Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Лажни повици за „операции“: разбиена измамничка шема, жртви се повозрасни лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
falsifikt-evra

ОВР Неготино поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кавадарци против две лица осомничени за серија измами врз повозрасни граѓани, при што една 81-годишна жена била оштетена за околу 5.000 евра.

Станува збор за К.Н.(29) од Велес и Г.М.(54) со престој во Скопје, кои се товарат за вкупно 11 кривични дела, од кои едно „измама“ и десет „измама во обид“, согласно член 247 од Кривичниот законик.

— реклама —

Според информациите од полицијата, измамата се одвивала преку телефонски повици од лице од странство, кое се претставувало лажно и доведувало во заблуда повозрасни лица дека нивни блиски се повредени во несреќа и дека итно се потребни пари за операција.

Осомничените К.Н. и Г.М. имале задача да ги подигнат парите од жртвите, по што Г.М. ги носел и ги предавал на лице во Софија, Република Бугарија.

— реклама —

На овој начин успеале да измамат 81-годишна жена од Неготино за сума од 314.600 денари, додека се обиделе да измамат уште десет други лица.

К.Н. бил лишен од слобода на 19 февруари 2026 година и во службен разговор ги признал делата, додека два дена подоцна, на граничниот премин Деве Баир, бил уапсен и Г.М. Кај него биле пронајдени и одземени 4.400 евра, а кај неговата сопруга, која била со него во возилото, уште 4.350 евра.

Се преземаат понатамошни мерки за целосно расчистување на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryufankrd0ebkreVllJME

МВР: Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ повеќе не треба да се носат во полиција

Настани | пред 11 час

— реклама —
media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Шест возачи уапсени за безобѕирно возење без дозвола

Македонија | пред 12 часа

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

МВР: Пет пријави за семејно насилство, четворица уапсени

Македонија | пред 13 часа

media-library7fq9g456k7fl60Baf8m

На аеродром Скопје уапсен гостиварец баран со меѓународна потерница

Македонија | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања