Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Запрете со асфалтирање патеки во Градскиот парк, асфалтот ослободува поголема топлина, велат од Зелен хуман град

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
295914867_5473983762647791_4342703486537291351_n

„Зелен хуман град“ по објавувањето на веста дека се асфалтираат патеки во Градски парк испрати официјален допис до Град Скопје и до ЈП „Улици и патишта“ - Скопје.

„Бараме Град Скопје веднаш да ги адаптира своите активности на препораките кои се дел од стратешките документи што локалната самоуправа ги изработува, а се платени од нашите јавни пари! Во Стратегијата за отпорно Скопје од 2017 г. се вели „Колку повеќе бетон и асфалт, толку повисока температура. Потребни се повеќе зелени површини, зелени покриви и зелени фасади.“ „Конвенционалните материјали за поплочување можат да достигнат летни температури и од 48-67°C. Ваквите загреани површини ја пренесуваат топлина во воздухот над нив со тоа значајно придонесуваат за создавањето на топлински острови. […] Улиците, плочниците, паркинзите, тротоарите и другите површини може да се конструираат со користење на пропустливи/проодни материјали за поплочување, и со тоа да се помогне да се излади околината, истовремено намалувајќи го истекувањето на атмосферските води.“ е наведено во студијата за Урбани топлински острови во Скопје од 2018 г.

— реклама —

Ако земеме предвид дека според картата на урбани топлински острови, централното подрачје на Скопје се издвојува како најтопло место во кое се забележани највисоки среднодневни температури, тогаш е сосема јасно дека сите напори и активности на Градот мора да се насочени кон намалување на температурите, а тоа секако не се постигнува со нанесување црн асфалт кога постојат далеку поадекватни алтернативи. Темните површини многу повеќе се загреваат од светлите, а со тоа и ослободуваат поголема топлина (а со тоа и емисии) во воздухот. Според јавно достапните научни податоци, црниот асфалт под директна сончева светлина ослбодува и до 300% повеќе емисии! Бекатон плочките и тревнатите плочници се веќе во широка употреба кај нас доколку чакалот не е алтернатива за одредени категории од нашите сограѓани. Не бараме решенија кои не постојат или се прескапи. Бараме решенија со кои ќе се одговори и на потребите на скопјани, но и ќе се гарантира заштита на природата, односно одржливо ќе се управува со едно од ретките зелени прибежишта во Скопје“, велат од „Зелен хуман град“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarykbbnrj6fkaa46u8dm9N

Орце Ѓорѓиевски: Подобрена наплата на даноци, следува репроценка на имотот

Скопје | пред 2 седмици

— реклама —
media-library8m0naa6v0eud6XfH2h2

Јубилеј во Драчево: 55 години образование во ООУ „Кузман Шапкарев“

Скопје | пред 1 месец

media-libraryjbq16a5c83340onl1S7

Нови спортски содржини на кејот на Вардар: реконструирани терени и фитнес-зони на отворено

Скопје | пред 1 месец

media-librarynp8j9mia7dps0VqfVKA

(Видео) Сообраќаен колапс во Скопје – возачи чекаат по 30 минути за да се поместат од место

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања