Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Ѓорѓиевски: Ќе воведеме паметен зелен бран со кој ќе се намалат гужвите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-libraryafnd89a7afcraGn7gCv

Орце Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил објави дека денес бил одржан координативен состанок со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и експерти од областа на сообраќајот, посветен на финалните подготовки за официјалното пуштање во функција на Сејф Сити системот.

„Градот Скопје ќе има силна и активна улога во неговата имплементација, со цел воспоставување ред, дисциплина и многу повисоко ниво на безбедност за сите учесници во сообраќајот“, напиша Ѓорѓиевски. Тој додава дека ова е „суштинска реформа во начинот на кој функционира сообраќајот во нашиот град“ и дека ќе се воведе „паметен зелен бран – модерен, адаптивен и иновативен систем кој во реално време ќе го регулира протокот на возила, ќе ги намали гужвите и ќе овозможи побрзо, поефикасно и побезбедно движење низ Скопје“.

— реклама —
— реклама —

Дополнително, според него, преку Сејф Сити системот ќе се стави крај на „девијантното и неодговорно однесување кое со години наназад го нарушуваше јавниот ред и резултираше со уништување на урбаната опрема и јавниот простор“. „Контролата, превенцијата и брзата реакција ќе станат стандард. Ова ќе значи побезбедни улици, почитување на правилата, заштита на јавниот имот и пред сè, сигурност за секој граѓанин“, истакнува Ѓорѓиевски.

Тој заклучува дека со овие мерки Скопје се гради како „современ и функционален град за сите“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynbj0fssafh3k8Sb3ZRk

Ѓорѓиевски: Започна процесот на одгасување на Вардариште

Скопје | пред 6 дена

— реклама —
media-librarys8o3gcc07pjobisP5T0

Над 300 оброци за бездомници на Велики Четврток

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryrh4pk550lq7bcWa0N1K

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“

Скопје | пред 2 седмици

media-library0co5sc0kahlhbVkMDDn

Скопје денес е центар на светското олимписко таеквондо

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања