Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Во недела повеќе линии ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

Во недела (8.05.2022 год), поради одржување на уличната трка Халк Еко „Скопје трча 10 км“, во период од 8 до 11.30 часот, линиите 2, 4, 7, 8, 11, 11а, 12, 15, 15А, 19, 21, 22, 22А, 32, 56, 56а, 59 и 60 ќе возат по изменет режим од вообичаениот.

— реклама —

ТРАСИ НА ДВИЖЕЊЕ

— реклама —

Линиите 2, 4, 11, 11а, 12, 21, 22, 22А, 32, 56, 56а и 60 во правец кон Ѓорче Петров, кога ќе пристигнат кај ТЦ „Сити мол” ќе вртат лево по улица „Московска“, па десно по улица „Војвода Васил Чакаларов“ и од Порта Влае, секоја ќе продолжи по својата вообичаена траса.

— реклама —

• Во обратна насока, сите ќе сообраќаат по вообичаената траса.

Линија 8 од мост „Гоце Делчев“ по булевар „ВМРО“, ќе продолжува по булевар „Партизански одреди“ се до ТЦ „Сити мол“, потоа лево по улица „Московска“, па десно по улица „Војвода Васил Чакаларов“ и кај Порта Влае ќе продолжува кон својата почетна постојка.

• во обратна насока, се до Соборен хром ќе сообраќа по булевар „Партизански одреди“, па по булевар „ВМРО“, мост „Гоце Делчев“, па по својата вообичаена траса.

Линиите 7, 15, 15А, 19 и 59 во правец од Карпош 3 према Центар ќе сообраќаат по улица „Карпошово востание“, улица „Бледски договор“, булевар „Партизански одреди“ од каде секоја ќе продолжи по својата вообичаена траса.

Линијата 15А ќе сообраќа како линија 15.

Линиите 15, 15А и 19 во Карпош, за терминал ќе го користат терминалот од линиите 7 и 59.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8m0naa6v0eud6XfH2h2

Јубилеј во Драчево: 55 години образование во ООУ „Кузман Шапкарев“

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryjbq16a5c83340onl1S7

Нови спортски содржини на кејот на Вардар: реконструирани терени и фитнес-зони на отворено

Скопје | пред 3 седмици

media-librarynp8j9mia7dps0VqfVKA

(Видео) Сообраќаен колапс во Скопје – возачи чекаат по 30 минути за да се поместат од место

Скопје | пред 1 месец

media-library60s2rbsetk9bfFSYMGj

Подземна со шест ленти и нови кружни текови во центарот на Скопје

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања