, но според прописите, најверојатно тоа ќе биде еден од преземените, бидејќи секретарот доаѓа од редовите на администрацијата.

— реклама —

Финансиски средства за овие 12 трајни преземања на вработени, како што е наведено во предлог одлуката, се предвидени во Буџетот на Град Скопје за 2025 година.

За одлуката советниците ќе се изјаснат во среда, но со оглед на мнозинството кое го има ВМРО-ДПМНЕ, потпомогнато од ВРЕДИ и ЗНАМ нема да има проблеми одлуката да помине. Нејасно е што со административците кои до сега ја извршуваа функцијата, дали ќе бидат распределени на други места.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8m0naa6v0eud6XfH2h2

Јубилеј во Драчево: 55 години образование во ООУ „Кузман Шапкарев“

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryjbq16a5c83340onl1S7

Нови спортски содржини на кејот на Вардар: реконструирани терени и фитнес-зони на отворено

Скопје | пред 3 седмици

media-librarynp8j9mia7dps0VqfVKA

(Видео) Сообраќаен колапс во Скопје – возачи чекаат по 30 минути за да се поместат од место

Скопје | пред 1 месец

media-library60s2rbsetk9bfFSYMGj

Подземна со шест ленти и нови кружни текови во центарот на Скопје

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања