Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СКОПЈЕ

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

Стотина автобуси остануваат во гаража: приватните превозници од денеска не возат, а ЈСП и онака нема доволно возила

Започнува училишната година, а приватните автобуси кои требаше да ги заменат и расипаните возила на ЈСП - ќе останат паркирани. Се воведува редуциран сообраќај. Како што едногласно одлучиле, приватните превозници ќе сообраќаат на една линија само по еден автобус и тоа еднаш  во денот, наутро или навечер. Што значи дека според зимскиот возен ред ќе недостасуваат 150 автобуси. Оваа одлука следи откако од ЈСП не добија позитивен одговор за исплата на нивниот долг, ниту за покачување на цената по километар.Бидејќи на седницата на Град Скопје не помина одлуката за потребата од набавка на нови еко автобуси, директорот на ЈСП, Драги Кушовски рече дека ќе се обиде да бидат поправени околу 40 автобуси кои би биле пуштени во сообраќај, што е далеку зад бројката од 150, кои недостасуваат. Но потоа, не даде одговор колку од овие автобуси се поправени, а на улиците се сведочеше уште за други десетици кои се расипуваа, а неколку и се запалија.Во меѓувреме, посебна компанија која работи на линиите 9, 11, 11а, 12, 47 и 55 нема да учествува во прекинот. Оваа компанија ќе се придржува до договорот со ЈСП и ќе го одржува редовен распоред на услуги. „Компанијата продолжува да ги исполнува своите обврски според прописите за транспорт и ќе ги одржува линиите во функција“, потврдија тие.Владата го повика градоначалникот да го подмири долгот со приватните превозници за да се реши прекинот и да се обезбедат непречени градски транспортни услуги.

Скопје | пред 1 година

arsovska-resenie

(Видео) Арсовска ја излажа јавноста: документот од архивата на Скопје ја покажува вистината

Скопската градоначалничка Данела Арсовска милува да се зборува со докази. А милуваме и ние. Веќе сфативме, таа треба да е секогаш во право.Освен кога ќе ја фатиме дека лаже. Како на пример на прес-конференцијата каде тврдеше дека не формирала комисија за да го преиспита боледувањето на генералниот секретар, Зоран Глигоров.Град Скопје е затворен за одговори на медиумите, но архивата е отворена за „Скопје1“. Ова е решението, потпишано од Арсовска, а заведено во градската архива. Затоа констатираме – Арсовска, излажа!Времето ќе покаже како владеела Арсовска. А нејзе веќе ја прашавме:„Дали сметате дека секој политичар што ќе ја излаже јавноста, треба да се повлече од функцијата?“, стои во пораката до Арсовска од „Скопје1“.Вас ве охрабруваме, секое беззаконие да ни го пријавите со докаази и нам! Анонимно.

Скопје | пред 1 година

Sequence-09.00_04_06_26.Still003

(Видео) Арсовска без срам, не си оди од Град Скопје: наместо одговори, напади кон новинарот на „Скопје1“, кого го галеше по лице

Скопската градоначалничка Данела Арсовска не се срами, ниту пак планира да си оди од Град Скопје. Таа немаше одговор како го направила долгот на Градот да биде 575 милиони денари.Наместо одговор на прашањето дали ќе поднесе оставка, таа галејќи го новинарот на „Скопје1“ му рече: „За вас ми е многу жал“ и одговори на прашањата најави за попладне.На прашањето дали се срами од тоа што градот е катастрофа невидена, немаше одговор туку напад кон новинарот со „Жал ми е што морате овие работи да ги правите“.На укажувањето дека таа мора да чисти и да се грижи за Градот, Арсовска не искоментира ништо, а на прашањето како го направила долгот 575 милиони денари рече: „Не ги разбирате овие работи. Извинете, ќе се видиме подоцна, се ќе ви одговорам“.‘Во текстот е направена ненамерна техничка грешка за износот на парите, која ја корегиравме.

Македонија | пред 1 година

pozar-kukja-cair

(Видео) Гори куќа во Чаир, лепенка до зграда на осум ката

Голем пожар избувна во куќа во Чаир, јавуваат жители за „Скопје1“. Според снимките кои ги имаме, цел кат во куќа е целосно опожарен со се кров, а во непосредна близина има и зграда на осум ката.Екипи на Противпожарната бригада веќе се обидуваат да го локализираат и изгаснат, за да спремат негово проширување на соседните објекти.Засега нема информации за повредени лица и причини за пожарот.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_16-08-2024_11-11-00-8770AM

(Фото) Измет пловеше низ Вардар и прашува: Каде е прочистителната станица?

Изградбата на пречистителната станица на Вардар во Скопје спасот за енормното загадување на најдолгата македонска река, низ која постојано течат фекалии. Штетите ги трпат граѓаните, особено земјоделците кои произведуваат храна преку насади. Три години откако скопската градоначалничка Данела Арсовска дојде на чело на Град Скопје, а граѓаните немаат чуено низ збор за тоа до каде е изградбата на спасот за Вардар.Денеска, прашањето и беше поставено и јавно преку импровизиран измет кој пловеше заедно со фекалиите низ центарот на Скопје. На него, прашање: Каде е прочистителната станица?Истото прашање, „Скопје1“ пред четири денови го испрати до новиот директор на „Водовод“, кој го назначи Данела Арсовска. Но не добивме одговор. Прашавме и зошто парите потребни за прочистителната станица не се уплаќаат, а со тоа се кочи проектот, но ниту тоа не беше одговорено.Скопјанецот и македонски артист Марко Џамбазоски, објави снимка од која се гледа како отпадни води се влеваат во Вардар.

Скопје | пред 1 година

arsovska-gradonacalnici

Арсовска може да остане и со „врзани раце“ во раководењето: ги блокирала градоначалниците на телефон, контакт немаат ни по мејл

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, да остане без надлежности во делот на отпадот и хортикултурното уредување, побараа скопските градоначалници кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Ова доаѓа по низа критики во делот на хигиената и отпадоците кои се расфрлани на сите страни, но и нервозата која ја има кај граѓаните. Барањето ќе биде доставено до Владата, а надлежностите ќе треба да ги преземат општините. Арсовска се крие од градоначалниците, тврдат тие. Не им одговара на пораки, на службени дописи. Дотолку што, Висар Ганиу од Чаир посочува дека ги блокирала и нивните броеви. Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Општина Кисела посочува дека ќе мораат да чекаат избори, ако Арсовска не се реши сама да замине од функцијата.„Одговорно тврдиме како градоначалници, дека како што и ги вршиме своите обврски и задачи изминатиот период и ги задоволуваме потребите на нашите сограѓани, со дополнително зголемување на надлежностите, со овие две претпријатија откако нормално ќе бидат трансформирани дека ќе дадеме барем за двојно подобра работа од она што го имаме во моментот“, вели Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Општина Кисела.Градоначалникот на Чаир, Ганиу, посочува дека контакт со Арсовска не постои и додава: „Не знаеме како да функционираме. Немаме комуникација ниту поединечно како колеги, градоначалничката нè блокирала на телефон“.Арсовска претходно го впери прстот во премиерот Христијан Мицкоски што градот е нефункционален, иако проблемите потекнуваат од Градот Скопје со кој таа раководи.Трансформација треба да заврши до декември и од први јануари Општините да се грижат за хигиената. Тие за оваа цел ќе имаат свои јавни претпријатија и тоа значи дека и во иднина и после мандатот на Арсовска, Градот нема да има јавни претпријатија за хигиена и зеленило.

Скопје | пред 1 година

Avionska-dezinsekcija-prva-faza-11

Град Скопје ќе прска против комарци...

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16 и на 17.08.2024 година (петок и сабота) во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје.„Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, велат од Град Скопје.

Скопје | пред 1 година

300856868_623658112719457_2847905519691291869_n

Директорот на Паркови даде оставка, Арсовска доби повик до петок да се спакува: „Ќе и се случи народ!“

Директорот на градското јавно претпријатие „Паркови и зеленила“, Мартин Ангеловски, поднел оставка од функцијата, дознава „Скопје1“. Според наши информации, оставката е депонирана до скопската градоначалничка Данела Арсовска, за која скопјани би рекле дека единствено што милува и прави е да менува директори.Ангеловски е првиот од триесетината директори, кој сам дава оставка, наместо да биде разрешен. Неофицијално, во оставката стои дека е од лични причини, а доаѓа во време кога Арсовска се крие од јавноста. За него, Арсовска посочуваше дека е лице со 15 години работно искуство.Во изминатите денови, како што објави „Скопје1“, Арсовска го смени директорот на Водовод, а потоа и на Комунална хигиена. Ова го направи тивко, без никакво соопштение како што милуваше да биде праксата во минатото.„Скопје1“ дознава дека промените не биле направени поради нерегуларности или незадоволство, туку поради караница која Арсовска ја имала со нејзин близок соработник, чиј предлог се разрешените.Скопјани пак, нервозни. Бараат од Арсовска да поднесе оставка до петок.„Ајде вака да и дадеме можност на "дамата" Данела да биде достојна до петок 16.08.2024 да си поднесе оставка причините се повеќе од јасни, ако почнеме да ги набројуваме немаат крај, нека биде достојна нека си даде оставка, доколку не се случи тоа, неа ке ѝ се случи народ, но не партиски, напротив од незадоволството на секој еден граѓанин на Скопје без разлика на партија вера и нација“, пишува Игор Кнеле, жител на Скопје.Скопје во мандатот на Арсовска наместо модерен - стана град со незадоволни луѓе, наместо метропола – град на заборавени жители.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-08-10-at-10.07.25

Данела е во хибернација, освен што пали низ Скопје - ситуацијата е критична, градот е јавна депонија, алармира Христовски

Ексдиректорот на Градски паркинг, Бојан Христовски, жестоко удри во скопската градоначалничка, Данела Арсовска. Откако беше запален автомобилот на Драги Митковски-Книга, Христовски вели дека Арсовска е во хибернација освен што пали низ Скопје.„Ова не е Скопје на кое ние се сеќаваме! Огромен број мои сограѓани денес се одзваа на повикот за будење на Данела, но таа сеуште е во хибернација (освен што пали низ Скопје). Во екот на летната сезона, со температури над 40 степени, Скопје е преплавено со непријатна миризба од сметот кој се цеди од камионите на Комунална хигиена. Камионите на ЈП "Комунална хигиена" оставаат зад себе течност со бактерии која возилата ја разнесуваат низ цело Скопје. Градската власт не прави ништо—ниту ги мие, ниту ги дезинфицира јавните површини и контејнери“, вели Христовски.Според него, асфалтот лепи, реата е неподнослива, а градот е претворен во легло на зарази.“Градот е претворен во јавна депонија, а ситуацијата е критична. Скопје не може повеќе да ја трпи немарноста и садизмот на Арсовска кон жителите и градот Градоначалничката директно го загрозува јавното здравје на скопјани и за тоа треба да сноси одговорност! Дополнително, ЈП "Комунална хигиена" е целосно распадната и нефункционална, не се следат никакви распореди за собирање ѓубре, а прашање е дали има и доволно камиони. Да Ве потсетам дека додека ние редовно ги плаќаме сметките и огромни средства се слеваат во буџетот на ова јавно претпријатие, токму за време на мандатот на Данела Арсовска се сменија неколку директори и се случија бројни проблеми и скандали во работењето. Прашањето е дали претпријатието има соодветна механизација и доволно вработени, или сè е распарчено од директорите на Арсовска? Многу одговори ќе треба да се добијат преку финансиски ревизии откако скопјани ќе и дадат црвен картон на следните Локални избори во 2025 година“, додава Христовски.

Скопје | пред 1 година

arsovska-mitkovski

Запален „мерцедесот“ кој го возел Драги Книга, екссоработникот на Арсовска

Автомобилот на Драги Митковски, познат како Драги Книга е ноќеска опожарен во скопската населба Ѓорче Петров. Автомобилот не бил вво негова сопственост, а станува збор за „мерцедес“. На местото имало увид од полиција, но и група негови пријатели.Драги Книга важеше за близок соработник на скопската градоначалничка Данела Арсовска. Неофицијално, тие имаат нарушени односи од пред скоро повеќе од месец.Засега непознато е кој стои зад опожарувањето и од која причина.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-08-06-at-17.04.39

(Видео) Автобус на ЈСП паркиран, гума „лета“ низ „Партизанска“ – директорот и претпријатието молчат!

Снимка на која се гледа како автобус е паркиран среде Партизански одреди, а пред него има излетана гума, додека непосредна близина нема други возила, доби „Скопје1“. Според неофицијални информации, станува збор за уште една несреќа на ЈСП. Лицето кое ни ја прати снимката тврди дека гумата е од автобусот на ЈСП.За потврда на оваа информација се обративме до јавното претпријатие. По теркот на градоначалничката Данела Арсовска, и тамошното раководство назначено од неа, не одговори на прашањата. Го исконтактиравме и директорот Драги Кушовски телефонски, а тој не одговори ниту на прашањата кои ги доби по СМС, ниту на повиците.Автобусите на ЈСП станаа “распад систем”. Постојано се расипуваат, некогаш и среде булевари. Најстрашен беше примерот кога автобус влета на жардењера, а возачот сведочеше дека причината е неисправност. Изминатиот месец, два автобуси се запалија, од кои еден под Железничка, друг во Бутел 2.

Скопје | пред 1 година

arsovska-1

По петти пат Арсовска смени директор во Водовод: приватизираниот Град не кажува зошто

Градоначалничката Данела Арсовска по петти пат во нејзиниот мандат го менува директорот на „Водовод и канализација“, дознава „Скопје1“. По Виктор Панчевски на кого вчера му истече мандатот како в.д. директор, назначен е нов в.д. директор.„Скопје1“ ја праша Арсовска зошто пак менува директор на претпријатието, а оттаму, не очекуваме одговор, со оглед дека таа градот го приватизираше и не дава отчет никому.Претходно, Арсовска го разреши Драган Илиевски додека тој беше на боледување. Панчевски го наследи на 6-ти февруари. По доаѓањето на функцијата градоначалник, Арсовска го назначи Златко Перински, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, но го разреши по кавгата со Христијан Мицкоски. На негово место го стави Марјан Митовски, по неколку месеци го смени и него и го назначи за директор Илиевски, кој претходно беше в.д. во Зоолошката градина. По Илиевски, дојде Панчевски.Ваквото менување на директори не е само во ова претпријатие. „Скопје1“ дознава дека против некои претпријатија има и тужби за незаконско разрешување на директори од страна на Арсовска.

Скопје | пред 1 година

OTPAD-VO-SKOPJE

(Видео) „Ова е невидена катастрофа, ќе ви се згади животот, се срамам што живеам во овој град“, жител шета туристи и снима отпад кој стоел со месеци

Плоштадот „Филип Втори“ тоне во отпад, сведочи граѓанин, кој додава дека ова трае со месеци и години. Од снимките кои ги направи во живо се гледа зафрлена пластика, кеси и друго ѓубре.„Ова е од луѓе кои не почитуваат ништо, а како што гледате и не постојат никакви комунални служби кои би дошле и подзачистиле, за да може барем строгиот центар на градот да заличи на нешто нормално и да престанеме да се срамиме од луѓето што доаѓаат во Скопје. На сите страни има пластични шишиња, некој јадел американски крофни, надолу накај Камени мост не се ни симнувам, ќе ви се згади животот. Ова е невидена катастрофа, се срамам што живеам во овој град“, вели објавувачот, кој беше придружуван од група туристи.И скопјани со куп замерки за раководењето од страна на градоначалничката Данела Арсовска, директорите на претпријатијата кои таа ги назначува и самите претпријатија. Интересно е што и општините реагираат за ненавремено собирање на смет, а пак, „Комунална хигиена“ откако ќе го собере праќа деманти дека ете, реагирале. Дополнително, најчесто комуналците не го собираат сметот што е околу контејнерите.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-08-03-at-13.43.49

(Видео) Пожарот под Кале е изгаснат

Пожарот кој вчера избувна под Кале, на кејот од Вардар кај поранешниот полегон е веднаш изгаснат.По интервенцијата со четири противпожарни возила, пожарникарите брзо го ставиле под контрола.Причината за неговото избувнување, засега, не е познато. Постојат сомнежи дека можеби причината е човечки фактор.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Крими-Скопје: Грабеж, мигранти, натепани малолетници, натепана вработена на Клинички, групни пресметки

Денеска (01.08.2024) во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 06.00 часот во казино на подрачјето на Центар, две лица со закана со остар предмет од вработената одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 31.07.2024 во 16.30 часот во СВР Скопје од касарната Илинден било пријавено дека во кругот на касарната биле затекнати три лица-мигранти од Египет, од кои едното лице било малолетно. Тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.Денеска (01.08.2024) во 00.30 часот во СВР Скопје, Н.М.(49) од Скопје пријавил дека на 31.07.2024 околу 23.00 часот пред казино на подрачјето на Центар, тој и неговиот син Д.М.(26) биле физички нападнати од Е.К., А.К. и уште едно лице кое се заканувало со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 31.07.2024 во 23.55 часот во СВР Скопје, А.Ш.(54) од Скопје пријавил дека околу 21.55 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, едно лице физички го нападнало неговиот малолетен син и уште еден вработен во објектот В.Л.(22) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Денеска (01.08.2024) во 07.40 часот во СВР Скопје, Н.Т.(58) од Скопје пријавила дека на 30.07.2024 околу 13.00 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека извршувала работни задачи како вработена во Центарот за рехабилитација на патологија на вербална комуникација, била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Денеска (01.08.2024) во 01.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од куќа во Студеничани-скопско, по претходно семејно недоразбирање бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.С.(28) и С.С.(35) од една страна и С.С.(41) и О.С.(38) од друга страна, сите од с.Студеничани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 31.07.2024 во 03.15 часот во с.Глуво-скопско полициски службеници од СВР Скопје го привеле Н.А.(31) од с.Чучер Сандево-скопско поради тоа што околу 01.30 часот заедно со негов пријател, физички го нападнале А.С.(19) од с.Мирковци, скопско. Исто така околу 10.00 часот било пријавено дека Н.А. му упатувал и закани и на И.С.(49) (татко на А.С.). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.Б. (35) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 14.11.2023 во с.Ласкарци, општина Сарај, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени еден пиштол-марка „Валтер ППК“ , две рамки и шест куршуми.

Скопје | пред 1 година

pozar-skopje

(Видео) Сив чад над Скопје, мириса на запалено

Сив чад надвисна над Скопје. Жителите се жалат дека мириса лошо, односно на изгорено. Се сомневаат на пожар, иако засега, од официјалните државни институции за такво нешто.Од снимките кои ги направивме може да се воочи дека од Карпош не се гледа крстот на Водно, додека другите покажуваат какво сивило има над Скопје.„Скопје1“ праша во ЦУК и очекува одговори за тоа, дали освен тековните девет пожари има и нови жаришта. Оттаму очекуваме одговори.Се претпоставува дека чадот можеби доаѓа од Јасен, каде се со денови гори.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

По 32 и 24 години имаат убијците од Батинци, а 26-години има скопјанецот кој проба да изврши убиство во Чаир

Единицата за насилен криминал - Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против С.Н.(32) и М.Џ.(24) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство" по член 123 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали" по член 396 од Кривичниот законик.По преземени мерки и активности во координација со јавен обвинител, утврдено е дека на 01.07.2024 во с.Батинци, скопско, пријавените со автоматски пушки пукале кон возилото „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од с. Црн врв, при што на местото починал А.Б.И., а З.И. се здоби со повреди и беше пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар Скопје.Единицата за насилен криминал - Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, исто така, поднесе кривична пријава и против В.И.(26) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.По преземени мерки било констатирано дека на 17.07.2024 на подрачјето на Чаир во Скопје, тој со пиштол пукал кон Д.Б.(31) и му нанел тешки телесни повреди.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-39-0010PM

„Критикуваме Олимпијада, а: Скопје се пече зошто дрворедите се десеткувани, Вардар е фекална вода, кејот е пустош“

Новинарката Офелија Димковска по повод коментарите за Олимпијадата, потсети дека во Македонија е и полошо, но се заборава да се критикува и менува на подобро.Нејзиниот статус во целост:„Немојте да заборавите дека, додека си седите и си коментирате Олимпијада 'ми се свиѓа не ми се свиѓа', како да сте направиле нешто (по)добро, живеете во земја во која:1. Од кафаните во туристичките центри само во една инспекција беа фрлени 9 тони расипана храна2. Дека од вести со часови се пренесува во живо гасење на пожари со детално објаснување, се разбира пожарот е во позадина некаде, а и тие што гасат речиси со голи раце.3. Од петте најбогати луѓе во Македонија двајца се трговци од оние маркети каде што храната мириса на прашок за перење зашто на исто место се чуваат4. Дека нови политичари парадираат налицкани и манипулираат дека одеднаш нема пари за ништо освен за нивните плати што уредно ќе си ги земат на први во месецот.5. Дека од каршија Србија има 113 спортисти на Олимпијада6. Дека градоначалничката што велеше дека ќе има бесплатен превоз, го укина скроз. Таму ќе седи 4 години и ќе го има тоа во биографија. Дека седела и се расправала. Тоа ќе го нема7. Дека од одбележување 61 година од земјотрес имаше само положување цевеќе8. Дека креативноста е умрена9. Дека Скопје се пече како под вршник зашто дрворедите се десеткувани10. Дека не испрскаа регуларно против комарци па ги има во роеви11. Дека Вардар е фекална вода.12. Дека од забава има кафанска забава13. Дека во Париз врне лие и во такви услови се свири пее игра плови. Да е еден дожд на дивите метални тераси во. Струга, струја луѓето ќе ги убие.14. Дека кејот е пустош.Знаете за она 'очи широко затворени'.Дали да редам уште...Таа Олимпијада што ја гледате се спрема 4 години во неа се вклучени 20 000 луѓе, многу работеа волонтерски вклучително познати дизајнери кои изработија 1 000 костими а за овие две недели сите француски познати готвачи ќе работат бесплатно за да ги нахранат спортистите...Знаете вие некој наш познат готвач?Дали да редам уште...“

Коментари | пред 1 година

ezero-treska

(Видео) Пустош, змии, руини, сцена како од хорор филмови, кој ги „лапна” парите на скопјани за изградба на езерото Треска

Руина, пустош, исечени и исушени дрвја, трева до колена, змии. Тоа е се што остана од некогашното популарно место за разладување и уживање на скопјани, езерото Треска.Од трските не се ни препознава местото каде некогаш беше езерото. Местото е како тука да се снима некој хорор филм.Пред две години Општина Сарај почна со уривање на објектите. Прво нелој дозволи да се изнесе целото железо за препродавање, а потоа се отстранија бунгалови, кафулиња, ресторани, базени, гардероби, тушеви и тоалети. Камперите кои тука го бараа спасот од скопските горештини протестира, но толку, градежната механизација си го заврши своето.Но ништо не е ни почнато да се прави од тоа што беше кажано и зацртано. Сега царуваат само змиите.За скопјани остана нејасно кој го разграби нивното езеро и колку се офајди.Во 2020 година, Владата дел од земјоделското земјиште во селата Глумово и Шишево, кое се наоѓа околу езерото, го пренамени во градежно за да може Општина Сарај да направи Детален урбанистички план. Тогаш од Владата рекоа дека оваа одлука е донесена за да може во овој дел од предградието на главниот град да се цртаат маркички и да се гради викенд населба, хотелски комплекс и спортско-рекреативен центар за развој на еко туризам, со што воедно ќе се врати во функција и езерото.Езерото Треска е изградено во 1978 година со самопридонес од жителите на Скопје. Со површина од 136.000 метри квадратни и капацитет за 10.000 капачи, во 1980-тите и 1990-тите функционираше бешеглавно излетничко место за скопјани, особено во летните месеци. Околу езерото кое беше длабоко од 1,6 до 3 метри се наоѓаа бунгалови, кафулиња, ресторани, базени, гардероби, тоалети, спортски терени, како и камп за приколки и трејлери. Езерце Треска живееше само 20 години. Во 1998 година, поради загаденост на водата е затворено за капење и оттогаш почнува неговото пропаѓање. Денеска, комплексот околу езерото е целосно уништен и никој ништо не кажува дека нешто се размислува да се превземе.

Скопје | пред 1 година

451001856_10159908318116245_5893143132112351475_n

(Фото) Алармантно станува: На носила ти ги изнесуваат патниците од ЈСП!

Подолг период жителите на Скопје сведочат на нередовноста на јавниот превоз и гужвите во автобусите како последица на тоа. Градоначалничката Данела Арсовска исто толку време молчи за проблемот предизвикан од ЈСП, од менаџер кој таа го поставува и разрешува.Овие фотографии се од утринава. Ги објави новинарката Соња Христовска Угриновска. На патник му се слошило. Во коментари, скопјанка коментира и: „Лудило е ова. Секој ден среќа е да стигнам на работа“.„Скопје1“ неколку пати ја контактираше Арсовска која тера инат криејќи се од јавноста, не повлекувајќи се од функцијата, иако проблемите во градот се собираат. Таа не одговара на прашања од јавноста.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-06-23-at-20.56.47

(Видео) Поплавени домови во Скопје, падна цела ограда од пешачки мост во Автокоманда, одлетани кровови оштетија автомобили

Од невремето кое вечерва го зафати Скопје во оперативниот центар на ЦУК стигнаа околу 70 пријави од 112 кои претежно се за паднати дрва во општините Аеродром, Гази Баба и Центар. Има и пријави за поплавени подруми и улици во Бутел и Ѓорче Петров. Сите пријави се пренесени на надлежни институции.Дел од оградата заедно со рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда паднале врз две возила во движење. Немаме имформации за повредени лица.Граѓаните јавуваат и за гужви на обиколницата во Скопје, на исклучокот кај Бутел.Невремето направи хаос кај Хотел Хилтон.

Скопје | пред 1 година

danela-avtobusi

Тешко на Скопје: Приватните автобуси во гаража, ЈСП нередовен - одново проблем со јавниот превоз откако Арсовска го води градот

Приватните автобуси во понеделник ќе бидат паркирани во гаражите, возачите нема да возат, а главниот град ќе остане без превоз, бидејќи приватниците тврдат дека не добиле пари од месец јануари.Дел од нив за медиумите тврдат дека долгот се зголемил на повеќе од 140 милиони денари, а надлежните никако да го решат проблемот.Револтот кај приватните превозници е чест откако Данела Арсовска стана градоначалничка на Скопје. И во текот на изминатата година тие протестираа и бараа да им се платат парите кои им ги должат, а Арсовска се контраше и велеше дека не должи ништо.Граѓаните речиси 2 години се жалат од јавниот превоз оти автобусите се нередовни, а кога доаѓаат се преполни со патници.Протестот на приватните превозници доаѓа во време кога ЈСП намалува број на автобуси низ скопските улици, укинува линии, а некогаш дел од автобусите иако стојат во распоред, не се обраќаат на релациите.

Скопје | пред 1 година

kmkk

Сведоштво: Скопје стана Бејрут! Среде ноќ украден е велосипед и автомобил

Скопјанката Соња Дамјановска сведочи како од куќа позади Универзална сала, среде ноќ, е украден точак, а потоа, и автомобил. Апелира до сите, доколку некој го здогледа автомобилот, а и алармира.„Другари вчера вечер помеѓу 12:30ч и 02:40 на ул. Христо Смирненски позади универзална сала извршена е кражба во куќа додека во неа мирно спијат луѓе над 70 години! Украден е точак Giant, клучеви од Кола Suzuki Swift црвена боја-слика во постот.Крадецот си оди прво со точакот па околу 2:37ч, се враќа и ја краде колата( снимка од сосед).Ве молам доколку некој ја види колата со регистрација SK4070AN Suzuki Swift-црвена боја, нека пише веднаш! Ви благодарам. Центарот на Град Скопје стана Бејрут!“, алармира скопјанката.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-06-08-at-17.53.01

(Фото) Климите се вклучени, убедуваат од градската библиотека по сведштвата

Снежана Стојчевска, директорка на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ негира дека климите биле вон функција, како што сведочеше Умејр Мухамеди. Според неа, се е во функција, иако Мухамеди сподели и фотографија од клима која се гледа дека е исклучена.„Во читалните во Библиотеката има нови инвертер клими што ги поставивме минатата година и се во функција. За време на енергетската криза се придржувавме до препораките за штедење на електрична енергија, донесени од Владата. Сега нема такви препораки, ниту пак насоки за невклучување на климите од моја страна или од страна на раководителките, што значи дека нашите читални се климатизирани. Во вашиот текст цитирате фб статус на корисник и наводен одговор од страна на Библиотеката. До нас како институција никој не се обратил со поплака, бидејќи немало простор за тоа. Од друга страна, ниту пак вашата редакција побарала потврда и одговор од ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје за став што освен невистини и навреди, има и силна тенденција за политичка конотација.За потсетување: читалната е единствената во земјава што и понатаму работи 24/7 со солидни услови за сите студенти и корисници, што ја прави посебно атрактивна за време на испитните сесии. Симболичниот надомест за користење на услугите во читалната и понатаму е само 300 денари на годишно ниво. Во исто време, ГБСК останува едно од најатрактивни културни јадра во главниот град и пошироко, за што говорат нашите активности, бројната публика, задоволните читатели и корисници, како и неодамнешната награда Промотор на читачката култура што ни ја додели Македонската асоцијација на издавачи.Оттука, повикувувајќи се на вашата професионалност во информирањето, ве замолуваме за сите прашања поврзани со работата на Библиотеката да ни се обратите директно нам“, велат од Градската библиотека.

Скопје | пред 1 година

danela-arsovska-1

„Здраво Дано, можеби те прекинувам во битна работа, хаха, се зезам, знам дека не работиш!“- иронично писмо до Данела Арсовска

Популарната инфлуенсерка, Ина Многуфина, јавно ја прозва градската мајка, Данела Арсовска. Преку ироничен коментар и порача дека жичарницата е вон функција и праша зошто ако има изменето работно време, за тоа јавноста не е известена. Ина, ѝ порача на Данела да му пренесе на директорот на ЈСП, да ѝ ги измасира нозете.„Здраво Данела Арсовска, извини може те прекинувам во некоја битна работа низ градов, хаха, се зезам, знам дека не работиш. Туку, јас не знам дали знаеш, се качувам на Водно и после се симнувам со жичара пошо ме болат коленцата. Исто така не знам дали знаеш дека жичарата има денови кога не работи, а за сите други измени во работното време треба да се известат граѓаните односно јавноста пошо вие сте во служба на јавноста затоа се викате јавни службеници.И денес Дано, одам јас, нагоре нагоре, два пати липсав, еднаш нешо ми шушкаше, со сите реков "добар ден", стигнав, крави пасеа горе, и жено замисли жичарата не работи. Отварам по социјални мрежи, отварам сегде да видам каде објавиле овие твоите, ништо. А јас знам дека ти се разбираш од дигитал и ги знаеш бенефициите и моќта од истиот како информативен канал. Како и да е Дано, седам јас и сфаќам ќе се симнувам пешки. Ми се стемни. Времето не ми е планирано за пешки, имам обврски и јас, коленцето ме боли, вода неам, а горе не работи ништо, и тргнувам јас Данче моја по уздолницата. Стигнав да не ме мислиш, све ме боли. Сега, кажи му на тој директорот на ЈСП да дојде да ми ги масира нозете додека не му кажам доста, провери си зошто не ти работат службите, веројатно со автобусине до средно имаат отидено и пензионери и родители кои џабе дошле, и еднаш засекогаш разберете дека вие сте во служба на јавноста која треба да ја информирате.Затоа сте јавни службеници. Остај што ве тапшаат по дома дека сте битни фаци. Не сте, во служба сте на народот и имате обврски према него. Утре ако уште ме болат нозете пак ќе ти пишам. А да, да не заборавам, немојте да објавите нешто од типот дека жичарата е во квар пошо не е, проверив. Следниот пат ко ќе се качам ако пак не работи, ќе те барам да го пратиш тој од ЈСП да дојде да ме земе и да ми донесе вода“.

Коментари | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања