Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СКОПЈЕ

media-librarym0m9gkp8hijf3mLUncV

Николоски: Бизнис форумот во Будимпешта отвора нови инвестициони можности

Во објава на социјалните мрежи, министерот Александар Николоски истакна дека денешниот бизнис форум во Будимпешта е значаен чекор за унапредување на економската соработка меѓу Македонија и Унгарија. Тој посочи дека новите деловни можности, инвестиции и воспоставената авиолинија Скопје – Будимпешта ќе ја зајакнат билатералната соработка на сите нивоа.„Денеска заедно со Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот Бесар Дурмиши и претставници на институции од економскиот ресор на Владата како и компании од Македонија присуствувавме на бизнис форумот што се одржува во Будимпешта. Форумот има за цел зајакнување на економската соработка и нови бизнис можности за нашите компании.Македонија и Унгарија бележат одлични економски и пријателски односи, денешниот форум само ќе поттикне директна комуникација и поврзување меѓу институциите од двете земји и компаниите, ќе отвори нови можности за инвестиции, трговија и заеднички проекти.Економските врски, претставуваат клучна алка во зајакнувањето на севкупните билатерални односи меѓу двете земји и во таа насока остануваме силно посветени на создавање поволна деловна клима, услови за нови инвестиции и развој на долгорочни партнерства.Воспоставување на новата авиолинија Скопје - Будимпешта која започна да оперира од денеска и која е дел од пакетот на нови линии отворени преку финансиската поддршка на Владата и Министерството за транспорт, дополнително ќе ја зајакне соработката во економијата, образованието, туризмот и полесна комуникација меѓу двата народи.Со Унгарија бележиме традиционално пријателство кое претставува силна основа и значаен поттик за натамошно зголемување на билатералната соработка на сите нивоа“, вели Николоски.

Македонија | пред 2 часа

media-librarynoj9p174ashi81BHMDA

Ѓорѓиевски по реакциите од Ново Лисиче: Бесплатно паркирање за резиденти во цел Аеродром

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека по реакциите на граѓаните се задржува старото правило за паркирање во Општина Аеродром, според кое сите резиденти – физички и правни лица – ќе можат да паркираат на сите зони на територијата на општината без да плаќаат надоместок.„Како човек кој ја добил најголемата доверба од граѓаните и кој секогаш се води од нивниот глас, чувствувам обврска јасно и транспарентно да ве информирам за одлуките што ги носиме, заедно. Дадена е насока до директорот на ЈП ,,Градски паркинг”, во општина Аеродром, во Реонскиот центар каде се воведува зоната D12, останува да важи старото правило: секој резидент - физички и правни лица, ќе може да се паркира на сите зони на територијата на општината без да плаќа надоместок, како што беше најавено претходно. И ова правило останува да важи за цел Аеродром! Ова е директен одговор на барањата и реакциите на граѓаните и доказ дека нивниот глас не само што се слуша, туку и се почитува. Нашиот народ е секогаш во право! Паралелно, во тек е подготовка за воведување нова зона за паркирање во Ново Лисиче“, напиша Ѓорѓиевски.Тој додава: Веќе се поставува соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, по што ќе следува и поставување информативни табли. Со ова, ќе се обезбедат вкупно 2719 паркинг места кои ќе бидат конкретно решение за реалниот проблем. Истовремено, правиме чекор напред и во дигитализацијата. Од 01.04.2026 година, граѓаните ќе можат електронски да поднесуваат барања за дозволи преку платформата „moj.parking.mk“, за сите паркиралишта под надлежност на „Градски паркинг“ - зонско паркирање, паркиралишта со рампа и катни гаражи. Дополнително, овозможено е и онлајн плаќање на месечни и годишни дозволи, со што процесот станува побрз, поедноставен и достапен за сите. Почитувани, за разлика од минатото, денес вашиот глас е слушнат и уважен. Одлуките ги носиме заедно, за подобро секојдневие, повеќе ред и достоинствено, уредено Скопје“, додаде тој.

Скопје | пред 9 часа

brt-brz-transport-sskopje

Проектот за БРТ во Скопје ќе се реализира со заем од 70 милиони евра од ЕБРД

Вицепремиерот Александар Николоски објави дека Владата дава силна поддршка за реализација на проектот за брз автобуски превоз (БРТ) во Град Скопје. Тој нагласи дека средствата од 70 милиони евра ќе бидат обезбедени преку заем од ЕБРД, а рокот за завршување е февруари 2029 година.„Владата преку Министерството за транспорт и Министерството за финансии овозможува силна поддршка на Град Скопје за реализација на проектот брз автобуски превоз - БРТ.На денешната седница на Владата, ја потврдивме подготвеноста за изградба и воспоставување на еден нов современ градски сообраќаен систем преку кој ќе ја подобриме ефикасноста и економичноста на транспортната мрежа во Градот.Проектот предвидува изградба на две линии во Скопје, едната Исток–Запад и втората Север-Југ, набавка на CNG/хибридни нископодни БРТ возила, патнички информативен систем, паметни станици, како и интеграција во системот на управување со сообраќајот во Градот.Проектот ќе се реализира со заем од 70 милиони евра поддршка од ЕБРД, а Владата ќе ги трансферира овие средства во вид на неповратни средства за Град Скопје.Рокот за завршување на овој значаен проект е Февруари 2029 година.Развојот на главниот град ја наметнува потребата од воведување на нови сообраќајно-транспортни решенија кои ќе овозможат поефикасен транспорт за граѓаните.Министерство за транспорт во соработка со Град Скопје ќе обезбеди соодветната инфраструктура за овој тип на превоз, а дополнително со проектот за Градски воз и набавката на новите еколошки електрични автобуси ќе понудиме комбиниран систем на транспорт во Скопје преку кој значително ќе ја подигнеме точноста и ефикасноста на градскиот јавен превоз", објави Николоски.

Скопје | пред 6 дена

media-librarycbd5imctrg0v1WWHPXm

(Фото) Пластично столче наместо капак на шахта - граѓаните со креативно решение на проблемот

Невладината организација „Сакаме чист Чаир“ објави фотографија од Качанички пат во Скопје, од шахта без капак.За да се избегне можноста за несреќа, локалните жители пронашле иновативно решение и како предупредување поставиле пластично столче пред дупката, со што ја означиле опасната точка за минувачите и возилата.„Качанички пат, срамота“ велат од организацијата.

Скопје | пред 6 дена

media-librarynksqiuv2fvaoeQRRXV0

Пролетна генералка во Скопје: Започна голема акција за чистење на градот

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски на социјалните мрежи објави дека започнала пролетна генералка на Скопје„Уште од раните утрински часови, заедно со екипите на јавните претпријатија на Град Скопје, започнавме широка и координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на градот„Ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.Екипите на „Комунална хигиена“ интензивно ги чистат улиците и го отстрануваат отпадот, вклучително и оној што, за жал, е оставен од несовесни поединци.„Водовод и канализација“ ги перат улиците и јавните површини, „Паркови и зеленило“ се грижат за уредување и косење на зелените површини, додека „Улици и патишта“ поставуваат метални столпчиња со кои се става крај на узурпацијата на тротоарите и јавниот простор.Започнавме од Кисела Вода, но тука не застануваме, продолжуваме во секоја општина, систематски, посветено и без компромиси.Оваа слика на чисто, уредено и достоинствено Скопје ќе биде наша секојдневна реалност до крајот на мандатот.Она минато на кое четири години бевме навикнати, слика на депонии и негрижа - не е и нема да биде пракса во мојот мандат.Чистата животна средина не е луксуз, туку основно право и обврска.Таа значи поздрав живот за нашите деца, почист воздух и повисок квалитет на живеење за сите.Градот може да чисти, но вистинската промена доаѓа кога сите заедно ќе ја преземеме одговорноста.Затоа, упатувам јасен апел до сите граѓани да го чуваме она што заеднички го создаваме.Да не фрламе отпад каде што не му е местото, да не уништуваме и да не го узурпираме јавниот простор.За оние што нема да ги почитуваат правилата, следуваат санкции, затоа што ред мора да има!Грижата за вас и за нашето Скопје останува приоритет кој стои највисоко.Скопје заслужува, а ние заеднички ќе го направиме тоа реалност“, вели Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 седмица

media-library8m0naa6v0eud6XfH2h2

Јубилеј во Драчево: 55 години образование во ООУ „Кузман Шапкарев“

Градоначалникот на Град Скопје присуствуваше на одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Кузман Шапкарев“ во Драчево, кое годинава одбележува 55 години постоење, исполнети со успеси, посветеност и континуиран развој.Во своето обраќање, тој истакна дека училиштето претставува значаен дел од образовниот и општествениот живот во општината, низ кое поминале бројни генерации ученици што таму ги стекнале своите знаења, вредности и трајни пријателства.Градоначалникот потсети дека во периодот кога ја извршувал функцијата градоначалник на Општина Кисела Вода биле реализирани значајни инвестиции во ова училиште, како и во сите училишта на територијата на општината. Во тој период биле реконструирани и модернизирани училници, доградени нови простории, поставени фотоволтаични системи, како и обезбедени бесплатни ранци и училиштен прибор за секое прваче. Дополнително, биле воведени паметни уреди и прочистувачи на воздух, со цел подобрување на условите за учениците и наставниот кадар.Тој нагласи дека со истата посветеност продолжува и во својата сегашна функција како градоначалник на Град Скопје, најавувајќи нов инвестициски циклус насочен кон средните училишта, со цел обезбедување современи услови за образование преку воведување дигитална опрема и одржливи енергетски решенија.На крајот, беа упатени честитки до учениците, наставниците и вработените, како и до сите кои се дел од историјата на училиштето, со порака дека тие се неговата најголема вредност и двигател на идниот развој.

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryk9t3t2uq9oi8aPckOwo

Договорот е потпишан: Скопје ќе гради две катни гаражи кај Клиничкиот центар, инвестиција од 3 милиони евра

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека е потпишан договор за закуп со што започнува реализацијата на проектот за изградба на две катни гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.Ѓорѓиевски соопшти дека договорот го потпишал заедно со министерот за здравство Азир Алиу, а проектот има за цел да го реши долгогодишниот проблем со паркирањето во клиничкиот комплекс.Според најавите, двете катни гаражи ќе имаат капацитет од околу 500 паркинг места, а инвестицијата е проценета на околу три милиони евра.„Со изградбата на две нови катни гаражи конечно ќе ставиме крај на долгогодишната голгота со која секојдневно се соочуваат пациентите, нивните семејства, но и здравствените работници“, изјави Ѓорѓиевски.Тој додаде дека проектот ќе придонесе за подобра организација на сообраќајот во Клиничкиот центар, непречен пристап за возилата на итната медицинска помош и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.Градоначалникот нагласи дека Град Скопје ќе биде институцијата која ќе ги проектира, ќе ги изведува и ќе управува со катните гаражи, со што, како што рече, ќе се избегне зголемување на цените на паркингот доколку управувањето би било препуштено на приватни компании.Во рамки на проектот, најавено е и воведување на дигитално зонско паркирање во градот, со мобилна апликација преку која граѓаните ќе можат во реално време да проверуваат каде има слободни паркинг места.Ѓорѓиевски најави дека по ребалансот на градскиот буџет, кој се очекува следната недела, ќе биде распишана тендерската постапка, по што ќе започнат и градежните активности.Проектот, како што посочи, се реализира во координација со Владата и со поддршка од премиерот Христијан Мицкоски.

Скопје | пред 3 седмици

strast

Скопјанец пријавен за физички напад, обљуба и закани кон 22-годишна жена

Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А. (25) од скопско, по претходна пријава дека во неговиот дом физички нападнал 22-годишна жена со која претходно се запознал, извршил обљуба и ѝ упатувал закани, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).Од МВР соопштуваат дека приведувањето е извршено на 5 март 2026 година во 16:55 часот, на подрачјето на општина Гази Баба, по пријава поврзана со настан што, според тврдењата, се случил на 23 февруари 2026 година.Според пријавата, жената претходно пристигнала од Германија, а во периодот додека била во домот на осомничениот тој не ѝ дозволувал да излезе сама, ѝ го одзел мобилниот телефон и продолжил со закани.Во соопштението се наведува и дека на 4 март 2026 година жената успеала телефонски да се јави кај мајка ѝ, по што таа ја алармирала полицијата. Полициски екипи пристигнале на посочената адреса и, по направена проценка на ризик, постапиле согласно надлежностите.За случајот е известен и јавен обвинител, а по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка, соопштуваат од МВР.

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryjbq16a5c83340onl1S7

Нови спортски содржини на кејот на Вардар: реконструирани терени и фитнес-зони на отворено

Градоначалнкот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека Скопје добива нов уреден спортски комплекс на кејот на реката Вардар.„Денес, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, ги пуштивме во употреба обновените спортски терени на кејот на Вардар, простор кој повторно станува место за живот, рекреација и спорт.Кејот на Вардар е еден од моите клучни приоритети.Уште од првите денови по преземањето на функцијата градоначалник започнавме со темелно чистење и уредување, со што конечно реката повторно тече низ своето природно и нормално корито.Денес, овој простор добива нов лик и јасна визија, функционален, модерен и жив јавен простор отворен за сите граѓани.Реконструирани се спортските терени за фудбал, одбојка на песок и баскет, се поставува нова урбана опрема, а се создаваат и современи фитнес-зони на отворено кои ќе бидат место за рекреација и здрав живот.Во рамките на проектот опфатени се и спортските терени во Маџир Маало, кои целосно ќе се унапредат и повторно ќе бидат ставени во служба на заедницата.На овој потег ќе се уреди и современа градска плажа кое ќе биде безбедно, чисто и достапно катче за одмор, спорт и дружење, кое ќе внесе нова енергија покрај реката и ќе го доближи Скопје до современите европски урбани стандарди.Инвестирањето во спортот значи инвестирање во здрави навики, во здрави млади генерации и во силно општество.Искрена благодарност до министерот Борко Ристовски за поддршката и партнерскиот пристап. Токму преку ваква соработка се реализираат проекти кои носат вистинска вредност за граѓаните.Ова, почитувани, е само почеток. Нашата визија е рамномерен развој, еднакви можности и активен, здрав живот за секој скопјанец, без разлика каде живее. Најдоброто, доаѓа“, вели Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryce0gohncb6qv4JBNWiQ

(Видео) Владин авион со евакуирани македонски граѓани пристигна во Скопје од Шарм ел-Шеик, се спремаат и чартер летови

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски информираше дека успешно е завршена евакуацијата на сите македонски државјани од Израел кои побарале да ја напуштат земјата.Тој соопшти дека попладнево владин авион полетал од Шарм ел-Шеик кон Скопје со македонските граѓани, а целиот процес бил координиран од Министерството за надворешни работи и дипломатско-конзуларните претставништва. Последните информации се дека авионот слетал на скопскито аеродром.Муцунски додаде дека е финализирана и постапката за договор со компанија која во наредните денови ќе започне со летови за евакуација на македонски државјани и од други погодени подрачја.Министерството, како што посочи, останува на 24-часовно располагање за помош и поддршка на македонските граѓани во странство.БОНУС ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО:

Настани | пред 3 седмици

media-library7a7lqa0676mseY6J6A4

Со подземната сообраќајница метежот и сообраќајниот хаос во Скопје ќе се намалат за најмалку 33%, вели Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вели дека булеварот Македонија е еден од најсериозните капитални проекти за градот којшто било кога во минатото е започнат да се реализира„Започната е првата фаза и припремите на она што би значело влез во подземната сообраќајница. Во меѓу време, за да не губиме време, распишана е постапка и за втората фаза, којашто би значела пополнување на подвожњак којшто е кон Министерството за внатрешни работи од страната од кај Рамстор и нивелација на цел тој простор, два кружни тека и 7 метра влез.До почеток од некаде на наредна година, нашиот план на динамика е, еве нека биде до средината на наредна година, да овој дел од Кисела Вода биде целосно завршен и ни остануваат двете последни фази.Тоа е четврта лента наспроти Рамстор, каде што има три ленти во моментов, и завршување на излезот практично од Лимак, и спојување на цел потег со Католичка црква, до крајот на мојот мандат. Јас убеден сум искрено дека и порано ќе биде завршен проектот, но тоа е, повторно ќе кажам, прв проект од ваков тип обемен, којшто се работи во градот Скопје, којшто по сите студии за најмалку 33% ќе го намали со сообраќајниот метеж во централното градско подрачје“, изјави Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 3 седмици

media-library5oji1tmki7lt3iJHBPI

(Видео) Трагедија на обиколницата Скопје–Тетово: Возач загина по излетување од коловоз

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила попладнево на обиколницата Скопје–Тетово, во близина на клучката Мирковци.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во 15:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека патничко моторно возило излетало од коловозот.Полициски екипи излегле на местото на настанот, при што било утврдено дека станува збор за патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од машко лице кое починало на местото на несреќата.Увидот е во тек, по што се очекуваат повеќе информации за околностите под кои дошло до трагичниот настан.

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryhmd5s32dgl639WoaqjK

Комунална хигиена расчисти 11.000 тони отпад во февруари и санкционираше прекршители, најмногу записници во Чаир

Во текот на месецот февруари 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 11 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје.Отстранети се и  2505 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад  - 600 кубни метри - е подигнато во општината Центар.Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец февруари изготви вкупно 100 записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно  одлагање на отпадот. Записниците за прекршителите на Законот за јавна чистота беа врачени во следните општини:1. Општина Чаир – 54 записници2. Општина Карпош – 18 записници3. Општина Аеродром – 11 записници4. Општина Центар – 9 записници4. Општина Ѓорче Петров – 6 записници5. Општина Гази Баба – 2 записникаЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со реализација на еко-предавања и работилници во скопските основни училишта и предучилишни установи. Преку еко-едукацијата најмладите жители на нашиот град се запознаваат со активностите на Претпријатието, се едуцираат како правилно и совесно да постапуваат со својот комунален отпад, на кој начин се врши примарната селекција на отпадот и како се одвива процесот на рециклирање.Во текот на минатиот месец, 253 ученици и 64 дечиња од основните училишта и градинките во општините Аеродром, Центар и Чаир имаа можност да ги проследат едукативните предавања за правилно постапување со отпадот и заштита на животната средина. Предавањата се одвиваа на македонски, албански и турски јазик“, велат од КХС.

Скопје | пред 3 седмици

media-librarynp8j9mia7dps0VqfVKA

(Видео) Сообраќаен колапс во Скопје – возачи чекаат по 30 минути за да се поместат од место

Скопје денеска се соочува со сериозни застои во сообраќајот поради посетата на претседателот на Албанија Бајрам Бегај.Возачите на социјалните мрежи реагираат наведувајќи дека се заглавени по половина час на различни точки низ градот.„Браво успеавте да го блокирате цело Скопје, толку…“, „Што е со градов Тито да не доаѓа?? Тотален хаос..“ се само дел од бројните коментари.На 26, 27 и 28.02.2026 година (четврток, петок и сабота), во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува г-дин Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија. Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје – информираат од МВР.СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Скопје | пред 1 месец

media-library60s2rbsetk9bfFSYMGj

Подземна со шест ленти и нови кружни текови во центарот на Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, извршиле увид во градежните активности на булеварот „Македонија“, проект со кој, како што истакна, главниот град ја добива својата прва подземна сообраќајница.Според информациите од Град Скопје, работите се одвиваат со засилена динамика, а на терен се ангажирани десетици камиони и градежни машини, вклучително и во вечерните часови, кога сообраќајот е намален. Ѓорѓиевски најави дека ваквата практика ќе продолжи и во наредниот период.Проектот, кој со години беше во застој, добива нова временска рамка и динамика на реализација. Иако третата фаза – подземната сообраќајница – е веќе изградена, нејзиното целосно ставање во функција е условено со реализација на сите останати фази.Првата фаза започна пред неколку недели и опфаќа реконструкција и рехабилитација на постојниот коловоз, како и проширување на одделни коловозни ленти со цел подобрување на проточноста на сообраќајот. Зафатите ги опфаќаат булеварот „Борис Трајковски“ кај Рампа, улиците „11 Октомври“ и „Пролет“, како и крак од булеварот „Македонија“ до приклучокот со „Борис Трајковски“.Предвидено е и проширување на улицата „Пролет“ од полициската станица „Пролет“ до Тутунскиот комбинат со дополнителна коловозна лента. На овој потег ќе се уредува раскрсница со два острови во форма на триаголник и три во форма на солза, со цел зголемување на безбедноста.На делницата од улицата „Пролет“ кон Лимак, како и од Лимак кон булеварот „Борис Трајковски“, ќе се воведе еднонасочен режим на сообраќај, додека на раскрсницата меѓу „Борис Трајковски“ и „11 Октомври“ ќе бидат поставени нови семафори.Во наредните фази се предвидува изградба на кружен тек кај „Нова Македонија“, како и уште два кружни текови на потегот меѓу булеварот „Кочо Рацин“ и улицата „Јордан Мијалков“, како и проширување на булеварот „Св. Кирил и Методиј“.Паралелно со коловозната инфраструктура се изведува и атмосферска канализација, со поставување повеќе од 60 шахти и сливници.Подземната сообраќајница ќе има шест ленти – четири за двонасочен автомобилски сообраќај и две наменети за јавен превоз, како и пешачки патеки. Од Градот очекуваат со пуштањето во употреба да се намали метежот во централното градско подрачје и да се подобри протокот и безбедноста на сообраќајот.„Скопјани заслужуваат модерен град“, порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека проектот претставува ново поглавје во развојот на главниот град.

Скопје | пред 1 месец

media-librarybi0odh8prsb2eFEdEfP

(Видео) Со три гребалки и 30 камиони интензивно се работи на улицата „Перо Наков“, вели Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вчеравечер објави фотографии и видеа од работните активности на улицата „Перо Наков“ во Гази Баба.„Се работи и навечер, за наше Скопје!Додека градот мирува, машините не запираат.Вечерва интензивно се работи на улицата „Перо Наков“ во општина Гази Баба - за првпат од постоењето на градот со три гребалки истовремено на терен, придружени од повеќе од 30 камиони и неколку багери.Ова е јасна порака дека кога се работи за Скопје, нема пауза и нема одлагање.По речиси три децении запоставеност, значајната сообраќајна артерија „Перо Наков“, на потегот од булеварот „Киро Глигоров“ до улицата „Вера Радосавлевиќ“, конечно добива третман каков што заслужува.Делница што секојдневно ја користат илјадници жители, а со години беше во катастрофална состојба и претставуваше сериозен предизвик за безбедно и нормално одвивање на сообраќајот.Тоа време завршува.За Гази Баба започнува нова ера на уредна општина, безбедност и достоинствено секојдневие.Реконструкцијата е темелна и сеопфатна и опфаќа изградба на нови тротоари од двете страни на улицата, доизградба на атмосферската канализација, целосна замена на асфалтните слоеви на површина од 11.050 метри квадратни, поставување современо улично осветлување и подземно поставување на операторските мрежи.Дополнително, просторот се оплеменува со џебови за паркирање и уредени позиции за контејнери.Со овие зафати, целосно се менува ликот на овој дел од населбата и се создава современ, функционален и безбеден урбан простор, по мерка на граѓаните.Продолжуваме со силно темпо и со целосна посветеност, затоа што секој реализиран проект е чекор поблиску до подобар, поуреден и посовремен град.Скопјани заслужуваат улици по кои се движат со сигурност, со гордост и со чувство дека градот навистина се грижи за нив.Најдоброто, доаѓа“, вели Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 месец

media-library6efq0kjcbkvhb5r16Wx

Веднаш да се активира Безбеден град за на наоѓање на сторителите што истураат кучиња во Скопје, велат од ЗХГ

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ предупредува на, како што велат, зачестено исфрлање бездомни кучиња од други градови во Скопје и изразува загриженост дека ваквата состојба може да се искористи како оправдување за масовна еутаназија. Од организацијата бараат итно активирање на системот „Безбеден град“, пронаоѓање и санкционирање на сторителите, како и системски и хуман пристап кон проблемот со бездомните животни.„Веќе со месеци се множат објавите за исфрлање кучиња од други градови во Скопје! Со нив се множат и немилите снимки од несакани интеракции животно-човек.Нема да биде првпат да се креира вештачки проблем со носење кучиња од други градови, создавање немир и револт кај населението за после да „пројде“ масовна еутаназија како „решение“.Бевме сведоци на дискусија во комисијата за комунални работи на Град Скопје каде што од претставник на актуелното градско раководство се нафрли терминот „еутаназија“.Не сме заборавиле дека Комунална хигиена во времето на Коце Трајановски масовно и симултано труеше низ сите скопски општини. Фрлаа отров накај 3 или 4 сабајле и како војска во 5 или 6 поминуваа и собираа лешеви. Не беа само бездомните кучиња, сите памтиме како умираа и домашни миленици во тие дивјачки хајки! Нема погадна смрт од смртта од отров!Бараме ВЕДНАШ да се активира Безбеден град во функција на наоѓање на сторителите што истураат кучиња во Скопје.Бараме ригорозно и неселективно казнување на сите што ќе бидат фатени дека го прават оваБараме поддршка од вас, драги сограѓани, ако забележите исфрлање кучиња од возило снимајте и фотографирајте со јасно фаќање на регистарските таблици, но од безбедна оддалеченост!Ако ова раководство си мисли дека ќе си создаде алиби за еутаназија, сетете се што им се случи на вашите претходници кои имаа неспоредливо поголема поддршка од јавноста за разлика од вас.Потсетуваме: актуелното раководство во Град Скопје ги елиминираше сите до еден активисти од управниот и надзорниот одбор на Лајка и ги замени со партиски номинации што немаат допирна точка со стратегии за хумана контрола на бездомни животни! За сега само директорката на Лајка е единствената останата активистка на раководна функција со моќ за одлучување во претпријатието.Дури и да се убијат сите бездомни кучиња и мачиња како што варварски се правело во минатото, за 6 месеци пак ќе бидат полни улиците со бездомни кучиња и нови на пат. Неодговорни сопственици се проблемот, непостоечки/премали казни, како и што напуштањето миленик не е кривично дело“, велат од Зелен хуман град.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryg8867009s0gpcDfL5Fc

ЗХГ бара јавна расправа за луна паркот: Треба да се задржи во неговите постојни граници, да биде парк за деца, а не евтин Дизниленд

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ реагира на плановите за изградба на Луна парк во средината на Градски парк Скопје, предупредувајќи дека проектот би можел сериозно да ја наруши природата и биодиверзитетот во паркот.„Од моментот кога се почнати првите активности за обнова на Луна паркот до денес се сменија 4 градоначалници и помина повеќе од една деценија, ама исклучувањето на јавноста остана константно.Се чувствуваш ли дека имаш глас во одлуките што ги носи Градот? Дека твоето мислење може да ги обликува политиките што го обликуваат Скопје?Скопјани сакаат Луна парк, ама ги прашал ли некој КАКОВ и КОЛКУ ГОЛЕМ Луна парк сакаат?Ги прашал ли дали сакаат да ја наруши тој Луна парк основната функција на Градскиот парк - зелено прибежиште во изразено загаден град?Замислете некој да се осмелеше да стави луда железница како во Дизниленд сред Централ парк во Њујорк?Континуираната изградба, осветлувањето, големиот пешачки и автомобилски сообраќај и механичката бучава од реквизитите и луѓето кои ќе ги користат во текот на целата година би ги нарушиле природните живеалишта, би ги избркале птиците и животинките кои се во паркот!Поставувањето Луна парк со големи механички реквизити и возења во средината на Градскиот парк Скопје сериозно ќе го оштети биодиверзитетот на областа. Природните екосистеми зависат од стабилност, ниски нивоа на бучава и минимално човечко вознемирување.Луна паркот има голема сентиментална вредност како место за спомени, дружење и рекреација на генерации скопјани. И тоа и мора да остане! Да се задржи во неговите постојни граници, да биде парк за ДЕЦА, а не евтин Дизниленд. Стариот Луна парк беше направен исклучиво за деца до 10-годишна возраст, а не за возрасни.Бараме итно да се организира јавна презентација на проектот и јавна расправа. Не може крупни проекти со потенцијал за штетни последици да се решаваат зад затворени врати“, велат од Зелен хуман град.

Скопје | пред 1 месец

zicnica-696x463

Жичницата на Водно денес не работи поради силен ветер

Јавното сообраќајно претпријатие - ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека денес жичницата на Водно нема да биде во функција поради засилен ветер.„Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно.Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците.Ви благодариме на разбирањето“, се вели во соопштението од ЈСП.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryu5g2hm4lho3b91VkXaw

Ѓорѓиевски: Екипите целосно мобилизирани поради паднати дрвја во Скопје

Во Скопје, поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја, а градоначалникот Орце Ѓорѓиевски информира дека екипите се веќе на терен.„Екипите се на терен, реагираме навремено и координираноПоради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја. Нашите служби веднаш излегоа на терен и постапуваат со целосна мобилизација, со цел отстранување на опасностите и обезбедување безбедно движење за граѓаните.Се сечат и расчистуваат паднатите дрвја, се отстрануваат скршените гранки и се нормализира сообраќајот таму каде што имаше застој.Приоритет ни е безбедноста на граѓаните и непреченото функционирање на градот.Апелирам до сите на зголемена внимателност додека траат активностите на терен. Продолжуваме посветено и одговорн“, вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryreve2k9tqeu94s2EZ3Y

Жичницата на Водно денеска не работи поради силен ветер и дожд

Жичницата на Водно денеска нема да продолжи со работа поради неповолни временски услови.„Јавното сообраќајно претпријатие - ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека поради дожд и засилен ветер, кој ги надминува дозволените безбедносни граници, жичницата е ставена вон функција.Надлежните служби ја следат состојбата на терен и штом се создадат услови за безбедно функционирање, жичницата ќе продолжи со редовен превоз на патници.Апелираме до граѓаните за разбирање“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 1 месец

media-library10rh3ijr5hi83TLtPSG

Четири ленти, нови тротоари и заштитно зеленило – стартува проектот за „Македонско-косовска бригада“

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави почеток на реализацијата на основниот проект за изградба на булеварот „Македонско-косовска бригада“, на делницата од раскрсницата со улицата „Џон Кенеди“ до раскрсницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, во должина од 1,4 километри.Според него, станува збор за значајна сообраќајна артерија што ќе ја подобри поврзаноста и проточноста во овој дел од градот. Проектот предвидува четири коловозни ленти, по две во секоја насока, средишно зеленило, велосипедски патеки во двете насоки, како и нови тротоари со ширина од по два метри.Во рамки на изградбата е планирано и поставување заштитно зеленило од двете страни на булеварот, како и проширување на просторот кај автобуските стојалишта, со цел подобрување на јавниот превоз и зголемување на безбедноста на патниците.„Скопјани заслужуваат современа, безбедна и функционална инфраструктура. Секоја инвестиција треба да значи подобар квалитет на живот, поголема безбедност и почиста урбана средина“, изјави Ѓорѓиевски, додавајќи дека со овој проект се создава нов, позелен и поорганизиран урбан простор.Тој најави дека со подобрувањето на временските услови напролет ќе започне поинтензивна реализација на инфраструктурни проекти низ градот, со цел, како што посочи, рамномерен развој во сите општини.

Скопје | пред 1 месец

media-library5ite69jturg27Ci5fFS

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради Задушница

Поради верскиот празник Задушница, од 6 часот утринава во Скопје е воведен посебен режим на сообраќај, соопшти Министерство за внатрешни работи на Република Северна Македонија.Од Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје информираат дека сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива кружно и во една насока. Возилата ќе се движат по улица „Бутелска“, лево по улица „Александар Урдаревски“, лево по улица „Боца Иванова“ и десно кон влезот на гробиштата. За излез, возилата ќе продолжуваат десно по улица „Боца Иванова“, до кружниот тек на „Бутелска“, потоа лево по „Бутелска“ и десно по улица „Кемал Сејфула“.Посебен режим ќе биде воведен и во близина на гробиштата во Камник, Драчево и Ѓорче Петров.Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници на сообраќајниците опфатени со овој режим, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Скопје | пред 1 месец

media-library6cin2kbp0uh497FNC3b

Орце тврди дека ќе воведува ред: На Бит Пазар ќе го урива „Али тобако“ оти е на велосипедска и пешачка патека

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во изјава за медиумите истакна дека мора да се воведе ред со дивопоставените објекти низ градот.„Дивопоставените објекти насекаде низ градот граѓаните бараа ред, бараа 30 години наназад, јас кажав дека ред ќе има. Јас знам дека во одредени процеси некој нема да го прими тоа позитивно, затоа што му го нарушувам комодитетот којшто 30 години некој му го дозволил да го има на сметка и на грбот на граѓаните и на градот Скопје и општините. Тоа се луѓе коишто немаат никаков документ за поставеноста таму. Тоа се генерално објекти коишто узурпираат велосипедски, пешачки зони но и многу градски зелени површини. Има неколку примери во одредени општини. Пример општината од кај што доаѓам јас, во сред амбуланта има поставено времени објекти без никаков документ. Тоа е редот и достоинството кое граѓаните го заслужуваат? Не. Ред мора да има. На Бит Пазар има едно тобако коешто невозможно е да се функционира од тоа тобако, на сред велосипедска и пешачка патека, ќе биде отстрането. Секаде каде што имаме узурпација на државен простор и невозможно функционирање на граѓаните. Таму ќе постапуваме. Мораме да градиме систем во кој ќе има ред. Вие како новинар и вашите родители, во овие 30 години и повеќе независност на државата, ви дозволил некој да поставите во сред градски парк објект? Не ви дозволил. На некого му го дозволиле тоа. Е сега треба да го направиме редот“, вели Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 месец

media-librarytqmlvt60cm0cb7jMqeo

Кејот на Вардар добива нова градска плажа, спортски терени и фитнес-зони на отворено

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски на социјалните мрежи објави фотографии од уредувањето на кејот на Вардар и најави создавање на безбедна градска плажа и реконструкција на спортските терени за фудбал, баскет и одбојка на песок.„Кејот на Вардар добива нов лик и нова градска плажа, отворена за сите генерацииСо засилено темпо течат работните активности за уредување на кејот на реката Вардар, простор каде секојдневно се рекреираат илјадници граѓани и кој претставува едно од најважните урбани јадра на Скопје.Кејот е меѓу моите клучни приоритети и уште од првите денови по преземањето на функцијата градоначалник, започнавме со темелно чистење, со што конечно Вардар повторно тече по своето природно и нормално корито.Денес, кејот го уредуваме со јасна визија за функционален и жив јавен простор.Се реконструираат спортските терени за фудбал, одбојка на песок и баскет, се поставува нова урбана опрема и се создаваат модерни фитнес-зони на отворено.Во рамки на овој проект опфатени се и спортските терени во Маџир Маало, кои целосно ќе се унапредат и ќе се вратат во служба на заедницата.На ова место градиме и современа градска плажа - безбедно, уредено и достапно катче за одмор, рекреација и дружење, кое ќе внесе нова енергија и живот покрај реката и ќе го доближи Скопје до европските урбани стандарди.Инвестирањето во спортот е инвестирање во здрави навики, здрави млади и силно општество.Искрена благодарност до министерот за спорт, Борко Ристовски, за поддршката и партнерскиот пристап, кои овозможуваат ваквите проекти да се реализираат брзо, квалитетно и во интерес на граѓаните.Ова, почитувани, е само почеток.Нашата визија е да создадеме современи, уредени и достапни спортски терени во сите општини на Град Скопје.Рамномерен развој, еднакви можности и активен, здрав живот за секој скопјанец, без разлика каде живее, остануваат наш врвен приоритет“, вели Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања