Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СКОПЈЕ

viber_image_2024-05-25_09-27-50-076

Ангелов со барање до Данела за кружен тек кај Џевахир: целото ова подрачје „врие“ од луѓе и е потребна итна реакција

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов упати барање до скоспката градоначалничка Данела Арсовска за изградба на кружен тек.„Денеска се наоѓаме во непосредна близина на булеварот „Србија“, пред новоотворениот од пред околу еден месец, „Џевахир Мол“ којшто е дел од комплексот „Скај Сити“, што е составен од четири облакодери, познатите турски облакодери, познатите четири четириесеткатници. (Токму во предел каде што граѓаните и најмногу претрчуваат преку улица)Од оваа страна на булеварот има голема концентрација на луѓе во читериесеткатниците, но истовремено од другата страна се наоѓа „Реонскиот центар Аеродром“, којшто е комплекс од десетици згради, во којшто живее голем број население.Граѓаните од „Реонскиот центар Аеродром“, коишто доаѓаат во молот од другата страна на булеварот, имаат на располагање два пешачки премина, коишто се наоѓаат на семафорите - некаде позади (зад камерата – на север) и напред (пред камерата – на југ).Помеѓу овие пешачки премени, односно семафори, има нешто повеќе од 800-ини метри. Граѓаните, бидејќи не одат до самите семафори, го „сечат“ (преминуваат - претрчуваат) самиот булевар, односно ги „сечат“ сите коловозни ленти, овде, на лице место во близина на молот, со што се изложуваат на голема опасност.Бидејќи, како и што реков, фрекфенцијата луѓе е многу голема, бараме од градот Скопје (Град Скопје), по барање на граѓаните коишто живеат на ова подрачје, итно, односно најбрзо што може, да се уреди еден пешачки премин, некаде на ова место. Стручни лица од сообраќајната област, тоа најдобро знаат каде треба да се направи. Но, исто така, од пријава на граѓани, наша перцепција е дека пешачкиот премин нема да биде најдобро решение. Бидејќи, луѓето коишто од четириесеткатниците со нивние возила се приклучуваат на булеварот, тоа мора да го направат под 90 степени агол и директно излегуваат на Бул. „Србија“, каде што и нема лента за забрзување, нема семафор... Со тоа се изложуваат на опасност од сообраќајна незгода.Истото важи и за жителите од другата страна на булеварот кога се приклучуваат на овој Булевар. Со градењето еден кружен тек, некаде на ова место, стручни лица од сообраќајната област тоа точно ќе го утврдат, ќе можат возилата и од едната страна на булеварот, спротивно на „Скај сити“, но и возилата коишто излегуваат од „Скај Сити“, како и од околните згради, ќе можат безбедно да се приклучат на булеварот „Србија“.Во едно (истовремено), забележливо е дека на ова место имаме само две коловозни ленти, две сообраќајни ленти, поради што е потребно овој широк тротоар да биде уреден како уште една коловозна лента, бидејќи тоа го налагаат потребите на граѓаните, според оние пријави коишто речиси постојано ги добиваме.Да напоменам дека само 100-тина метри подолу, имаме и две бензински пумпи коишто дополнително го зголемуваат сообраќајот на ова место. На неколку 100-тини метри од овде се наоѓа основното училиште „Александар Македонски“, веднаш до него имаме и градинка и спортски комплекс. Од другата страна се наоѓа армиска касарна во којашто е сместена воената академија...Едноставно, целото ова подрачје „врие“ од луѓе, така условно кажано и е потребна итна реакција.Благодарност до градот Скопје, којшто досега сериозно ги сфаќаше сите наши укажувања и се надеваме на брза реакција“, вели Ангелов.

Скопје | пред 1 година

IMG_0462

(Видео) Водоскоци од скопските шахти, наместо аспровирање на водата - невреме во Скопје

Големо невреме во Скопје, а дел од улиците се и поплавени. Поради поројните дождови, од водоскоци излегуваат од шахтите, кои всушност, треба да ја апсорвираат.Таква е сликата во Чаир, каде улиците се буквално - поплавени.Невремето трае веќе еден час.

Скопје | пред 1 година

Avionska-dezinsekcija-prva-faza-11

Рано наутро е најавено прскање со авион против комарци - пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека Град Скопје известил дека авионската дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на Градот Скопје, ќе се реализира на 18.05.2024 година (сабота), во раните утрински часови.Ако временските услови се неповолни за реализирање на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин, првиот нареден ден кога условите ќе бидат поволни.Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Скопје | пред 1 година

tepacka

Семејни драми и тепачки низ Скопје: се степале во маркет, пет лица натепале семејство, а ќотек добил и старец

На 02.05.2024 во 16.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го привеле О.А.(32) од Скопје затоа што, по претходна расправија, околу 16.00 во продажно место на подрачјето на Кисела Вода физички го нападнал К.Б.(42) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 02.05.2024 во 17.00 часот во СВР Скопје, С.Т.(66) од Скопје пријавил дека околу 10.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 02.05.2024 во СВР Скопје било пријавено дека на 01.05.2024 во 17.30 часот на подрачјето на Бит Пазар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 33 – годишната И.А. и А.С.(35), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 01.05.2024 во 23.00 часот во СВР Скопје, С.С.(28) од Скопје пријавила дека околу 18.30 часот во нивниот дом на подрачјето на Чаир, таа, нејзиниот татко Т.С, нејзиниот чичко Д.С., нејзинатата тетка М.А. и нејзината сестра С.С. биле физички нападнати од И.Р., Б.С.,С.С. ,О.С и И.С., сите од Скопје, кои притоа употребиле и тврд предмет. Се преземат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

IMG_8164

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 04.05.2024 (сабота), поради одржување на манифестација по повод годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје по потреба ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, односно по потреба за сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова“ на потегот од ул.„Иљо Војвода“ (виадукт Самоилова) до крстосница со ул.„Прохор Пчински“.Министерството за внатрешни работи, исто така, ги известува граѓаните на Скопје дека на 04.05.2024 (сабота), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.На 04.05.2024 во периодот од 18.00 часот до завршување на манифестацијата по повод верскиот празник Воскресение Христово Велигден, во центарот на градот по потреба за сообраќај ќе бидат затворени: 1. Бул.„Партизански одреди” од крстосницата со ул.„Франклин Рузвелт” до крстосницата со бул.„ВМРО”. 2. Бул.„Св.Климент Охридски” од крстосницата со бул.„Илинден” до крстосницата со ул.„Димитрие Чуповски”. 3. На возилата од јавниот градски превоз, кои поминуваат преку мостот „Гоце Делчев”, по потреба ќе им се менува трасата на движење, при што ќе се движат по бул.„Илинден” и преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”, додека автобусите кои што поминуваат преку Центар ќе се движат по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов”, по што преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”.Во спротивна насока автобусите ќе ги користат истите сообраќајници. Во општина Ѓорче Петров, по потреба, за сообраќај ќе се затвора ул.„Македонска војска“ пред црквата „Свети Петар и Павле“ на потегот од крстосница со бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“.Во општина Аеродром, по потреба, за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с.Лисиче. Исто така, по потреба за сообраќај ќе бидат затворани и други сообраќајници кои гравитираат околу верските објекти. Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните.

Скопје | пред 1 година

DSC_0288

Уапсени двајца Срби: краделе велосипеди, изнајмилен стан и ги криеле - сѐ си признале и завршија во притвор

На 27.04.2024г. од страна на полициски службеници од ОКР Аеродром и Драчево при СВР Скопје, под сомнение за сторено кривично дело лишени од слобода се лицето А.К.(43) од Р. Србија и лицето Љ.Г.(20) од Р. Србија и по извршен службен разговор истите признале дека имаат украдено повеќе велосипеди кои ги чувале во изнајмен стан во Скопје, при што извршена е проверка и со потврда за привремено одземени предмети 9 велосипеди се одземени од лицата.Исто така, во разговорот со лицата истите навеле дека кривичните дела се извршувани во координација со уште неколку лица за кои се преземаат полициски мерки.Од страна на полициските службеници утврдено е дека сите велосипеди се од пријавени тешки кражби и истите веднаш ќе им се вратат на сопствениците.Лицата по насока на јавен обвинител се задржани во ПС ОН Кисела Вода и по целосно документирање е поднесена кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка за истите лица определена е мерка притвор.

Скопје | пред 1 година

IMG_5861

(Фото) Мостот „Беласица“ кај „Ист гејт“ целосно затворен: на него камиони и возила

Мостот „Беласица“, кој измиативе месеци беше половично затворен - сега е целосно затворен за сообраќај. Од утрово се поставени препреки за поминување, а на него има камиони и автомобили. Непознато е дали се работи на негова санација или се проверува неговата стабилност.„Скопје1“ во Град Скопје уште пред неколку месеци прати прашања околу поправките на мостот кој е клучен за поврзување на двата дела на Скопје - но не добивме никакви одговори.Мостот беше запален во мај минатата година и беше ставен вон функција. Според градоначалничката Данела Арсовска, мостот е целосно безбеден, но од септември беше само делумно пуштен во употреба. Требаше да се направи и тест за неговата издржливост со 200 тона на него - кое не се знае дали беше спроведено или се спроведува сега.

Скопје | пред 1 година

sdsm-pratenici-

Го запустија главниот град, создадоа хаос со јавниот превоз, ги турнаа јавните претпријатија во долгови, вели СДСМ

„Скопје е синоним на сите лаги на ДПМНЕ, на сите лажни и неисполнети ветувања, на сите измани на граѓаните. Скопје е пример како владее ДПМНЕ“, вели СДСМ и додаваат:Го запустија главниот град, создадоа хаос со јавниот превоз, ги турнаа јавните претпријатија во долгови, заборавија на граѓаните, а рацете ги заглавија во медот.Во Скопје го нема ветениот бесплатен јавен превоз, нема нови 250 автобуси, нема нови паркови.Како што не ги исполнија ветувањата за проектите што ќе ги реализираат во Скопје, така и сега даваат лажни ветувања за претстојните избори.Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата партија која не може да донесе никаква промена.Со ДПМНЕ е можно само враќање назад.Граѓаните нема да дозволат реприза на Скопје да и се случи на државата со ДПМНЕ и Силјановска.

Македонија | пред 1 година

uhihiu

(Видео) Отпушоци и отпад колку сакаш на скопскиот плоштад: запрепастувачка слика од изгледот на местото

Искршени плочки и светла од подната фонтана, отпушоци и отпад меѓу решетките на плоштадот, куќарки од Нова Година заборавени наоколу, исклучени фонтани зјаат со мушами. Исклучени се и звучниците од кои некогаш имаше тивка музика, а сега има само возрасен човек кој чука на тарабука во ритамот на странски песни. Ваква е сликата на скопскиот плоштад, каде секојдневно има десетици но и стотици туристи. За време на викендите, има и куп граѓани кои со семејствата излегуваат да се проштетаат и фотографираат – но глетката е запрепастувачка. Најголемите забелешки се за хигиената, бидејќи купишта смет има наоколу, а особено меѓу решетките кај фонтаната со споменикот на Александар Македонски.Единствена новина е поставените нови клупи во делот на улица Македонија.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-04-09-at-15.25.28

Вонреден „Претрес“ со ексградоначалникот Коце Трајановски: кој ја остави Универзална да пропаѓа, колку пари се фрлени за проекти и каде се фрлени проектите?

Вонреден “Претрес” со ексградоначалникот Коце Трајановски: кој ја остави Универзална да пропаѓа, колку пари се фрлени за проекти и каде се фрлени проектите?По подолг период пред вас: за сите оставени нереализирани проекти, за тоа дали “Градот убав пак ќе никне”, каде го остави Скопје, но и каде е денеска.Гледајте и прашајте што ве интересира 🔴ВО ЖИВО🔴 во 21 часот на јутуб каналот “prvatvmk”, веб: www.pretres.mk / www.prvatv.mk

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-09-at-10.27.25

(Видео) Нови снимки од Универзална

Гори Универзална сала во центарот на Скопје.Се евакуираат жителите од соседните згради. Граѓаните велат дека од врелината се топат ролетните.

Скопје | пред 1 година

blokirano-skopje

Ќе има гужви: Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека поради подготовки и одржување на митинг, почнувајќи од денеска (03.04.2024) до утре (04.04.2024), односно до завршувањето на митингот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај презема мерки за посебен режим на сообраќајот при што бул.„Илинден“, потегот од мост Гоце Делчев до бул.„Климент Охридски“ и од бул.„Климент Охридски“ до мост Гоце Делчев, се затворени за сообраќај во двата правци. Во текот на утрешниот ден, по потреба , ќе бидат затворени и други сообраќајници на поширокото централно подрачје.Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Скопје | пред 1 година

okpkopkop

(Видео) Тажна слика од скопскиот плоштад: маскирани деца, две маскоти и куп празни куќички од Нова година

Во центарот на Скопје, ја нема вообичаената магија за 1-април, која се памети од минати години. Родители ги носат своите деца, но детска програма – ни за лек. Маскотите на Мики и Мини маус се единствената опција која ја има, за да се долови прво априлската магија. Скопје памети одбележување на овој ден на скопскиот плоштад. Таму, денеска, музичар на гитара и затворени куќарки, кои се заборавени од Нова година. Ништо интересно, ниту привлечно за најмладите.Токму плоштадот беше синоним за прославување на среќата, смеењето, маскирањето. 1-во априлската традиција во светот постои од 14ти век, последните децении нејзината популарност вртоглаво расте.Меѓу народот се верува и дека тој што ќе биде излажан денеска ќе биде лажен преку целата година.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-10-9310PM

Фатени без возачка и напиени, но и без појас: казнети 134 возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за возење под дејство на алкохол, 11 мерки за некористење сигурносен појас...Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

(Видео) ГТЦ доби барака, а бараката донесе револт: „Го гушнаа, го задушија, душа му извадија…“

И покрај купот празни и затворени дуќани во Градскиот трговски центар (ГТЦ), нов објект никна на излезот кон кејот, во редот на сендвичарите. Потегот предизвика револт и низа реакции, бидејќи дел од граѓаните сметаат дека местото не му е таму. Но непознато е кој и зошто го поставил, како и која му е намената. „Скопје1“ побара одговори од менаџментот, но не доби. Реакција има и од Софија Куновска, поранешна пратеничка.„Па имате ли трошка совест, знаење или одговорност? За ова треба кривична одговорност“, напиша Куновска.Има и потсетувања дека пред десетина година, кога ГТЦ требаше да добие барокни фасади беше „гушкан“ од активисти за да се спречи акцијата.„Го гушкаа гтц да не било барок за после 10 години да го добијат ова“, коментира корисник на „Х“. И друг граѓанин смета дека на објектот, кој има и струја – не му е местото таму.„ГТЦ Скопје 2024г. Го гушнаа, го задушија, душа му извадија…“, напиша тој. Има и иронични коментари.„Елате да го гушнеме ГТЦ, не ме оставајте сам“, напиша друг корисник на „Х“. Директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски не одговори на прашањата од „Скопје1“ поврзани со објектот. Го прашавме кој и зошто, но и со чија дозвола го постави, зошто имаше потреба од него и која е намената. Меѓудругото, не добивме одговор ниту што мисли за низата реакции и критики и дали по нив, објектот ќе биде отстранет. ГТЦ – Градски трговски центар – Скопје е почнат со изградба во 1973 година. Нa конкурсот, распишан 1967 година пристигнати се 23 архитектонски решенија, меѓу кои победува решението на тимот предводен од Живко Поповски. Покрај овој голем македонски архитект, во тимот учестуваат: Тихомир Арсовски,Живко Гелевски, Димитар Димитров, Благоја Колев, Радомир Лајовиќ и Лидија Маркова.Денеска, ГТЦ пропаѓа. Дел од подрумските простории мирисаат на измет и се полни со смет.

Скопје | пред 2 години

danela-arsovska-1

Ако се ваши проектите во програмата зошто не ги гласате, праша Арсовска во Советот на Град Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во денешното обраќање во Советот на Град Скопје потенцираше дека единствено нешто за кое се заинтересирани советниците од ВМРО-ДПМНЕ е паушалот од 500 евра. Таа посочи дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ наместо да ја оправдаат довербата на граѓаните и во Советот да гласаат за проектите и програмите во интерес на оние кои што ги гласале тие ја злоупотребуваат говорницата за популизам.Градоначалникот се обидува да ги реализира оние работи кои што ги ветил пред граѓаните за разлика од вас кои што ќе дојдете тука, ќе си ја искористите оваа говорница за популистички политички говори, ќе отидете во бифе ќе отседите два-три часа, ќе си го земете паушалот од 500 евра и ќе заминете дома. Така да почитувани советници ако сакате да зборувате за оставки депонирајте си ги вашите слободно затоа што вие сте тие што кочите цела година да нема нови автобуси за граѓаните, и кочите се што е од интерес за граѓаните да се реализира она кое што вие сте им го ветиле на последните локални избори, вели Арсовска.За иронијата да биде уште поголема советниците на ВМРО-ДПМНЕ кои бараа поддршка од граѓаните со програмата на Арсовска, денес во Советот прават се за истата да не се спроведе.-Вие баравте поддршка за програмата кај граѓаните, вашиот претседател Мицкоски збореше по медиумите дека треба да се поддржи таа програма. Дури ве изнаслушавме и како кажувате дека сте ја правеле таа програма, ако сте ја правеле таа програма зошто не ја гласате? Ако се ваши проектите во програмата зошто не ги гласате, додаде градоначалничката.Одговорноста за проблемите со кои се соочува Град Скопје лежи единствено во Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ која е власт и го има мнозинството во Градот а ги блокира сите програми и проекти од интерес на граѓаните.Второто лицемерие е што Вие сте мнозинство во Советот и се што не функционира во овој град е ваша одговорност, верувам дека сите го знаат тоа. Денеска не гласавте програма од областа на сообраќајот во Град Скопје, значи се што е од областа на сообраќајот во Град Скопје е закочено, веќе дојде месец април. Денеска не гласавте програма за заштита на животната средина, после немој да излезете да говорите за заштита на животна средина затоа што вие блокирате и не гласате програма за животна средина. Не ги гласате активностите од областа на локалните економски развој, не ги гласате активностите за соработка со здруженија и фондации, посочи Арсовска.Најголемата иронија истакна градоначалничката на Град Скопје е фактот што истите програми кои денес советниците на ВМРО-ДПМНЕ не ги гласаат ги гласале кога градоначалник бил Коце Трајановски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, но ги гласале и кога ВМРО-ДПМНЕ било опозиција, а градоначалник бил Петре Шилегов.-Не знам како и под кои услови овие програми сега не во се прифатливи, а Ви биле прифатливи кога истите програми без никакви измени наназад веќе децении сте ги гласале. Кога бил вашиот градоначалник Коце Трајановски, потполно истата оваа програма тогаш чинела, сега не ви чини. Кога бил градоначалник Шилегов ако сте биле опозиција, и тогаш ви чинела истата програма да ја гласате а сега не ви чини. Како тоа истата програма со истите работи внатре со истите точки кои треба да се имплементираат тогаш сте си ја гласале без никаков проблем, а сега не, додаде таа.На лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ му нема крај заклучи Арсовска бидејќи не само што советниците не гласаат за програмите туку пред граѓаните не образложуваат зошто го прават тоа.-И најголемото лицемерие е да не гласаш програма што е во интерес на граѓаните и да кажеш дека не е добра а не кажуваш што е тоа што не чини. Знаете зошто? Бидејќи ако кажете што не чини тоа значи дека дека не чинело ни кога бил Коце Трајановски градоначалник и кога бил Петре Шилегов градоначалник затоа што се работи за истата програма, заклучи градоначалничката на Град Скопје.

Скопје | пред 2 години

irena

Витина: Позитивно сум ја изгласала точката за ослбоодување од плаќање на комуналии на училишта

„Жалам што и Вашиот медиум одлучи да биде пропагатор на лажните вести лиферувани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ, без притоа да ги проверите информациите или да побарате и став од другата страна“, вели Ирена Витина и додава:„Вистината е спротивна на лиферуваната лажна вест од штабот на ВМРО-ДПМНЕ, а доколку ја гледате и снимката од преносот на седницата на Советот на град Скопје, јасно ќе забележите дека наведените точки кои беа ставени на гласање на денешната седница на Советот на град Скопје, а кои се однесуваат на ослободување од плаќање на комуналии за изградба и реконструкција на училишта и градинки сум ја изгласал позитивно.За жал, фабриката за лаги на ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го затскрие нивниот срам со лиферување на вакви манипулации и лажни вести. Тие се срамат да признаат дека овие проекти за кои гласаа денес се финансирани од Владата предводена на СДСМ, благодарение на неспособноста на градоначалниците во општините на град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.Непринципиелната коалиција СДС-ДПМНЕ сепак, нема да успеат да ја покријат со ширење на лажни вести.Барам од Вашиот медиум во целост да го објави овој демант, лажната вест да ја отстрани и да се извини поради непочитување на обврската за целосно и вистинито информирање на јавноста со обезбедување на став и од втората спомената страна. Во спротивно, ќе бидам приморана вистината да ја барам пред надлежните судски инстанци“.

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2024-01-22-at-11.48.12

Позитивно сум ги изгласал точките за ослободување од плаќање комуналии за изградба на училишта, врати Трајановски на ВМРО-ДПМНЕ

„Жалам што и Вашиот медиум одлучи да биде пропагатор на лажните вести лиферувани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ, без притоа да ги проверите информациите или да побарате и став од другата страна. Вистината е спротивна на лиферуваната лажна вест од штабот на ВМРО-ДПМНЕ, а доколку ја гледате и снимката од преносот на седницата на Советот на град Скопје, јасно ќе забележите дека наведените точки кои беа ставени на гласање на денешната седница на Советот на град Скопје, а кои се однесуваат на ослободување од плаќање на комуналии за изградба и реконструкција на училишта, градинки и спортски сали сум ги изгласал позитивно.За жал, фабриката за лаги на ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го затскрие нивниот срам со лиферување на вакви манипулации и лажни вести. Тие се срамат да признаат дека овие проекти за кои гласаа денес се финансирани од Владата предводена на СДСМ, благодарение на неспособноста на градоначалниците во општините на град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.Непринципиелната коалиција СДС-ДПМНЕ сепак, нема да успеат да ја покријат со ширење на лажни вести.Барам од Вашиот медиум во целост да го објави овој демант, лажната вест да ја отстрани и да се извини поради непочитување на обврската за целосно и вистинито информирање на јавноста со обезбедување на став и од втората спомената страна. Во спротивно, ќе бидам приморан вистината да ја барам пред надлежните судски инстанци“, вели Александар Трајановски.

Свет | пред 2 години

8CB46BC8-E423-4068-A59A-A69D61BB59B1-960x540-1

(Фото) Арсовска тврдеше дека открила екоцид, ама нека и ја покаже некој еколошка бомба се прави од несобраниот отпад во Ѓорче

Градоначалничката Данела Арсовска со прст не мрда по низата реакции од граѓаните дека контејнерите во Ѓорче Петров остануваат затрупани во смет. Граѓаните кога немаат каде да исфрлат отпад, тоа го прават покрај нив.Комунална хигиена, јавно претпријатие со кое раководи кадар на Арсовска, го остава таму каде што е оставено. Жителите потсетуваат дека таа се изнасликала со депонија и посочувала дека открила екоцид, па ја прашуваат: „Ова што е? Еколошка бомба? Среде населени места?“.И ваква е сликата постојано. Најстрашното, според жителите, е што доаѓа лето. Ќе се фрла сѐ повеќе храна која се умирисува, а со тоа ќе се шири лоша миризба. Велат дека плаќаат постојано комунални трошоци, а добиваат игнорирање од градот во кој живеат.Без разлика на реакциите, Комунална хигиена крева раце поради хаосот во Ѓорче Петров со отпадот. Истовремено, за да не остане и да скапува отпадот, го собираат општинските служби.

Скопје | пред 2 години

danela-arsovska-1

Данела за сите кражби од големи размери нема да ја спаси ни Тодор Александров да воскресе, затвор не и бега, тврди Мухамеди

Умејр Мухамеди е поранешен соработник на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Тој замина од Град Скопје, па напиша дека бил натепан. Сега, со нов жесток напад над Арсовска. Зборува за тендерите кои се плаќаат од државни пари, па посочува: „Данела за сите овие кражби од големи размери нема да ја спаси никој“.Неговото пишување во целост:„Ај вака да објасниме некои работи:1. Данела Арсовска склучува договор во вредност од 500.000 евра за чистење на кејот на Вардар. Изведувач е “Гама Градба”, багерите се појавуваат една недела и ги снемува. Кејот на Вардар го чистат јавните претпријатија на градот. Од податоците кои ги добив на е-finance на фирмата Гама Градба редовно и се плаќаат големи суми.2. Данела Арсовска склучува договор со фирмата Нексос инженеринг за чистење на снегот, набавка вредна 65.000.000 денари, во договорот стои дека и да има и да нема снег парите треба да и се исплатат на фирмата. Носителот на набавката е близок со Стевчо Јакимовски и кон истата фирма исплатите се вршат редовно.3. Данела Арсовска склучува договор во вредност од 60.000.000 денари за набавка на садници (најголема набавка на садници во историјата на градот). Јас и пишувам дека нема многу засадени садници а вредноста на набавката е преголема она ми вика дека биле засадени 600.000 дрвја. Носител на набавката е “хорти ком” (нејзин пријател).4. Данела Арсовска преку ЈСП склучува договор со Пуцко Петрол за набавка на нафта и нафтени деривати, вредноста на набавката е 27 милиони евра (најголема во историјата на градот односно двојно поголема од претходните набавки), во меѓувреме преку комунална хигиена склучува нови договори за набавка на нафта. (кражба од невидени размери).5. Данела Арсовска им ги централизира поголемите набавки на средните училишта и преку таканаречена групна набавка она да одлучува која фирма ке го добие тендерот.6. Данела Арсовска (не она лично) сече дрвја за кок нема “одобреније за сеча” за 500 евра. (За ова тие изгубените во простор од ЗХГ немаа никаков коментар).7. Сите вредни вработени со по 20 години искуство ги исклучува од работниот процес и ги носи во пожарна преку брутален мобинг и незаконски постапки.Данела Арсовска се “кара” со Умејр Муамеди бидејки за сите овие набавки и за многу други работи директно сум и се спротиставил и за тоа имам и докази. Данела Арсовска за сите овие кражби од големи размери од идната власт нема да ја спаси од кривичен прогон ни Ванчо Јовановски ни Никола Груевски, дури и Тодор Александров да воскресне затвор не и бега.Има и многу други работи но сето тоа кога ке дојде времето да се докажеме во суд“.Претходно:(Фото) Соработник на Арсовска си замина од Град Скопје, па објави дека бил натепан: Напаѓачот ме нападна со зборовите зошто пишуваш против Данела - Скопје1.мк (skopje1.mk)Правник ја искина дипломата откако почна бришење на казни од Кривичен законик во Собрание - Скопје1.мк (skopje1.mk)

Коментари | пред 2 години

arsovksa-belasica

(Видео) Мостот „Беласица“ зјае полузатворен веќе девет месеци: Арсовска не кажува дали го поправа, ниту дали ќе го пушти целосно

Мостот „Беласица“ остана заборавен од Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска, осум месеци по пожарот кој изби. За сообраќај беа пуштени само две ленти, а на средината и натаму останаа поставените конуси, кои означуваат забрана за користење на останатите ленти. Точно 20 дена, нема одговор од кабинетот на Арсовска дали преземаат нешто во насока на целосно пуштање во употреба на овој мост. За тоа време, на терен, не може да се забележи дека се работи било што.Прашавме и дали Град Скопје има временска рамка до кога планира овој мост да биде вратен во целосна функција, на што исто така добивме игнорантски однос. И ова не е првпат, вообичаеното однесување на Арсовска е да ги игнорира новинарските прашања, а градот да не дава одговори.За тоа време, граѓаните и натаму нервозни особено во наутро и после пладне, кога одат и се враќаат од работа. Мостот „Беласица“ кој го спојува едниот со другиот дел на Скопје е често блокиран, а колони возила чекаат за да поминат преку него.Одговорност за опожарувањето не понесе никој, непознато е и дали полицијата откри кој и зошто го подметна пожарот.

Скопје | пред 2 години

danela-skopje

(Видео) И на Арсовска повеќе не и е Нова година, втора недела го откитува Скопје

Еден месец по празничните новогодишни денови, а втора недела по ред – трае откитувањето на скопските улици. Касното украснување, донесе и касно откитување. Фирмата која ги постави сијаличките треба да добие 30.000 евра. Дел работеа, дел не – но во градот имаше празнична магија. Истовремено, во тек е истрагата за Данела Арсовска, на која во Град Скопје ѝ влезе Финансиска полиција. Си отиде и Дедо Мраз со кого Арсовска играше шах додека инспекторите ровареа по канцелариите. „Скопје1“ го праша директорот на Финансиска полиција, Горан Иванов дали утврдиле законски прекршувања од страна на Градот и Арсовска со склучување на договорот со фирмата-украсувач. Оттаму очекуваме одговори. Градот беше накитен на крајот од декември. Поради ова, Арсовска најави дека следната Нова година, ќе го украсува од октомври за да нема критики.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

(Видео) „Сѐ што допре кметицата, пуздер направи“

Чекавме да се накити, па два месеци чекавме да се раскити метрополата. Дрвените куќички се уште се на градскиот плоштад. Отворени, валкани, во нив преспиваат и бездомниците а често служат за вршење нужда. Скопјани се револтирани. Новинарот Никола Т. Калајџиски на ФБ напиша:„ЈАВАШЛАКЗаборавените куќарки од Нова година.Два месеца подоцна.Ни ги остави за срам среде плоштад.Дерогирани.Преноќиште за бездомници и питачи.Претворени во јавни писоари.Слика на престолнината.На градот на културата.Се' што допре кметицава пуздер направи...“, напиша тој.

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2024-02-29-at-11.41.00

Славески остана без помошничката во Град Скопје: Еве ќе се обидам да се снаоѓам сам

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, кажа дека помошничката која му помагала на седниците, се пензионирала. Тој се пожали дека сега мора да се снаоѓа сам, оти никој нема овластување за да ја замени помошничката.„Јас се извинувам, ќе ве молам за разбирање, јас немам тука помошник, Јасминка која беше привремено на оваа функција, се пензионираше. Ниту еден службеник за поддршка на Советот, нема овластување на помага на Советот, па еве ќе се обидам да се снаоѓам сам. Невообичаена ситуација. Јас ги немам точните називи ниту на предлозите“, рече Славески.Тој побара пет минути пауза, за да се обезбедат точните предлози кои треба да се најдат на седница.

Скопје | пред 2 години

univerzalna-sala-12.06.2020

Откако скапуваше со години, продолжува реконструкцијата на Универзална сала: Ќе биде готова 2026 година

Реконструкцијата на Универзална сала која почна во 2021 година, а работите стојат во место со години, ќе продолжи, најави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Тој вината за стопираните работи ја префрли кај градоначалничката Данела Арсовска. Реконструкцијата започна во време на Петре Шилегов.„Она што го почнавме пред повеќе месеци, ќе добие епилог. Ќе го вратиме симболот на модерно Скопје. Уште генерации и генерации ќе уживаат во Универзална сала. Реконструкцијата се очекува да заврши во 2026 година, кога објектот треба да ги прими првите посетители. Кога Министерството за култура ќе ја финализира градбата, ќе го предаде во Град Скопје“, рече Ковачевски.Тој кажа дека работите во Универзалната сала стоеле во место, поради градоначалничката Данела Арсовска.„Ги одземавме ингеренциите и ги продолживме договорите за реконструкција на Универзална сала“, додаде тој.Арсовска ја стопираше реконструкцијата бидејќи тврдеше дека зградата не е стабилна.

Скопје | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања