Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ

media-libraryv3k2v0a0ten67RqgUsz

Шукова бара оставка од Тошковски: Пропустите на МВР и центрите за социјална работа доведоа до трагедија

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова, во гостувањето во емисијата „24 анализа“ посочи дека институциите мора да понесат одговорност за пропустите во случаите на семејно и родово базирано насилство. Шукова истакна дека статистиките се загрижувачки и дека само во 2025 година се регистрирани повеќе од пет илјади пријави за насилство, без разлика дали станува збор за физичко или психичко насилство. Таа нагласи дека проблемот е долгогодишен и дека во најновиот трагичен случај, во кој животот го загубија мајка и дете, се отвораат сериозни прашања за постапувањето на институциите.„Законот јасно предвидува проценка на ризик во вакви случаи, која треба да ја прават центрите за социјална работа во соработка со МВР. Но, според достапните информации, иако имало повеќе пријави за насилство во период од неколку месеци, таква процена не била направена“, посочи Шукова.Шукова потсети дека во конкретниот случај имало околу десет пријави за насилство во период од неколку месеци, што дополнително ја потенцира сериозноста на пропустите.Таа нагласи дека токму ваквите пропусти отвораат сомнеж дека дел од службениците во надлежните институции не си ја завршиле својата работа.„Не разговараме за квалитетот на законските решенија, бидејќи законот донесен во 2021 година обезбедува добра основа за заштита од родово базирано насилство. Прашањето е дали законите се применуваат и дали институциите постапуваат навремено“, изјави Шукова.Таа истакна дека моралната и кривичната одговорност се различни и дека во овој случај се зборува за морална одговорност, која треба да ја понесе министерот за внатрешни работи, Тошковски, додека кривичната треба да ја утврдат надлежните институции. Според Шукова, фактот што се случил ваков трагичен настан укажува дека во центрите за социјална работа и во МВР има службеници кои не си ја завршиле својата работа.Шукова посочи дека СДСМ веќе неколку дена по ред преку прес-конференции укажува на потребата од утврдување одговорност во овој случај.„СДСМ останува на ставот дека мора да има морална одговорност. Токму затоа бараме оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, од морални причини, бидејќи институциите мора да покажат одговорност кога станува збор за вакви трагични настани“, истакна Шукова.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarynhb8co62a2dl7lctyzK

Освен насилникот што пукаше и се закануваше на сопругата и децата, вчера имало уште еден случај на семејно насилство

На новинарско прашање за најновиот случај на семејно насилство, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски посочи дека се уште не е запознаен со сите детали, туку само дека насилникот е задржан, и притоа укажа дека тоа не е единствениот случај, туку е уапсено уште едно лице за семејно насилство, кое исто така е задржано во полициска станица.„За конкретниот случај којшто е настанат во текот на вчерашната вечер, сум информиран накратко од страна на началникот на СВР Скопје пред да отпочне овој настан.Знам дека потенцијалниот насилник е задржан во рамки на полициска станица, и за истиот ќе се преземаат дејствија согласно она кое што го имаме утврдено како фактичка состојба првично. Битно е дека во конкретната ситуација за среќа немаме смртни последици. Повеќе детали не би сакал да споделам во овој момент, и јас ги немам сите детали.Знам само дека потенцијалниот насилник е задржан во рамки на полициска станица и за истиот согласно оваа информација која ќе им биде процесуирана итна постапка за негово спроведување во рамки на судските постапки.Во текот на вчерашната вечер има уште еден случај којшто е поврзан со семено насилство. Како што сум информиран, имаме уште еден насилник којшто е задржан во рамки на полициска станица и за овој случај ќе се постапува во соработка со јавното обвинителство“, вели Тошковски.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarytf0jt398ub0v8640bHH

🔴 ВО ЖИВО: Прес на министерот Тошковски за трагедијата во Карпош

Следете ја во живо прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со трагедијата во скопската населба Карпош.Станува збор за настан каде мајка и дете го загубија животот по пад од шести кат. Тошковски се очекува да сподели детали за случајот, како и тоа дали жената претходно имала пријави за семејно насилство, што се шпекулира во јавноста.

Македонија | пред 3 седмици

ulica-partizanska-koli-avtomobili-semafori

Казни од „Сејф сити“ и ако останете заглавени на крстосница, а сте поминале на зелено светло

Казна од околу 45 евра ќе се изрекува за возачи кои, иако влегле на зелено светло, остануваат заглавени на сред крстосница поради сообраќаен метеж, во рамки на системот „Сејф Сити“. Ова го потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.Во вакви случаи прекршокот нема да се третира како поминување на црвено светло, туку како забавување или отежнување на движењето во рамки на крстосница, што е посебно дефиниран сообраќаен прекршок. Возачите ќе бидат должни однапред да направат проценка дали има услови безбедно да ја поминат крстосницата, дури и кога семафорот покажува зелено светло.Во тест-периодот биле евидентирани ситуации во кои камерите регистрирале поминување на црвено, иако возилото влегло на зелено светло. Надлежните информираат дека системот е прилагоден и дека ваквите случаи повеќе нема да се третираат како поминување на црвено, туку како таканаречено „угушување“ на крстосница.

Македонија | пред 1 месец

pance-tosh

(Видео) Тошковски: Од 120.000 на 500 прекршоци – ‘Безбеден град’ дава резултати

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера беше во посета на компјутерскиот центар на „Безбеден град“ во СВР Скопје каде и официјално стартуваше проектот „Безбеден град“ за евиденција на прекршоците во сообраќајот.Тошковски сведочеше за успешниот старт на проектот, дека одвива според планираните параметри и граѓаните како што се и очекуваше во огромен број ги почитуваат сообраќајните правила.„Денес сме први февруари, некаде околу 20 часот. Имаме значително намалување на бројката на сообраќајни прекршоци во споредба од пред два месеци кога започнавме со тест периодот. Имаме од прилика околу петстотини сообраќајни прекршоци коишто се констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам една огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во сообраќајот бидејќи Вие сте тие коишто овозможивте драстично да се намали бројката за два месеци, некаде од над 120.000 на 500 прекршоци. Вие сте тие којшто го намаливте бројот на повредени лица во сообраќајни незгодни некаде околу 35% на територија на СВР Скопје и Вие сте тие којшто го намаливте бројот на смртни случаи настанати во рамки на сообраќајни незгоди од 11 на 4.“, потенцираше министерот Тошковски при посетата.Министерот за внатрешни работи уште еднаш посочи дека со имплементирањето на овој проект и неговото официјално пуштање во употреба, за неколку часа покажуваме дека сме можеле европските вредности да ги имплементираме во Македонија и сме можеле да покажеме еден поинаков пристап, за разлика од претходно.Тој уште еднаш од се срце упати честитки до македонските граѓани за почитувањето на сообраќајните правила и изрази сигурност дека во иднина со вакво однесување и со ваков начин на однос кон својата држава, ќе покажеме дека навистина ги имплементираме оние европски вредности коишто ги заслужуваат македонските граѓани.

Македонија | пред 1 месец

media-library39j3bs4jgpinbcco50A

Тошковски: За „Безбеден град“ со внес на матичен број се спречува доставување на податоци на погрешно лице а евентуалните грешки ќе се коригираат во рок од 24 часа

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување во дневникот на Македонската национална телевизија говореше за почетокот на имплементацијата на проектот „Безбеден град“, притоа информирајќи ги граѓаните за начинот на функционирање на системот и за постапките во случај на евентуални несогласувања во податоците.Тошковски посочи дека дел од податоците за сопствениците на возила во постојните евиденции може да бидат неточни, што може да се должи на претходно доставени погрешни информации од граѓаните или на грешки при внес во системите. Поради тоа, можно е одредени граѓани да добијат известување или записник што не се однесува на нивното возило или на прекршок што тие не го сториле.„Секој граѓанин кој ќе забележи несогласување во податоците ќе има право да се обрати во која било полициска станица и да пријави дека станува збор за грешка – дека возилото не е негово, дека не управувал тој или дека има друг вид неточност. Согласно законски утврдена процедура, Министерството за внатрешни работи во рок од 24 часа ќе изврши проверка и корекција на податоците, а Граѓанинот ќе добие известување дека нема да биде прекршочно гонет доколку не го сторил прекршокот“, истакна министерот.Тој нагласи дека во новиот систем е воведен и дополнителен механизам за заштита на личните податоци. По добивањето на СМС-известување за сторен сообраќаен прекршок, граѓанинот ќе треба преку линк да пристапи до записникот, при што за преземање на документот ќе биде потребно внесување на матичен број. Со ова се овозможува дополнителна автентикација и проверка на веродостојноста на податоците, со цел лични информации да не бидат доставени на погрешно лице.Министерот потенцираше дека, и покрај современата технологија, можни се технички грешки поради надворешни фактори како светлина, временски услови или други околности што може да влијаат врз читањето на регистарските таблички. Во такви случаи, граѓаните повторно ќе имаат можност да побараат исправка, која ќе биде извршена во најкус можен рок.„Не постои совршен систем и не тврдам дека нема да има грешки. Ќе ги има, но тие ќе се коригираат. Овој систем е значително подобар од она што го имавме досега, а неговата основна цел е да спасува животи и да обезбеди поголема безбедност во сообраќајот. Важно е одговорност да сноси оној што го сторил прекршокот“, порача Тошковски.Проектот „Безбеден град“ претставува дел од пошироките напори на Министерството за внатрешни работи за дигитализација, зголемување на транспарентноста и унапредување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryipif7pt85e2kbVjttj9

Нови толеранции за брзина со Сејф сити: до 6км/ч во град, до 9км/ч меѓу градови, до 12км/ч на автопат

Во денешното гостување во Дневникот на МТВ министерот за внатрешни работи Панче Тошковски посочи дека системот Безбеден град не е за парично да ги оштети граѓаните, туку системот е да спаси човечки живот плус.„Во изминатиот период имаше огромен број на забелешки затоа што во првичниот период немаше толеранцијата во рамки на опоменувањето на граѓаните и воведовме толеранција која што беше важечка во рамки на важечка легислатива од 6 км/ч кога управувате мотторно возило до 100, а над 100 тогаш 8км/ч. Правилникот кој е во надлежност на Министерството за енергетика, во консултација со екперти, професори, со луѓе од министерството за енергетика и од Министерството за внатрешни работи се измени овој правилник и стапи во сила во текот на вчерашниот ден со тоа што сега за брзини до 50км/ч останува како што беше и претходно, толеранција од 6км/ч. Тоа значи дека ако возите моторно возило таму каде што имаме знак од 30 км/ч, со 36км/ч камерата нема да ве евидентира за сторен сообраќаен прекршок, туку ќе ве евидентира од 37км/ч. Од 50 до 100 км/ч толеранцијата законски согласно новиот правилник е 9км/ч, тоа значи дека ако управувате моторно возило таму каде што е дозвилено до 50км/ч, со 51км/ч камерата ќе ве евидентира и ќе ви прати порака, односно ќе ве казни системот доколку управувате моторно возило со 60км/ч. Таму каде што имаме ограничување од 100км/ч а се управува возило со над 101км/ч моторно возило камерата ќе ве идентификува со толеранција од 12км/ч, значи таму би биле санкционирани доколку е дозовлено да речеме 100км/ч, а вие управувате на пример со 113км/ч. Овие толеранции се дефинирани во рамки на правилник под Министерството за енергетика и сметаме дека се апсолутно прифатливи се со цел овој систем да го заживееме се со цел да спасиме ден човечки живот повеќе, а притоа да ги увериме граѓаните дека целта не ни е казнување, туку целта ни е помалку повредени, помалку сообраќајни незгоди, помалку загуби на човечки животи“, дециден беше министерот Тошковски.Министерот во овој контекст најави и уште еден проект кој ќе се имлементира во наредните денови со поддршка на македонски телеком.„За сите овие прекршоци кои се сторуваат во рамки на толеранцијата, значи ако е забрането над 30км/ч од 30-36км/ч, ако е забрането над 50км/ч од 50-59км/ч ќе доставуваме информативна порака од страна на Министерството за внатрешни работи до секој еден граѓанин кој што ја пречекорил брзината со која што ќе им го привлечеме вниманието на граѓаните дека и покрај тоа што возат во рамки на законската толеранција која што е дозволена нема да има парична казна, односно нема да има прекршок, тие надминуваат над законски уврдената брзина со што доколку не дај боже било кој граѓанин управува моторно возило и стори сообраќаен прекршок со 55км/ч таму каде што е дозволено да се управува моторно возило максимум со 50км/ч и притоа повреди пешак со тешки телесни повреди, ќе одговара кривично“, заклучи министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Македонија | пред 1 месец

media-library40fcmv0f7jor56nR3pr

Тошковски на отворањето на Фондацијата „Фросина Кулакова“: Сериозно мора да ја сфатиме одговорноста зад воланот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа се сретна со родителите на Фрсина Кулакова, чија смрт со прегазување на булеварот Партизански одреди во Скопје ги крена граѓаните на протести.„Вечерва присуствував на свеченото отворање на Фондацијата „Фросина Кулакова“ – иницијатива што произлезе од огромна болка, но и од уште поголема сила да се спречат идни трагедии.Фросина беше млада девојка со живот пред себе, кој прерано и неправедно беше прекинат во сообраќајна несреќа. Ова не е само лична трагедија за едно семејство, туку потсетник за сите нас колку е кревка безбедноста во сообраќајот и колку сериозно мора да ја сфатиме одговорноста зад воланот“, објави синоќа Тошковски

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryrrboo0mre2qufAETiWB

Тошковски – Кочиу: Зајакнување на билатералната соработка, One Stop систем и со Албанија и нов Центар за полициска и царинска соработка

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Министерството за внатрешни работи оствари билатерална средба со министерката за внатрешни работи на Република Албанија, Албана Кочиу, која престојува во официјална посета на земјава.На средбата беа разгледани повеќе значајни прашања од заеднички интерес, со акцент на унапредување на општата соработка меѓу двете министерства, планот до почетокот на туристичката сезона да се имплементира One Stop системот и со Република Албанија, можноста за пуштање на граничен премин „Џепиште – Требиште“ да работи постојано 24 часа во годината, како и активностите поврзани со нацрт-договорите меѓу двете влади за воспоставување заеднички контроли на заедничките гранични премини и за основање и функционирање на Центар за полициска и царинска соработка.„Сметам дека пред почетокот на летната сезона би можеле како што го имплементиравме One Stop системот со Косово и со Србија да го имплементираме и со Албанија и да ги затвориме државите кои што не се дел од ЕУ со еден по-брз трансфер на граѓаните кои што ќе ги намали чекањето на нашите граници. Исто така ја разгледавме можноста граничниот премин Џепиште-Требиште во иднина, оној режим на функционирање кој што ги има сега, а тоа е во летен период до 8 часот, во зимски период до 18 часот, да го продолжиме согласно можностите и капацитетите на двете министерства, да функционира 24/7 во текот на годината, со тоа што ќе им овозможиме на граѓаните од едната и од другата страна да имаат по добра комуникација, да остваруваат по голем број на услуги од едната и од другата страна и да, навистина, нашата одлична соработка ја покренеме на уште едно по високо и по добро ниво.“, потенцираше министерот Тошковски.Во рамки на посетата се одржа и средба на високо ниво меѓу министрите за внатрешни работи и директорите на царинските служби на двете земји, посветена на воспоставувањето на Заеднички контакт центар за полициска и царинска соработка. Овој центар ќе претставува дополнителен механизам за побрза и поефикасна размена на информации, координација и заедничко делување во справувањето со прекуграничниот криминал, нелегалната миграција, трговијата со дрога и другите безбедносни предизвици.„Склучувањето на Договорот за основање и функционирање на Центар за полициска и царинска соработка ќе придонесе за зајакнување на прекуграничната соработка и граничната контрола, како и за поефикасна борба против илегалната миграција, организираниот криминал и другите безбедносни закани. Македонија има воспоставено четири заеднички контакт центри – на Деве Баир со Република Бугарија, Ќафасан со Република Албанија, Блаце со Република Косово и Табановце со Република Србија. Овие центри секојдневно ја остваруваат својата основна функција за размена на информации, испраќање пораки за рано предупредување и координација во борбата против прекуграничниот криминал. Новиот Центар за полициска и царинска соработка ќе биде уште еден силен механизам во оваа мрежа.“ истакна министерот Тошковски.Тој додаде дека ваквите иницијативи се директна потврда на меѓусебната доверба и стратешкото партнерство меѓу двете земји.На средбата беше потврдена заедничката посветеност на Република Северна Македонија и Република Албанија за натамошно продлабочување на добрососедските односи, јакнење на регионалната стабилност и унапредување на европската перспектива на регионот.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryafnd89a7afcraGn7gCv

Ѓорѓиевски: Ќе воведеме паметен зелен бран со кој ќе се намалат гужвите

Орце Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил објави дека денес бил одржан координативен состанок со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и експерти од областа на сообраќајот, посветен на финалните подготовки за официјалното пуштање во функција на Сејф Сити системот.„Градот Скопје ќе има силна и активна улога во неговата имплементација, со цел воспоставување ред, дисциплина и многу повисоко ниво на безбедност за сите учесници во сообраќајот“, напиша Ѓорѓиевски. Тој додава дека ова е „суштинска реформа во начинот на кој функционира сообраќајот во нашиот град“ и дека ќе се воведе „паметен зелен бран – модерен, адаптивен и иновативен систем кој во реално време ќе го регулира протокот на возила, ќе ги намали гужвите и ќе овозможи побрзо, поефикасно и побезбедно движење низ Скопје“.Дополнително, според него, преку Сејф Сити системот ќе се стави крај на „девијантното и неодговорно однесување кое со години наназад го нарушуваше јавниот ред и резултираше со уништување на урбаната опрема и јавниот простор“. „Контролата, превенцијата и брзата реакција ќе станат стандард. Ова ќе значи побезбедни улици, почитување на правилата, заштита на јавниот имот и пред сè, сигурност за секој граѓанин“, истакнува Ѓорѓиевски.Тој заклучува дека со овие мерки Скопје се гради како „современ и функционален град за сите“.

Скопје | пред 2 месеци

media-librarypbn8bmh8tu7h8cJG3KG

(Видео) Со необележани полициски возила ќе се мери брзина и ќе се казнува низ Македонија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека паралелно со системот “Сејф сити” ќе бидат активирани и полициски возила со мобилни камери на т.н црни точки.“За многу побрзо од шест месеци ќе може со камерите имплементирани во рамки на возилата да ги ставиме во функција”, рече Тошковски.Изминативе денови се врши тестирање на камерите на сите точки каде се поставени.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarycut6gkka4mde9yFxWa5

Тошковски: Системот ‘Безбеден град’ не гледа кој си, туку каков прекршок си направил

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека е во тек финалната верификација на камерите за автоматска детекција на сообраќајни прекршоци, кои се дел од проектот „Безбеден град“. Како што објави на својот Фејсбук-профил, станува збор за клучна фаза пред целосното пуштање на системот во функција, со јасна цел – зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и загубени човечки животи.„Денеска бев на терен, на локација каде што се спроведува финалната верификација на камерите за автоматска детекција на сообраќајни прекршоци како дел од проектот ‘Безбеден град’.Овој систем го развиваме со единствена цел за зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на сообраќајните незгоди, повредите и загубените човечки животи. Во оваа фаза се врши проверка на точноста на мерењето на брзината, при што утврдените отстапувања се минимални и значително под законски дозволената толеранција, што гарантира сигурност и доверливост на системот.Во првата фаза камерите ќе бидат ставени во функција на локации со зголемен ризик, а во текот на годината системот постепено ќе се проширува на целата територија на државата. Паралелно, ќе бидат активирани и возила на МВР опремени со мобилни камери, особено на т.н. црни точки.Овој систем не гледа кој сте, туку што сте направиле. Тој не познава имиња, функции или позиции туку евидентира исклучиво прекршок. Законот важи еднакво за сите и само на тој начин ќе постигнеме поголема сообраќајна дисциплина и повеќе спасени човечки животи.“, напиша Тошковски.Проектот „Безбеден град“ е еден од клучните безбедносни проекти на МВР, насочен кон системско и технолошко подобрување на сообраќајната култура и превенција на најтешките последици на патиштата.

Македонија | пред 2 месеци

media-library7uf3j4t4930q7aGtrZz

Тошковски: Собранието покажа политичка храброст – животите на граѓаните над партиските калкулации

Денешното изгласување на Законот за прекршоци е јасна потврда дека кога постои политичка храброст и одговорност, можат да се донесуваат одлуки што директно го штитат животот на граѓаните. Искрена благодарност до сите пратеници кои го поддржаа законот и покажаа дека безбедноста во сообраќајот, заштитата на човечкиот живот и јавниот интерес се поважни од дневната политика. Со оваа одлука, Собранието испрати силна порака дека државата конечно презема системски чекори против сообраќајниот хаос и бесмислените загуби на човечки животи, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.„Посебна благодарност до граѓаните. Во тест периодот тие покажаа дека знаат, можат и сакаат да бидат дел од решението. Со промена на однесувањето во сообраќајот, со почитување на правилата и со зголемена свесност, граѓаните директно придонесоа за поголема безбедност и за намалување на сообраќајните несреќи, повредите и жртвите. „Безбеден град“ не е систем за казнување, туку систем за спасување животи, а токму граѓаните први го препознаа тоа.За жал, денешното гласање уште еднаш покажа дека СДСМ и ДУИ се длабоко заглавени во сопственото политичко мочуриште, во кое партиските калкулации се ставаат над човечките животи. Иако никогаш немаа храброст јавно да ја признаат својата коалиција, денес таа повторно излезе на површина преку заедничкото гласање против систем кој веќе дава резултати и спасува животи. Овој пат не се одлучуваше за функции, договори или политички пазари, туку за безбедноста на граѓаните, а тие наместо да направат чекор напред, свесно избраа да останат заробени во истите шеми, влечејќи ја државата назад. Имаа шанса да бидат дел од решението, но избраа да бидат дел од проблемот. Со тоа го направија својот избор и за тој избор ќе сносат политичка и морална одговорност пред македонските граѓани“, додава Тошковски.

Македонија | пред 2 месеци

media-library5stgsih1rtbedllZtkN

Ана Чупеска остро кон Тошковски: Можеш дома да си осветуваш со поп

Ана Чупеска, советничка во СДСМ и поранешна потпретседателка на партијата, остро реагираше на објавените фотографии од верски обред и осветување на службени возила во кругот на Министерството за внатрешни работи.Во својата јавна реакција, Чупеска го оцени потегот како несоодветен, непримерен и навредлив за дел од вработените во МВР кои не се православни христијани или се атеисти, посочувајќи дека станува збор за институција која мора да биде целосно неутрална во однос на верските убедувања.„Се прашувам, кога ќе дојдат на ред претставниците од ИВЗ, Јеховините сведоци, Харе Кришна и сите останати верски или духовни заедници да ги осветуваат возилата на МВР?“, прашува Чупеска, додавајќи дека полициските возила се јавно добро, купени со пари на сите граѓани и треба да им служат подеднакво на сите.Таа истакнува дека министерот може приватно да практикува верски обреди во својот дом, но дека институцијата МВР не смее да биде, како што наведува, „заложник на лични верски убедувања“.„Ова е чист пример за симболично насилство. Наместо пораки за мир и хармонија во празнични денови, чија суштина е прифаќање и соживот со другиот, ваквиот гест отвора сериозни прашања за пораката што ја испраќа државата“, наведува Чупеска.Во реакцијата таа директно прашува и каква порака сака да испрати министерот за внатрешни работи, додавајќи дека ваквите постапки оставаат впечаток оти „законот и државата припаѓаат само на една група“.Реакцијата на Чупеска доаѓа во контекст на поширока јавна дебата за границата меѓу верските обичаи и функционирањето на секуларните државни институции, по објавувањето на фотографии од верски обред во кругот на МВР, за кои институцијата најави внатрешна проверка.

Македонија | пред 2 месеци

toskovski

Министерот Тошковски имал успешна операција на скопските клиники: „МВР функционира без застој“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски објави дека бил подложен на успешна операција во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и дека се чувствува стабилно, уверувајќи дека МВР функционира непречено и без последици од неговото кратко отсуство.Денеска во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје бев подложен на успешна хируршка интервенција и се чувствувам стабилно. Во моментов сум под надзор на лекарите, по што следува краток период на опоравување.Ве уверувам дека Министерството за внатрешни работи продолжува непречено и ефикасно да функционира согласно утврдените процедури. Целиот тим професионално си ги извршува обврските и моето привремено отсуство нема да има никакво влијание врз тековните процеси и активности, ниту пак врз безбедноста на граѓаните.Веднаш по завршувањето на периодот на опоравување, се враќам на редовно извршување на моите обврски во полн капацитет.

Македонија | пред 4 месеци

media-library2tg12q3i6ual5fIJ9Bi

Намалени се гужвите на „Табановце“ со „One Stop“ системот, вели Тошковски

Со воведувањето на заедничкиот „One Stop“ систем за гранични проверки на преминот „Табановце“ значително е скратено времето на чекање за патниците, информира министерот за внатрешни работи Панче Тошковски при денешната работна посета на границата.„Системот кој ги интегрира проверките на двете страни овозможува побрз проток на луѓе, патници и стоки, со елиминирање на двојните контроли и минимизирање на чекањето. Ако лани времето на чекање во август достигнуваше 3 до 4 часа, оваа година е сведено на 30 до 60 минути,“ изјави Тошковски.Податоците покажуваат дека во август 2025 година преку „Табановце“ поминале 1.602.939 патници, што е за 29% повеќе во споредба со август 2024, кога биле регистрирани 1.247.747 патници.Министерот по посетата на преминот оствари средба и со раководството на СВР Куманово. Тој посочи дека безбедносната состојба во регионот е стабилна и мирна, со зголемена откривачка дејност во економскиот криминал и намален број сообраќајни незгоди со жртви.„Со ставање во функција на системот ‘Safe City’, каде Куманово е меѓу првите три града, очекуваме значително зголемување на безбедноста и во сообраќајот и во јавниот ред и мир. Полицијата е целосно подготвена да ги гарантира демократските и фер избори во претстојниот процес,“ додаде Тошковски.

Македонија | пред 5 месеци

TOSE-FB

„Јас на мои 47 години размислувам да се иселам, со два-три бизниси, замислете што размислува млад човек“ - Зафиров предупредува на егзодус од Македонија

Македонскиот бодибилдер Тоше Зафиров преку видео-обраќање на својата Фејсбук страница испрати остро предупредување за состојбата во државата, укажувајќи на серијата трагедии кои се случија во изминатиот период, вклучително и вчерашната несреќа во Прилеп, повеќе сообраќајки, како и трагедијата во Кочани.Тој директно го прашува министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој неодамна престојувал во Дубаи, дали успеал да научи нешто од тамошниот систем на функционирање:„Таму законот е за сите ист, има луѓе возат Бугати и ако пишува 60, ќе вози 60. Исто се казнува за прекршок и ако возиш Бугати и ако возиш Рено. Тоа може и кај нас да се направи ако се сака,“ порача Зафиров.Како позитивен пример го наведе австрискиот град Грац, каде, според него, во текот на една година нема ниту една жртва во сообраќајни незгоди, додека во Македонија ситуацијата е драстично поинаква.Осврнувајќи се и на неодамнешниот физички напад врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, Зафиров истакна:„Независно од тоа дали некој е од некаква партија, или не е, секоја жена мора да се чувствува безбедно и заштитено, а одобрување на такво насилство е навреда за секоја жена.“Преку објавата Зафиров испрати силна порака до институциите и политичарите:„Јас на мои 47 години размислувам да се иселам, со два-три бизниси, замислете што размислува млад човек. Овде ќе останете само вие политичарите, ние ќе си одиме ако нешто не се смени,“ порача Зафиров.

Македонија | пред 8 месеци

toskovski-sednica

Тошковски разреши седум началници од СВР Штип и ОВР Кочани

Министерството за внатрешни работи денеска разреши седум началници во СВР Штип и ОВР Кочани, поради трагедијата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани.Министерот Панче Тошковски донесе одлука за разрешување на:-началникот на секторот за внатрешни работи во Штип,-помошникот началник на СВР Штип,-началникот во одделението за полиција Штип,-началникот на одделението за криминалистичка полиција на одделението за внатрешни работи во Кочани,-командирот на полицијата за општа надлежност во Кочани,-началникот на надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани.

Македонија | пред 1 година

policija-pance-2

(Видео) Тошкоски: МВР почнува силни сообраќајни контроли, сите како општество да креираме побезбеден сообраќај

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа ги посети полициските службеници кои учествуваат во обемната акција која МВР ја започна од вчера на силни сообраќајни акциски контроли низ главниот град.„Седумнаесет главни булевари и улици ќе се покриваат интензивно од страна на МВР во делот на сторени сообраќани прекршоци од сите учесници во сообраќајот. Фокусирано сме булеварите бидејќи тие се црните точки каде најчести се случуваат сообраќајните несреќи и одземаат човечки животи.Упатувам апел до сите учесници во сообраќајот, особено до возачите, да бидат внимателни, да ги почитуваат доследно сообраќајните правила, да не управуваат возила надвор од дозволената брзина, да не поминуваат на црвено, да не забрзуваат на жолто, да не управуваат возила под дејство на алкохол, бидејќи највредното нешто што го имаме во државата се луѓето и човечкиот живот“, истакна министерот и притоа упати пораки до сите учесници во сообраќајот.Министерот Тошковски потенцираше дека МВР ќе преземе голем број дејствија во рамки на своите надлежности и ќе делува максимално активно и превентивно во дејствијата со цел намалување на жртвите во сообраќајот.„Минатата година има 142 жртви во сообраќајни несреќи. Тоа се страшни бројки. Сите како општество мора да се фокусираме тие бројки да се намалат.Имаме начин како да се намалат овие бројки. Интензивно работиме на имплементација на проектор „Безбеден град“ кој ќе прерасне во „Безбедна држава“. Овој проект апсолутно ќе помогне во зачувување на човечките животи и во зголемувањето и имплементирање на сообраќајна култура која ни е потребна.Сигурен сум дека во иднина со макотрпна работа, реализација на планираните проекти и усогласување на законската регулатива во иднина ќе имаме значително помали бројки на жртви од сообраќајни незгоди.“, на крај истакна министерот Тошковски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-03-212925

Тошковски се извини на велешани за затворањето на мостот во Башино село за реконструкција, полицијата ќе обезбеди проток во сообраќајот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, заедно со премиерот на Владата Христијан Мицковски, министерот за транспорт и врски Александар Николовски, градоначалникот на Велес Марко Колев и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски беа на увид на состојбата на мостот кај Башино село. Целта на посетата беше да се координира брза реакција на институциите по добиениот извештај од Градежниот факултет до Јавното претпријатие за државни патишта дека мостот кај Башино село е во многу лоша состојба заради што се забранува секаков сообраќај за лесни и тешки товарни возила.Министерот Тошковски упати извинување на граѓаните на Велес кои ќе мора да бидат трпеливи за надминување на оваа состојба бидејќи за жал претходната централна власт до која е апелирано уште во 2018 година за проект за санација на овој мост оставила штетата толку да се зголеми што сега има неминовност од затворање на мостот на неколку месеци, се до негова конечна санација.„Министерството за внатрешни работи во моментот преку специјалните единици учествува во подводни снимања на мостот со што ќе овозможи видео материјал на Градежниот факултет за да направи брз проект за санација и пуштање во употреба на мостот за сообраќај што се очекува да заврши за 60 до 90 дена. Во меѓувреме сообраќајот кој нема да се одвива преку овој мост ќе биде пренасочуван преку Велес, а полицијата постојано ќе го регулира сообраќајот со посебни режими со цел да не се наруши текот на сообраќајот и да нема застои во движењето на возила низ градот Велес.Ги повикувам граѓаните на Велес и сите граѓани кои ќе имаат потреба да сообраќајот во овој регион да ги почитуваат насоките на полициските службеници кои ќе учествуваат во регулацијата на сообраќајот. Во меѓувреме паралелно на проектот за санација на овој мост кој треба да заврши за 60 до 90 дена се планира проект на нов мост во близината на истиот, чија изградба треба да почне во втората половина на годината после завршувањето на тендерските постапки и избор на изведувач.“, потенцираше министерот Тошковски за време на увидот.

Македонија | пред 1 година

panche-t

(Видео) Тoшковски: Мирна и безбедна новогодишна ноќ, благодарност до граѓаните и полициските службеници

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше на отворање на новиот ски центар „Михајлово“ близу Кавадарци, во кој не само кавадарчани туки и сите граѓани ќе можат да се рекреираат и да уживаат во зимските убавини и спортови. Тошковски упати честитки до градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев кој неуморно работи и го овозможи и овој проект во кој сите граѓани ќе можат да уживаат.„Што се однесува за изминатава вечер, на територија на целата држава новогодишната ноќ помина главно мирно. Безбедносната состојба на територија на целата држава за време на новогодишната ноќ беше стабилна. Уште еднаш сакам да изразам благодарност до полициските службеници кои беа на должност изминатава ноќ. Присуството на терен беше засилено и беа преземени координирани и насочени мерки за одржување на поволна безбедносна состојба. Имено, во периодот од 14,00 часот вчера до 05.00 часот денеска изутрина регистрирани се 29 кривични дела, како и 28 сообраќајни незгоди од кои 3 со тешки телесни повреди. Приведени се вкупно 33 лица по разни основи, а најмногу во врска со нелегална трговија со дрога – 14 лица. Им благодарам на сите граѓани кои што празнуваа, прославуваа одговорно така како што апелиравме и кои што придонесоа сите заедно да направиме новогодишната ноќ да помине мирно.“, истакна министерот Тошковски.

Македонија | пред 1 година

e-drzavjanstvo

Тошковски: Нова дигитална услуга на МВР за електронско издавање на уверение за државјанство во секое време, достапна преку uslugi.gov.mk

Министерството за внатрешни работи денес ја промовираше наградената услуга за електронско издавање на уверение за државјанство која е достапна преку националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk.„Услугата која и досега беше достапна на порталот иако можеше да се аплицира во секое време, сепак издавањето на е-државјанството беше можно само во работно време. Отсега услугата станува целосно дигитална и граѓаните може да аплицираат во секое време и за само една минута по поднесувањето на барањето, доколку е се во ред, добиваат позитивен одговор и можат да го симнат документот од системот. Дигитализација на услугите и процесите во министерството се еден од нашите врвни приоритети како Влада и како министерство. Граѓаните заслужуваат брзо и ефикасно да ги добиваат своите документи кои институциите се должни да им ги обезбедат. Дополнително процесите на дигитализација во огромен процент ја намалуваат можноста од корупција од која страда нашето општество, така што преку дигитализацијата се води и борбата со корупцијата“, истакна министерот Панче Тошковски.Националниот портал uglugi.gov.mk минатата недела беше ребрендиран и редизајниран од министерството за дигитална трансформација, е централен портал каде се достапни сите електронски услуги на институциите во државата.Тошковски потенцираше дека се министерството за внатрешни работи забрзано работи и на дигитализација и на други услуги кои ќе бидат достапни за граѓаните во следниот период.

Македонија | пред 1 година

3-1

(Видео) Тошковски во Турција на средба со турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја, потврдени одличната соработка меѓу братските народи

Министерот Панче Тошковски кој предводи официјална делегација на Министерството за внатрешни работи во Република Турција, вчера оствари работна средба со турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.На средбата беше изразена благодарност за топлиот прием и уште еднаш беше потврдена одличната соработка меѓу двете министерства за внатрешни работи како и на државно ниво и беше потврден фактот дека се работи за два братски народи кои делат меѓусебна почит, историја и традиција.На средбата министрите ја разгледаа состојбата со илегалната миграција и криумчарењето мигранти како и општата соработка меѓу министерствата и брзата и ефикасна размена на информации со цел борба со сите видови криминал, корупција и тероризам.На иницијатива на турската страна се разгледуваше информација за постапка за стекнување на македонско државјанство на граѓани на Република Турција.Двајцата министри разгледаа и неколку документи на кои ќе се дефинира и понатамошната идна соработка како нацрт текст на договор меѓу владите на Македонија и Турција за заемно признавање и замена на возачките дозволи, договор за безбедносна соработка меѓу двете влади и нацрт текст на меморандум за соработка во областа на обуки со кои полициски службеници од двете држави ќе можат да добиваат континуирана обука и искуства со цел унапредување на своите професионални знаења и вештини.

Македонија | пред 1 година

panchetosh

(Видео) Тошковски: Од неопходна важност е градењето и воспоставувањето на систем за контрола на легалните и нелегалните текови на оружјето

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на 12 Регионален координативен состанок за имплементација на Патоказот за контрола на мало и лесно оружје во Западен Балкан.Министерот Тошковски изрази уверување дека овие состаноци регионално ниво поттикнуваат не само продлабочување на регионалната соработка во развојот на вештини и координацијата во борбата против недозволена трговија и нелегално поседување огнено оружје, туку и посилна соработка со Европската унија, нејзините земји-членки, агенциите на Европската унија, како и со клучните меѓународни актери активни во областа на контрола на мало и лесно оружје.„Општо познато е дека достапноста и незаконската употреба на оружјето ја поткопуваат правдата, ја зголемуваат стапката на криминалот и ризиците од насилство и влијаат на стабилноста на нашите земји. Од неопходна важност во оваа насока е градењето и воспоставувањето на систем за контрола на легалните и нелегалните текови на оружјето, преку утврдување на процедури и механизми. Токму оваа цел ја имаше претходниот Патоказ чиешто спроведување покажа дека и покрај остварениот напредок и вложени напори, останува уште значителен дел од работата кој треба да се заврши со цел надлежните национални тела да ги достигнат највисоките стандарди и да се обезбеди ефикасна контрола на огненото оружје“, потенцираше министерот Тошковски.Тошковски нагласи дека предизвикот на една од нашите земји е предизвик на сите нас и затоа овој Патоказ е регионален, со утврдени недостатоци и цели за надминување на истите, идентификувани добри пракси и модуси за нивно постигнување, воведени стандарди и препораки за нивно исполнување.„Од овој аспект, како навистина успешен се покажа холистичкиот пристап кој го воведе SEESAC во контролата на малото и лесно оружје. Неговата успешност се огледува и во фактот што пред неполни два месеци, ние – Министрите за внатрешни работи од Западен Балкан го усвоивме новиот „Патоказ за одржливо решение за недозволено поседување, злоупотреба и трговија со мало и лесно оружје и муниција 2025-2030“. Но ефектот од досегашното спроведување на Патоказот под координација на (СЕЕСАК) се должи во голема мера и на одржувањето и ефектуирањето на соработка и партнерства со сите постојни меѓународни и европски чинители активни во оваа област“, нагласи министерот Тошовски.Тошковски на крај изрази уверување дека она што ќе следува во петте следни години на негово спроведување, не смее да биде ништо помалку од работа и посветеност на процесот, имајќи предвид дека тоа во голема мера ќе ги олеснува и насочува тековните напори за исполнување на клучните безбедносни стандарди за членство во Европската унија.Министерот Тошковски на маргините на регионалниот координативен состанок оствари и билатерална средба со Бојана Балон, раководител на (СЕЕСАК) - Агенцијата за контрола на мало и лесно оружје на Југоисточна Европа.

Македонија | пред 1 година

pance-t-oae-1

Тошковски: За пофункционален систем „Сејф сити“ отворена можност да ги искористиме искуствата од ОАЕ

Во рамки на посетата на Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати, министерот Панче Тошковски оствари работни посети и на Одделот за менаџирање на сообраќајот, системот „Safe City” и Академијата за цивилна одбрана.„Имав одлична можност одблиску да видам како функционира еден современ систем за побезбеден град во кој се имплементирани највисоките технолошки достигнувања како што е вештачката интелигенција, а во функција на поголема безбедност, помалку криминал, како и помалку жртви од сообраќајни незгоди. Имајќи предвид дека сме во фаза на имплементација на ваков сличен систем и во нашата држава, од особена корист ќе биде поголема соработка со МВР на ОАЕ сѐ со цел користење на искуствата кои ги имаат стекнато во овој дел.“, потенцираше министерот Тошковски.Во Академијата за цивилна одбрана министерот Тошковски се запозна со капацитетите за обука кои ги имаат во делот на справувањето со пожари, особено во делот на специјализирани тренинзи во симулирани ситуации на пожар во различни објекти.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања