Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СКОПЈЕ

Screenshot-2022-04-13-at-13.05.54

(ФОТО) Запрена градба на седум нивоа на Водно, се бара итно отстранување

Затворено е градилиште на Водно. Инспекциите на Општина Центар издале и решение за отстранување на градба која е на седум ката.„Овластен градежен инспектор доднесе решение со кое се наредува на инвеститорот, физичко лице со живеалиште во Струга, во законски предвидениот рок да прекине со сите градежни активности и да ја отстрани градбата.Се работи за објект од втора категорија со намена А1 – домување во станбени куќи, со димензии 11.8 метри на 8.9 метри, изграден од армирано бетонска конструкција на улица „Христо Чернопеев“ бб, дел од локалитетот Тасино Чешмиче 1 и Тасино Чешмиче 2.На инвеститорот на објектот, овластен градежен инспектор на 20.7.2021 година, му издал Решение со кое му се наложува итен прекин на градежните работи. И покрај добиеното решение за прекин на изградбатата, инвеститорот продолжил со изградба на објектот, спротивно на издаденото одобрение за градење и заверениот основен проект.Врз основ на член 134, став 1, алинеа 3 и 4 и член 137 став 1 од Законот за градење, овластен градежен инспектор постапувајќи по службена должност, изврши контролен инспекциски надзор и донесе решение со кое му наложи на инвестирот во зададен рок да ја отстрани градбата. Во спротивно, општината ќе пристапи кон присилно административно извршување, со што трошоците од извршувањето ќе паднат на товар на инвеститорот“, вели Општина Центар.„Апелирам до сите инвеститори и сопственици на нелегални објекти, да ги почитуваат издадените решенија за отстранување на објекти, затоа што во спротивно, општината присилно ќе ги отстрани, а трошоците за отстранувањето ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопствениците“, додава градоначалникот Герасимовски.

Скопје | пред 3 години

Baby-boom-vo-Zooloska-gradina-1

Скопската Зоолошка е главна вест во најпознатите светски медиуми

Зоолошката градина стана главна вест во најпознатите светски медиуми поради последните случувања изминатиов период, каде се родија повеќе животни.Фотографиите од малите лавчиња и бебето белорак гибон се најдоа како вест на денот, фото на неделата и фото избор на денот во престижни медиуми и новинарски агенции како Гардијан (The Guardian), Ројтерс (Reuters), Јаху (Yahoo), како и американските медиуми ЦНН (CNN) и АБЦ Њуз (ABC News).Фотографиите од Скопје ЗОО направени од Роберт Атанасовски, Огнен Теофиловски, Ѓорѓи Личовски и Томислав Георгиевски беа објавени во преку 300 медиуми од 40 различни земји. За потсетување, пролетва во Зоолошката градина во Скопје се случува вистински „бејби бум“, каде се родија три лавчиња, мала лама, бебиња кенгури, лемури, берберска овца и камила.Во наредниот период Градот Скопје заедно со ЗОО Скопје, ќе продолжи со спроведување низа активности со кои ќе се подобрат условите на живеалиштата на животните, како и нова инфраструктурата којашто ќе овозможи подобри услови, но и поинтересни содржини за посетителите на скопската зоолошка градина.

Скопје | пред 3 години

120190520_075559

Се истражуваат злоупотреби за фасадата на Владата дел од „Скопје 2014“

По сеопфатна предистражна постапка, денес јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица кои ја злоупотребиле својата положба и овластување при реализација на договорот за изведување на градежни и градежно занаетчиски работи за реконструкција на фасадата и илуминација на објектот на Владата на РМ. Според опишаните дејствија во наредбата постои основано сомнение дека првоосомничениот – управител на друштво за градежништво, трговија и услуги сторил кривично дело – Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство и кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување и поттикнување во извршување на истото кривично, додека останатите три лица – второосомничениот како службено раководно лице на орган на државна управа и трето и четврто осомничените – како одговорни лица управител на друштвото за инженеринг, проектирање и консалтинг и главен надзорен инженер за реализација на договорот сториле по едно кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување.Првоосомничениот свесно ги повредил прописите за постапката за доделување на договор за јавна набавка за изведување на градежни и градежно-занаетчиски работи за реконструкција на фасадата и илуминација на објектот на Владата на Република Македонија и ја изиграл постапката за јавна набавка доставувајќи како доказ дека го исполнува минималниот услов за утврдување на економската и финансиска состојба три договори за заеднички настап со три правни лица кои подоцна не ги ангажирал, како и два подизведувачки договори со правни лица на кои имал намера да им отстапи дел од договорот за јавна набавка. Иако бил должен, согласно Законот за јавни набавки, тој не ги навел и не доставил податоци за останатите подизведувачи што подоцна ги ангажирал. Со опишаните дејствија првоосомничениот за друштвото со кое управувал остварил имотна корист од поголеми размери во износ од 484.654.000,00 денари. Воедно, подизведувачот што го ангажирал за изведување на градежни и градежно занаетчиски работи за изведба на декоративни и фасадни елемети и изведба на каменорезачки работи за објектот на Владата не ги испочитувал одредбите од подизведувачкиот договор и извршил монтажа на декоративни фасадни елементи изработени од материјал што не соодветствувал на материјалот предвиден во основниот проект. Второосомничениот, со умисла поттикнат од првоосомничениот, не ја извршил својата службена должност и при реализацијата на предметниот договор не ставал забелешки во поглед на начинот на изведба на работите и употребениот материјал и на тој начин дозволил подизведувачот да вградува декоративни фасадни елементи од материјал што ги нема потребните карактеристики. Трето и четврто осомничените како одговорни лица управител на друштвото за инженеринг, проектирање и консалтинг и главен надзорен инженер за реализација на договорот, со умисла поттикнати од првоосомничениот, ги искористиле нивните посебни овластувања и должности што ги имале врз основа на договорот за вршење на стручен надзор и ги прифаќале и одобрувале времените ситуации од изведувачот на работите во кои било наведено дека декоративните фасадни елементи се изведени од 96% минерален рециклиран дуван гранулат од силикатни шупливи микрозрна.Од месец декември 2014 година до месец август 2015 година првоосомничениот како одговорно лице – управител на друштвото за градежништво, трговија и услуги со искористување на посебните овластувања што ги имал согласно Законот за трговски труштва како управител на друштвото, прибавил значителна имотна корист во износ од 8.823.916,00 денари за политичката партија. Тој, по предходен договор со раководните лица на партијата, со цел партијата да купи недвижни имоти по цена пониска од пазарната, а притоа да ги избегне ограничувањата предвидени во одредбите од Законот за финансирање на политичките партии, во три наврати во име и за сметка на друштвото со кое управува купил недвижни имоти во Гази Баба, Центар Жупа и Крушево, а потоа истите ги продал по пониски цени од нивната пазарна вредност на политичката партија.Во текот на денот со Наредба на судија на претходна постапка, а по предлог на обвинителот, се извршени претреси на повеќе локации, претресите сѐ уште се во тек. Предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, до Судијата на претходна постапка ќе поднесе соодветни поднесоци за обезбедување на присуство на осомничените, воедно, ќе достави Предлог за издавање на решение за привремено запирање на извршување на финансиски трансакции со предлог за привремено одземање на имот, како и Барање за донесување на привремена мерка забрана на отуѓување и располагање со недвижен имот.Предметот е дел од постапката за Проектот „Скопје 2014“ . ​​

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Данела ја средува Зоолошката во Скопје

Екипите на ЈП "Улици и патишта" по налог на Град Скопје, денеска започнаа со реконструкција на дел на патеките во Зоолошката градина - Скопје.Денеска екипите од ЈП „Улици и Патишта“ започнаа со отстранување на оштетените бекатон плочки, по што ќе следи асфалтирање и реконструкција на површина од околу 200 метри квадратни.Во наредниот период Градот Скопје заедно со ЗОО Скопје, ќе продолжи со спроведување низа активности со кои ќе се подобрат условите на живеалиштата на животните, како и инфраструктурата којашто ќе овозможи подобри услови за посетителите на скопската зоолошка градина.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Арсовска: Се залагам за поефикасни, транспарентни општини и унапредување на фискалната децентрализација

На денешниот настан по повод потпишување на Меморандумот за соработка помеѓу Градот Скопје и Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој, за проектот за воспоставување ново партнерство и овозможување подобро општинско буџетирање, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, истакна дека оваа соработка е значајна за да се зајакне одржливоста на локалните самоуправи. Таа истакна дека важно е унапредувањето процесот на фискална децентрализација, со цел да им се овозможи на општините потребната самостојност во делувањето за обезбедување поквалитетни услуги за граѓаните.-Како претседателка на ЗЕЛС и градоначалничка на Скопје, во континуитет се залагам за создавање на поефикасни и поефективни институции на локално ниво, но мора и да се потенцира потребата од континуиран развој на политиките кои се воспоставуваат на национално ниво, со цел градење подобра соработка меѓу институциите од националната и локалната власт, како и за зајакнување на ефективноста и транспарентноста во работењето на општините, истакна Арсовска.Градоначалничката посочи дека системското решавање на предизвиците поврзани со локалните самоуправи, особено во дел на зголемување на фискалната децентрализација и независност за општините. Ова е приоритет кој има навистина голема импликација врз функционирањето на општините, како и за општото добро со цел реализација на поголем број проекти насочени кон подобрување на дејствувањето во служба на нашите сограѓани.-Позитивните реформи за зајакнување и зголемување на алатките за децентрализација можат да создадат добра основа за креирање на уште поповолни политики кои влијаат на локалното владеење, но и да го зајакнат гласот на ЕЛС во креирањето на националните политики, истакна Арсовска во своето обраќање.

Скопје | пред 3 години

121546365_2638640743132118_524148423271260728_o-960x480-1

Расипништвото на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје на грбот на вработените, во ЈП Лајка со месеци немаат земено плата, вели СДСМ

„Во изминатите месеци секојдневно сведочиме на расипништво, неодговорност и лошо управување на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со јавните претпријатија“, вели СДСМ.Тие додаваат:„Додека градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска троши 670.000 евра на партиски вработувања, вработените во Лајка со месеци немаат земано плата и под знак прашалник е доведено функционирањето на ЈП Лајка.ЈП Лајка, кое е клучно за хуман третман и згрижување на бездомните кучиња, заживеа во времето на градоначалникот од СДСМ Петре Шилегов, со нов концепт, и систем на работа во нов, модерен стационар по сите светски стандарди.За жал, поради недомаќинското работење и расипништвото на Арсовска, за само неколку месеци се заканува враќање на старите проблеми со стационарот, нехуман третман и повторно зголемување на уличните кучиња во градот.Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ наместо да ја манипулираат јавноста и општинските средства да ги користат за партиски вработувања, треба веднаш да се исплатат сите заостанати плати на вработените во Лајка и да се обезбедат услови за непречено функционирање на стационарот“.

Скопје | пред 3 години

DSC_0210

224 санкционирани возачи во Скопје, 63 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 224 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 63 санкции, 32 мерки за возење под дејство на алкохол, 16 санкции за возење без возачка дозвола.Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 3 години

277741303_522446426173960_7621096125350930779_n

Арсовска: Да им подадеме рака и поддршка на лицата со аутизам

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска по повод Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот, вели дека трњба да се подигне свеста и да се нагласи потребата за подобар квалитет на живот на овие лица.„Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот се одбележува секоја година на 2 април. Истражувањата укажуваат дека кај 1 на 100 лица е детектирано нарушување на аутистичниот спектар. Тие треба да бидат прифатени и ценети за својата различност, да се подигне свеста и да се нагласи потребата да се подобри квалитетот на животот на овие лица.Затоа со разнобојност се одбележува Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот, да потсети на единственоста на секое лице со аутизам. Наша задача е да им подадеме рака, да ги охрабриме со насмевка и со поддршка, да им покажеме почит и разбирање секој ден“, вели Арсовска.

Скопје | пред 3 години

277455806_281539174155477_2312349533132484803_n

Пожарот во Пржино е локализиран, нема жртви, а можеби е подметнат

Изјава на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој веднаш по добиената информација за опожарен објект во населбата Пржино, излезе на терен заедно со општинските служби, со цел да помогне во справување со пожарот.-Во попладневните часови изби голем пожар во населба Пржино. По добиената информација дека гори објект, веднаш со службите излеговме на терен да им помогнеме на пожарникарите и од она што тука го дознавме е дека се работи за објект на старо училиште кое во моментов е во приватна сопственост.Сакам да се заблагодарам на екипите на Противпожарната бригада и МВР кои и покрај отежнатите временски услови беа на висината на задачата и пожарот е локализиран и што е најважно нема човечки жртви, ниту повредени. Нема зафатени ниту други домаќинства наоколу.Исто така сакам да изразам благодарност и на соседите кои излегоа во пресрет и ги ставија на располагање хидрантите од своите објекти. Ние како Општина, исто така на располагање го ставивме и хидрантот од градинката што е во непосредна близниа.Апелирам до МВР сериозно и до крај да го истражи овој случај бидејќи како што добив информација овде, не станува збор за постоечка инсталација која била под напон, туку претпоставувам дека се работи за човечки фактор кој влијаел да дојде до сето ова, а доколку сето тоа се потврди – да одговара пред лицето на правдата-изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски

Скопје | пред 3 години

WhatsApp-Video-2022-03-23-at-9.56.29-PM.00_03_41_22.Still004

(ВИДЕО) Голем пожар во Пржино, жителите во паника, им помагаат и на пожарникарите

Барака гори над Кисела Вода во Пржино, дознава „Скопје1“. Густи облаци чад се шират и се гледаат и од центарот на Скопје, но и од другите населби. Ветерот го шири со голема брзина. Првичните информации се дека станува збор за барака која била поранешно училиште. Неофицијално, истата е напуштена.Противпожарната бригада-Скопје интервенира со три противпожарни возила и десетина пожарникари. Засега, нема информација дека постои опасност да се прошири пожарот и на околните објекти кои се во непосредна близина, а пожарникарите се обидуваат да го стават под контрола.Страв има и помеѓу населението кое и пред Противпожарната бригада се обиде да започне со гаснење на пожарот. Десетици луѓе кои имаат свои имоти во непосредна близина, им помагаат на пожарникарите.Повеќе детали се очекуваат од Противпожарната бригада и полицијата. Причините за пожарот, не се познати.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2021-09-06-at-11.05.33

Дете неколку пати тепано во училиште, снимано и омаловажувано

На 31.03.2022 во 19.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, 45-годишен маж од Скопје пријавил дека неговиот малолетен син, ученик во основно училиште, во неколку наврати, на игралиштето во дворот на училиштето, бил физички нападнат од тројца малолетници, соученици во училиштето. Според пријавеното, малолетниците ги снимале настаните, а снимките ги споделувале на социјални мрежи и помеѓу другите ученици.За настанот бил запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Градски паркинг со санкции за 167 непрописно паркирани возила на зелени површини

Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 167 возила од зелени и јавни површини. Непрописно паркираните возила се отстранети по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци за паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.Јавното претпријатие Градски паркинг апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Корисниците на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата да избегнат глоби и дополнителни трошоци. Плаќањето за паркинг услугата може да се изврши преку СМС порака или со картичка.

Скопје | пред 3 години

274192356_1442167892848126_7264427043270036704_n

Приведен џепчија во Скопје, фатен непосредно по извршена кражба

На 31.03.2022 во 13.20 часот на ул.„Стале Попов“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(54) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 13.00 часот на автобуска постојка на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ искористил гужва при влегување во автобус и од чанта на оштетената одзел паричник со пари и лични документи.Тој бил приведен во Полициската станица Центар и во службен разговор го признал делото. Кај него биле пронајдени одземените предмети кои биле вратени на сопственичката. За случајот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 235 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 3 години

DSC_0040

152 казнети возачи во Скопје, 26 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, осум мерки за возење под дејство на алкохол.Изречени се 13 мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за некористење сигурносен појас, пет мерки за возач почетник, 55 за непрописно паркирање...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Град Скопје и годинава ќе дава субвенции зa инвертер клима уреди

Град Скопје и во 2022 година ја продолжува мерката за доделување субвенции на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди за загревање.Советот на Град Скопје на денешната седница ја донесе Програма за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2022 година, со која се утврдуваат начинот и условите за спроведување на активностите за субвенционирање и нивното финансирање.Во наредниот период ќе биде распишан јавниот повик за субвенции на кој ќе можат да аплицираат сите лица кои ги исполнуваат предвидените услови, а ќе можат да аплицираат сите оние што набавиле инвертер клима уреди почнувајќи од 01.01.2022 година. Средствата предвидени за овие субвенции се обезбедени од буџетот на Град Скопје, како и преостанатите средства добиени од Владата во 2020 година.Согласно со годинешната програма, за оваа намена се предвидени 24 милиони денари, додека на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ.Овие субвенции се дел од мерките предвидени во Планот за подобрување на квалитетот на воздухот и Акциониот план на Стратегијата за климатски промени на Град Скопје. Согласно со многубројните истражувања за квалитетот на воздухот во Скопје најголемо учество во емисијата на ПМ10 и ПМ2,5 честичките има затоплувањето на домовите кои немаат централно греење. Ова се јавува, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, лошиот квалитет на дрвото, начинот на неговото чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки. Инвертерите за затоплување се економични, еколошки, не користат фосилни горива, а истовремено постигнуваат затоплување на домовите.Доколку се направи паралела во трошоците за греење на стан со 60 м2 за една грејна сезона во однос на греење со термо печка, печка на дрва и инвертер клима уред ќе се добијат следните пресметки:

Скопје | пред 3 години

mucunski-45

Муцунски: Наскоро нов парк од 5700 м2 во Реонски Центар Аеродром

Општина Аеродром ќе добие нов парк од 5700 квадратни метри во Реонски Центар Аеродром, значаен придонес во неговата изведба и уредување ќе биде обезбеден од страна на Шведска, а ќе го спроведе канцеларијата на УНДП. Шведска претставува најголем билатерален донатор помеѓу ЕУ земјите во нашата земја.„Денеска имав можност да се сретнам со шведската амбасадорка Кристин Форсгрен Бенгтсон, со која направивме прошетка низ нашата општина и обиколка на локацијата на која овој парк ќе биде поставен.На амбасадорката ѝ ги презентирав некои од нашите врвниприоритети за развој на општината во наредниот период, меѓу кои највисоко место зазема и заложбата за чиста и здрава животна средина. Оваа заложба ја потврдуваме со тоа што предвидениот парк се наоѓа на локација на која до сега беа предвидени градежни маркици за изградба на станбени објекти, а со наша одлука беа пренаменети во парк кој ќе зафаќа површина од 5700м2“, вели Тимчо Муцунски.

Скопје | пред 3 години

Nova-vodovodna-mreza-vo-Crnice-1

Арсовска: За подобро снабдување со вода на жителите на Црниче се заменува постоечката салонитна мрежа

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и директорот на ЈП Водовод и канализација, Златко Перински, денеска присуствуваа на отпочнување на градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа на улиците Церска и Христо Узунов во населеното место Црниче во општина Кисела Вода.- Со реализацијата на овој проект се отстранува постоечката салонитна мрежа на која се јавуваат голем број дефекти заради нејзината дотраеност која е поставена пред повеќе од три децении и била наменета за мал број објекти, а денеска не ги задоволува потребите на постојната состојба. За жал, досега не биле превземи активности за реконструкција и проширување на хидротехничката инфраструктура согласно развојот што го овозможува деталниот урбанистички план за овој локалитет со што ЈП Водовод и канализација овозможува подобро водоснабдување на жителите во овој дел од градот – изјави Арсовска.Градежните активности опфаќаат реконструкција на постоечките приклучоци на објектите кои гравитираат на овој дел од улиците Церска и Христо Узунов. Новата водоводна мрежа ќе биде приклучена на улицата Востаничка со што се обезбедува циркулационен прстен кој овозможува поквалитетно водоснабдување за жителите долж оваа траса.

Скопје | пред 4 години

Sequence-05.00_09_33_18.Still003

Дигитализација на Ѓорче Петров, што добиваат граѓаните со оваа алатка

Наскоро Општина Ѓорче Петров ќе презентира нова дигитална алатка, со која, како што вели градоначалникот Александар Стојкоски, општината уште повеќе ќе се доближи до жителите, низ транспарентен процес ќе ја зајакне довербата во општинските служби и ќе ја зголеми ефикасноста во работата на локалната власт.„Следејќи ги глобалните трендови и динамиката на современото живеење, потребата од дигитализирање на сите услуги кои ни се потребни во секојдневието е сè поголема и неопходна.Интерактивната дигитална платформа ќе им овозможи на граѓаните и на локалната власт да комуницираат директно и со еден клик да придонесат кон создавање вистинска современа и европска смарт-општина.Наскоро, со користење на вашиот мобилен телефон, таблет или компјутер, ќе можете да ги добиете потребните документи, да поставите прашање и пријавите проблем, да добиете детални податоци од нашите служби или пак да аплицирате за субвенции. На овој начин, се поедноставуваат сите административни процедури, со што се намалува потрошувачката на хартија, како и долгите редици низ институциите“, пишува Стојкоски.

Скопје | пред 4 години

268712274_465525018503888_3565816278959702613_n

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

На 27.03.2022 (недела) со почеток во 10.00 часот, во организација на атлетски клуб „Фортиус“, ќе се одржи атлетска трка на 10 км - „Водно 10К“, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до Манастирот Св.Пантелејмон и обратно.Одделението за безбедност на патниот сообраќај, Единица за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Скопје | пред 4 години

276112004_342783327875067_1573266399476268713_n

И во Скопје ќе се емитува концертот на светските ѕвезди за поддршка на Украина

Целиот свет е сведок на бруталната војна која руската федерација ја започна и сеуште ја води во Украина. Веќе еден месец украинскиот народ се бори за својата слобода, независност и суверенитет. Целиот свет не поддржува, вели Амбасадата на Украина во Македонија.„Во овој контекст, на 27 март 2022 година во 17:30 часот по македонско време, ќе се одржи светски онлајн телемаратон за поддршка на Украина под слоганот #SAVEUKRAINE.За време на концертот ќе настапат украински (Jamala, Okean Elzy, MONATIK, Ruslana, DakhaBrakha, Kalush, Go A) и светски ѕвезди, меѓу кои Sting, Ed Sheeran, Bryan Adams, U2, Madonna, Imany, Imagine Dragons, Rod Steward, Elton John и многу други.Во многу земји на светот, телемаратонот ќе се емитува на националните телевизии, во центрите на градовите и слично.Северна Македонија не е исклучок.Во центарот на град Скопје, на видео бимот на плоштад „Македонија“ ќе се емитува телемаратонот за поддршка на Украина и украинскиот народ.Ги покануваме сите кои што не поддржуваат во оваа праведна борба Украина за својата земја, да дојдат и да ја поддржат Украина со своето присуство.Ве очекуваме, пријатели“, стои во објавата.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2022-03-24-233317

(ВИДЕО) Ваква атмосфера во Македонија немало одамна, цело Скопје на улица

Со свирежи, развеани македонски знамиња и пароли се слави победата на Македонија во дуелот против Италија. Низ улиците на Скопје речиси веднаш откако заврши натпреварот, скопјани излегоа со автомобилите за го прослави пласманот на Македонија во финалето за Светското првенство.Според видеата објавени на социјалните мрежи центарот на главниот град е целосно блокиран и се пеат навивачки песни.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Инспекторите на Град Скопје одзедоа девет сообраќајни дозволи на диви превозници

Инспекторите за патен сообраќај на Град Скопје во рамките на редовните работни задачи во текот на изминатите денови во три смени вршеа контроли и исконтролирани се над 40 превозници. При контролите се утврдени неправилности и одземени се 9 сообраќајни дозволи на диви превозници.Градот Скопје продолжува со засилените инспекциски надзори за да овозможи почитување на прописите, a Инспекторатот продолжува со засилени контроли со цел сузбивање на дивите превозници на територијата на градот. Неселективно при вршењето на контролите се санкционираат сите што не го почитуваат Законот за јавни патишта и ја доведуваат во прашање безбедноста на патниците и на другите учесници во сообраќајот.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Денови на македонскиот мед во Скопје

Манифестацијата „Денови на македонскиот мед 2022“ се отвора денеска и ќе трае до 27 Март.Свеченото отворање е закажано за денеска во 10.00 часот во Скопје на ул. “ Македонија“ (пред спомен-куќата на Мајка Тереза). Манифестацијата ќе ја отвори градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.Како што велат организаторите на настанот, подготвена е богата програма, а ќе може да се разгледаат поставените штандови со мед и пчелни производи.

Магазин | пред 4 години

Нема фотографија

Пуштени во функција нови портални семафори на крстосница меѓу булевар Босна и Херцеговина и улица Лазар Трповски

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ ги пуштија во функција новите портални семафори кои се поставени на крстосницата меѓу булеварот Босна и Херцегоцина и улицата Лазар Трповски. На порталните семафори деновиве ќе бидат поставени и бројчаници. Поставување светлосна сигнализација на оваа крстосница е со цел зголемување на безбедноста на сообраќајот во овој дел од градот.Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“ континуиранo постапуваат согласно барањата на граѓаните за зголемување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот, преку реконструкција на постојната и поставување на нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања