Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ВЛЕН критикува: Уставниот Суд наликува на југословенска политичка елита

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryar214oqn9b55fERT9gt

ВЛЕН оценува дека, иако пресудите на Уставниот суд не треба да се коментираат, има впечаток дека актуелниот состав повеќе личи на политичка елита отколку на највисока судска инстанца. Тие нагласуваат дека употребата на албанскиот јазик е уставно загарантирано човеково право и дека институциите мора да информираат, предупредуваат и санкционираат и на албански, вклучително и преку системот „Сејф Сити“. ВЛЕН најавува дека ќе го брани ова со сите правни и институционални средства, обвинувајќи ги поранешните власти за манипулации и еродиран систем.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

„Како легалисти сакаме да ја почитуваме нормативната максима дека пресудите на Уставен Суд не се коментираат, особено од партиите, бидејќи тоа по автоматизам се толкува како политички притисок. Сепак, пред сè како луѓе, а после како партија не можеме да избегаме од впечатокот дека овој состав на Уставниот Суд повеќе наликува на југословенска политичка елита отколку на највисока судска инстанца“, велат од ВЛЕН.

„Употребата на албанскиот јазик е основно човеково право кое е една од темелните вредности на Уставот. Државните институции имаат обврска да го обезбедат исполнувањето на правото на секој граѓанин на државата на неговиот мајчин јазик да биде известуван, вклучително и за обврските кои си ги наметнал заради своето поведение.

— реклама —

Ова важи и за системот „Сејф Сити“. ВЛЕН беше јасен и останува непоколеблив на ставот дека кога државата го известува, предупредува или санкционира граѓанинот преку овој систем, таа има обврска тоа да го прави и на албански јазик. Ова не е прашање на политичка волја, туку уставна обврска и почитување на едно темелно право. Токму затоа, ВЛЕН ќе го брани овој принцип со сите правни и институционални средства, сè до негово целосно спроведување и без никаква дилема.

Фактот што денес сè уште се отвораат дилеми за прашања кои одамна требало да бидат затворени, е директна последица на неодговорноста и манипулациите на оние кои со децении владееја и лажно се фалеа дека ги затвориле сите крупни прашања за Албанците, додека во меѓувреме се богатеа на грбот на народот. За жал, тие ни оставија систем целосно еродиран на сите нивоа, кој сега мора трпеливо да го поправаме“, соопштуваат од ВЛЕН.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryi8ehr32s18d27R3b6pj

Уставен суд поништи законско решение: Намалувањето на судиските плати е неуставно

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryc1fobkt3ipfi3kfiar8

Оспорени платени отсуства и коефициенти: Шест иницијативи пред Уставниот суд, меѓу нив и договорот за култура

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryv1nltt7a38cc1GWVltm

Уставниот суд денеска расправа за проектот „Сејф сити“

Македонија | пред 1 месец

ustaven

Уставниот суд ќе ги пренесува седниците во живо

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања