Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Скопјанец пријавен за физички напад, обљуба и закани кон 22-годишна жена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
strast

Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А. (25) од скопско, по претходна пријава дека во неговиот дом физички нападнал 22-годишна жена со која претходно се запознал, извршил обљуба и ѝ упатувал закани, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од МВР соопштуваат дека приведувањето е извршено на 5 март 2026 година во 16:55 часот, на подрачјето на општина Гази Баба, по пријава поврзана со настан што, според тврдењата, се случил на 23 февруари 2026 година.

— реклама —

Според пријавата, жената претходно пристигнала од Германија, а во периодот додека била во домот на осомничениот тој не ѝ дозволувал да излезе сама, ѝ го одзел мобилниот телефон и продолжил со закани.

Во соопштението се наведува и дека на 4 март 2026 година жената успеала телефонски да се јави кај мајка ѝ, по што таа ја алармирала полицијата. Полициски екипи пристигнале на посочената адреса и, по направена проценка на ризик, постапиле согласно надлежностите.

— реклама —

За случајот е известен и јавен обвинител, а по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка, соопштуваат од МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryufankrd0ebkreVllJME

МВР: Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ повеќе не треба да се носат во полиција

Настани | пред 13 часа

— реклама —
media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Шест возачи уапсени за безобѕирно возење без дозвола

Македонија | пред 14 часа

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

МВР: Пет пријави за семејно насилство, четворица уапсени

Македонија | пред 14 часа

media-library7fq9g456k7fl60Baf8m

На аеродром Скопје уапсен гостиварец баран со меѓународна потерница

Македонија | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања