Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СКОПЈЕ

kkkk

(Видео) Го има некој видено Скопје?

Македонија ја узгуби позицијата на најзагадена држава и сега е на 26. место споредено со сите држави во светот. Сепак, концетрацијата на ПМ10 честички и маглата се тука. Од цела Македонија, во Шуто Оризари е најзагадено, а потоа следува Битола, па Струмица. Па доаѓаат две скоспки општини - Ѓорче Петров и Сарај.Сепак, на надморска висина од околу 600 метри, Скопје не се гледа.Фотографиите се направени од Раштак, село во Скопска Црна Гора.Скопје е потопено под маглата.Еве како изгледа мапата на најзагадени земји.Вака изгледа Скопје.

Скопје | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-39-6440PM

Апел од МВР, откако беа казнети 151 возач само во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 151 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 30 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, пет мерки за користење на мобилен телефон, пет санкции за минување на затворен сигнал-црвено светло...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Скопје | пред 2 години

2023-12-20-14-47-33-857.00_00_20_09.Still002

(Видео) Скопје не е загадено само ако си Данела Арсовска - од Водно се гледа дека градот и оваа зима се гуши

Скопје се гуши, жителите реагираат поради високата загаденост на воздухот, додека градоначалничката Данела Арсовска се чуди на реакциите и тврди: „Не ја разбираме потребата од пласирање на лага за наводна загаденост на градот Скопје“.Екипата на „Скопје1“ беше на Водно. Од врвот Крстовар на 1066 метри се гледа чадот над градот. Оној, кој Арсовска не го гледа и не и пречи.Видете повеќе:Претходно:

Скопје | пред 2 години

skopje-zemjotres2

Собранието денеска ќе одржи седница со која ќе се одбележи шеесетгодишнината од катастрофалниот земјотрес

Собранието денеска ќе одржи седница со која ќе се одбележи шеесетгодишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година.По оваа седница Собранието ќе ја продолжи 121. седница.На 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути се случи катастрофалниот земјотрес во Скопје, со помали потреси до пет часот и 43 минути. Животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени. Над 200.000 луѓе остана без покрив над главата.

Скопје | пред 2 години

nevreme-1

Во Скопската Котлина ќе има услови за невреме

Управата за хидрометеоролошки работи(УХМР) излезе со вонредна информација и предупредува на невреме.„Поради насобраната голема енергија во атмосферата и благо зголемената влажност над нашето подрачје, денес во попладневните часови во северните делови ќе има услови за локално невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. И во делови од Скопската Котлина ќе има услови за невреме со силен ветер, дожд, електрични празнења и појава на град“, велат оттаму.Инаку, во регионот неколку дена по ред има невреме.

Скопје | пред 2 години

gubre

За сите сторители кои допринесоа главниот град да се дави во смет, можно е да бидат поднесени кривични пријави, вели Спасовски

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски тврди дека ако се покажат за точни информациите дека иселеници земаат плата од „Комунална хигиена“ – секој еден ќе сноси одговорност. Тој е дециден: „Нема да имаме отстапка, за ниту една ситуација, ова треба да биде санкционирано за да се стави крај“.„Навистина ниту Скопје, ниту граѓаните не го заслужија ова што се случи изминатите денови. Еколошка катастрофа која го загрозува здравјето и животот на граѓаните. И без да навлегуваме во причините – ова е катастрофа. Најмалку сакам превирања да влијаат на животот на граѓаните. Ние вчера очекувавме и мислам дека денеска треба да биде доставен записникот од Инспекторатот за животна средина, комуналниот инспекторат, инспекторите на Град Скопје, за да ги видиме нивните наоди. Во координација сме со обвинител. Ако има елементи за кривично дело, за сите сторители кои допринесоа главниот град да се дави во смет – можно е да бидат поднесени кривични пријави“, најави Спасовски.

Скопје | пред 2 години

297051333_456402029713114_4862336029331529171_n

Скопје е пред банкрот, ВМРО-ДПМНЕ денеска на седница да одговори каде се парите, вели СДСМ

Град Скопје, како резултат на неспособноста на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, има долг од три милиони евра, но има и блокирана сметка и се ближи кон целосен банкрот, вели СДСМ„Најголемата единица на локалната самоуправа со убедливо најголем буџет од 100 милиони евра, ВМРО-ДПМНЕ ја доведе до состојба на нефункционалност и пред банкрот.Потрошија над 100 милиони евра народни пари и го донесоа Скопје пред банкрот, а банкрот значи целосен распад на системот на Градот.ВМРО-ДПМНЕ денеска на седница на Советот на Град Скопје посветена на актуелната финансиска состојба да одговори каде се парите.Граѓаните се разочарани од неспособната градска власт на ВМРО-ДПМНЕ кое го има претседателот на Советот, мнозинството во Советот и мнозинството во управните и надзорните одбори на скопските јавни претпријатија.Скопје и скопјани не заслужуваат ваква неодговорна градска власт“, се вели во соопштенеито.

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2023-02-11-222550

Волонтери тврдат дека Арсовска ги брка од плоштадот, Град Скопје негира

Инспектор од Град Скопје наредил до утре да се тргнат донациите собрани за Турција и Сирија од скопскиот плоштад, а пунктот го нарекол „депонија“. Ова е сведоштвото на волонтерка која изминатите денови со десетици други млади лица помага за граѓаните на двете погодени земји од земјотресите. Христина Панова бара градоначалничката Данела Арсовска да каже зошто им смета пунктот за донации.„За жал, денеска на пункт се појави инспектор од градот испратен од генералниот секретар и градоначалничката нарекувајќи го собирањето донации на плоштадот ‘депонија’ и со наредба сето ова да се собере и исчисти плоштадот до утре сабајле. Зарем ова е хуманоста и солидарноста на Град Скопје? Барам итно градоначалничката Арсовска да се произнесе по овој настан и да даде одговор што им смета пунктот за донации на плоштад и итно да обезбеди сала каде волонтерите ќе можат да ги собираат и спремаат донациите од Скопје во нормални хумани услови (знаејќи дека надвор е ладно). Никој не е будала бидејќи така му текнало и бидејќи нема што да прави – па ај ќе одиме ќе си играме на плоштад, ќе собираме работи на минусни температури“, посочува волонтерката.Градот треба да биде благодарен на овие млади деца што ја покажуваат солидарноста и добрината на скопјани, посочува Панова.„Градот наш што нели пак ќе никнеше… Градот на солидарноста, градот на хуманоста, денеска на плоштад ‘Македонија’ прати инспекција да ги брка младите волонтери коишто неколку дена по ред деноноќно се отворени и достапни за граѓаните и собираат донации за настраданите семејства во земјотресите во Турција. Како што сите знаеме, уште од првиот ден кога нѐ потресе страшната вест за разорниот земјотрес во Турција, во којшто животот го загубија 22 327 лица заклучно со овој момент и над 80 000 повредени.. илјадници и илјадници семејства останаа без кров над глава, без топла облека да се пресоблечат нели, без храна, без сѐ она за што работеле и вложувале изминатите години од својот живот, група млади студенти од Турција кај нас излегоа и отворија пункт за донации. Тоа се млади деца полни со надеж, полни со енергија и љубов и изминатите денови 24 часа на ден се на пунктот и селектираат и пакуваат донации пристигнати од нашите граѓани. Јас сум една од многуте што се приклучи на оваа иницијатива, а ги има десетици коишто секој ден ги гледам таму (Македонци, Албанци, Турци, Роми)“, додава таа.Волонтерите добиваат и благодарности од Турција за помошта која ја пружаат и за ангажманот за собирање донации.„Сакам да знаете дека сѐ она што беше направено до сега луѓето го гледаат, го препознаваат и изразуваат почит и благодарност за добриот чин на секој еден кој подаде рака на нашите пријатели од Турција“, посочува волонтерката.Град Скопје испратија став до сите медиуми во кој негираат дека инспектор бркал волонтери„Со индигнација ги демантираме гнасните лаги дека наводен инспектор во градот Скопје ‘ги бркал’ луѓето кои собираат хуманитарна помош! Волонтери на градот Скопје се активни учесници на штандот на плоштадот ‘Македонија’ каде секојдневно се собираат потребните средства за хигиена, облека, храна и останати потреби за настраданите во Турција и Сирија. Срамно, на граница со мизерност и политички очај е ставањето на меѓународна хуманитарна катастрофа во дневнополитички теми. Просто неверојатно е со каква леснотија се лаже за вакви чувствителни теми. Но, срамот не е на градот, туку на поединци кои ги креираат и шират овие лаги!“, пишува во соопштението на Град Скопје.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2023-02-08-180823

(ВИДЕО) Катастрофа во Скопје: Прозорец виси од петти кат на напуштена зграда

На социјалните мрежи објавено е видео од напуштена зграда во Скопје и прозорец кој виси.Зградата се наоѓа во центар позади Рекорд, а прозорецот виси од петтиот кат.Околу објектот нема поставено заштитна ограда и истиот претставува опасност за минувачите.

Скопје | пред 3 години

skopje-zagaden-vozduh-magla-3

(ФОТО) Опасно е да живее во Скопје: Енормно загадување, магла и усмрден воздух

Зимата е и сезона за опасно живеење во Скопје. Екстремното загадување до завршувањето на зимата ќе биде скоро па секојдневие. Од вчера, мерните станици во градот покажуваат високо ниво на загадување. Не постои мерна станица која покажува дека во одреден дел на градот има чист воздух.Иако грејната сезона е штотуку започната, во главниот град веќе едвај се дише. Граѓаните се жалат на лоша миризба.Засега јавноста не слушна ниту план за оваа состојба односно нејзино решавање.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-11-15-at-13.20.27

„Од денешната седница имаме и лоши вести“, ЗХГ објави детали за седницата на Град Скопје

„Од денешната седница имаме и лоши вести!“, велат од Зелен хуман град и додаваат:❌ Нашиот втор предлог за дополнување на дневниот ред на истата седница – заклучокот за суспензија на урбанистичкиот план околу улицата Васко Карангелески во Општина Аеродром, Советот одби воопшто да го постави на дневен ред!Ова беше поднесено заедно со локалните жители поради градење на булевар до основно училиште, уништување на зеленило и креирање на небезбедна околина за децата и жителите на домот за стари лица на таа улица. Еве што се случи:1️⃣ На граѓаните од Аеродром не им беше дозволено да присуствуваат на седницата, седница што е јавна и на која треба секој според Деловник да добие дозвола за присуство од претседателот на Советот.2️⃣ Заклучокот на ЗХГ не беше прифатен на дневниот ред од службите и беше ставен на гласање од советниците дали ќе стане дел од дневниот ред.3️⃣ ЗА предлогот да влезе на дневен ред гласаа само 9 советници, што не беше доволно, а граѓаните од Аеродром беа повторно изневерени.4️⃣ Сето ова се случи иако предлог-заклучокот го доставивме до сите советници со образложение од 5 страници во кое беа цитирани научни студии и анализи, официјални извештаи и статистики од државни и меѓународни институции и на изработката на оваа издржана анализа работеше мешовит експертски тим од ЗХГ кој се состоеше од стручни лица за урбанизам, сообраќај, хумана медицина, животна средина и правни работи.5️⃣ Ова се деветте од 45 советници кои гласаа ЗА заклучокот да влезе како точка на дневен ред:- Драгана Велковска (ЗХГ)- Горјан Јовановски (ЗХГ)- Страшо Ангеловски (ВМРО и коал.)- Василка Китановиќ (ВМРО и коал.)- Филип Јаневски (ВМРО и коал.)- Теодора Крстевска (ДОМ)- Никола Пановски (ЛДП)- Амар Мециновиќ (Левица)- Александар Николовски (Левица)Ова се советниците кои воопшто имаа желба да се отвори дискусија по оваа точка за да се спречат штетни последици по јавниот интерес.✊ Ние нема да се откажеме од борба, но овој случај е очебиен пример колку е неопходно мнозинство од независни членови на локалните совети кои НЕ гласаат според директиви од центри на моќ.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-12-12-at-16.16.19

(ФОТО) Скопска мизерија

Сјајот и бедата на урбаниот скопски живот на само неколку километри од центарот на главниот град наспроти бронзата и мермерите, се случува вистинска хуманитарна мизерија. Ова е сликата што ќе ве затекне во некогашниот дом „Ранка Милановиќ“ во Скопје. Деца во отпадот, искршени прозорци, стаорци низ дворот, ужасна реа, во овие услови живеат околу стотина бездомници во напуштената установа.Статус на темата има и Горјан Јовановски - советник во Град Скопје од Зелен Хуман Град. Тој вели:По неколку пријави од граѓани, и наш член денес помина покрај заводот за згрижување и воспитување на деца и младинци “Ранка Милановиќ” спроти Бриколаж.Очигледно е дека се гори отпад и гуми во рамки на комплексот, а нашиот член и вербално е нападнат од луѓето таму кога се обиде да види поблиску што се случува.Го контактиравме Инспекторатот на Град Скопје (02 3297 231) од каде добивме информација дека ќе испратат инспектори. Се обидовме да стапиме во контакт и со Инспекторатот на Општина Гази Баба, но поради крај на работното време во 16ч, никој не крена на телефон.

Коментари | пред 3 години

arsova-danela

Данела има седум прашања за Мицкоски и пет за Битиќи, меѓу другото и дали местел тендери преку Унгарија

Скопската градоначалничка Данела Арсовска постави низа прашања до ВМРО-ДПМНЕ, на кои посочува дека очекува одговори. Ова доаѓа по низа пресови и соопштенија во која таа е посочена како виновник за блокадата на Скопје„Што се однесува на патетиката на ВМРО-ДПМНЕ, ги повикуваме да одговорат на следните прашања:- Дали Христијан Мицкоски со неговиот директор на штаб Орце Тодоровски, инаку притворен и првообвинет во случајот „Делчевски Ниви“, договараа набавка на 150 автобуси од Унгарија?- Дали Христијан Мицкоски и неговиот актуелен шеф на штаб, Ивица Томовски, преку негови фирми е единствен подобен за одржување и чистење во општините, училиштата и претпријатијата каде ВМРО-ДПМНЕ е власт?- Дали Христијан Мицкоски заедно со Ковачевски имал тајна средба во еден скопски локал?- Дали е точно дека Христијан Мицкоски, Александар Николоски, заедно со Зоран Заев и Венко Филипче пред два месеци имале заеднички ручек во ресторан во Малешевијата каде се зборувало за уставните измени?- Дали е точно дека Христијан Мицкоски има истрага во ОЈОГОКК за криминал со хидроцентрали кој се држи во фиока?- Дали е точно дека брат на член на обезбедувањето на Христијан Мицкоски, сопственик на фирмата „Моби Саунд“ е единствен организатор на манифестации во општините каде власт е ВМРО-ДПМНЕ?- Дали е точно дека Игор Јанушев, другар на Христијан Мицкоски и актуелен пратеник, како директор на ЈСП склучил штетен договор со милионски пенали доколку се раскине, со фирмата „Маратон“ за рекламирање на автобусите на ЈСП и дали е точно дека од овој бизнис се делат провизии?“, пишува Арсовска.Таа додава:Што се однесува до изјавата на вицепремиерот во владата на СДСМ Фатмир Битиќи, пред да зборува за некаква неподготвеност на Градот, прво да одговори на следните прашања:- До каде е автопатот кон Охрид?- До каде е автопатот кон границата со Бугарија?- До каде е Клиничкиот центар?- До каде се инвестициите од Гугл и Фејсбук?- До каде е инфлацијата?

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-12-01-at-12.48.36

Пенов ќе ги реши блокадите: Самоволие!

Ристо Пенов, министер за локална самоуправа, одби да каже кои се мерките кои државата ќе ги преземе за да ги тргне блокадите од скопските улици. Тој посочува дека ситуацијата се следи и за истата додаде дека е непријатна. Се пожали дека и тој додека патувал кон Струмица, едвај го напуштил главниот град.„Ја следиме таа ситуација. Непријатна е. Преголема штета трпат граѓаните поради некакво самоволие кое е присутно на улиците во Скопје. Ние доаѓајќи накај Струмица, едвај излеговме од Скопје. Непотребно. Тој протест треба да биде насочен кон тие што го креираат. Штетата ја плаќаат граѓаните. Секој по половина час вози повеќе, се вози повеќе, се троши гориво, се губат бизниси и работни часови, што е огромна штета за граѓаните.“, кажа Пенов.Во главниот град втор ден по ред се блокирани раскрсниците. Приватните превозници најавија дека нема да ги тргнат автобусите од улиците се додека не им се платат средствата кои Град Скопје им ги должи.

Скопје | пред 3 години

policija-1

Мртов и искасапен од кучиња е пронајден скопјанецот по кого месец и половина се трагаше во скопско Орман

По два месеци трагање, вчера соселанец го нашол телото на исчезнатиот маж по кој се трагаше скоро месец и половина. Според сознанија на „Скопје1“, телото било искасапено и од кучиња, кои се улични во селото. Од МВР излегоа со кратка информација.„На 03.12.2022 во 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Орман, скопско, во близина на реката Лепенец, на место викано „Лески“, било пронајдено тело на починато лице. Полициски службеници извршиле увид, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција“, посочуваат од МВР.Семејството трагаше по старецот, организираше акции, но не успеа да го пронајде. Според нивното сведоштво, излегол да фрли ѓубре пред дворот и не се вратил. Се пребаруваше и реката Лепенец, но залудно.

Скопје | пред 3 години

oklok

Шенки Версаче со остар тон до Христијан: Мицко, Арачиново нема криминалци

Полициски службеници пред неколку дена привеле 31 годишен жител на скопско Арачиново, поради закани упатени кон вработени во интернет портал.Како што соопшти МВР, приведениот се сомничи дека ден претходно, по електронски пат, испратил порака со заканувачка содржина кон вработени во новинска агенција – интернет портал, поради претходно објавен текст„Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото. Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“.Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи со дијаметрално спротивен став.Точно знаеме во Арачиново која е групата, точно знаеме кои возила ги возат, точно знаеме каде живеат, точно знаеме со што се занимаваат и точно знаеме со кои полициски функционери се на линија рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при негова посета во Бутел.Но, на сето ова возврати и Шенки Версаче.Човекот кој е познат на јавноста како фан на светскиот бренд ,,Версаче”, живее во ,,замок”, носи ланци со злато и живее во Скопје, но има потекло од Арачиново.„Мицко, Арачиново нема криминалци, тебе ти е гори затоа што Арачиново го изгоре режимот, но и тебе ќе ти гори, во Арачиново, 99 проценти се домаќини луѓе“ напиша Шенки.

Коментари | пред 3 години

JSP-avtobusi-parkirani

Хаос во ЈСП: Нема гориво, има дефекти - Скопје може да остане без превоз

Градскиот автобуски превоз на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје е пред колапс, така што постои опасност утрешниот ден да почне со многу проблеми за скопјани кои на работа патуваат со автобус, алармираат возачи и вработени во јавното претпријатие со кои конктактираше Плусинфо.– Од петокот од 17 часот нема нафта во гаражите во Автокоманда и во Ѓорче Петров. Денеска 3-4 автобуси на ЈСП останаа на улиците без нафта. Во моментов десетина автобуси се принудени да се повлечат во гаражите. Секој момент може да се случи кинеските двокатни и украинските автобуси да немаат повеќе нафта за возење – велат изворите на Плусинфо од ЈСП.Целиот текст можете да го прочитате тука

Скопје | пред 3 години

unnamed-7-1

Скопје го одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето

Денеска се одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје во Втората светска војна.На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народнослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација.По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“, која беше распоредена пред Качаничката Клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.Собраниска делегација, предводена од потпретседателот Горан Мисовски и од пратениците Даниела Марковска и Тони Јаревски и владина делегација во чиј состав се министите за правда НиколаТупанчески, и за локална самоуправа Ристо Пенов и заменик-министер за транспорт и врски Беким Реџепи, ќе положат цвеќе на Градските гробишта „Бутел“ и на споменикот Ослободители на Скопје, на платото пред Владата.Детскиот културен центар „Карпош“ и годинава традиционално ја организира манифестацијата „Го градам мојот град 2022“, на која учествуваат децата од предучилишните установи.Оваа манифестација има за цел да ги истакне детските творечки способности и креативност и да ги запознае децата колку големо значење има празникот 13 Ноември за Град Скопје.Годинава манифестацијата ќе се одржи во виртуелно издание, од 12:00 часот на фејсбук страната и на You Tube каналот на центарот на следниот линк.По повод празникот 13 Ноември е најавена улична трка поради што од 16:30 до 19 часот поголем дел од линиите од јавниот превоз ќе имаат изменет режим на сообраќање од вообичаениот. Трасите на движење се објавени на веб-страницата на ЈСП „Скопје“ и на нивниот Фејсбук.

Скопје | пред 3 години

policaec-policija-skopje

Засилени контроли низ цела Македонија, 161 возач добија казни

Во текот на вчерашниот ден (02.10.2022) во периодот од 14.00 до 19.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 161 возач. Од нив, 71 на територијата на СВР Тетово, 23 на територија на СВР Битола...Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-09-29-at-15.25.00

Исклучување микрофони, навреди, хаос: Славески ѝ се налути на Данела за „шпицниот“ „рачиња во мед“ „Талат Славески“

Данела Арсовска ја употреби фразата „рачиња во мед“ кога зборуваше за ексдиректорот на Водовод, Златко Перински, на што остро реагираше Трајко Славески.„Во име на советниците и во свое име, со оглед дека неколку пати се повторува синтагмата ‘рачиња во медот’, а се уште трае сезоната на собирање мед, лично проверив, поранешниот директор на Водовод и Канализација не е пчелар. И јас замолувам, советот доколку има некои докази за сторен престап, да се изнесат“, Трајко Славески, сите се смееја.Градоначалничката на Скопје му врати.„Минатиот пат кога бев на оваа говорница, имаше преседан, кога за првпат, претседател на Совет исклучувал градоначалник од говорница. Морам да ви кажам дека ако вие сте провериле за директорот дека не е медар, тогаш соодветно сте требале да проверите дека и јас за разлика од вашиот шпицен градоначалник, не сум хаус мајстор. Така да, ако зборувате за јавни навреди, што пласирате по јавноста, внимавајте на вашиот личен интегритет и не зборувајте за другите луѓе. Ако барате нешто од другите, појдете од себеси и својот интегритет да го ставите, за да другите слушаат што говорите“.Потоа, Славески се впушти и во одбрана на Мицкоски затоа што Арсовска го нарекува „шпицен градоначалник“.„Минатата и оваа седница, слушаме странски зборови кои јас не ги разбирам, овдека има превод од македонски-албански и обратно, се користат германизми, србизми фрази како ‘смањите доживљај’ и ве молам да се придржуваме на Деловникот за работа за тоа кои јазици можат да се користат во салата на Собрание на Град Скопје“, кажа Славески.Стефан Андоновски, советник од ВМРО-ДПМНЕ и порача на Арсовска да се моли пред слика на Мицкоски.„Во секоја реченица, градоначалникот употребува со погрдни зборови за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо тоа, таа би требало, да си закачи дома слика од него и да му се моли секој ден, затоа што да не беше тој таа немаше потписи да собере, а не да се кандидира за независен градоначалник. На мапа немаше да можат да ја најдат, да не беше Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ како поддршка. Немаше да има 10 луѓе на митинг, да не беше ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, Левица. Да не беше Мицкоски, на анкетите беше меѓу последните кои луѓето ги препознаваат, рејтинг имаше од 10 проценти бидејќи 90 отсто не знаеја за кого станува збор. Пред да ставате такви изрази во уста, размислете кој ве направил, кој ви ја поддржам кандидатурата, без која немаше да бидете ни директор на Стопански комори“, и рече Андоновски.Арсовска имаше одговор и на ова.„Голема благодарност до членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Што се однесува до шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски, тој поддржал кандидат кој победи. Ако мислел дека таа поддршка ќе му биде условена со дозовла да краде, лаже, манипулира – извинете тоа нема да се случи ниту треба да услов за да некој му биле вечно благодарен. Тој што така пресметувал, се излажал. Величење на таква личност не треба да е во ничиј карактер. Цени народот и ве гледа“, рече Арсовска.Трајковски и го исклучуваше микрофонот на Арсовска, додека таа говореше за Мицкоски.„Господине Талат Славески јас ве замолувам.......“, рече Арсовска, по што претседавачот на Советот пак и го исклучи микрофонот.„Ова е лична навреда, ви одземам збор. Напуштете ја говорницата, јас имам име и презиме. Не правете сцени. Напуштете ја говорницата. Пауза од 20 минути“, рече Славески, по што ја запре седницата.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-09-29-at-14.00.12

Арсовска до советниците на Мицкоски: Лицемери

Арсовска им порача на советниците од ВМРО-ДПМНЕ дека се лицемерни. Додаде дека треба да престанат да саботираат, и само декларативно да се залагаат за модерно Скопје.„Хипокризија на денешницава. Генералниот секретар до пред некое време, мислам две недели, беше човек кој што е ваш близок. Кога замина од тука се заблагодари на партијата и претседателот наместо на Градот и граѓаните. Требаше да го прашате зошто не реализирал се ова што требало бидејќи тој беше еден од лицата, непосредно надлежен за овие реализации. Ве молам да се однесуваме како што треба. Не може нешто што вчера сте застапувале денеска да кажувате дека не чини. Не може нешто што до вчера сте поддржувале денеска да сакате да саботирате или да сакате да го поставувате во негативно светло. Ако веќе декларативно, шпицниот градоначалник излегува и кажува дека ќе ја поддржите оваа програма, однесувајте се соодветно, поддржете ја. А не со подметнувања, критики и на крај декларативно да кажете дека ќе ја поддржите. Фер и коректно од почеток до крај, не со манипулации“, рече Арсовска.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-09-29-at-14.02.18

Карамбол во Град Скопје, препукувања меѓу директорите на Арсовска и советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Жестоко препукување помеѓу новиот в.д. директор на ЈСП Александар Стојкоски кој е кадар на градоначалничката Данела Арсовска и советници од ВМРО-ДПМНЕ. На Советот на Град Скопје се зборуваше за ставање во функција на нови автобуски линии по барање на граѓаните. В.Д. директорот на ЈСП Стојкоски реагираше дека има неисплатливост и бараше советниците да им објаснат на граѓаните кога истите ќе бидат укинати. А советникот Филип Јаневски од ВМРО-ДПМНЕ му врати: „Нема да ја укинете линијата ако ние тоа не го дозволиме. Значи Господ да ви се јави на сон и да ви каже да ја укинете прво ќе дојдете тука да прашате, дали 23 советници ќе одлучат.„Имаше иницијатива за број 2 да иде до Ченто. Ќе добиете изработен елаборат колку е загуба на еден автобус. И вие само поднесувате иницијативи а не прашувате дали тоа е исплатливо или не, не оставате ЈСП да преговара“, рече Александар Стојкоски, в.д. директор на ЈСП.Советникот Филип Јаневски му кажа дека и воведната линија 2Б на ЈСП, не може да се види по градските улици.„Сите овде, членови на Советот сме избрани од граѓаните. Директорите се именувани функциониери. Настапот на директорот од оваа говорница е: ‘поднесувате иницијативи...’, па извинете ако поднесуваме иницијативи. Да си одиме дома ако не? Што се однесува на иницијативата за продолжување на 2-ка до Ченто, на 31 август на седницата имавте можност да излезете и да кажете дали е исплатлива, дали не е, дали може да се изведе или не. Вие не земавте збор. 37 советници гласаа ‘за’ и ја донеле најдобрата одлука. Одлуките на Советот се обврзувачки за сите. Во иницијативата стои дека треба да доставите предлог одлука во рок од 30 дена, за продолжување на 2-ка, а не за воведување на нова линија 2б, која помпезно ја најавивте. 24 поминаа откако наводно ја воведовте таа линија, јас не сум сретнал човек кој видел како изгледа тој автобус. Јас го чекав и сабајлево, го нема, не постои. Не го виделе ниту во Чаир ниту во Ченто. Вие не сте задолжен за тоа дали е исплатливо или не, туку да спроведете“, Јанески.В.Д. директорот на ЈСП, посочи дека нема исплатливост, па тоа е причината поради што по кратко време се укинуваат линии, но и дестинациите на кои се обраќаат сега автобусите – ќе бидат скратени.„Во Шуто оризари гравитираат дневно 21 автобус, имаме по 3400 валидации. Дали е тоа доволно за да биде оваа линија рентабилна? Вие како советници го договаравте договорот со приватните превозници. Фрапантни се анализите кои ги правиме, а тоа е дека во ниту еден приватен автобус нема фискален апарат. Со тоа е нанесена штета на ЈСП. Во врска со предлогот кој го поддржувам за подобрување на градскиот превоз во Шуто Оризари, ние со градоначалникот разговаравме и кажавме на кој начин тоа ќе го решиме. Вие кажете ни, дали ние треба да купиме нови возила за да опслужиме Шуто Оризари или ќе може градоначалникот да премести 50 кабли за да добие поквалитетен превоз. Како што сме постапиле со 2б, како што барате и за 19А да оди до Клинички центар, ќе ве молам кога ќе излеземе со анализа дека е таа неисплатлива, ќе ве молам вие да им објасните на граѓаните зошто ќе биде укината“, рече в.д. директорот на ЈСП.„Се навлегува надвор од ингеренциите на директорите на јавните претпријатија. Како кажа: ‘Кога ќе видите дека нема рентабилност објаснете им на граѓаните зошто ќе ја укинеме линијата’. Нема да ја укинете линијата ако ние тоа не го дозволиме. Значи Господ да ви се јави на сон и да ви каже да ја укинете прво ќе дојдете тука да прашате, дали 23 советници ќе одлучат. Затоа што нас е легитимитетот и одговорноста. Не може самоволие да демонстрирате. Повлечете поука од пред 2-3 недели кога наводно самоволие резултираше со разрешување. Кај вас е директно и јасно самоволието“, рече Јанески.

Скопје | пред 3 години

Marija-Andonovska-29.09.2022

Андоновска до Арсовска:Честито коалиција со ДУИ, но чесно ќе беше ова да го направевте пред изборите

Марија Андоновска, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје на денешната седница на Град Скопје потенцираше дека од градоначалничката Данела Арсовска не добиле ниту еден одговор на поставените советнички прашања.-За жал не добивме ниту еден одговор на поставените советнички прашања, тие советнички прашање не ги прашуваме за нас лично, тие советнички прашање ги поставуваме за оние кај што чукавме по врати, сега тие доаѓаат прашуваат и ние мора да им одговориме. Што да им одговорам, дека сте имале попаметна работа, сте менувале во канцеларијата на генералниот секретар ролетни, тоа да им го кажам па не сте имале време да одговорите, тие работи ви се поважни, камери сте ределе, врати сте ставале нови, ама не сте имале да одговорите. Ве молам претседателе да ги добиеме одговорите на нашите советнички прашања бидејќи ние сме должни да им одговориме на граѓаните, рече Андоновска,Таа во текот на своето обраќање ја честиташе новата коалиција помеѓу градоначалничката Арсовска и ДУИ и воедно укажа дека ако ова се случило пред изборите граѓаните немало да и ја дадат поддршката на Арсовска. Андовска исто така побара од Арсовска ако тоа е исправно да си даде оставка и да излезе на избори со овие коалициони партнери.-Воедно сакам да ја честитам еве вака јавно новата коалиција помеѓу градоначалничката и ДУИ, сигурна сум дека ако ова се случеше пред изборите, граѓаните немаше да дадат поддршка. Ако вие сметате дека ова е исправно, повелете тука дајте си оставка и излезете на избори со овие коалициони партнери, кажа советничката.Андоновска потсети дека ВМРО-ДПМНЕ ја поддржи програмата „За модерно Скопје“ но на денешната седница има 16 точки, а нема ниту една точка од таа програма на дневниот ред.-Ние ја поддржавме програмата „За модерно Скопје, денеска на оваа седница со 16 точки нема ниту една точка од таа програма за која што ја поддржаа и граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, за жал, додаде Андоновска.

Скопје | пред 3 години

DSC07343

Објавени новите директори на јавните претпријатија во Скопје

Денес се назначени новите в.д директори на Јавните претпријатија во СкопјеСо ЈП Лајка назначена е да раководи Радмила Пешева, додека со ЈП Улици и патишта Саид Саид. На в.д директорската позиција во ЈП Паркинг назначен е Крсте Петревски, во ЈП Паркови и зеленила Реџепи Зухејр, додека со ЈП Дрисла назначен е Александар Кузинаков.Во ЈП Комунална Хигиена продолжуваат со раководство Косана Мазнева, ЈСП Александар Стојковски и ЈП Водовод Марјан Митевски.„Новите в.д директори ќе имаат обврска и одговорност во следните 6 месеци да ги спроведат неопходните реформи со цел консолидација на јавните претпријатија во периодот кој следи од аспект на справување со економската и енергетската криза. Обврските се во насока на оптимизација на средствата и процесите, намалување на трошоците и кратење на сите непродуктивни трошења, како и спроведување на реформата во сегментот на вработувања во претпријатијата со која нема да се дозволи лица кои не одат на работа или не ги извршуваат работните обврски да бидат платени од буџетските средства“, велат од Град Скопје

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Потврдена е коалицијата меѓу клептоманската СДС и уценетата Арсовска

„Клептоманите од дезертерската СДС секој ден ја потврдуваат новата коалиција со уценетата Данела Арсовска. Веќе станува очигледно дека Арсовска има за задача да одработува за дезертерот Ковачевски, да дефокусира од секојдневните скандали, од неспособноста и катастрофалната енергетска и економска состојба во која се наоѓа државата“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Коалицијата веќе не ја ни кријат. Взаемно си помагаат, затоа што имаат големи бизнис интереси и мерак за матни зделки. Поддршката која СДС и ја дава на Арсовска се гледа и преку скапата кампања и билбордите кои и ги плаќаат во време на криза. Во услови кога немаат дела, својата неспособност ќе ја покриваат со манипулации и лаги. Парите и енергијата кои ги трошат против ВМРО-ДПМНЕ да ги насочеа кон граѓаните ќе донесеа барем некаков бенефит.Нека им е со среќа соработката.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања