Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СКОПЈЕ

295914867_5473983762647791_4342703486537291351_n

Запрете со асфалтирање патеки во Градскиот парк, асфалтот ослободува поголема топлина, велат од Зелен хуман град

„Зелен хуман град“ по објавувањето на веста дека се асфалтираат патеки во Градски парк испрати официјален допис до Град Скопје и до ЈП „Улици и патишта“ - Скопје.„Бараме Град Скопје веднаш да ги адаптира своите активности на препораките кои се дел од стратешките документи што локалната самоуправа ги изработува, а се платени од нашите јавни пари! Во Стратегијата за отпорно Скопје од 2017 г. се вели „Колку повеќе бетон и асфалт, толку повисока температура. Потребни се повеќе зелени површини, зелени покриви и зелени фасади.“ „Конвенционалните материјали за поплочување можат да достигнат летни температури и од 48-67°C. Ваквите загреани површини ја пренесуваат топлина во воздухот над нив со тоа значајно придонесуваат за создавањето на топлински острови. […] Улиците, плочниците, паркинзите, тротоарите и другите површини може да се конструираат со користење на пропустливи/проодни материјали за поплочување, и со тоа да се помогне да се излади околината, истовремено намалувајќи го истекувањето на атмосферските води.“ е наведено во студијата за Урбани топлински острови во Скопје од 2018 г.Ако земеме предвид дека според картата на урбани топлински острови, централното подрачје на Скопје се издвојува како најтопло место во кое се забележани највисоки среднодневни температури, тогаш е сосема јасно дека сите напори и активности на Градот мора да се насочени кон намалување на температурите, а тоа секако не се постигнува со нанесување црн асфалт кога постојат далеку поадекватни алтернативи. Темните површини многу повеќе се загреваат од светлите, а со тоа и ослободуваат поголема топлина (а со тоа и емисии) во воздухот. Според јавно достапните научни податоци, црниот асфалт под директна сончева светлина ослбодува и до 300% повеќе емисии! Бекатон плочките и тревнатите плочници се веќе во широка употреба кај нас доколку чакалот не е алтернатива за одредени категории од нашите сограѓани. Не бараме решенија кои не постојат или се прескапи. Бараме решенија со кои ќе се одговори и на потребите на скопјани, но и ќе се гарантира заштита на природата, односно одржливо ќе се управува со едно од ретките зелени прибежишта во Скопје“, велат од „Зелен хуман град“

Скопје | пред 3 години

asfalt-na-patekite-vo-park2jpg

Данела асфалтира патеки во Градски парк

Градоначалничката Данела Арсовска денеска преку соопштение се пофали дека Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“ почнале со асфалтирање на дел од земјените патеки во првиот дел од Градскиот парк. Веќе е асфалтирана патеката околу малиот лавиринт, а ќе се асфалтираат вклупно 7.500 метри земјени патеки во овој дел од паркот.Станува збор за патеките кои со години се покриени само со ризла. Тие ниту еден градоначалник досега не ги асфалтирал бидејќи станува збор за природна околина, асфалтот брзо се загрева и создава поголема топлина и е материјал кој се избегнува за поплочување на парковски површини.„По успешно завршената реконструкција на пешачките патеки во вториот дел од паркот, каде веќе се реконструирани над 12.000 квадратни метри, продолжуваме со реконструирање на сите останати пешачки површини. Предвидено е да бидат опфатени пешачки патеки на вкупна површина од 12.500 квадратни метри во првиот дел од Градскиот парк. Од вкупната површина 7.500 квадратни метри се пешачки патеки што се покриени со ризла кои ќе бидат асфалтирани, а 5.000 квадратни метри пешачки патеки кои се затекнати во лоша состојба со големи оштетувања, ќе бидат санирани со нова асфалтна маса“, стои во писмената изјава на Арсовска.

Скопје | пред 3 години

kovacevski-0123

Ковачевски: Денешниот ден е впишан во меморијата на солидарно Скопје, им оддаваме почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес

Денешниот ден кога одбележуваме 59 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, е датум кој е врежан во меморијата на градот на солидарноста, порача претседателот Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски по повод одбележување на годишнината од скопскиот земјотрес што се случи во 1963 година.„На денешен ден во 1963, во точно 5 часот и 17 минути, накратко запре срцето на Скопје. Катастрофалниот земјотрес однесе многу човечки животи и направи огромна материјална штета. Но, со трудот и пожртвуваноста на скопјани и на пријателите од целиот свет кои несебично подадоа рака, од рушевините се роди едно ново Скопје. Скопје кое стана синоним на солидарност, етничка и архитектонска шареноликост, на еден нов, модерен космополитски дух. Тоа е вистинскиот код на градот“, стои во фејсбук објавата на премиерот Ковачевски.Премиерот Ковачевски порача дека 26 јули е потсетник дека наша должност е на новите генерации да им ја пренесеме љубовта, еснафскиот дух и пожртвуваноста со кои градот се градеше и развиваше, но и да им оставиме аманет никогаш да не ги забораваат жртвите од земјотресот на кои денес им оддаваме почит.

Скопје | пред 3 години

236614972_1833678590135817_94677996816549323_n

„Сакаме ноќен живот во Скопје“ го откажаа протестот по повик од Спасовски

По денешната средба на претставници од Иницијативата „Сакаме ноќен живот во Скопје“ со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, откажан е протестот најавен за среда пред Владата.– Нашите барања најдоа слух кај надлежните институции. Министерот Оливер Спасовски лично се заложи за брзо решавање на проблемот и спас на ноќниот живот на младите скопјани. Како причина на нивната отвореност за решавање на овој проблем протестот се откажува, наведоа од Иницијативата „Сакаме ноќен живот во Скопје“ на „Фејсбук“.Од МВР за МИА информираа дека на средбата било разговарано за барањето на Иницијативата за издавање на лиценци за работа на летните клубови во Скопје, за што министерот Спасовски укажал дека од страна на МВР ќе биде направено се што е во рамки на нивните надлежности.Иницијативата „Сакаме ноќен живот во Скопје“ реагираше дека летните ноќни клубови сеуште немаат добиено лиценци за работа поради што најавија протест пред Владата.

Скопје | пред 3 години

nasilstvo-vrz-deca

Скопјанец се обидел да си го убие синот

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 43-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 и во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Во исто време, надлежниот обвинител презеде дејствија од кои произлезе дека осомничениот сторил и кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1, кое претходело на обидот за убиство.На 23 јули, во вечерните часови, осомничениот во алкохолизирана состојба пристигнал во семејната куќа во Радишани, каде со сопругата и децата живееле разделени на посебни катови поради претходно нарушени односи. Притоа започнал да ги навредува сопругата и ќерката, ги полеал скалите, оградата и ѕидот од куќата со бензин, заканувајќи се дека ќе ги запали ако не се отселат.Кога неговиот 18-годишен син се обидел да го спречи во семејното насилство, осомничениот со умисла се обидел да го лиши од живот. Тој го давел оштетениот со двете раце на вратот и се обидувал да го фрли од терасата на вториот кат кон дворот на куќата, на висина од 2,5-3 метри. Во намерата го спречиле сопругата и двајца сведоци на настанот.Оценувајќи дека постои сериозна опасност осомничениот да се даде во бегство доколку се брани од слобода, да се обиде да го доврши обиденото кривично дело и да го стори делото кое се заканувал дека ќе го изврши, како и да влијае врз сведоците и врз оштетениот, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје вечерва достави предлог за определување мерка притвор.

Скопје | пред 3 години

crven-krst

Мобилни тимови на Црвен крст со теренски активности за справување со топлотниот бран

Црвениот крст на град Скопје, со поддршка од Градот Скопје, денеска започна со теренски активности за справување со најавениот топлотен бран.Мобилните тимови на Црвен крст, од денеска (21.07.2022) до (28.07.2022) четврток ќе бидат на терен каде на повеќе фреквентни локации низ градот (автобуски стојалишта, амбуланти, пазари...) ќе дистрибуираат вода за граѓаните, како и информативни материјали со совети за граѓаните за заштита од високите температури, консумирање и приготвување на храна.Покрај ова, тимовите на Црвениот крст по потреба ќе вршат и мерење на крвниот притисок на граѓани кои ќе се пожалат на здравствени проблеми, а во интервентни случаи, доколку кај некое лице се забележи посериозен здравствен проблем, ќе се изврши и транспорт до најблиската здравствена установа или домот на лицето кое има потреба од терапија во домашни услови.Овие теренски активности за справување со топлотниот бран ќе ги реализираат 30 обучени волонтери од Црвениот крст.Во насока на грижата на здравјето на бездомните лица, мобилните екипите од пунктот во Момин Поток ќе пружаат помош за овие лица, преку дистрибуција на вода, мерење на крвен притисок, како и обезбедување на транспорт до здравствени установи во интервентните случаи. Мобилните тимови од пунктот во Момин Поток се составени од доктор и парамедик, а сите граѓани можат вакви случаи да ги пријават на телефонот 071/223-972.

Скопје | пред 3 години

290875644_435952028135539_3410499942260089155_n

(ФОТО) Тешка несреќа во Аеродром, автомобил се преврте на кров

Страшна сообраќајна несреќа се случи денеска во Аеродром. Автомобил се преврте на кров во близина на ТЦ Скопјанка.Очевидци велат дека се се случило за момент. На лицата кои се превезувале, помош им укажуваат слуачјни минивачи, а се чека и Брза помош.Засега нема информации како се случила несреќата и дали има тешко повредени. Автомобилот е со скопски регистрации.

Скопје | пред 3 години

0-02-05-d890a8df63a91d93e32cefa0d9f01252ec261455a01b0bd04c9d64d436762346_26e75acbece

(ФОТО) По рибарски чизми низ поплавениот центар на Скопје, невреметно откорна и дрвја

„Вода до колена“. Вака жителите на Скопје ја опишуваат состојбата во градот по краткиот односно 15 минутен дожд. Голем дел од улиците се поплавени, а најголеми проблеми имаше во Центар и Чаир. Дожд немаше во Аеродром. Жителите на улицата „Јордан Мијалков“ која се наоѓа позади Рамстор, со рибарски гумени чизми шетаа надвор. Улицата тонеше во вода. Силното невреме откорна и неколку дрва низ Скопје. Едно од нив е во скопски Капиштец, како и во Чаир. За среќа има само материјална штета, без повредени граѓани.

Скопје | пред 3 години

DSC_0043

Во Скопје се вози лудо: Изречени нови 236 казни, од кои најмногу за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територија на град Скопје изречени се вкупно 236 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 68 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 10 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за непрописно престројување на возила, пет мерки за возач почетник...Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, вели МВР.

Скопје | пред 3 години

taksi

Такстит натепан во Ѓорче Петров

На 22.06.2022 во 16.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека на такси станица на подрачје на Ѓорче Петров, Љ.С.(38) од Скопје бил физички нападнат од Б.Н.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

Vodno

Од утре нема одење на Водно

Од утре, петок (24.06.2022 година) Жичарницата и автобуските линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б) нема да бидат во функција.Времениот прекин на работа е согласно воведената делумна забрана за движење во шумите, побарана од ЈП „Национални шуми“ - Скопје, а одобрена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор.Жичарницата и трите автобуски линии нема да работат сѐ до проценката на надлежните дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, односно до отповикување на делумната забрана за движење во шумите.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Нов јавен повик за субвенции од Скопје

Одржувањето на чисто и уредно Скопје е еден од предусловите за намалување на загадувањето и живот по поздрава животна околина.Најголемиот проблем во областа на заштитата на животната средина, со кој се соочува Градот Скопје, е нарушениот квалитет на амбиентниот воздух во градот, особено со партикуларните честички (ПМ10 и ПМ2,5). Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на објектите кои не се приклучени на централно греење, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, несоодветниот квалитет на дрвото и начинот на негово чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки, како и нередовно одржување на оџаците.Затоа редовниот годишен повик за субвенции за одржување на оџаците на домовите, почнува денеска (22.06.2022 година), вклучувајќи ги реализираните активности за чистење оџаци од 01.01.2022 година заклучно со 30.11.2022 година, односно до искористување на средствата предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2022 година.Субвенциите се однесуваат на жителите на град Скопје (општини Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај), а субвенциите се валидни за чистење на оџакот на истата адреса по личната карта или деловен субјект.Со цел да учествува на јавниот повик потребно е да се исполнат следните услови:- Да е жител на подрачјето на град Скопје (општините во градот: Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел, Сарај);- Адресата на реализираното чистење да се совпаѓа со адресата од важечка лична карта на барателот дадена при пополнување на електронската апликација на интернет страницата на Град Скопје ;- Чистењето на оџакот да е извршено од стручно лице вработено во фирма што е регистрирана со шифра на дејност 81.22 согласно со Националната класификација на дејност;- Објектот каде што ќе биде чистен оџакот да не е во фаза на градба;- Да поседува оригинална фискална сметка за извршено чистење на оџакот со датум од 01.01.2022 година се до исцрпувањето на средствата од буџетот наменет за Јавниот повик, но не подоцна од 30.11.2022 година;- Да поседува оригинална потврда издадена од оџачар за извршено чистење на оџак со датум од 01.01.2022 година се до исцрпувањето на средствата од буџетот наменет за Јавниот повик, но не подоцна од 30.11.2022 година.За надоместување на дел од трошоците за одржување и докажување дека критериумите за учество се исполнети, барателот е должен да ја поднесе електронски преку интернет страницата на Град Скопје www.skopje.gov.mk или директно на линкот https://www.uslugi.skopje.gov.mk следната документација:- Пополнување на апликацијата за субвенција со личните податоци ќе биде електронски достапно преку: интернет страницата на Град Скопје: www.skopje.gov.mk или директно на линкот https://www.uslugi.skopje.gov.mk;- Доказ за лична сметка: со прикачување на скенирана лична трансакциска сметка на име на барателот;- Прикачена скенирана оригинал фискална сметка за извршено чистење ;- Прикачена скенирана оригинал потврда од оџачар за извршено чистење на оџакот.За учество на јавниот повик, лицата кои веќе се имаат регистрирано на https://www.uslugi.skopje.gov.mk , немаат потреба да креираат нов профил и преку постоечкиот можат веднаш да го поднесат нивното барање .Максималниот износ на субвенцијата изнесува 1200 денари, а персоналниот данок на доход е на товар на Град Скопје.Повеќе информации за јавниот повик на македонски јазик на линкот –www.skopje.gov.mk/media/8811/јавен-повик-оџаци-2022-мк-juni-2022-медиуми.pdf

Скопје | пред 3 години

urban-park

„Урбан парк заминува во минатото, стариот дрворед се заменува со хортикулутурно ѓубре“, реагира скопјанец

Урбан парк, онаков како што го познаваме заминува во минатото, вели скопјанец во својот статус на социјалните мрежи.„Со цел изградба на бетонското чудовиште Diamond Skopje или познато Лимак, Општина Центар - Скопје дало аферим да оди курбан паркот, а во замена за колатерална штета, Лимак да го направи нов и поубав (умирем)Паркот се уништува веќе година, од пред некоја недела се ставија огради преку него, а старите, возрасни, ЗДРАВИ дрвја се цепаат дневно.Во новиот план за паркот стариот дрворед со огромни, убави платани (Platanus occidentalis) ги нема, а заменети се со хортикулутурно ѓубре.За естетика не коментирам, не сум пејсажен архитетк ама знам дека сите растенија што ќе се садат се мали, смешни жбунчиња идеални за приватни дворови и НАЈВАЖНО - сите се климатски неотпорни и за нивно одржување ќе треба МНОГУ вода, која ние ја немаме.ЗАЧУВУВАЊЕ, ПРЕД ОБНОВУВАЊЕ. Да ви се намочам на бетонот“, стои во објавата“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

273891158_635937820806304_6210116644344671792_n

Скопјанец од Сара ограбил жена со закани

На 12.06.2022 во 18.00 часот во Полициската станица Центар, М.И.(20) од с.Сарај, скопско, пријавила дека во периодот помеѓу 10.00 и 11.00 часот на бул.„Гоце Делчев“ едно лице физички ја нападнало и со закана ѝ одзело чанта со пари и лични документи.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-06-12-095734

(ВИДЕО) Несреќа на Партизанска, избегната катастрофа: Откако се судрија, автомобил возејќи наназад се качи на жардењера

Вчеравечер на булеварот Партизанска, во близина на поликлиника Букурешт, во Скопје се случи сообраќајна несреќа.Автомобил додека стоеше на семафорите наеднаш почна брзо да вози наназад и се качи на жардињерата.Од видеото може да се забележи дека на семафорите стои уште еден автомобил од кои се излезени три лица.За сега нема информации дали има повредени во несреќата.

Скопје | пред 3 години

0-02-05-d934b284f56ff2fbeb6ddf193a03c550fe8c7201865de71dacbcb697e0cec58a_26e2648cdc2

ФОТО: Прокисна тераса на кафуле во скопски трговски центар

Кафулиња во скопски трговски центар прокиснаа од поројните дождови кои вечерва го зафатија главниот град. Тендите поставени на времените летни тераси не беа доволни силни за да го издржат интензитетот на дождот и невремето. Па така, наместо водата да се слева надвор од објектите, таа ги накисна гостите.„Од страните врнеше буквално врз масите, а од средината течеше како чешма“, објаснуваат гости во еден од локалите.Невремето го зафати скоро цело Скопје. Почна од Аеродорм, па продолжи кон Карпош и Ѓорче Петров. Улиците беа преплавени со вода.

Скопје | пред 3 години

klima-ured

Се објавува повик за субвенции за клима уреди во Скопје, позната е постапката за пријавување

Градот Скопје во понеделник ќе го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2022 година, а граѓаните ќе може да аплицираат онлајн.На повикот може да аплицираат лица што набавиле инвертер клима уреди почнувајќи од 01.01.2022 година и се жители на Град Скопје (општини Гази Баба, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Шуто Оризари, Центар, Ѓорче Петров, Бутел и Сарај) и кои ги исполнуваат предвидените услови. Повикот ќе биде отворен до 01.11.2022 година или до денот на исцрпување на средствата. Јавниот повик ќе се реализира по редослед на аплицирање, односно по дата и време на аплицирање и по испратена потврда за предадена печка.Согласно условите од јавниот повик граѓаните за да добијат субвенции за инвертери ќе треба доброволно и без надомест да ги предадат постојните печки на дрва, јаглен, нафта или мазут. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во нето износ не повеќе од 62.000 денари.На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење без оглед на тоа дали го користат, како и лица кои претходно добиле субвенции за набавка на печки на пелети или инвертери.Документацијата потребна за онлајн аплицирање ќе биде објавена во понеделник на интернет страната на Град Скопје www.skopje.gov.mk , а аплицирањето ќе се врши преку платформата www.uslugi.skopje.gov.mk , која исто така ќе биде активирана во понеделник.Во Буџетот на Град Скопје за 2022 година за оваа намена се предвидени 24 милиони денари.

Скопје | пред 3 години

284936157_10224191096237477_6714764860548443710_n

Вистината за животот на Ромите од Шутка, скопјанец сподели сурови детали

Скопјанец на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека живееме во дискриминаторска средина полна со предрасуди. Тој објави дел од проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Шутка.„"Не ти беше ли страв дека ќе се заразиш?", ме праша еден пријател кога му кажав дека минатата недела се возев во минибус со 15 Роми од Шуто Оризари до Охрид, каде што поминав преубави три дена со нивната НВО."Абе што ќе ги учиш, нив ги бива само за крадење," продолжи просветлениов.Не знам колку тие научија од мене, но јас научив дека Абдула завршил машински со просек 9,3 (дел од испитите ги учел во тоалет, додека останатите спиеле), Сеад завршил шумарски и е успешен претприемач, Ибрахим студира медицина...Научив и дека граѓаните на Шутка плаќаат иста цена за автобуски билети, а добиваат многу полоша услуга. Автобусите 19ка и 20ка се крш во споредба со оние од другите линии - стари, без клима, без редовен сервис (оние новите климатизирани и на метан се резервирани за другите населби кај што живеат луѓе со посветол тен).Научив дека често автобусите не возат до крајната дестинација и ги оставаат патниците до затворот, на тој начин принудувајќи некои од нив да одат пешки и по четири станици за да стигнат дома.Научив дека поради нередовноста многу деца не можат на време да стигнат на училиште, а родителите на работа или мораат да дел од скромните плати да ги трошат на такси.Научив дека жителите на Шутка секојдневно се соочуваат со понижувања и нељубезен однос од страна на шоферите и контолорите на карти само затоа што се Роми.Научив, односно си потврдив, дека живееме во ужасно дискриминаторска средина полна со предрасуди.Пријателе, граѓаните на Шутка не се ништо помалку вредни од мене и тебе. Единствената разлика меѓу нив и нас е што немале шанса да растат во исти ислови, во средина каде добиваат ист третман со останатите кои со замислена плава крвИ да не заборавам да одговорам на прашањето, да се заразив. Се заразив со нивниот ведар дух, добрина, посветеност, солидарност... и многу сум им благодарен за тоа“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

ulica-koli-ramstor-soobrakaj

Подземната сообраќајница блокирана, Арсовска: Не сметам дека имало волја да се заврши туку само е започнат

И изградбата на подземната сообраќајница која поминува низ центарот на Скопје позади „Рамстор“ е закочена. Градоначалничката Данела Арсовска вината ја гледа кај претходното раководство на градот, бидејќи од пет фази се реализираа само две, а не се решени ниту имотно-правните односи на приватни сопственици на парцели каде треба да поминува сообраќајницата.„Тоа е еден од оние проект кој е повторно отпочнат без целосна визија како ќе се реализира и како ќе се заврши. Не сметам дека имало волја да се заврши туку само е започнато. Од пет фази се завршуваат фазата 3 и 4, а фазата 1,2 и 5 не е пипнато ништо. Што значи јас сега започнувам со фазата број 1, тоа е делот во Кисела Вода каде се поврзува на едната кружница, па од делот кој го работи Лимак да излезе кај Нова Македонија. За да се реализира требало да се најде начин како да се среди тоа земјиште кое во овој момент е на Железници. Не се направени експроприции, ништо не е завршено. Јас не знам како се планирало да се заврши овој цел проект во 2023 година, кога имотно правните спорови не се знае дали ќе се разрешат до тој момент“, кажа Арсовска.Подземната сообраќајница треба да биде долга 1.300 метри, од кои 900 метри се под земја, а 400 метри над земја. Проектот предвидува изградба на подземна сообраќајница која ќе се движи од крстосницата на булеварот „Илинден“ со булеварот „Гоце Делчев“, под кејот „13 Ноември“ до крстосницата на булеварите „Крсте Мисирков“ и „Кочо Рацин“.

Скопје | пред 3 години

jsp-avtobus

Арсоска: Жал ми е што ЈСП ќе штрајкува, не знам зошто има потреба од вакви активности

Независниот синдикат на ЈСП најавува штрајк, бараат подобри услови за работа. Скопската градоначалничка Данела Арсовска кажа дека штрајкот е политички мотивиран. Според неа, не треба тоа да го прават, но не најави како ќе го спречи ова.„Многу ми е жал. Тоа претпријатие е останато девастирано од претходното раководство. Тие не успеале да ги сервисираат ниту новите возила од 2019 година, а да не зборам за експонатите. Независниот синдикат не знам зошто покренува вакви активности, можеби и политички е мотивирано, бидејќи беше разговарано за скалесто зголемување во рамки на сите претпријатија. Тоа не е добро за нив како синдикат бидејќи го губат својот кредибилитет во процесот на преговарање, а го нарушуваат она што вработените го имаат“, кажа Арсовска.

Скопје | пред 3 години

274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

За Задушница ќе се пуштат дополнителни автобуси

Ве информираме дека поради верскиот празник Задушница, во петок (10.06.2022 година) јавниот превоз ќе сообраќа по саботен возен ред.Во петок, сабота (11.06.2022 год) и недела (12.06.2022 год) на линиите 59 (Карпош3-Кучевишка бара-Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче-Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода-Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.Распоредот на возниот ред е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје (www.jsp.com.mk).

Скопје | пред 3 години

skopska-zooloska

Дискотеките во Скопје ги загрозуваат и животните во ЗОО, Шанса за Центар предложи услови за добивање лиценци

По повод поскапувањето на лиценците за работа на ноќните клубови и дискотеките во главниот град граѓанската иницијатива Шанса за Центар до Советот на Град Скопје, службата и Градоначалничката на Град Скопје упати барање лиценците да повлечат и обврски:„Шанса за Центар во врска со доделувањето на лиценци за дискотеки во Градскиот парк предлага сите дискотеки на отворено со лиценца да се задолжат да поднесат и проект за поставување озвучување со кое звукот ќе биде единствено насочен кон подиумот. Светската пракса има многу вакви успешни решенија каде значајно се намалува ширењето на звукот кон околината, а квалитетот на звукот на подиумот се подобрува.Истовремено, сакаме да потенцираме дека дискотеките се граничат со Зоолошката градина и сериозно сме загрижени, за загрозување на животот и на животните кои се дел од ЗОО Скопје. Животните со години ја трпат тортурата со прегласна музика во ноќните часови кога биолошки тие треба да спијат. Загадување со звукот е најголем проблем и го загрозува здравјето на луѓето и на животните подеднакво. Се чини дека никој не размислува за овој вид загадување на градот.Шанса за Центар бара одговори од Градот Скопје дали се размислува доделувањето на лиценцата освен што носи права за дискотеките да создаде и обврски. Очекуваме дека при формирање на цената за лиценците се мислело и на жителите на Скопје и на животните во Зоолошката градина. Дали има цена со која и се одзема мирот на граѓаните и на животните?.Ниту една парична сума не е доволно висока кога се уништува секојдневието на животните кои се сместени во Зоолошката, но и на граѓаните кои живеат во поширокото подрачје околу Градскиот парк. Очекуваме дека со вакво задолжување на носителите на лиценца ќе им се олесни функционирањето во текот на периодот кога работат, а со тоа ќе се подобри и соживотот помеѓу институциите на Град Скопје, граѓаните и угостителите“, велат од Граѓанската иницијатива Шанса за Центар

Скопје | пред 3 години

Skrivnica3

„Во Скопје има скривници за сместување на 18% од населението, а обврската е да има за 30%“, вели Шанса за Центар

А еве каде запна дискусијата за дополнувањето и усвојувањето на првата програма за активности во областа на заштитата и спасувањето во Општина Центар - кај местата за собирање и за евакуација на населението во случај на вонредни настани, и кај подземните засолништа, велат од невладината Шанса за Центар.„Шанса за Центар смета дека собирните места и местата за евакуација на населението во вонредни состојби кои се наведени во Планот за заштита и спасување на Општина Центар треба да бидат јавно обележани, мапирани и за нив граѓаните да бидат добро информирани.Со тоа сметаме дека при вонредни состојби во случај да има потреба од евакуација на население тоа ќе може да се спроведе на многу побрз и поефикасен начин, а добрата претходна подготвеност и информираност на граѓаните за ваквите мерки ќе помогне значително. Дополнително, овие локации како и самите Планови за заштита и спасување во други општини како Карпош, Велес, Кавадарци, Аеродром се објавени на нивните интернет страници и се достапни за заинтересираните.Службениците и дел од советниците во Центар имаат спротивен став, дека тие локации се тајни и не смеат да бидат јавно обележани, означувани или споделувани. Тие сметаат дека информирањето на граѓаните и јавноста за тие места од страна на властите треба да биде само доколку и кога би имало потреба за спроведување на евакуација.Втората мерка за која исто така имавме спротивставени ставови се скривниците. Шанса за Центар смета дека Општината треба секоја година да бара и да ѝ пружа ако е потребно поддршка на Дирекцијата за заштита и спасување да се врши инспекција и да се проверува оспособеноста на засолништата на територија на Центар, особено во услови на растечките меѓународни ризици по безбедноста.Медиумските истражувања покажуваат дека во Скопје има скривници за капацитет за сместување на 18% од населението, а обврската е да има за 30%. Но, и дел од оние засолништа кои постојат не се функционални, туку се запуштени, затрупани со отпад и често се користат за приватни цели.Наспроти нашиот став дека иако одржувањето на засолништата не е надлежност на општината, сепак таа треба да има активен став кон сите прашања кои ја засегаа безбедноста на жителите на Центар и да бара од надлежните институции да си ги исполнуваат своите должности, дел од советниците и службениците сметаат дека ова едноставно „не е наша надлежност“. Дека тоа е исклучиво на ДЗС и дека е несоодветно Општината да се меша во таа област.Дебатата ќе продолжи и на следната седница, но нас по однос на овие две прашања нѐ интересира и ставот на граѓаните и на стручните лица од областа на заштитата и спасувањето. Ќе ви бидеме благодарни ако можете да ни споделите коментар или размислување околу овие теми:Дали местата за собирање и евакуација на населението во услови на вонредни состојби и непогоди треба да бидат јавни, обележани и граѓаните за нив да бидат однапред информирани или треба да се сметаат за таен податокДали општината треба постојано да бара и инсистира други институции да ги исполнуваат своите надлежности во однос на подготвеноста на засолништатаОд летокот кој е изработен од страна на Град Загреб во 2014 година можете да видите како други градови го информираат населението за просторите за евакуација“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 3 години

danela-arsovska-8181

СДСМ со лагите ги оштетува Скопје и скопјани, градот има активен договор за горива, вели Град Скопје

Градот Скопје ги демантира лажните информациите пласирани во јавноста од СДСМ дека Противпожарната бригада е без гориво.„За точно информирање на јавноста, сакаме да истакнеме дека актуелниот договор за гориво, сеуште не е исцрпен, односно има важност до 05.06.2022 година. Градот Скопје навреме ја почна процедурата за нов договор кој е потпишан, со што се обезбедува континуирано и редовно снабдување со гориво на градските служби и Противпожарната бригада.Дополнително, сакаме да истакнеме дека Градот Скопје и Противпожарната бригада имаат предвидено и резерви за непречено функционирање, со што во ниту еден момент не е доведено во прашање нивното ефикасно функционирање.Апелираме да не се манипулира со јавноста особено кога е во прашање работата на Противпожарната бригада, чие непречено функционирање е од огромно значење по сигурноста и безбедноста на скопјани“, вели Град Скопје.

Скопје | пред 3 години

263890102_364919331843310_2719035635897412082_n

Скопјанец фрлал со камења кон автомобил со навивачи, а додека бегал паднал и се повредил

На 29.05.2022 во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Лазар Личеновски“, по завршување на спортски натпревар, повеќе лица фрлале тврди предмети кон возило „сеат“, во кое се превезувале навивачи на една од навивачките групи.Откако ги забележал полициските службеници, А.С.(21) од Скопје, при обид да избега се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, а по укажаната помош бил задржан во полициска станица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања