Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Пролетна генералка во Скопје: Започна голема акција за чистење на градот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Скопје
media-librarynksqiuv2fvaoeQRRXV0

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави пролетна „генералка“ во Скопје – координирана акција за темелно чистење на сите градски површини. „Комунална хигиена“ чисти и собира отпад, „Водовод и канализација“ перат улици, „Паркови и зеленило“ уредуваат зеленило, а „Улици и патишта“ поставуваат столпчиња против узурпација на тротоари. Акцијата почнала од Кисела Вода и ќе продолжи во сите општини. Ѓорѓиевски повикува на заедничка одговорност, најавува санкции за прекршители и ветува чисто и уредено Скопје до крајот на мандатот.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски на социјалните мрежи објави дека започнала пролетна генералка на Скопје

— реклама —

„Уште од раните утрински часови, заедно со екипите на јавните претпријатија на Град Скопје, започнавме широка и координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на градот

„Ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.

Екипите на „Комунална хигиена“ интензивно ги чистат улиците и го отстрануваат отпадот, вклучително и оној што, за жал, е оставен од несовесни поединци.

„Водовод и канализација“ ги перат улиците и јавните површини, „Паркови и зеленило“ се грижат за уредување и косење на зелените површини, додека „Улици и патишта“ поставуваат метални столпчиња со кои се става крај на узурпацијата на тротоарите и јавниот простор.

Започнавме од Кисела Вода, но тука не застануваме, продолжуваме во секоја општина, систематски, посветено и без компромиси.

Оваа слика на чисто, уредено и достоинствено Скопје ќе биде наша секојдневна реалност до крајот на мандатот.

Она минато на кое четири години бевме навикнати, слика на депонии и негрижа - не е и нема да биде пракса во мојот мандат.

Чистата животна средина не е луксуз, туку основно право и обврска.

Таа значи поздрав живот за нашите деца, почист воздух и повисок квалитет на живеење за сите.

Градот може да чисти, но вистинската промена доаѓа кога сите заедно ќе ја преземеме одговорноста.

Затоа, упатувам јасен апел до сите граѓани да го чуваме она што заеднички го создаваме.

Да не фрламе отпад каде што не му е местото, да не уништуваме и да не го узурпираме јавниот простор.

За оние што нема да ги почитуваат правилата, следуваат санкции, затоа што ред мора да има!

Грижата за вас и за нашето Скопје останува приоритет кој стои највисоко.

Скопје заслужува, а ние заеднички ќе го направиме тоа реалност“, вели Ѓорѓиевски.

— реклама —
— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarya51ekh2uppkq6Tfx3FD

Ѓорѓиевски заедно со лица со Даунов синдром засади дрвја во ЗОО Скопје како симбол на надеж и еднаквост

Скопје | пред 1 седмица

media-librarybhm22ms1nltreMJHzpT

Ѓорѓиевски: Отворен е шелтер-центарот - сигурност, заштита и нов почеток за жртвите на семејно насилство

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryfgt3k8eale21365IsWK

Жестока дебата меѓу Ѓорѓиевски и Мустафаоглу: Таа која ви беше ментор потпишала договор, чекам извинување уште неколку часа, ако не тужба ќе има

Скопје | пред 2 седмици

media-librarykbbnrj6fkaa46u8dm9N

(Видео) Ѓорѓиевски до Левица: Вие сте најголемо бандитско здружување во Градот Скопје

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања