Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Сејф сити: Над 26.000 прекршоци во март, драстичен пад на минувањето на црвено светло

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryv1nltt7a38cc1GWVltm
Скопје1.мк

Во месец март констатирани се 26.241 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“, за 68.2% намален бројот на прекршоци за минување на црвено светло споредбено со февруари

Во периодот од 01.03.2026 до 31.03.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 26.241 прекршок.

— реклама —

Од вкупниот број на регистрирани прекршоци за минување на затворен сигнал (црвено светло) констатирани се 70 прекршоци што претставува намалување на 68.2% во споредба со месец февруари, најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 25.230, а во текот на март месец беа регистрирани дури 941 прекршок за управување на возило со измината важност на сообраќајната дозвола.

Исто така, изречени се вкупно 544 мерки забрана за управување со возило, чиј број бележи намалување од 16.7% во однос на минатиот месец. Од нив 70 се за минување на црвено светло, а 474 се за брзо возење, од кои 362 за брзина поголема од 80 км на час во населено место, 70 за брзина поголема од 10 км – сопствено ограничување на возило и 42 за брзина поголема од 170 км на час во ненаселено место.

— реклама —

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни и побезбедни патишта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryeb79874sfn40ev4Bmi3

Се казнува автоматски, ама плаќањето се докажува на стариот добар начин со уплатници во станица - МВР уште нема софтвер

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryutg66ivd5s6l3sK519Q

Се помалку приговори од „Сејф сити“: драстичен пад на поплаки од системот за казнување

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryln15t5tbfh5k3QO8KjQ

Во Велес се поставува опрема за реализација на „Безбеден град“

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryktj4dfoq9ddibTN8JhD

(Видео) Страв од „Сејф сити“: Брза помош заглавена на раскрсница кај „Мавровка“

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања