Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Уставниот суд денеска расправа за проектот „Сејф сити“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryv1nltt7a38cc1GWVltm
Скопје1.мк

На 7. седница Уставниот суд ќе расправа за одредби од Законот за прекршоците поврзани со проектот „Safe city/Безбеден град“, за автоматско евидентирање и процесирање сообраќајни прекршоци и начинот на достава и прифаќање одговорност. Иницијативите се од Села/Даути/Азири, Пачуку и Алијанса на Албанците (Таравари) и ќе се разгледуваат заедно. Се оспоруваат обврска за телефон и е-адреса, јазиците во е-комуникација, примена само во Скопје, Тетово и Куманово и нејасна „пилот фаза“. Одлуката може да отвори постапка или да го остави системот да продолжи.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

На денешната 7. седница на Уставниот суд ќе се дискутира и за предметите поврзани со популарно наречениот проект „Safe city", или „Безбеден град", кои произлегуваат од одредбите на Законот за прекршоците.

На дневниот ред се оспоруваат член 28 став 8, член 29 став 4, членовите 48-а, 48-б, 48-в, 48-г и член 83 став 8, кои се однесуваат на автоматското евидентирање и процесирање на сообраќајни прекршоци, како и на начинот на достава и прифаќање или неприфаќање на одговорност за сторен прекршок.

Трите иницијативи доаѓаат од различни подносители: Зијадин Села, Илире Даути и Елми Азири; Или Пачуку; и Алијанса на Албанците преку Арбен Таравари. Претходно беше соопштено дека ќе се разгледуваат заедно, што сега е потврдено и во официјалниот дневен ред на Судот.

Клучните приговори се насочени кон повеќе точки: обврската граѓаните да имаат телефонски број и електронска адреса за да примаат известувања, употребата на јазиците во електронската комуникација, како и нерамномерната примена на системот само во Скопје, Тетово и Куманово, што според подносителите може да ја загрози еднаквоста на граѓаните. Во некои иницијативи се оспорува и нејасната и временски неограничена „пилот фаза“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryi8ehr32s18d27R3b6pj

Уставен суд поништи законско решение: Намалувањето на судиските плати е неуставно

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryc1fobkt3ipfi3kfiar8

Оспорени платени отсуства и коефициенти: Шест иницијативи пред Уставниот суд, меѓу нив и договорот за култура

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryar214oqn9b55fERT9gt

ВЛЕН критикува: Уставниот Суд наликува на југословенска политичка елита

Македонија | пред 1 месец

ustaven

Уставниот суд ќе ги пренесува седниците во живо

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања