Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Тошковски: Од 120.000 на 500 прекршоци – ‘Безбеден град’ дава резултати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
pance-tosh

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера беше во посета на компјутерскиот центар на „Безбеден град“ во СВР Скопје каде и официјално стартуваше проектот „Безбеден град“ за евиденција на прекршоците во сообраќајот.

— реклама —

Тошковски сведочеше за успешниот старт на проектот, дека одвива според планираните параметри и граѓаните како што се и очекуваше во огромен број ги почитуваат сообраќајните правила.

— реклама —

„Денес сме први февруари, некаде околу 20 часот. Имаме значително намалување на бројката на сообраќајни прекршоци во споредба од пред два месеци кога започнавме со тест периодот. Имаме од прилика околу петстотини сообраќајни прекршоци коишто се констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам една огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во сообраќајот бидејќи Вие сте тие коишто овозможивте драстично да се намали бројката за два месеци, некаде од над 120.000 на 500 прекршоци. Вие сте тие којшто го намаливте бројот на повредени лица во сообраќајни незгодни некаде околу 35% на територија на СВР Скопје и Вие сте тие којшто го намаливте бројот на смртни случаи настанати во рамки на сообраќајни незгоди од 11 на 4.“, потенцираше министерот Тошковски при посетата.

— реклама —

Министерот за внатрешни работи уште еднаш посочи дека со имплементирањето на овој проект и неговото официјално пуштање во употреба, за неколку часа покажуваме дека сме можеле европските вредности да ги имплементираме во Македонија и сме можеле да покажеме еден поинаков пристап, за разлика од претходно.

Тој уште еднаш од се срце упати честитки до македонските граѓани за почитувањето на сообраќајните правила и изрази сигурност дека во иднина со вакво однесување и со ваков начин на однос кон својата држава, ќе покажеме дека навистина ги имплементираме оние европски вредности коишто ги заслужуваат македонските граѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynhb8co62a2dl7lctyzK

Освен насилникот што пукаше и се закануваше на сопругата и децата, вчера имало уште еден случај на семејно насилство

Македонија | пред 3 седмици

ulica-partizanska-koli-avtomobili-semafori

Казни од „Сејф сити“ и ако останете заглавени на крстосница, а сте поминале на зелено светло

Македонија | пред 1 месец

media-library39j3bs4jgpinbcco50A

Тошковски: За „Безбеден град“ со внес на матичен број се спречува доставување на податоци на погрешно лице а евентуалните грешки ќе се коригираат во рок од 24 часа

Македонија | пред 1 месец

media-libraryipif7pt85e2kbVjttj9

Нови толеранции за брзина со Сејф сити: до 6км/ч во град, до 9км/ч меѓу градови, до 12км/ч на автопат

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања