Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СКОПЈЕ

388101

Протест пред „Киро Глигоров“ во Капиштец, уличишното игралиштето го издале на фирма

Родители на ученици во основното училиште „Киро Глигоров“ во скопски Капиштец, за денес најавија протест против, како што велат, комерцијалното отуѓување на школското игралиште, кое според нив ѝ било издадено на користење на приватна фирма.„При донесувањето на одлуката и потпишувањето на договорот со фирмата „Форца“ правно е прекршена законската регулатива и заобиколено е мислењето на родителите. Со ваквата незаконски донесена одлука и ништовен договор, им се одзема на децата од Капиштец она што на политичките изборни кампањи им беше ветувано: школо и школско игралиште во коешто безбедно и безгрижно ќе ги поминат детските училишни денови“, велат родителите.Тие изнесоа и листа со барања до надлежните:1. Итно стопирање на градежните активности2. Раскинување на договорот (којшто веќе е правно ништовен)3. Враќање на игралиштето во првобитната состојба и на слободно располагање на децата.4. Да се преиспита законската регулатива којашто го уредува комерцијалното работење на училиштата со цел да се ограничат комерцијалните активности истите да се организираат единствено и само во интерес на учениците на школото, велат во соопштението родителите на учениците во ООУ „Киро Глигоров“

Скопје | пред 3 години

240479909_952817318628780_6714018822441776893_n

164 казнети возачи во Скопје, 35 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 16 санкции за возење под дејство на алкохол.Изречени се 43 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, две мерки за користење на мобилен телефон, две санкции за прекршоци што ги прават пешаците, 21 за непрописно паркирање...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат оттаму.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-05-07-at-10.38.30

(ВИДЕО) „Студени нозе“ го кренаа Скопје на нозе, атмосфера каква што одамна немало

Полн плоштад, вино и забава. Ваква беше сликата вчеравечер на „Вино скоп“. За забавата се погрижија „Студени нозе“ со нивните легендарни хитови. По нив, настапија и „Суперхикс“. Штандовите беа речиси постојано исполнети до последно место.„Се врати нормалното“, коментираа посетителите.Журките среде Скопје продолжуваат и вечерва. „Винко скоп“ трае до утревечер. Денеска ќе настапат Џафер, Гоце Саф, Нина Јанева, ЗЏМ Биг бенд , Елена Поповска. Во недела, исто така има осум изведувачи.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

(ФОТО) Данела грабна кеса за сама да го чисти Градски парк

Денеска во Градскиот парк градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска учествуваше во еколошка акција за чистење, како дел од низата акции кои Градот Скопје ги подржува и реализира во следниот период. На иницијатива на хрватската амбасадорка во Македонија Н.Е Нивес Тигањ и Хрватскиот деловен клуб започна првата еколошка акција за чистење, во рамките на која во Градскиот парк поставени се нови канти за отпадоци како донација од приватниот сектор.- Сакам да ви се заблагодарам на сите за присуството, оваа идеја на Хрватскиот деловен клуб и амбасадорката на Хрватска, е навистина одлична иницијатива за наша заедничка вклученост во вакви еколошки акции, но и начин да ја кренеме свесноста на секојдневните корисници на градскиот парк за потребата да го одржиме паркот чист и убав за сите граѓани да уживаат во пролетното зеленило, истакна Арсовска пред присутните.Хрватската амбасадорка Тигањ истакна благодарност до Градот Скопје и до градоначалничката Арсовска за нејзиното присуство во денешната акција, која е прва ваква акција со вклученост на хрватската амбасада и која е биде мотив и за останати слични еколошки активности.Арсовска им се заблагодари на амбасадорката на Хрватска во Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ, претседателот на Хрватскиот деловен клуб, Драган Ѓоргиевски, како и на над стотината присутни претставници од хрватската амбасада и хрватскиот деловен клуб за нивното залагање во заедничките напори за поубаво и почисто Скопје и истакна дека Градот ќе ја подржи секоја иницијатива за почист град.

Скопје | пред 3 години

273270117_346850633874501_5853847992867667829_n

Утре ќе бидат затворени улици и булевари во Скопје, ова е режимот на сообраќај

На 08.05.2022 (недела) во времето од 08.30 до 10.30, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи улична трка насловена како „Халк Еко Скопје трча 10К“, со стартна позиција на бул.„Илинден“-локација Фонтана, а натпреварувачите ќе се движат по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“, лево во продолжение до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, десно (во десниот коловоз гледано кон Ѓорче Петров) до Влајков Мост каде што вртат полукружно и назад во истиот коловоз до крстосница со ул.„Љубљанска“ каде што вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на ул.„Никола Парапунов“ и по бул.„Илинден“ до целта на локација Фонтана на бул.„Илинден“, во Скопје.Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Скопје | пред 3 години

IMG_4251

Четири лица уапсени во Аеродром и Гази Баба

На 06.05.2022 во 16.40 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 07.05.2022 во 00.30 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.А.(42) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 07.05.2022 во 00.30 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ф.(44) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 06.05.2022 во 22.15 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода К.К.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 години

policija-policaec-35

Поради загрозување на животната средина, малолетник доби кривична

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 17-годишен малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад", казниво по член 230 став .3 од Кривичниот законик.Во текот на 2022 година на импровизиран пункт – отпад, кој што се состоел од две комби возила без регистарски ознаки и без означена фирма и дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање за вршење на дејност, вршел откуп на секундарни суровини- отпад, старо железо, метални предмети на тротоар на ул.,,Максут Садик" односно на ул.„376".

Скопје | пред 3 години

zavrsna-akcija-proletno-cistenje-Shuto-Orizari-2

Се расчистува голема дива депонија во општината Шуто Оризари

Град Скопје заедно со екипите на јавните претпријатија и во координација со Општина Шуто Оризари успешно ја спроведоа работната пролетна акција на територија на оваа општина.„Од почетокот на акцијата за чистење на општината Шуто Оризари, во специјалните садови што ЈП Комунална хигиена ги постави на шест локации во оваа скопска општина беа одложени приближно 135 кубни метри кабаст отпад коишто се подигнати и транспортирани од страна на екипите на претпријатието. Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ секојдневно рачно и машински ги метеа и миеја улиците Шуто Оризари и Нов живот, сите автобуски постојки, а направија и дезинфекција на контејнерите на јавните површини.Во рамките на пролетната акција за генерално чистење на општината Шуто Оризари, екипите на ЈП Комунална хигиена започнаа со расчистување и на обемна дива депонија лоцирана на булеварот Македонско - косовска бригада.Теренските екипи на ЈП Паркови и зеленило во координација со општинските служби ги искосија тревните површини во средното училиште СУГС „Шаип Јусуф“ и во основните училишта ООУ „Браќа Рамиз –Хамид“ и „26 Јули“. Искосени се тревните површини на улицата Индира Ганди, како и зеленилото кај поштата и зеленилото кај самата општина.Во рамките на акцијата во оваа општина екипите од Сектор дрвореди извршија интервенции на булеварот Македонско - косовска бригада (во дворот на Жито Лукс АД), односно кастрење на 17 дрвја по издадено Решение од Град Скопје“, велат оттаму.Тие додаваат:„Екипите на ЈП Улици и патишта во големата пролетна работна акција во општината извршија санација на ударните дупки, со вкупна површина од околу 75 квадратни метри, од кои на улицата Индира Ганди 37 квадратни метри и 35 квадратни метри на улицата Гвадалахара. Санирани се оштетените бекатон плочи на пешачки патеки со вкупна површина од 46 квадратни метри кај пазарот и во насока кон затворот во Шуто Оризари. На улицата Индира Ганди се санирани и нивелирани и три канализациони шахти. Обновена е вертикалната сигнализација и сообраќајна опрема со нови десет сообраќајни знаци и две платоа за смирување на сообраќајот на улицата Индира Ганди.Јавното претпријатие Водовод и канализација во општина Шуто Оризари за време на акцијата работеше на булеварот Македонско-косовска бригада, како и на улиците Идира Ганди и Нов живот. На улицата Индира Ганди извршија контрола на 32 шахти, од кои рачно се исчистени 15 шахти и 25 сливници, миење на канализациона линија од 220 метри со цистерна со вакуум и прочистување на 250 метри со цистерна под притисок.Тимовите на ЈП Лајка во текот на акцијата на пет локации на територијата на општината Шуто Оризари заловиле 9 кучиња.Јавното претпријатие Дрисла во рамките на пролетната акција во Шуто Оризари го примаше, складираше и депонираше комуналниот отпад, градежниот шут и другите видови отпад што се собираше на територијата на целата општина.Град Скопје заедно со јавните претпријатија и во координација со Општина Шуто Оризари пролетната акција ја спроведуваше од 3 до 6 мај на територијата на целата општина. Следната општина во која ќе се спроведува ваква акција е Центар“.

Скопје | пред 3 години

DSC_0420

Во Скопје и натаму се вози лудо, бројот на казни не е занемарувачки

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за возење под дејство на алкохол.Изречени се пет мерки за користење на мобилен телефон, 7 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, пет мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 54 за непрописно паркирање...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 3 години

274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

Во недела повеќе линии ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот

Во недела (8.05.2022 год), поради одржување на уличната трка Халк Еко „Скопје трча 10 км“, во период од 8 до 11.30 часот, линиите 2, 4, 7, 8, 11, 11а, 12, 15, 15А, 19, 21, 22, 22А, 32, 56, 56а, 59 и 60 ќе возат по изменет режим од вообичаениот.ТРАСИ НА ДВИЖЕЊЕЛиниите 2, 4, 11, 11а, 12, 21, 22, 22А, 32, 56, 56а и 60 во правец кон Ѓорче Петров, кога ќе пристигнат кај ТЦ „Сити мол” ќе вртат лево по улица „Московска“, па десно по улица „Војвода Васил Чакаларов“ и од Порта Влае, секоја ќе продолжи по својата вообичаена траса.• Во обратна насока, сите ќе сообраќаат по вообичаената траса.Линија 8 од мост „Гоце Делчев“ по булевар „ВМРО“, ќе продолжува по булевар „Партизански одреди“ се до ТЦ „Сити мол“, потоа лево по улица „Московска“, па десно по улица „Војвода Васил Чакаларов“ и кај Порта Влае ќе продолжува кон својата почетна постојка.• во обратна насока, се до Соборен хром ќе сообраќа по булевар „Партизански одреди“, па по булевар „ВМРО“, мост „Гоце Делчев“, па по својата вообичаена траса.Линиите 7, 15, 15А, 19 и 59 во правец од Карпош 3 према Центар ќе сообраќаат по улица „Карпошово востание“, улица „Бледски договор“, булевар „Партизански одреди“ од каде секоја ќе продолжи по својата вообичаена траса.Линијата 15А ќе сообраќа како линија 15.Линиите 15, 15А и 19 во Карпош, за терминал ќе го користат терминалот од линиите 7 и 59.

Скопје | пред 3 години

Sanacija-dupka-bul.-VMRO-1

Арсовска: Бидете гласот во вашите општини за создавање еднакви можности за сите граѓани

Градоначалничката на Град Скопје и претседателка на ЗЕЛС, Данела Арсовска, Кристин Форсгрен Бенгтсон, амбасадорка на Шведска и Роберт Скот Хејзлет, виш резидентен директор на Националниот демократски институт (НДИ), денеска во Струга учествуваа и имаа поздравни обраќање на сесијата на обуката за Зајакнување на Комисиите за еднакви можности – Законска рамка, права и обврски на комисиите за еднакви можности за проектот WoMen Lead: Унапредување на родовата еднаквост преку политичко учество на жените.-Секоја активност во насока на подобрување на еднаквите можности за жените како денешната проектна активност на НДИ треба да биде позитивен импут во создавање на еднакви можности за сите граѓани. Треба да се има во предвид дека секоја услуга која ја обезбедуваат општините треба да се гледа низ призмата на тоа дали истата е достапна подеднакво за мажите и жените, истакна градоначачничката Арсовска во денешното обраќање.Градоначалничката Арсовска истакна дека ЗЕЛС активно работи на постигнување родова еднаквост во рамките на секоја локална единица преку промоција на европската Повелба за еднаквост на жените и мажите во локалниот живот како демократска вредност што се применува во сите аспекти на животот, односно политички, економски, социјален и културен,за зајакнување на процесите на воведување на родова перспектива во локалните политики и буџети, како и на воспоставување платформа за родово одговорно буџетирање.Заедницата за единиците на локалната самоуправа е силен национален партнер во областа на родовата еднаквост и многу е значајно што тие заложби се препознаени од меѓународните партнерски организации и од локалните самоуправи, како и од општинските совети. Сите тие ЗЕЛС го препознаваат како партнер во нивните заложби и активности за развој на локално и на регионално ниво, беа дел од пораките упатени на денешните обраќања од говорниците.-Бидете вие гласот во вашите општини за да создадеме еднакви можности за жените и мажите, и при носењето на локалните одлуки секогаш земете во предвид дали тие одлуки ја обезбедуваат таа еднаквост, затоа што на тој начин можеме да се бориме со предизвиците и со предрасудите, посочи Арсовска пред присутните претставници на советите на општините.Во рамки на проектот планирани се три обуки за локалните комисии за еднакви можности на мажите и жените, а првата, којашто започна денеска и ќе трае до 7 мај, ќе се фокусира на запознавање на членовите на советите во општините и на комисиите со нивните права и обврски како дел од комисиите за еднакви можности, зајакнување на нивните капацитети во областа на родовата еднаквост, добро владеење, соработка со граѓаните, антикорупција, транспарентност, инклузија, како и градење врски меѓу членовите на КЕМ во општината и меѓу општините.Со обуката ќе бидат опфатени 70-100 советнички и советници од 20 општини, односно од: Град Скопје, Боговиње, Тетово, Гостивар, Охрид, струга, Ресен, Прилеп, Битола, Струмица, Неготино, Штип, Куманово, Велес, Свети Николе, Дебар, Шуто Оризари, Кисела Вода, Чаир и од Илинден.

Скопје | пред 3 години

Sanacija-dupka-bul.-VMRO

Санирана дупката на булеварот среде Скопје

Екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“ по налог на Град Скопје денеска го санираа оштетувањето на коловозот на булеварот ВМРО, каде што во текот на вчерашниот ден пропадна дел од асфалтот.Во текот на изминатата ноќ екипите на ЈП „Водовод и канализација“ утврдија дека станува збор за стара водоводна мрежа која се користела за наводнување на парковите и ја извршија потребна интервенција со отстранување на дефектот.Од ЈП „Улици и патишта“ санирањето на коловозот денеска го извршија со поставување тампонски слој и нов асфалт

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-05-04-at-22.10.58

(ФОТО) Пропадна асфалтот среде Скопје

Интервенција на ЈП Улици и патишта и ЈП Водовод и канализација на оштетен коловоз на булевар ВМРО.„Ја известуваме јавноста дека на булеварот ВМРО на автобуската постојка кај „Тифани“ настана пропаѓање на коловозот. Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ и ЈП „Улици и патишта“ моментално се на терен со мерни возила и ги утврдуваат причините за оштетувањето на коловозот, како и можните проблеми со водноводната мрежа и ќе инервенираат според потребите за да го вратат коловозот во првобитната состојба“, велат оттаму.

Скопје | пред 3 години

Untitled-65-960x564@2x

Обвинение за Стојменов, за изградба на објектот кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно физичко и едно правно лице, кои се товарат дека сториле кривично дело – Бесправно градење од член 244 – а од Кривичниот законик.Обвинетиот, како одговорно лице – управител во правното лице, почнувајќи од 2018 година, без правосилно одобрение за градење издадено од надлежен орган, во име и за сметка на правното лице како инвеститор градел деловен објект на сопствено земјиште на улицата „Даме Груев“, општина Центар.За предметните две катастарски парцели, обвинетиот во 2016-та година добил Одобрение за градење, кое се однесува на доградба и надградба на тогаш постоечкиот објект Стоковна куќа Беко Скопје со ширина од 28,5 м и должина од 42,5 м. Со стручно мислење за неисполнување на карактеристиките за носивост на доградбата и надградбата, во 2018 година тој обезбедил Одобрение од Општина Центар за отстранување на постоечкиот деловен објект. Откако го урнал објектот, без да добие ново одобрение за градење, на лице место започнал и градел нов објект со димензии од 61 м х 34,5 м. Од градбата со нови димензии, која била проектирана како Деловен објект со намена Б-5 хотелски комплекси од 2-ра категорија на градби, без соодветно одобрение биле изградени две подземни нивоа.​​

Скопје | пред 3 години

Polozuvanje-cveke-Goce-Delcev-2022-1

Арсовска положи свежо цвеќе на гробот на великанот Гоце Делчев

Градоначалничката Данела Арсовска и секретарот на Град Скопје, Ѓоко Велковски, денеска положија свежи цвеќиња на гробот на великанот на македонската борба за слобода Гоце Делчев, во дворот на црквата „Свети Спас“, по повод 119 годишнината од неговата смрт.Гоце Делчев е еден од основоположниците на Македонската револуционерна организација и народен водач кој со својата револуционерна дејност остави траен печат во македонската историја. Визионер кој уште пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.Затоа, денес на 4 мај, се потсетуваме на неговиот завет, на љубовта кон татковината и на несебичната жртва за слобода.За Скопје и скопјани достоинствено го чествуваат неговиот лик и дело и го вреднуваат неговото наследство.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-05-02-at-11.19.26

(ВИДЕО) Тажно и смешно, дешавка на сред џез концерт во Скопје ги насмеа сите

Никола Наумоски, ексшеф на кабинет кај ексградоначалникот Петре Шилегов во Град Скопје, објави видео од џез концерт во Скопје, а на кое се гледа како револтиран маж доаѓа и бара да се тргнат паркирани автомобили.„Вчера во парк Ибни Пајко имало џез концерт и на сред солажа се случува ова:...“, напиша Наумоски

Скопје | пред 3 години

DSC_0410

„БМВ“ прегази пешак во Скопје, кој со тешки повреди е во болница

На 29.04.2022 во 09.40 часот било пријавено дека на сервисна улица која ја поврзува ул.„Загребска“ со влез во црква, патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(46) од Скопје удрило во пешакот Љ.П.(69) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Љ.П., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 3 години

jsp-avtobus

Објавен распоредот на автобуси за време на празниците

ЈСП информира дека поради Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај и верскиот празник Рамазан Бајрам, во понеделник (2.05.2022 год), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.РАБОТНО ВРЕМЕ БИЛЕТАРНИЦИВо понеделник, од 7 до 14 часот дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров.Утре, сабота (30.04.2022 год), сите билетарници и центри за персонализација ќе работат вообичаено, а недела (1.05.2022 год) е неработен ден за сите продажни места.РАБОТНО ВРЕМЕ ЖИЧАРНИЦАЖичарницата за време на претстојниот викенд, како и во понеделник ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот.

Скопје | пред 3 години

shilegov

Апсења за запалениот автомобил на Шилегов

Министерството за внатрешни работи вчера уапси три лица кои пред еден месец ја запалиле колата на ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Како што информираат од МВР, уапсени се А. Ј., С. Б. и С. Ј., сите од Скопје и против нив е поднесена кривична пријава до Основното обвинителство Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност” по чл. 292, а во врска со чл. 288 од Кривичниот законик.На 27 април, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А. Ј., С. Б. и С. Ј., сите од Скопје. По преземени мерки и активности е утврдено дека тие на 9 март во Скопје со запалива течност предизвикале пожар во патничко возило „ауди Q5“, од кој биле зафатени три други возила, „фолксваген пасат“, „нисан“ и „даеву матиз”, велат од МВР.Како што дознаваме, за трите лица е побарана мерка притвор.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

(ФОТО) Нов мурал и театарски перформанс по повод роденденот на великанот Горан Стефановски

Општина Центар одбележа 70 години од раѓањето на македонскиот литературен деец и еден од најпознатите дебармаалци, Горан Стефановски. Роден е на 27-ми април, во Битола во 1952 година, каде неговите татко и мајка, режисер и глумица, работеле во тој период. Стефановски разбирливо, најголемиот дел од детството го поминува во театрите, додека неговиот помлад брат, Влатко, се пренасочува кон музиката.„Семејството Стефановски води потекло токму од Дебар Маало, со кое и самиот тој беше емотивно поврзан и каде после сите претстави, патувања и гостувања, секогаш се враќаше. Дебар Маало е и нераскинлив дел од неговото литературно творештво. За значењето на Горан не треба да се трошат дополнителни зборови. ‘Диво месо’, ‘Дупло дно’, ‘Лет во место’, ‘Тетовирани души’, ‘Демонот од Дебар Маало’, се само дел од капиталните дела, не само на Стефановски, туку и на цела современа македонска драматургија“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.Добитник е на многу домашни и меѓународни награди за неговите творештво и достигнувања, меѓу кои и државната награда за животно дело во областа на науката, културата и уметноста - „11 Октомври“. Горан Стефановски до ден денес е присутен во нашето културолошко секојдневие - книгите и расказите ги читаме и сега, а неговите драми сѐ уште се играат и во домашните, но и во театрите ширум Европа. Во рамки на одбележувањето на 70-тиот роденден на Стефановски во Општина Центар, на дел од фасадата на ООУ „Коле Неделковски“ се изработи мурал со ликот на Стефановски и во паркчето спроти општинските бараки се одржа краток пригоден театарски перформанс.„Новиот мурал на Стефановски, изработен од уметникот Блаже Атанасков, кој ќе го краси неговото и наше Дебар Маало е еден мој, личен симболичен гест, чија изведба му оддава почит на еден од најголемите и најпознати центарци. Ви благодарам на сите за денешното присуство“, додаде градоначалникот Герасимовски.Одбележувањето на роденденот се затвори во малиот парк спроти општинските бараки, каде група автори: Васил Христов, Викторија Рангелова – Петровска, Русе Арсов, Ивана Павлаковиќ, Никола Настоски и Исмет Шабанович, го изведоа театарскиот перформанс со делови од драмите на Стефановски, наречен „Маалски драмски разговори“.Во овој парк, пред 3 години Општина Центар, заедно со семејството на Стефановски и Здружението на граѓани за зачувување и промоција на културното наследство на Горан Стефановски, засади чинар и подоцна го постави спомен обележјето со клупата на Горан. Од тогаш наваму, секоја година општината симболично го одбележува 27 април, роденденот на еден од најпознатите центарци, Горан Стефановски.

Скопје | пред 3 години

271715276_268308865415933_2874747500255289001_n

Важно: Посебен режим на сообраќај на 27 и 28 април во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 27 и 28.04.2022 година (среда и четврток), поради официјална посета на нашата држава на претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Н.Е. Мустафа Шентон, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.Од тие причини СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Фатени потпалувачи на кабли во населба Злокуќани

Екипи на градските комунални инспектори при вршење редовна контрола пред објектот на поранешна Агромеханика во населбата Злокуќани затекнаа лица што спалуваа кабли. Веднаш се повикани полициски службеници со кои земени се податоци и против истите ќе биде покрената соодветна прекршочна пријава. Запаленото сметиште беше веднаш изгасено.Градските инспектори продолжуваат со засилените контроли на терен и сите затекнати сторители што ја загадуваат животната средина ќе бидат ригорозно санкционирани.

Скопје | пред 3 години

273270117_346850633874501_5853847992867667829_n

Изменет режим на сообраќај од 20 до 23 април во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во периодот од 20.04.2022 до 23.04.2022 година, поради официјална посета на претседателот на Република Латвија, Н.Е. Егилс Левитс, на нашата држава, МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.За таа цел, СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-04-14-at-14.50.03

ВО ЖИВО: Експлозии се слушаат кај фабриката „Треска“, жители на околните згради ги напуштаат домовите

Силни експлозии се слушале при пожарот во кругот на фабриката „Треска“. Жителите на околните згради се вознемирени и дел од нив ги напуштиле нивните домови. Тие стравуваат дека пожарот може да се прошири. На терен веќе се направат напори од целата противпожарна бригада побрзо да го локализираат пожарот.Пожарот забрзано се шири кон сите бараки кои се во кругот на фабриката. Пукотници постојано се слушаат.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Градоначалникот на Центар: Станува збор за голем пожар

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски вели дека станува збор за голем пожар во кругот на фабриката „Треска.„Во моментов екипите на противпожарна служба се на терен, станува збор за голем пожар и огромен чад кој се издига на фабриката „Треска“. Екипите на Општина Центар се упатија натаму да дадат поддршка на пожарникарите доколку е потребно. Во моментов немаме повеќе информации, јас сум упатен на местото на настанот и со повеќе информации официјално ќе излеземе подоцна“, вели тоиј.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања