Граѓаните кои ги платиле сообраќајните казни од системот „Безбеден град“ немаат обврска да доставуваат потврди во полициска станица, информира Министерството за внатрешни работи.
Од МВР појаснуваат дека нивниот систем е автоматски поврзан со системот на Министерството за финансии, со што уплатите се евидентираат без дополнителна постапка од страна на граѓаните.
Сепак, од таму потенцираат дека при уплатата мора точно да се пополнат податоците во уплатницата, особено единствениот број од записникот во делот „повикување на број“ и „цел на дознака“, согласно правната поука.
„Апелираме до граѓаните да не ги носат потврдите од платените санкции во полициска станица, со цел да се заштеди време и да се избегнат непотребни гужви“, велат од МВР.