Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СЕЈФ СИТИ

media-libraryln15t5tbfh5k3QO8KjQ

Во Велес се поставува опрема за реализација на „Безбеден град“

Министерството за внатрешни работи, односно Секторот за внатрешни работи Велес, деновиве започна со поставување камери на главните улици во Велес. Во тек е монтажа на каблите, металните сандачиња, столбовите и самите камери, како дел од проектот „Безбеден град“.Според првичните информации од претставник на СВР Велес, стартот на проектот се очекува кон крајот на јули годинава. Приоритетот за поставување на камерите ќе се одредува според прецизни критериуми за безбедност, со фокус на главните сообраќајни артерии, клучните крстосници и „црните точки“ каде што се случуваат најмногу сообраќајни незгоди. Точниот број и специфичните локации ќе бидат дефинирани по завршувањето на техничкото планирање.Граѓаните на Велес имаат различни очекувања од проектот. Дел од нив сметаат дека „Безбеден град“ ќе придонесе за поголема дисциплина во сообраќајот, почитување на пешачките премини и намалување на брзината на возилата, додека друг дел предупредува дека камерите можат да ја забават фреквенцијата на сообраќајот, особено во утринските и попладневните часови, кога се создаваат колони низ централното градско подрачје.Целта на проектот е да се овозможи целосна и ефикасна покриеност на критичните зони со камери, со што се очекува да се зголеми општата безбедност на граѓаните и сообраќајот во Велес.

Македонија | пред 4 дена

media-library944vbacg21khfMnxRFr

(Видео) Тошковски до Пашоли: Како ви текнува, се будите од сабајле и оп, сејф сити само Албанците ги фаќа?

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска во Собранието одговараше на прашања од пратеничката Арбана Пашоли, при што ја повика пратеничката да се посвети и да си ја заработи платата за која како што вели седи во „таа убава фотелја“.„Многу ми е жал што не можете да излезете од оној вакум на етнички предзнак кога говориме за професионалност, кога говориме за системски реформи, кога говориме за сејф сити, па велите само Албанците ги фаќала камерата. Кај ви текнуваат овие работи? Стварно не ми е јасно. Камерата на сејф сити фаќала само Албанци. Ја не знам, тој што ви ги дава идеите, што ги смислува приказните ,значи, стварно, ако го плаќате, престанете да го плаќате, смислете нешто сами, верувајте ми дека поефикасни ќе сте.Се намалувал процентот на менаџерски кадар во Министерството за внатрешни работи, Албанците ќе останале без менаџерски позиции. Па кој ви ги кажува овие работи? Стварно не ми е јасно. Како ви идат, како ви текнуваат, се будите од сабајле и оп, камерата, само Албанците ги фаќа. Е, како бе така? Значи, ве замолувам, за општото добро на сите, посветете се да си ја заработите платата за која што сте седнати во таа убава фотелја.И ве замолувам, еднаш станете на оваа говорница и еднаш поставете прашање, еве не мора за Македонците, еве прашајте за Грците. Може за Грците да прашате? Ева за Грците прашајте како се третирани од Министерството за внатрешни работи“, изјави ТошковскиТој на крајот додека дека граѓаните на општина Липково и на Желено (1:44) и на Сарај имаа по-добри услови за остворување на своите права од кога е ВМРО-ДПМНЕ на власт„А вас може да биде и криво за тоа, ама, здравје, има време ќе докажeте во иднина“, изјави Тошковски

Македонија | пред 4 дена

media-libraryktj4dfoq9ddibTN8JhD

(Видео) Страв од „Сејф сити“: Брза помош заглавена на раскрсница кај „Мавровка“

Возачи во Скопје сè почесто се двоумат дали да направат простор за возила на Итна медицинска помош, поради страв од казни од системот „Сејф сити“. Таков случај е регистриран денеска на раскрсница кај „Мавровка“, каде амбулантно возило останало заглавено и покрај вклучена сирена.Системот, кој е поставен на самата раскрсница, автоматски евидентира прекршоци, вклучително и движење на возила за време на црвено светло. Токму поради тоа, дел од возачите не се осмелиле да го поминат пешачкиот премин или да излезат од својата лента за да ѝ отстапат пат на Брзата помош.На видеото се слуша сирената, но амбулантното возило останува блокирано меѓу автомобилите. Дури по реакција и гестикулација од случаен минувач, дел од возачите почнуваат да се тргаат кон пешачкиот остров, овозможувајќи ѝ на Брзата помош да продолжи.Случајот отвора прашање дали системот за автоматско санкционирање создава контраефект во ситуации кога е неопходна итна реакција и дали возачите се доволно информирани како да постапуваат без да стравуваат од казни.

Скопје | пред 1 седмица

media-library91q0qa1n6t261rwxvLm

На ДУИ не и се допадна одлуката на Уставен за „Безбеден град“, бараат оставка од Костадиновски

Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро реагира на изјавите на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, поврзани со проектот „Safe City“, оценувајќи ги како скандалозни и неприфатливи.Од партијата соопштија дека ставот според кој СМС-пораките во рамки на системот „Safe City“ треба да се испраќаат само на македонски јазик, додека можат да се испраќаат и на англиски, но не и на албански, претставува дискриминација и кршење на духот на Уставот.Со оваа постапка претседателот на Уставниот суд ги надминува своите надлежности и брутално интервенира во правниот поредок и во меѓуетничките односи во државата, се наведува во реакцијата на ДУИ.Од партијата тврдат дека во последните две години Уставниот суд носел одлуки кои, според нив, ги поткопуваат достигнувањата од Охридскиот мировен договор. Притоа посочуваат дека албанските и турскиот судија во Судот биле надгласани.ДУИ побара итна оставка од Костадиновски, како и од секој судија кој, според нив, ги поддржува ваквите ставови.- Во спротивно, тој ќе сноси целосна одговорност за секоја последица што може да се појави на планот на меѓуетничките односи, велат од ДУИ.Во реакцијата, партијата упатува и критики кон коалицијата ВРЕДИ, оценувајќи дека е коодговорна за, како што велат, антиуставните постапки на Уставниот суд.ДУИ порачува дека останува определена во одбрана на уставниот поредок, еднаквоста и соживотот во државата, додавајќи дека секој обид за нарушување на овие принципи ќе добие соодветен политички и демократски одговор.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryln15t5tbfh5k3QO8KjQ

Нема ништо неуставно во „Безбеден град“, а со тоа нема ниту укинување на системот

Уставниот суд ги отфрли иницијативите со кои се бараше да се оспори системот „Безбеден град“, односно дел од одредбите од Законот за прекршоци.Иницијативите ги поднесоа двата дела на Алијансата за Албанците, предводени од Зијадин Села и Арбен Таравари, како и студентот Или Пачуку, кој реагираше поради неупотребата на албанскиот јазик во пораките за прекршоци.Судот оцени дека нема основ за поведување постапка и дека не е надлежен да ја оценува примената на законот.Системот „Безбеден град“ продолжува да функционира, а според законските одредби, Законот за прекршоци важи за целата територија на државата.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryv1nltt7a38cc1GWVltm

Уставниот суд денеска расправа за проектот „Сејф сити“

На денешната 7. седница на Уставниот суд ќе се дискутира и за предметите поврзани со популарно наречениот проект „Safe city", или „Безбеден град", кои произлегуваат од одредбите на Законот за прекршоците.На дневниот ред се оспоруваат член 28 став 8, член 29 став 4, членовите 48-а, 48-б, 48-в, 48-г и член 83 став 8, кои се однесуваат на автоматското евидентирање и процесирање на сообраќајни прекршоци, како и на начинот на достава и прифаќање или неприфаќање на одговорност за сторен прекршок.Трите иницијативи доаѓаат од различни подносители: Зијадин Села, Илире Даути и Елми Азири; Или Пачуку; и Алијанса на Албанците преку Арбен Таравари. Претходно беше соопштено дека ќе се разгледуваат заедно, што сега е потврдено и во официјалниот дневен ред на Судот.Клучните приговори се насочени кон повеќе точки: обврската граѓаните да имаат телефонски број и електронска адреса за да примаат известувања, употребата на јазиците во електронската комуникација, како и нерамномерната примена на системот само во Скопје, Тетово и Куманово, што според подносителите може да ја загрози еднаквоста на граѓаните. Во некои иницијативи се оспорува и нејасната и временски неограничена „пилот фаза“.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryuorm5rg4lhh68fwu8X9

Скопје лидер по прекршоците од „Безбеден град“: регистрирани 12.073 казни

Во периодот од 01.02.2026 до 28.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 19.066 прекршоци. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 18.172, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) 220 прекршоци, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 674 прекршоци.Исто така, изречени се вкупно 653 мерки „забрана за управување со возило“, од кои 220 се за „минување на црвено светло“, а 433 се за „брзо возење“.Гледано по седмици, најголем број на прекршоци се регистрирани во периодот од 02 до 08 февруари-4.991, а најмал во периодот од 09 до 15 февруари - 4.490, додека по денови најмногу на 28 февруари, а најмалку на 11 февруари – 377. Изминатиот месец дневниот просек изнесува 706 прекршоци.Најголем дел од прекршоците се регистрирани на подрачје на град Скопје-12.073 или 63,3% од вкупниот број на регистрирани прекршоци. Значаен дел од прекршоците се регистрирани и на патните правци долж Коридорите 8 и 10-вкупно 5.702, а најмал број на подрачјето на СВР Тетово – 370 и останати локации-17 прекршоци.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни и побезбедни патишта.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryln15t5tbfh5k3QO8KjQ

476 приговори за „Сејф сити“ за еден месец во Кривичен суд, најмногу се за брзина, црвено светло и нерегистрирани возила

Основен кривичен суд Скопје информира дека во првиот месец од примената на системот „Сејф сити“ се поднесени вкупно 476 приговори по издадените прекршочни налози за евидентирани сообраќајни прекршоци.Од нив, 431 приговор се поднесени од правни лица, а 45 од физички лица. По предметите постапуваат 16 судии од одделот за прекршоци.Согласно Законот за прекршоци, сите приговори се навремено заведени и во законскиот рок од осум дена се доставени до Министерство за внатрешни работи за произнесување, што претставува предуслов за понатамошно судско постапување.Од Судот појаснуваат дека до овој момент нема донесено правосилна судска одлука по прекршоците евидентирани преку системот „Сејф сити“, во случаите кога е поднесен приговор.Најголем дел од приговорите се однесуваат на прекршоци поврзани со неприспособена брзина, поминување на црвено светло и управување со нерегистрирано возило.Како значаен предизвик се посочуваат приговорите од лизинг-компании за возила дадени на користење врз основа на договор за лизинг, како и од граѓани кои претходно ги отуѓиле своите возила, но не извршиле одјава во МВР, поради што прекршочните налози биле издадени на нивно име.Од Судот наведуваат дека, имајќи го предвид јавниот интерес за воведувањето на системот „Сејф сити“, ќе продолжат да постапуваат во законските рокови и транспарентно да ја информираат јавноста за текот на постапките и обврските што произлегуваат за граѓаните.

Македонија | пред 1 месец

20180506_040611-1

Вчера за првпат „Сејф сити“ не регистрирл прекршок за минување на црвено светло

Вчера, од системот „Безбеден град“ регистрирани се вкупно 526 прекршоци, првпат не е регистриран ниту еден за минување на црвено светлоПрвпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор - црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички.За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ - сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи.

Македонија | пред 1 месец

media-library7uf3j4t4930q7aGtrZz

Сејф сити регистрираше 4910 прекршоци, најмногу за брзо возење и поминување на црвено

Во периодот од 16.02.2026 до 22.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 4.910 прекршоци.„Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 4.691, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) 16 прекршоци што претставува намалување на 51.5% во споредба со минатата седмица кога беа регистрирани 33 прекршоци, а во првата недела од месецот беа регистрирани дури 163 прекршоци за минување на затворен сигнал, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 203 прекршоци.Исто така, изречени се вкупно 117 мерки „забрана за управување со возило“, чиј број бележи намалување од 20.9% во однос на минатата седмица, а во првата недела од месецот беа регистрирани дури 288 мерки „забрана за управување со возило“. Од 117 мерки кои беа изречени изминатата седмица 16 се за „минување на црвено светло“, а 101 се за „брзо возење“, од кои 75 за брзина поголема од 80 км на час во населено место, 19 за брзина поголема од 10 км на час и седум за брзина поголема од 170 км на час во ненаселено место.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни и побезбедни патишта“, информираат од МВР.

Македонија | пред 1 месец

ulica-partizanska-koli-avtomobili-semafori

Казни од „Сејф сити“ и ако останете заглавени на крстосница, а сте поминале на зелено светло

Казна од околу 45 евра ќе се изрекува за возачи кои, иако влегле на зелено светло, остануваат заглавени на сред крстосница поради сообраќаен метеж, во рамки на системот „Сејф Сити“. Ова го потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.Во вакви случаи прекршокот нема да се третира како поминување на црвено светло, туку како забавување или отежнување на движењето во рамки на крстосница, што е посебно дефиниран сообраќаен прекршок. Возачите ќе бидат должни однапред да направат проценка дали има услови безбедно да ја поминат крстосницата, дури и кога семафорот покажува зелено светло.Во тест-периодот биле евидентирани ситуации во кои камерите регистрирале поминување на црвено, иако возилото влегло на зелено светло. Надлежните информираат дека системот е прилагоден и дека ваквите случаи повеќе нема да се третираат како поминување на црвено, туку како таканаречено „угушување“ на крстосница.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryitk0hbd9he31bwOhrmG

Казна за туѓо моторче: скопјанец раскажува за „Безбеден град“ и шест дена по шалтери

Скопјанецот Игор Јуруков јавно го сподели своето искуство со системот „Безбеден град“, откако, како што тврди, добил казна за пречекорување на брзина што, според него, не ја сторил. Наместо возилото што навистина се движело со поголема брзина, казната завршила на негово име, поради, како што објаснува, начинот на кој функционира системот за автоматско препознавање на регистарски таблички.Според неговото сведочење, инцидентот се случил додека се движел во група возила по булеварот „Илинденска“, кога сите забавиле поради црвено светло. Во тој момент, меѓу возилата поминало моторче, по што на неговиот телефон пристигнала СМС-порака за пречекорување на брзина и казна од 15 евра. Јуруков тврди дека радарот ја регистрирал брзината на моторот, а софтверот од камерата ја поврзал со неговата регистрација, бидејќи моторите немаат предна регистарска табличка.Следувала низа административни чекори. На шалтер за „сејф-сити“ во МВР бил упатен да се обрати во полициска станица, од каде што, пак, бил насочен кон судот за прекршоци. Таму му било објаснето дека треба да поднесе жалба во два примероци, но бидејќи возилото било службено, од него било побарано дополнително да даде изјава во полиција дека токму тој управувал со автомобилот.По повторни одења во полициска станица и доставување на патен налог и полномошно, Јуруков вели дека службено лице го советувало да ја плати казната со 50 отсто попуст, бидејќи „нема шанси системот да згреши“. Тој одбил и инсистирал на поднесување изјава, по што требало да добие нов записник на свое име.И покрај најавите дека новата документација ќе пристигне веднаш или најдоцна следниот ден, тоа не се случило, па Јуруков повторно се вратил во полициската станица. По неколкудневна упорност, конечно добил нов записник со нов датум.Потоа следувала нова посета на судот, каде наместо две, од него биле побарани три копии од документацијата. По дополнително враќање со потребниот број примероци, жалбата била примена, но без јасен одговор дали рокот од осум дена за плаќање на казната ќе биде стопиран.Јуруков оценува дека случајот за стручно лице од областа на сообраќајот би бил едноставен, но укажува дека постапката за поднесување жалби е бавна и административно оптоварена. Според него, потребно е системско решение што ќе овозможи поедноставна и поефикасна постапка, наместо, како што вели, „шетање по шалтери и копии на хартија“.Тој изрази надеж дека судската постапка ќе донесе разрешница и дека ваквите случаи ќе придонесат кон подобрување на системот.

Македонија | пред 1 месец

media-library7uf3j4t4930q7aGtrZz

За една недела „Сејф сити“ регистрираше 4.490 прекршоци, најголем дел за брзо возење

Во периодот од 09.02.2026 до 15.02.2026, системот „Безбеден град“ регистрирал вкупно 4.490 прекршоци на подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери. Ова претставува намалување од 10% во споредба со првата седмица во февруари, кога беа констатирани 4.991 прекршок.Од вкупниот број, најголемиот дел – 4.297 прекршоци – се за управување со возило со брзина поголема од дозволената. Дополнително, 33 возачи минале на затворен сигнал (црвено светло), а 160 се за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола.Исто така, изречени се 148 мерки „забрана за управување со возило“, што е намалување од 48,6% во однос на минатата седмица. Од нив, 33 се за минување на црвено, а 115 за брзо возење – од кои 99 за над 80 км/ч во населено место, 12 за над 10 км/ч сопствено ограничување и четири за над 170 км/ч во ненаселено место.Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryr25thq0ag6m8e34qqdT

(Видео) „Прво средете ја сигнализацијата, па применувајте ‘Сејф сити’“, Давидовиќ за предноста, но и проблемите на новиот систем

Адвокатот Звонко Давидовиќ во емисијата „Претрес“ посочи дека системот „Сејф сити“ може да даде резултати само доколку претходно се создадат јасни и фер услови за негово спроведување.Според него, основен предуслов е поставување соодветна сообраќајна сигнализација на сите улици, со јасно означенао ограничување на брзината.„Прво пред сѐ, на сите улици треба да има сообраќајни знаци со ограничување на брзината. Ние на дел од улиците немаме ограничување и едноставно не знаете колку треба да возите“, рече Давидовиќ.Тој укажа и на, како што оцени, нелогичности на автопатот од Скопје кон Велес, каде на одредени делници има значително намалување на дозволената брзина.„На излез од Скопје имате 50, па 70, а потоа кон Велес, иако Законот за јавни патишта забранува брзината на автопат да се спушти под 80 километри на час, имате ограничување од 50 кај тунелот, а по тунелот 60-70. Тоа не е автопат“, нагласи тој.Давидовиќ смета дека ваквите решенија создаваат конфузија кај возачите и ја доведуваат во прашање оправданоста на санкционирањето.Во однос на „Сејф сити“, тој посочи дека системот покажува како функционираат правилата кога постои реална и неизбежна санкција.„Во мигот кога имате извесна репресија, односно закана дека ќе платите глоба и никој не може да ви помогне, затоа што камерата не можете да ја ‘ургирате’, се почитува прописот“, истакна Давидовиќ.Тој оцени дека со вистинска и неселективна примена на законот, многу брзо би се воспоставил ред во сообраќајот, но додаде дека за тоа е потребна институционална посветеност.„Со вистинска примена на законот, без селективност, многу брзо ќе доведете во ред многу работи. Но некој треба да се потруди за да го спроведе тоа, а во нашиот правосуден систем очигледно го немаме тоа“, заклучи Давидовиќ.Зборувавме и за одземањето на возила, цел поткаст е тука:

Македонија | пред 1 месец

media-library33cqj83ps5ddemhjLwD

Мицкоски: „Сејф сити“ ги дава резултатите, во однос на протестот за нерегистрирани возила законот мора да се почитува и да има ред

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју во Дневникот на МРТ, говорејќи за проектот „Безбеден град“ истакна дека истиот ги дава резултатите, граѓаните го почитуваат сообраќајот и има големо намалување на сообраќајните прекршоци, додека во однос на протестите за нерегистрирани возила и возење без возачка вели дека законот мора да се почитува и нема компромис, мора да има ред.Премиерот Мицкоски нема дилема дека ќе се издржи и притоа заблагодари на македонските граѓани што ги почитуваат правилата и возат побезбедно, појаснувајќи дека бројката на прекршоци конкретно во Скопје е помала отколку кога би имало организирана акција на МВР.„Ако таа бројка сега движи под 500, а во минатото статистиката вели дека кога МВР би имало организирана акција во сообраќајот тогаш се констатираат околу 1.000-1.200 прекршоци, тоа значи дека сега, навистина возачите го почитуваат сообраќајот и ги почитуваат правилата. Во вообичаен ден кога нема организирана акција, сообраќајните припадници на МВР санкционираат помеѓу 300 и 500 прекршоци на територијата на Скопје. Што значи дека сега со овој паметен систем сме во рамките на тоа за кое зборувам и претставува редовна работна рутина на МВР, а разликата е што имаме многу помал број на сообраќајни незгоди, преполовен е тој број, нема жртви од почетокот на официјалната примена од почетокот на февруари. Мислам дека од сето ова најголем бенефит имаат самите граѓани и возачи и истото се случува во Тетово и Куманово, не се забележани повеќе од 20-30 сообраќајни прекршоци дневно и 50-80 на коридорите 8 и 10. Генерално се движиме меѓу 500 и 600 прекршоци на територијата на која функционира системот“, потенцираше премиерот Мицкоски.Во однос на протестите и заканите за возење без возачка и за нерегистрирани возила, премиерот Мицкоски истакна дека има конкретни акции и дејства од страна на МВР за оние кои ја преминале границата, и дека нема да се толерира дивеење и се што не е мирен начин на протест.„Реков дивеење и начинот на кој одредена група протестираше можеше да се сфати како закана по животите и слободата на други лица без разлика дали се цивили или припадници на МВР, а од друга страна имаме уништување на државен имот. Секаде каде што тоа е констатирано, ќе биде поднесена пријава против сторителите на сето тоа. Ако некој мисли дека тоа ќе остане така неказнето, тогаш мислам дека се лаже. Така што секое изразување на револт на демократски и мирен начин е во ред, секој има право, оваа група вели ние сакаме да управуваме патнички возила или друг тип на возила без да поседуваме легална возачка дозвола. Ние велиме дека тоа не може“, нагласи премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски посочи дека ако вие на мирен начин се изразува револт, тогаш ние како држава може да го обезбеди тој мирен начин, но ако тоа ја помине границата, државата мора жестоко да реагира и државата ќе реагира доколку некој ја премине границата односно Рубиконот.„Побарав од МВР жестоко да реагира против сторителите кои тоа го прават, го загрозуваат правото на слобода, животот на без разлика дали се цивили или припадници на МВР и уништуваат државен имот или нанесуваат друг тип на штета, тие мора да бидат одговорни за сето тоа, ние сепак сме правна држава, дел од НАТО, држава која претендира да биде дел од ЕУ и ова година кога се воведува ред, во сообраќај и други сфери во општеството и мора да имаме ред ако сакаме да бидеме држава. Додека сум јас претседател на Влада мора да се почитуваат законите. Законот вели дека за да управуваш патничко возило мора да имаш важечка сообраќајна дозвола, ако немаш нема да управуваш, ако немаш нема да управуваш, а ако управуваш без важечки документ ќе бидеш одговорен пред закон. Тука нема компромис“, дециден е премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryim3ps9lpkli2170NfW1

Калајџиев за „Сејф сити“: Се чувствувам како Големиот брат да неʼ лови по улици, ништо не остана од приватноста

Трет ден од официјалниот старт на проектот Безбеден град, а реакциите не стивнуваат.Професорот Гордан Калајџиев вели дека има чувство како да го следи Големиот брат.„Гледам главно позитивни реакции на “безбеден град”. Јас лично се чувствувам како Големиот брат да неʼ лови по улици. Пс. Прво почна да неʼ слуша, да не следи.. Ништо не остана од приватноста..“, напиша тој.

Коментари | пред 1 месец

media-libraryeb79874sfn40ev4Bmi3

„Безбеден град“ за еден ден: 646 сообраќајни прекршоци и 101 забрана за возење

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во текот на вчерашниот ден, 1 февруари 2026 година, системот „Безбеден град“ евидентирал вкупно 646 сообраќајни прекршоци на територијата на државата, при што доминираат пречекорувањата на дозволената брзина и минувањата на црвено светло.Според податоците на Министерство за внатрешни работи, за минување на црвено светло биле констатирани 64 прекршоци. Од нив, 35 се регистрирани на територијата на Скопје, пет во Тетово и 24 во Куманово. Истовремено, системот детектирал вкупно 582 случаи на возење со брзина поголема од дозволената. Најголемиот дел од овие прекршоци се регистрирани во Скопје – 445, додека во Тетово се евидентирани 36, во Куманово 31, а 70 прекршоци се констатирани на патните коридори.Како резултат на утврдените прекршоци од двата вида, МВР информира дека биле изречени вкупно 101 забрана за управување моторно возило. Од Министерството повторно апелираат до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, потенцирајќи дека системот „Безбеден град“ има за цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди со тешки последици.

Македонија | пред 1 месец

pance-tosh

(Видео) Тошковски: Од 120.000 на 500 прекршоци – ‘Безбеден град’ дава резултати

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера беше во посета на компјутерскиот центар на „Безбеден град“ во СВР Скопје каде и официјално стартуваше проектот „Безбеден град“ за евиденција на прекршоците во сообраќајот.Тошковски сведочеше за успешниот старт на проектот, дека одвива според планираните параметри и граѓаните како што се и очекуваше во огромен број ги почитуваат сообраќајните правила.„Денес сме први февруари, некаде околу 20 часот. Имаме значително намалување на бројката на сообраќајни прекршоци во споредба од пред два месеци кога започнавме со тест периодот. Имаме од прилика околу петстотини сообраќајни прекршоци коишто се констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам една огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во сообраќајот бидејќи Вие сте тие коишто овозможивте драстично да се намали бројката за два месеци, некаде од над 120.000 на 500 прекршоци. Вие сте тие којшто го намаливте бројот на повредени лица во сообраќајни незгодни некаде околу 35% на територија на СВР Скопје и Вие сте тие којшто го намаливте бројот на смртни случаи настанати во рамки на сообраќајни незгоди од 11 на 4.“, потенцираше министерот Тошковски при посетата.Министерот за внатрешни работи уште еднаш посочи дека со имплементирањето на овој проект и неговото официјално пуштање во употреба, за неколку часа покажуваме дека сме можеле европските вредности да ги имплементираме во Македонија и сме можеле да покажеме еден поинаков пристап, за разлика од претходно.Тој уште еднаш од се срце упати честитки до македонските граѓани за почитувањето на сообраќајните правила и изрази сигурност дека во иднина со вакво однесување и со ваков начин на однос кон својата држава, ќе покажеме дека навистина ги имплементираме оние европски вредности коишто ги заслужуваат македонските граѓани.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryas9r1eq4aghqdRntHDm

Прагот на толеранција за брзо возење ќе се намалува со тек на време, проблеми од утрово нема, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека на првиот ден од почетокот на казнувањето преку системот „Сејф сити“ нема евидентирани поплаки од граѓаните и дека е во постојана комуникација со министерот за внатрешни работи.Тој појасни дека Владата и Министерството за внатрешни работи одлучиле на стартот да го зголемат прагот на толеранција, со цел граѓаните постепено да се навикнат на новиот систем и да не бидат казнувани веднаш. Според него, во моментов прагот на толеранција изнесува 15 проценти, што е над европскиот стандард од 10 проценти, но најави дека со текот на времето ќе се враќаат на тие европски прагови.„Како што ќе се навикнуваат возачите, така постепено ќе се враќаме во европските рамки. Но суштината не е казнувањето, туку да нема сообраќајни незгоди и загубени човечки животи“, истакна Мицкоски.Премиерот изрази очекување дека со целосната примена на „Сејф сити“ ќе дојде до драматично намалување на бројот на сообраќајни прекршоци и изречени казни, нагласувајќи дека проектот е насочен кон зголемување на безбедноста во сообраќајот, а не кон полнење на буџетот.

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

Тошковски: Доброволното плаќање на казната носи поволности, но сериозните прекршоци значат и забрана за управување со возило

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во гостување во дневникот на Македонската национална телевизија, детално го објасни начинот на примена на санкциите во рамки на системот „Безбеден град“, со посебен акцент на повеќекратните прекршоци, сериозните надминувања на дозволената брзина и можностите за доброволно прифаќање и плаќање на казните.Тошковски посочи дека законската рамка јасно ги дефинира последиците за сообраќајните прекршоци и дека иако секој возач може да погреши, драстичното и опасно прекршување на правилата носи построги санкции. Како пример наведе дека доколку на делница со дозволена брзина од 50 километри на час возач управува со повеќе од 90 километри на час, покрај парична казна се изрекува и забрана за управување со моторно возило.Со таквата мерка, како што појасни министерот, лицето во одреден временски период нема да смее да управува ниту со сопственото, ниту со кое било друго возило од таа категорија, што претставува сериозна последица за оние што грубо ги кршат сообраќајните правила.Во исто време, Тошковски нагласи дека системот предвидува и механизми за стимулирање на одговорно однесување од страна на граѓаните. Доколку сторителот доброволно ја прифати одговорноста и ја плати казната во рок од осум дена, ќе плати само половина од изречениот износ. Дополнително, доколку во рок од 16 дена ја плати казната и го признае прекршокот, Министерството има можност да изрече и поблага мерка на забрана за управување.Според министерот, доколку законот предвидува минимална забрана за управување од три месеци, во ваков случај таа може значително да се намали, на пример на 45 дена. Овој модел, како што рече, е воведен со цел да се избегнат долги и непотребни судски постапки кога постојат јасни и недвосмислени докази за сторениот прекршок.Тошковски посочи дека системот „Безбеден град“ функционира врз основа на видео записи и фотографии, што обезбедува високо ниво на точност при утврдување на прекршоците. Граѓаните, нагласи тој, имаат право да поведат судска постапка доколку сметаат дека тоа е оправдано, но во таков случај не можат да ги користат поволностите што ги нуди доброволното прифаќање на одговорноста.„Целта не е казнување по секоја цена, туку подигнување на сообраќајната култура и заштита на човечките животи. Оние што прават сериозни прекршоци ќе сносат последици, а системот е дизајниран да превенира трагедии, а не само да полни буџет“, истакна министерот.Проектот „Безбеден град“, според Министерството за внатрешни работи, претставува еден од клучните чекори кон зголемување на сообраќајната дисциплина, целосна дигитализација на постапките и унапредување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryfisefdcltqbg3o3TEFQ

До 200 метри, четири ленти и 24 часа контрола: што сè можат камерите на „Безбеден град“

Со стартот на системот „Безбеден град“, на македонските улици и булевари се активираше нов начин на сообраќајна контрола, базиран на стационарни радарско-видео камери со висока техничка прецизност. Иако во јавноста најчесто се зборува за казните, клучното прашање е – како функционира системот откако ќе се регистрира прекршок и што точно можат да „видат“ и измерaт овие камери.Во моментот кога возилото ќе ја надмине дозволената брзина, ќе помине на црвено светло, ќе биде регистрирано со истечена регистрација или ќе запре на недозволено место, камерата автоматски го детектира настанот. Системот работи континуирано, 24 часа дневно, без оглед на временските услови, и не зависи од физичко присуство на полиција на терен.Клучната карактеристика на овие уреди е тоа што тие не се обични надзорни камери, туку интегрирани мерни системи. Камерите користат радарска технологија за мерење на брзината, во комбинација со видео-анализа, со што се обезбедува висока точност и дополнителна потврда на прекршокот. Мерењето на брзината се врши на далечина од приближно 10 метри, па сè до над 200 метри, што значи дека прекршокот може да биде регистриран далеку пред возачот да ја забележи камерата.Техничките спецификации овозможуваат истовремено следење на повеќе сообраќајни ленти. Во зависност од поставеноста, една камера може паралелно да контролира до четири ленти, во ист или во спротивен правец на движење. Во секоја од тие ленти, системот следи повеќе возила истовремено, без мешање на податоците, при што точно се утврдува во која лента се движело конкретното возило и со која брзина.Камерите се опремени со инфрацрвено осветлување, што овозможува јасно снимање и ноќе, без заслепување на возачите. Системот чита регистарски таблички и при високи брзини, дури и над 200 километри на час, како и во услови на дожд, магла или намалена видливост. Дополнително, софтверот прави разлика меѓу типови возила – патнички, товарни, автобуси и мотоцикли – што е важно за делници со различни ограничувања.По детекцијата, камерата автоматски генерира доказен пакет. Тој вклучува јасна фотографија од регистарската табличка, фотографија од возилото во поширок сообраќаен контекст, кратко видео од движењето на возилото, како и технички податоци – точен датум и време, локација, измерена брзина и дозволена брзина за таа сообраќајница. Сите податоци се дигитално заштитени и врзани за конкретниот уред, што ја исклучува можноста за накнадна измена. Дел од нив се доставуваат до сопственикот на возилото со казната. Другите се чуваат во случај на спор или докажување дали прекршокот е сторен или не.Паралелно, системот автоматски ја чита табличката и ја споредува со базите на податоци, со што се утврдува сопственикот на возилото и статусот на регистрацијата. Во случаи кога се детектира прикриена, оштетена или нечитлива табличка, тоа се евидентира како посебен прекршок.Врз основа на овие технички податоци, се подготвува прекршочен налог согласно законските одредби. Камерата не ја одредува висината на казната, туку таа е строго дефинирана со закон, при што се применуваат и законски дозволените толеранции, особено кај мерењето на брзината.Системот „Безбеден град“, според институциите, има цел да воведе постојана и еднаква контрола за сите учесници во сообраќајот, без селективност и човечки фактор. Фокусот, како што се нагласува, не е исклучиво на казнување, туку на превенција, дисциплина и намалување на бројот на сообраќајни несреќи, особено на критичните и фреквентни сообраќајни точки.

Македонија | пред 1 месец

media-library39j3bs4jgpinbcco50A

Тошковски: За „Безбеден град“ со внес на матичен број се спречува доставување на податоци на погрешно лице а евентуалните грешки ќе се коригираат во рок од 24 часа

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување во дневникот на Македонската национална телевизија говореше за почетокот на имплементацијата на проектот „Безбеден град“, притоа информирајќи ги граѓаните за начинот на функционирање на системот и за постапките во случај на евентуални несогласувања во податоците.Тошковски посочи дека дел од податоците за сопствениците на возила во постојните евиденции може да бидат неточни, што може да се должи на претходно доставени погрешни информации од граѓаните или на грешки при внес во системите. Поради тоа, можно е одредени граѓани да добијат известување или записник што не се однесува на нивното возило или на прекршок што тие не го сториле.„Секој граѓанин кој ќе забележи несогласување во податоците ќе има право да се обрати во која било полициска станица и да пријави дека станува збор за грешка – дека возилото не е негово, дека не управувал тој или дека има друг вид неточност. Согласно законски утврдена процедура, Министерството за внатрешни работи во рок од 24 часа ќе изврши проверка и корекција на податоците, а Граѓанинот ќе добие известување дека нема да биде прекршочно гонет доколку не го сторил прекршокот“, истакна министерот.Тој нагласи дека во новиот систем е воведен и дополнителен механизам за заштита на личните податоци. По добивањето на СМС-известување за сторен сообраќаен прекршок, граѓанинот ќе треба преку линк да пристапи до записникот, при што за преземање на документот ќе биде потребно внесување на матичен број. Со ова се овозможува дополнителна автентикација и проверка на веродостојноста на податоците, со цел лични информации да не бидат доставени на погрешно лице.Министерот потенцираше дека, и покрај современата технологија, можни се технички грешки поради надворешни фактори како светлина, временски услови или други околности што може да влијаат врз читањето на регистарските таблички. Во такви случаи, граѓаните повторно ќе имаат можност да побараат исправка, која ќе биде извршена во најкус можен рок.„Не постои совршен систем и не тврдам дека нема да има грешки. Ќе ги има, но тие ќе се коригираат. Овој систем е значително подобар од она што го имавме досега, а неговата основна цел е да спасува животи и да обезбеди поголема безбедност во сообраќајот. Важно е одговорност да сноси оној што го сторил прекршокот“, порача Тошковски.Проектот „Безбеден град“ претставува дел од пошироките напори на Министерството за внатрешни работи за дигитализација, зголемување на транспарентноста и унапредување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryln15t5tbfh5k3QO8KjQ

Од утре „Сејф сити“ почнува да казнува: за почеток само четири прекршоци ќе се регистрираат

Од утре официјално започнува примената на системот „Сејф сити“, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во полна функција. Станува збор за интегриран техничко-информациски систем кој преку камери и софтверски алатки ќе ги регистрира прекршоците во сообраќајот, без потреба од директно присуство на полициски службеници на терен.Во првата фаза, „Сејф сити“ ќе санкционира четири видови прекршоци: пречекорување на дозволената брзина, минување на црвено светло, управување возило со истечена регистрација и непрописно запирање или паркирање. Камерите поставени на клучни сообраќајници и раскрсници автоматски ќе го регистрираат прекршокот, ќе ја идентификуваат регистарската табличка и ќе ја процесираат снимката преку централен систем за верификација.Откако прекршокот ќе биде утврден, сопственикот на возилото ќе добие известување за сторениот прекршок, со фотографски доказ, време и локација на настанот, како и соодветна прекршочна санкција. Постапката е целосно дигитализирана, а човечкиот фактор е сведен на минимум, со цел да се избегнат селективност, субјективност и можни злоупотреби.Казните за прекршување на брзинскиот лимит се определуваат според тоа колку километри на час е надмината границата:-до 20 km/h над дозволеното: 20 евра во денарска противвредност-од 20 до 30 km/h: 45 евра-од 30 до 50 km/h: 300 евра и забрана за управување со возило од 3 до 12 месеци-над 50 km/h: 400 евра, 4 казнени поени и забрана за управување најмалку 12 месециВо населено место, казните се построги и може да достигнат 500 евра со задолжителна забрана за управување.Системот автоматски санкционира минување на црвено светло со:-250 евра парична казна-забрана за управување со моторно возило од 3 до 12 месециДоколку прекршокот предизвика опасност или сообраќајна незгода, се применува и кривична одговорност.За возење со истечена сообраќајна дозвола:-100 евра казна за возачот-250 евра казна за сопственикот, ако е друго лицеСистемот автоматски проверува преку регистрите на МВР.Казни за непрописно запирање или паркирање:-30 евра за стандардни прекршоци-45 евра ако возилото го попречува сообраќајот-50 евра ако возилото е паркирано на место за лица со попреченост-Во случаи каде што возилото претставува ризик, се применува и подигнување со пајак-служба со дополнителни трошоци.Ако казната се плати во рок од 8 дена, сторителот плаќа само 50% од износот. По истекот на рокот, казната се наплатува во целост, со можност за присилна наплата.Надлежните институции уверуваат дека целта на „Сејф сити“ не е репресија, туку превенција и зголемување на сообраќајната безбедност. Очекувањата се дека со автоматското санкционирање ќе се намали бројот на сообраќајни несреќи, особено оние со тешки последици, како и дека ќе се воведе повисоко ниво на сообраќајна дисциплина.Со стартот на системот, „Сејф сити“ практично означува нова ера во контролата на сообраќајот – ера во која камерите паметат сè, а прекршоците повеќе не зависат од тоа дали во близина има полициска патрола, туку од тоа дали возачите ги почитуваат правилата.

Македонија | пред 1 месец

media-library7eu3qlol61n1aaUNNU7

Мицкоски: „Безбеден град“ спасува животи, не етнизира

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на денешната седница истакна дека оваа влада ја гарантира правичната застапеност и новиот закон доби позитивна препорака од Венецијанска комисија што е обврзувачко во процесот кон ЕУ, а проектот „Безбеден град“ не етнизира, туку спасува човечки животи.„Што се однесува за правичната застапеност можам да кажам дека апсолутно се води сметка за правичната застапеност, јас сум личен гарант и тоа сум го кажал во минатото. Ниту како човек, ниту како политичар, ниту како претседател на Влада, нема да дозволам никој никого да мајоризира или минимизира. Односно, апсолутно можам да ве убедам дека квалитетот на луѓето без разлика од која етничка припадност доаѓаат треба да биде клучен и приоритет и тоа е темелна уставна вредност и дел од меѓународните резолуции и конвенции“, истакна премиерот Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање поставено од пратеникот Скендер Реџепи.Премиерот Мицкоски му порача на пратеникот Реџепи дека треба пошироко и објективно да ги гледаат работите, наместо да ги етнизираат прашањата мислејќи дека така ќе добијат политички поени.„Што се однесува до Законот за правична застапеност, тој е готов, ги доби последните позитивни мислења на Венецијанската комисија. Ќе ве потсетам, мислењето на Венецијанската комисија согласно последните измени во процесот на пристапување кон Европската Унија и согласно последните барања за промена на методологијата во процесот на пристапување се одлучувачки фактор. По истите се постапува и очекувам многу скоро овој закон да биде доставен пред вас пратениците и се надевам дека едногласно истиот ќе биде усвоен бидејќи има позитивна препорака на Венецијанската комисија и се надевам дека нема на тој начин пратениците да ги загрозат европските процеси на државата“, потенцираше премиерот Мицкоски.Во врска со одлуката на Уставниот суд, премиерот Мицкоски нагласи дека одлуки на Уставен суд нема да коментира, но факт е дека ова мнозинство во Уставниот суд е избрано во време на претходната влада, а не во оваа. Во однос на проектот „Безбеден град“, премиерот Мицкоски потенцираше дека погрешно е што и ова некои политичари се обидуваат да го етнизираат, затоа што истиот има за цел да спасува човечки животи.„Политичарите кои се во романтичен занес, мислат дека ако ги етнизираат и упокоените кои за жал го изгубиле својот живот поради сообраќајни незгоди, треба да се гледаат низ оптика на етничка припадност. Она што можам да кажам е дека повеќе нема да има голем број на жртви на сообраќајни незгоди по имплементирање на проектот „Безбеден град“. Оваа влада одлучи проектот да се стави во функција со цел да спаси човечки животи без да се води математичка статистика кој од која етничка припадност и да ја толкува методологијата со која за упокоените се определува етничка припадност. Овој проект има за задача да спаси што е можно повеќе луѓе“, истакна премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 2 месеци

04

ВЛЕН: Камерите „Безбеден град“ ќе имаат исти толеранции како полициските радари

ВЛЕН во денешното соопштение нагласува дека толеранциите на камерите од „Безбеден град“ ќе бидат исти како оние на полициските радари: 6 км/ч до 100 км/ч и 8 км/ч над 100 км/ч.Според владиниот коалициски партнер, ова докажува дека фокусот е на превенција, а не на казнување. Толеранцијата важи само за помали прекршоци, додека не важи за кривични сообраќајни прекршоци, додаваат од таму.„Во врска со имплементацијата на системот, нагласуваме дека толеранциите на камерите ќе бидат идентични со оние што веќе ги применуваат полициските радари: толеранција од 6 км/ч за брзини до 100 км/ч и 8 км/ч за брзини над 100 км/ч. Ова јасно покажува дека целта не е казнување, туку спречување на прекршоци што ги загрозуваат животите на луѓето. Толеранцијата се однесува само на помали прекршоци и не се однесува на случаи на кривични сообраќајни прекршоци“, велат од ВЛЕН.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања