Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ

toshkovski-oae3-3

Тошковски на средба со претседателот на ИНТЕРПОЛ, Ахмед Насер Ал-Раиси

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски работната посета на министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати ја искористи за средба со претседателот на ИНТЕРПОЛ Ахмед Насер Ал-Раиси.На средбата се разговараше за поефикасно користење на базите на податоци на ИНТЕРПОЛ со цел поефикасна борба со транснационалниот криминал во сите негови облици, поддршка на прекуграничните заеднички истраги и континуираност на обуките.„Со претседателот Раиси се сложивме дека заедничка е одговорноста за сериозен пристап во полициското делување и подготвеноста за справување со сите идни предизвици. Изминатите 30 години, преку членство во најголемата светска полициска организација, се сведоштво на нашата посветеност и подготвеност за активна глобална полициска соработка и борба против криминалот и корупцијата.“, потенцираше министерот Тошковски.

Македонија | пред 1 година

toskovski-oae-1

(Видео) Тошковски: Договорено взаемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од 24 до 27 ноември со делегација на министерството е во работна посета на Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати во Абу Даби. Ова е прва официјална посета на ниво на министри за внатрешни работи од осамостојувањето, а е со цел унапредување на билатералната соработка на полето на борбата против тероризмот и брза размена на информации во делот на борба против корупцијата и организираниот криминал и трговијата со луѓе и мигранти.Во текот на вчерашниот ден на официјалната средба помеѓу министерот Тошковски и министерот за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати шеикот Саиф бин Зајед ал Нахјан беа потпишани два меморандуми за разбирање за безбедносна соработка и борба против тероризмот и за меѓусебно признавање и замена на возачките дозволи помеѓу двете држави.„Со желба за олеснување на движењето на граѓани кои поседуваат возачки дозволи издадени од соодветните надлежни органи на двете земји за време на посета или престој на територија на едната или другата држава веќе нема да имаат потреба од замена на возачките дозволи. Тоа значи дека и двете страни ги ослободуваат подносителите на барање за замена на возачката дозвола од теоретски и практични тестови и потреба од полагање во другата држава во категориите А, Б и БЕ. За повеќе од илјада македонски граѓани кои живеат во ОАЕ ова ќе значи значително намалување на трошоците. Меморандумот за разбирање за безбедносна соработка и борба против тероризмот отвара голем простор за соработка за брза размена на информации и спречување на кривични дела во спектарот од тероризмот преку организираниот криминал и корупција до спречување на трговијата со луѓе и мигранти“, потенцираше министерот Тошковски на средбата.На средбата министерот Тошковски побара да се разгледа можноста за укинување на визите за македонските граѓани за ОАЕ, со цел развивање на поинтензивна туристичка, економска и културна соработка помеѓу нашите две земји.Исто така, делегацијата на МВР ги посети Одделот за среќа, Одделот за иновации и Директоратот за операции на МВР на Обединетите Арапски Емирати, каде што непосредно се запозна со нивната работа и иновативните решенија кои ги имаат имплементирано водејќи се пред сѐ од потребите на граѓаните и нивното задоволство од услугите што ги нуди Министерството.

Македонија | пред 1 година

3-5

(Видео) Тошковски и Димитриеска-Кочоска: Потпишан Меморандум за соработка со цел поголема ефикасност во справување со организираниот криминал и корупција

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, потпишаа Меморандум за соработка кој има за цел двете министерства да постигнат поголема ефикасност во справување со организираниот криминал и корупција и обезбедување на брзи, координирани и ефективни одговори. Воедно на настанот од страна на директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и директорот на Царинската управа Бобан Николовски беше потпишан Протоколот за спроведување на меморандумот меѓу двете министерства што ја уредува и конкретизира соработката меѓу нив со цел ефикасна борба против сите видови криминал.Министерот Тошковски потенцираше дека ваквиот начин на соработка е круцијален доколку сакаме да имаме сеопфатен и ефективен пристап во борба против организираниот криминал.„Овие документи кои ги потпишуваме денес се реално наоѓање начин на усогласување за како да се спротивставиме на сите предизвици коишто на некој начин го уништуваат нашето општество. Сметам дека со посветена, стручна и професионална соработка помеѓу институциите тоа може да се покаже на дело. Пример за тоа е една одлична спроведена акција како што беше акцијата при која изнесе 14 цариници и полициски службеници и други службеници во рамки на институциите, пред лицето на правдата коишто злоупотребувајќи ја довербата на граѓаните истите се стекнувале со незаконски средства. Со добра и организирана соработка помеѓу службите во МВР, БЈБ и царинските служби видовме дека можело да се остварат резултати. Тоа е нашата цел, затоа постојат овие институции и само на таков начин можеме да покажеме дека навистина имаме волја да се бориме против организираниот криминал и корупција. Сигурен сум во потенцијалот на луѓето и институциите, само треба да се фокусираме, да ја знаеме која е крајната цел и да се стремиме кон нејзино остварување.“, истакна министерот Тошковски.„Денеска потпишавме два документа со коишто правиме еден чекор напред во борбата со криминалот којшто претставува закана за развојот на државата. Превенирај и спречи е целта на овој Меморандум којшто создава основа за една зајакната соработка помеѓу двете институции и органите во нивен состав, а која ќе се постигне преку координирано дејствување, размена на податоци, заеднички активности и акции, размена на информации, електронско поврзување, како и заедничка едукација и стручно усовршување на кадри“, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и додаде дека потпишувањето на овој Меморандум е потврда за нашата определба за справување со криминалот имајќи предвид дека последниот Меморандум е потпишан во 2006 година.Директорот на БЈБ Јанев потенцираше дека Бирото за јавна безбедност при МВР е главниот носител на активностите во областа на полициското работење и борба против организираниот криминал додека граничната контрола е еден од столбовите на националниот систем за гранично управување, спречување на илегално преминување на границата, контрола на прекуграничниот сообраќај и одржувањето на јавниот ред и мир на границата.„Соработката се остварува преку усогласување на работата, координирано и заедничко дејствување и унапредување на соработката на национално ниво (централно, регионално и локално ниво) и меѓународно ниво, размена на податоци за изработка на анализа на ризик/ управување со ризици, спроведување на заеднички активности и акции, формирање на заеднички работни групи и комисии, пружање взаемна стручна и техничка помош како и заедничко користење на технички средства и опрема, побрза и поефикасна размена на информации и податоци, електронско поврзување, како и заедничка едукација и стручно усовршување на кадри.“, нагласи директорот Јанев.„Организираниот криминал, нелегалната трговија и корупцијата постојано наоѓаат нови начини на делување и ние мора да возвратиме посилно и со здружени сили. Со Меморандумот и Протоколот со БЈБ ги поставуваме основите за уште пожестока борба со организираниот криминал преку унапредување на соработката и зајакнување на активностите во борбата со криминалот и корупцијата, како и спроведување заеднички криминалистички истраги со цел фаќање на сторителите", истакна Николовски.Тој притоа потенцира дека резултатите веќе покажуваат сериозна борба со нелегалната трговија. Од први јули до 20 ноември има 252 случаи на заплена на стока, што е за речиси 30 проценти повеќе од истиот период изминатата година. Бројот на кривични пријави е зголемен за три пати и тоа најмногу за делата криумчарење, царински измами и избегнување плаќање акциза. Притоа наплатата на приходи во септември е зголемена за 9,4 проценти, во октомври за 5,9 а во ноември заклучно со 21ви е зголемена за 8,6.Заменик амбасадорката на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Сузан Пенкса подвлече дека меморандумот за рабирање е разбирање е витална рамка за унапредување на меѓуагенциската соработка во области како што се размена на разузнавачки информации, заеднички операции и обуки.„Преку овој холистички пристап, двете министерства ќе постигнат поголема ефикасност и ефективност во справувањето со причинителите на криминалот и обезбедување брзи, координирани и ефективни одговори.Протоколот за спроведување на Меморандумот за соработка е подеднакво важен и игра неопходна улога во операционализацијата на неговите стратешки определби. Како што се движите напред, мисијата на ОБСЕ во Скопје ви стои на располагање да продолжи со долгата историја на поддршка и соработка со владата на Северна Македонија.“, нагласи заменик амбасадорката Пенкса.

Македонија | пред 1 година

toskovski-policiski-centar-gorce-2

Тошковски: Заедничката соработка и партнерството продолжуваат, вредна германска донација за зголемување на капацитетите на интервентната полиција

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес во полицискиот центар во Ѓорче Петров оствари работен состанок со германскиот амбасадор, Н.Е. Петра Дрекслер и претставник на германската интервентна полиција каде беше предадена донација за потребите на интервентната полиција.Министерот Тошковски истакна дека вкупната донација која се состои од 120 сетови „анти траума“ за одржување на јавен ред и мир во прва фаза и поддршка за специјализирани возила за ЈРМ, дополнителна опрема и обуки во втора фаза значително ќе го зајакнат капацитетот на оперативното функционирање на оваа единица и ќе придонесе кон зголемување на безбедноста на жителите на главниот град.На средбата беше разгледан и планот за обуки за следната година кои оваа единица ги изведува со поддршка на германската амбасада со цел зголемување на својот оперативен капацитет.Министерот Тошковски на крај уште една изрази голема благодарност и силна подготвеност за понатамошна соработка, поддршка и продлабочување на заедничките односи со цел надградување на капацитетите на министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 1 година

pance-pamer-1

Средба на министерот Тошковски со австрискиот амбасасор, Мартин Памер

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна средба со амбасадорот на Република Австрија, Н.Е. Мартин Памер.На средбата беше потврдена одличната соработка помеѓу двете земји и секако министерствата за внатрешни работи, како и заедничката посветеност кон регионалната и глобалната безбедност, борбата против криумчарењето на луѓе и илегалната миграција, против тероризмот и сајбер криминалот како едни од приоритетните области.Посебно беше истакната соработката со Фронтекс на нашата јужна граница во чиј состав има австриски полициски службеници.Од страна на амбасадорот Памер беше потврдена поддршката на Австрија кон нашата интеграција во ЕУ и секако во реформите и борбата со криминалот и корупцијата.Воедно на средбата беше претставен и новиот офицер за врски во Амбасадата на Република Австрија со седиште во Скопје Клаус Грубер, кој доаѓа на функција после двегодишниот мандат на офицерот за врски во заминување Манфред Јурчевиќ.

Македонија | пред 1 година

toshkovski-masina-dokumenti-2

Тошковски: Набавивме нова машина за печатење на лични документи која тројно ќе го зголеми капацитетот, гужвите се минато

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес беше во одделението за персонализација во МВР каде беше промовирана новата машина за печатење на лични документи.„Денес ја пуштаме во употреба новата машина за печатење на лични документи која ја набави министерството за внатрешни работи и која тројно ќе го зголеми капацитетот и ќе го забрза издавањето на издавање на документи. Машината ги печати сите видови картични документи кои ги издава министерството за внатрешни работи како лични карти, возачки дозволи, картички за привремен претстој... Тоа во превод значи нема повеќе гужви какви што гледавме, нема повеќе нарушување на достоинството на граѓаните туку брзо и навремено издавање документи за секој граѓанин. Целосно сме посветени на креирање на брзи и квалитетни услуги за граѓаните преку унапредување и дигитализација на процесите и услугите. Граѓаните заслужуваат да добиваат брзи и ефикасни услуги од своите институции.“, потенцираше министерот Тошковски.Министерот Тошковски воедно уште еднаш потсети и апелираше уште еднаш до сите граѓани дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име согласно со промената на законот која беше направена во февруари, e заклучно со 31.12.2024 година и да го искористат преостанатиот период што побрзо да ја обноват својата возачка дозвола.

Македонија | пред 1 година

toskovski34

(Видео) Тошковски: Покрај начеканата катастрофална состојба борбата со криминалот е успешна, криминалните групи паѓаат, а информации не протекуваат

Министерот за внатрешни работи денеска во Владата учествуваше во платформата „100% посветено за тебе“ каде за јавноста во фокус беа мерките и политиките за безбедноста, одбраната и правдата.Министерот Тошковски уште еднаш потенцираше дека бескомпромисната борба со криминалот и корупцијата е еден од главните приоритети како на новата Влада и МВР бидејќи тие го поткопуваат функционирањето на општеството и ја креираат недовербата на граѓаните во функционирањето на институциите и самата држава.Министерот истакна дека при преземањето на функцијата иако начеканата состојба беше катастрофална во поглед на организација и ресурси сепак и со тие ресурси и голема посветеност резултатите во борбата со организираниот криминал и корупцијата дава значително подобри резултати од претходно.„Еден врховен судија и еден член на Совет на јавни обвинители со правосилна пресуда повеќе не се дел од рекетарски систем којшто институционално го граделе години наназад. Во една недела за два дена имавме две сеопфатни акции, едната на територија на Југоисточна Македонија и едната на Западна Македонија. Во едната падна цела организирана група на цариници којшто ја злоупотребувале службената положба и се богателе на грбот на македонските граѓани. Во втората акција беше сузбиена една криминална група која долги години харала и била поврзана со нелегална трговија со дрога, со луѓе, перење пари. Разликата од претходно во спроведување на таков тип на акции е што тогаш на денот на акцијата некако магично првите луѓе на тие криминални групи секогаш беа надвор од државата и недостапни за полицијата, а беа апсени луѓе кои не се носители на криминалот. Е сега таква информација која ќе им дозволи да избегаат не протекува и затоа акциите се успешни и ќе продолжат да бидат успешни“, дециден беше министерот.Тошковски запрашан кога ќе профункционираат камерите од многуочекуваниот проект Сејф Сити истакна дека поставувањето на камерите во Скопје, Тетово и Куманово се очекува да биде завршено и проектот да биде финално пуштен во текот на 2025 година. Системот ќе регистрира сообраќајни прекршоци како што се минување на затворен сигнал (црвено светло), возење со брзина поголема од дозволената и непрописно паркирање со крајна цел зголемување на сообраќајната култура и намалување на сообраќајните несреќи со човечки жртви чии бројки се очекува драстично да се намалат.„Проектот иако планиран и почнат од порано не се предвиделе системските решенија како ќе се имплементира и низ другите институции како судовите. Законските измени ќе бидат во насока на усогласување на нашето законодавство со европското законодавство. Измените се однесуваат на воведување на нови членови во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кои директно се однесуваат на сопственикот на возилото (или оној со правото на користење на возилото) со кое е сторен сообраќајниот прекршок. Сообраќајниот прекршок ќе биде документиран со соодветни технички средства и уреди за снимање при што на сопственикот на возилото ќе му биде доставен соодветен поднесок за сторениот сообраќаен прекршок. Дорегулирањето на постапката за заштита на личните податоци е во тек, односно во периодот што следи, запазувајќи ги сите законски регулативи. Секако ќе има период на информирање на граѓаните, нивно прилагодување кон системот со цел да стартуваме сите спремни и заедно да градиме сообраќајна култура која ќе резултира со ред во сообраќајот без жртви“, потенцираше Тошковски.Тошковски на крај истакна дека Министерството е целосно посветено кон креирање на опремена, обучена и модерна европска полиција која ќе ја штити безбедноста на сите свои граѓани и бескомпромисно ќе се бори со сите видови криминал и корупција кои ја нагризуваат функционалноста и просперитетот на општеството.

Македонија | пред 1 година

panche4

Тошковски: Имаме голем број докази за криминали добиени преку SKY апликацијата, акциите веќе не протекуваат и сите што треба завршуваат зад решетки

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за интервју на Алфа ТВ на прашање за акцијата во којашто паднаа двајца поранешни полициски службеници коишто издавале службени тајни на една од групите од подземјето, истакна дека преку ЕУРОЏАСТ, МВР и Обвинителството имаат добиено голем број докази поврзани со организиран криминал и корупција добиени преку апликацијата SKY која ја користеле криминалните групи и нивните доушници за меѓусебна комуникација.„Ќе следат постапки и во иднина, коишто ќе бидат насочени кон сите оние кои сториле криминал, а за кои има докази во рамки на предметната апликација. Моите информации се дека доказите се доста обемни. Се работи континуирано и посветено на овој предмет, и од страна на Јавното обвинителство и од страна на МВР, така да очекувам и други постапки во иднина, се со цел оние коишто печалеле незаконито на грбот на македонските граѓани, отидат таму кај што им е местото.“, потенцираше министерот Тошковски.Министерот Тошковски изрази сомнеж во фактот што голем број полициски акции кои порано се реализирале често завршувале со неуспех да се обезбедат водачите на тие кланови и банди а зад решетки завршувале условно „поситните риби“.„Ќе направам паралела со две акции коишто беа спроведени овој месец со таа акција која беше спроведена на крај на мандатот на мојот претходник. Тогаш беа уапсени ако имало план за апсење на 10 луѓе беа уапсени од број 5, 6 па надоле. Овие првите, лидерите, не беа уапсени и информациите се дека тие не се ни на територијата на Македонија. Така се правеле акциите порано, не дека не можело да се случи такво нешто, но сомнително е малку зошто баш првите по ранг во криминалните групи или ги снемуваше или случајно се наоѓале во рамки на друга држава за време на акцијата. Двете акции коишто ги спроведовме во рамките на овој месец, првата беше фокусирана на најголем дел цариници во југоисточна Македонија каде што беа уапсени сите претходно таргетирани луѓе, сите за кои Обвинителството ќе води итна постапка. Истото се случи и со втората акција поврзана со трговија со дрога, луѓе итн., во западна Македонија. Овие две акции се спроведоа во една недела. Кога имате координирани акции, кога нема да „протечат“ одредени информации до оние кои се предмет на самата истрага, тие нема да се најдат токму во тој момент на апсењето во друга држава, туку ќе се најдат како што се најдоа, зад решетки. Тоа е разликата како претходно биле спроведувани акциите а ако сега се спроведуваат. Не дека и сега не би можело да се случи нешто такво, но претходно во континуитет им се случуваше. Во овие две обемни акции коишто ги направивме, сите оние коишто беа предмет на истрагата, беа пронајдени, соодветно лишени од слобода и процесуирани пред органите на прогонот.“, дециден беше министерот Тошковски.Тошковски нагласи дека МВР во иднина ќе ги презема сите можни чекори во рамките на своите надлежности, за секој еден за којшто е издадена соодветна наредба од страна на надлежни институции да се најде таму каде што му е местото.

Македонија | пред 1 година

Pance-crven-krst-1

Тошковски: Црвениот крст како организација има капацитети и посветеност да биде реален и релевантен партнер на државните органи

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше и се обрати на конференцијата „Зајакнување на помошната улога на Црвениот крст кон властите во кризниот менаџмент“ во организација на Црвениот Крст на Македонија.Министерот Тошковски истакна дека за бидеме поуспешни и повеќе подготвени за предизвиците кои доаѓаат, а кои ќе бидат се почести и ќе оставаат посериозни последици по животот и имотот на граѓаните, но и по развојот на човештвото во целина, потребна е визија која ќе ги надмине досегашните граници на подготвеност, која ќе ја стави соработката високо на агендата на донесувачите на одлуки и која ќе овозможи заеднички одговор на заедничките предизвици.„Токму во време кога се подготвува новиот пристап за управувањето со кризи во нашата држава, а како активен учесник во креирањето и спроведувањето на хумани политики, за поздравување е што Црвениот крст ја изразува својата подготвеност за поддршка и посветеност на реформите кои ќе го зајакнат системот и ќе го направат поотпорен на кризи и катастрофи. Остварените резултати во минатото го позиционираат Црвениот крст како организација која има капацитети и посветеност да биде реален и релевантен партнер на државните органи, на институциите и на граѓаните, во справувањето со кризи, кризни состојби и катастрофи, но и да развива корисни политики и практики во мирновременски услови. Минатото и сегашноста на организацијата, пак, претставуваат силна обврска и поттик за уште поголеми резултати во иднина, со чие остварување ќе продолжиме да бидеме стабилни и подготвени за сите предизвици кои ги носи современото живеење.“ потенцираше министерот Тошковски.Тошковски нагласи дека министерството за внатрешни работи кое е една од институциите столбови на безбедноста и сигурноста на граѓаните и општеството, институционалната меморија сведочи за долгогодишна успешна соработка и партнерство на двете институции во најголемите периоди на разни видови кризни ситуации и секогаш кога имало таква потреба.„Уште ни се свежи сеќавања на поплавите од 2016 година, но и на пожарите кои секоја година се голем предизвик за сите нас, на КОВИД кризата која предизвика повеќеслојна криза која мораше да се решава со заеднички напори и добра координација на сите институции во која Црвениот крст одигра исклучителна улога.“, рече Тошковски.Тошковски на крај изрази уверување дека преку продлабочувањето на меѓусебната соработка, ќе успееме да придонесеме за јакнење на отпорноста пред сериозните предизвици и ќе го унапредуваме системот чија водечка цел е заштита на граѓаните и на имотот, благосостојбата и сигурноста.

Македонија | пред 1 година

poseta-na-Toshkovski-2

Посета на министерот Панче Тошковски во општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари работна средба со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.На средбата се разговараше за актуелни теми во однос на функционирањето и работењето на Општина Илинден со посебен акцент на состојбата со безбедноста во сообраќајот и потребата од поголема застапеност на припадниците на Министерството за внатрешни работи на територија на Општина Илинден.Имајќи ги предвид сите показатели во делот на локалниот економски раст на Општина Илинден, како и зголемениот прираст на население во Општината, заеднички став на министерот и градоначалникот е потребата од изградба на полициска станица во Општина Илинден. За таа цел се изрази подготвеност од двете страни во наредниот период да се интензивираат активностите во насока на реализација на овој проект.За таа цел градоначалникот посочи неколку локации кадешто е соодветно и може да се изгради и функционира објект-полициска станица во Општина Илинден за што дополнително ќе биде донесена одлука за начинот на реализација на овој проект.

Скопје | пред 1 година

panche4-1

Тошковски: Ефикасна прекугранична полициско-царинска соработка за успешна борба со шверцот на мало и лесно оружје и криумчарењето мигранти

Денеска министерот Панче Тошковски се обрати на конференцијата „Конференција на високо ниво за соработка меѓу полицијата и царината за мало и лесно оружје и за криумчарење мигранти во Југоисточна Европа“ во организација на ОБСЕ.Министерот Тошковски во своето обраќање нагласи дека организираниот криминал и нелегалната трговија со мало и лесно оружје и кориумчарењето мигранти се значителни безбедносни предизвици како во Југоисточна Европа така и во поширокиот регион.„Овој настан во организација на ОБСЕ и ЕУ4ФАСТ кој иницира посилна институционална соработка на меѓународно и национално ниво ќе придонесе кон функционалноста на безбедносните системи кои се носечки столб на сигурноста на граѓаните и демократските вредности на државите. Борбата против организираниот и транснационален криминал бара од сите нас максимално вложување на напори и ресурси посебно во делот на прекуграничната полициско-царинска соработка, како клучен фактор во ефикасно справување со оваа закана“, потенцираше министерот Тошковски.Тошковски ја акцентираше и поддршката што ја добиваме во делот на борбата против криумчарење мигранти и трговија со луѓе и неодамнешното зачленувањето на МВР кон Европската мрежа за миграција на Европската Унија, со цел обезбедување на пристап до објективни, веродостојни и споредливи информации.Министерот Тошковски на крај нагласи дека ваквите настани ќе придонесуваат до поголема национална и регионална безбедност, која ќе биде остварлива доколку се зголеми нивото на размената на добри практики, искуства и максимално вложување на целокупниот капацитет и потенцијал кои што го поседуваме како агенции одговорни за спроведување на законот.Амбасадорот на ОБСЕ, Килијан Вал истакна дека за жал Југоисточна Европа останува фокус точка за криумчарење мигранти и нелегална трговија со мало и лесно оружје.„Нелегалното оружје од регионот се криумчари низ Европа засилувајќи го организираниот криминал па дури и тероризмот. За да одговориме на ваквите предизвици, започнавме соработка, меѓурегионална иницијатива на ОБСЕ која ги обединува полициските директори, царинските директори, службениците за спроведување на законот и експертите за теми од цела Југоисточна Европа “, нагласи амбасадорот Вал.Амбасадорот Вал дека нашата земја успешно ги препознава проблемите и работи активно на нивното решавање а Мисија на ОБСЕ во Скопје со задоволство ќе ја продолжи својата поддршка во адресирање на сите овие закани.Министерот Тошковски и амбасадорот Вал во рамките на конференцијата остварија и посебна средба на која во фокус беа сите тековни проекти со кои ОБСЕ соработува со министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 1 година

pance-toskovski-0511-2

Тошковски на експертски состанок за организиран криминал и насилен екстремизам во Западен Балкан

Министерот Панче Тошковски денеска учествуваше и се обрати на експертски состанок за подобрување на разбирањето на врските со насилниот екстремизам, тероризмот и организираниот криминал во Западен Балкан во организација на Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал (ГИ-ТОК) со поддршка со министерството за внатрешни работи на Холандија.Министерот Тошковски потенцираше дека ваквите иницијативи се клучни во заедничката борба за подобра безбедносна перспектива, бидејќи проблемите со кои се соочуваме не познаваат граници и бараат заеднички, координирани и одлучни одговори.„Организираниот криминал и насилниот екстремизам претставуваат сериозни закани за стабилноста на Западниот Балкан. Тие имаат потенцијал да ги разјадат нашите институции, да ги ослабат заедниците и да создадат атмосфера на страв и несигурност. Затоа, од витална важност е да ги зајакнеме механизмите за отпорност во најпогодените заедници и да вложиме во долгорочни решенија што ќе ги спречат овие појави уште во нивната почетна фаза“, нагласи министерот Тошковски.Тошковски на крај истакна дека ваквите иницијативи имаат потенцијал да создадат трајни партнерства и вмрежувања кои ќе ја зголемат ефикасноста на нашите заеднички напори и само преку такви синхронизирани и интегрирани мерки можеме да ја заштитиме стабилноста на нашите држави и да обезбедиме побезбедна и просперитетна иднина за сите наши граѓани.

Македонија | пред 1 година

pance-toskovski-znm-1

Тошковски: Општество кое има сигурни и безбедни новинари е демократско општество

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска во Клубот на новинари учествуваше на заедничка прес конференција организирана од Здружението на новинари на Македонија на тема „ЗНМ, Јавно обвинителство, МВР - Заеднички напори за институционална заштита на медиумските работници“.Министерот Тошковски потенцираше дека новинарите претставуваат чувари на демократијата и во општество во кое има слобода на говор, истражувачко новинарство, сигурни и безбедни новинари, може да каже дека е општество кое се движи по патот на едно демократско општество.„Секаков тип на закана, физичка или вербална, особено кога е насочена кон новинари, треба да има сериозен аларм во рамки на работењето на министерството за внатрешни работи и во рамки на работењето на сите истражни органи, ако сакаме да имаме нормално општество. Се надевам дека во изминатиот период, во рамки на сите случаи, МВР реагирало соодветно и во иднина мораме да се фокусираме максимално транспарентно, посветено и професионално да реагираме на сите овие случаи, и тоа не на декларативно ниво, туку и МВР, ЈО и Судот за овој тип на предмети да дадат соодветно значење, се со цел на крајот на денот, новинарите како чувари на демократијата да ја имаат соодветната заштита во рамки на едно демократско општество. Сето тоа ќе има максимален ефект ако ние како институции сме максимално транспарентна. Еве можам да кажам дека индексот на активна транспарентност на МВР е зголемена и од 87.8% сега е на 95.7% што кажува дека МВР се движи во правилна насока.“, потенцираше министерот Тошковски во своето обраќање.Тошковски ги охрабри новинарите, како круцијална алка, полициските службеници кои работат на овие случаи, Јавното обвинителство и судовите да имаат фокусиран пристап на разоткривање на ваков тип кривични дел коишто на крај треба да завршат во рамки на една процесна правда, со пресуди коишто ќе бидат во насока на втемелување на овие принципи на едно демократско општество.„На таков начин сигурен сум дека се повеќе и повеќе ќе ја зацврстуваме улогата на новинарите во нашето општество, да даваме значење на она што треба да значи силно новинарство, кое ќе биде додадената вредност на едно демократско општество.“, потенцираше на крај министерот Тошковски.

Македонија | пред 1 година

toskovski-ambasadorka-2

Средба на министерот Тошковски со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Романија, Н.Е. Адела Моника Аксинте. На средбата беа потврдени традиционално добрите и пријателски односи и соработка која се одвива на билатерално и мултилатерално ниво.Соработката меѓу двете полиции вклучува брза размена на оперативни информации, сознанија во сите области на криминалитетот директно и преку меѓународните канали на ИНТЕРПОЛ, ЕВРОПОЛ и СЕЛЕК.На средбата беше разговарано и за следните активности како организирање и учество на заеднички обуки и тренинзи, застапување на заедничките интереси со цел континуиран процес на унапредување на капацитетот на двете полиции во борба со сите видови криминалитет и транснационалниот организиран криминал.Амбасадорката Адела Миника Аксинте потенцираше дека Романија ќе продолжи и во иднина да биде лојален поддржувач и пријател на Македонија, особено во евроинтеграцискиот процес.

Македонија | пред 1 година

toskovski-nesic-1

Средба на министрите Тошковски и Нешиќ: Ја унапредуваме соработката на оперативно и стратешко ниво

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска во Будва, каде учествува на Министерски форум ЕУ-Западен Балкан за внатрешни работи, оствари билатерална средба со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ.Двајцата министри ја нотираа одличната соработка помеѓу двете министерства, која во последниот период добива на засилен интензитет преку сите меѓународни и регионални канали во рамките на пропишаните и прифатени стандарди на ИНТЕРПОЛ. Тоа подразбира брза, квалитетна и ефикасна размена на оперативни сознанија, односно редовно постапување по барања упатени од двете држави за различни видови на проверки во сите форми на организиран криминал.Министрите разговараа и за миграциските текови и нелегалните движења, бидејќи и двете земји се наоѓаат на патот на Западно-балканската рута, што претставува континуиран заеднички предизвик со кој се справуваат и двете држави.Унапредување на нивото на соработка ќе продолжи и во следниот период со потпишување на протокол помеѓу двете министерства за соработка во областа на форензичките испитувања и вештачења, со цел размена на професионални искуства во воспоставувањето и функционирањето на различни сегменти на форензички активности, пружање поддршка во унапредувањето на методите на работа, едукација на кадри и научни истражувања.

Македонија | пред 1 година

Pance-budva-1

(Видео) Тошковски потпиша аранжман со кој Македонија се приклучува кон Европската мрежа за миграција на Европската унија

Делегација предводена од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска и утре во Будва, Црна Гора учествува на Министерски форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи. Главни теми на разговор на форумот, на кои свое обраќање имаше министерот Тошковски, се борбата против транснационалниот организиран криминал и недозволената трговија со дрога и луѓе, миграцијата, азилот и управувањето на границите – ЕУ акциски план за Западен Балкан.Министерот Тошковски во рамките на форумот оствари средба со еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, при што беше потпишан Административен аранжман за воспоставување соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Комисијата во Европската мрежа за миграција.Целта на Европската мрежа за миграција е да ги задоволи потребите за информации за миграција и азил на институциите на Унијата и на властите и институциите на земјите членки, преку обезбедување на ажурирани, објективни, веродостојни и споредливи информации за миграција и азил, со цел поддршка во креирањето политики во Европската Унија за овие области.Oвој аранжман служи како официјален документ со кој се потврдува нaшето приклучување во европската миграциска мрежа на Европската Унија. Тоа во принцип значи да обезбеди пристап на МВР до ажурирани, објективни, веродостојни и споредливи информации генерирани во рамки на Европската мрежа за миграција за ситуацијата со азилот и миграцијата во земјите членки на ЕУ, кои што се предмет на протоколи за доверливост и споделување информации според Правилата за заштита на податоците на Унијата, извести МВР.Министерот Тошковски нагласи дека претставниците на Министерството за внатрешни работи во иднина ќе учествуваат на состаноците на Европската мрежа за миграција и треба да имаат надлежности во областа на азил и миграција, покривајќи аспекти на креирање политики, право, истражување и статистика.На првата сесија Тошковски ги презентираше добрите резултати оваа година во борбата со организираниот криминал како сузбивањето организирана криминална група составена од 13 члена која организирала криумчарење мигранти и пет криминални групи од областа на недозволена трговија со дрога кои дејствувале меѓународно, локално и национално и нагласи дека само унифициран, координиран и стратешки пристап е од клучно значење во борбата против овие закани и само со заеднички ресурси и заедничка решителност, може да се да направат значителни чекори во заштитата на нашите нации, заштитата на нашиот народ и обезбедувањето на правдата..На сесијата на форумот за зајакнување на миграцијата, азилот и управувањето со границите со ЕУ - Акциски план за Западен Балкан, министерот Тошковски во свето обраќање ја потенцираше интензивната соработка со ФРОНТЕКС и фокусираноста на регионални проекти финансирани од ЕУ кои се насочени кон зајакнување на човечките, техничките и други капацитети за поефикасно управување со границите, соопшти МВР.

Македонија | пред 1 година

pance-toskovski-25-10

Тошковски: Професионално спроведени акции во кои се разбиени две криминални групи, очекувам се повеќе такви во иднина

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на ТВ Клан Македонија на прашање за резултатите во борбата против криминалот и корупцијата на новата влада истакна дека општоприфатено во јавноста е дека досегашните реализирани постапки и акции се повеќе од професионално спроведени низ целосниот институционален процес и очекува да ги има што повеќе во иднина.„Основната задача на МВР и на Владата е борбата против организираниот криминал и висока корупција. Со цел да може да прикажеме вистинска борба со организираниот криминал и корупција. Досега се нема случено за два дена во две акции во едната да бидат уапсени над 10 државни службеници коишто вршеле злоупотреба на службена положба и овластувања и ги рекетирале своите граѓани, а веќе следниот ден да биде уапсена друга организирана криминална група која се занимавала со нелегална трговија со луѓе и други дела при што беше одреден притвор за тринаесет луѓе. За кратко време како МВР успеавме да реализираме оперативни дејствија и да креираме круцијална борба против организираниот криминал.“, дециден беше министерот Тошковски.Запрашан за најавуваните случаи за големи криминали од функционери на минатата власт Тошковски истакна дека дејствијата коишто МВР ги презема граѓаните имаат право да ги знаат во оној момент кога степенот на сомнение биде на соодветно ниво коешто ќе се процесуира во насока на соодветни акти кон Јавното обвинителство и Судот, а притоа нема да може да ја загрози истрагата.„Има огромен број на докази коишто македонските граѓани ќе ги видат процесуирани во соодветни постапки таму каде ќе има соодветни докажувања за елементи на сторени кривични дела. А такви ќе има многу. За да имаме законити постапки, и да ја оствариме целта која е во интерес на македонските граѓани, мораме да постапуваме согласно законите и во рамки на едни темелни истраги и процеси кои интензивно се работат да ги доведеме процесите до крај.“, нагласи министерот Тошковски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Положено цвеќе пред бистата на бранителот Игор Драганов

В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска положија цвеќе пред спомен-обележјето на загинатиот бранител Игор Драганов, кој пред 17 години го загуби животот, бранејќи ја татковината.Одбележувањето на годишнината од смртта на Игор Драганов се одржа во Долно Лисиче во паркот, во кој минатата година Општина Аеродром постави биста со неговиот лик. Покрај Тошковски и Митески, цвеќе положија и претседателот на Советот, Антонио Петковски, дел од советниците, претставници на Здружението на загинати бранители, како и членови на семејството на Игор Драганов.Настанот го збогатија и ученици од ООУ „Гоце Делчев“ кои со својот рецитал му оддадоа должна почит и потсетија на храброста и на херојскиот чин, со кој Игор стана дел од бранителите на државата и доби место меѓу најсилните, најхрабрите и најпочитуваните.

Скопје | пред 1 година

2-10

Министерот за внатрешни работи Тошковски на средба со амбасадорот на Шпанија, Рафаел Соријано Ортиз

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Соријано Ортиз.На средбата беше потврдена досегашната добра полициска соработка во делот на брза, квалитетна и ефикасна размена на оперативни сознанија, односно редовно постапување по барања упатени од двете држави за различни видови на проверки во сите форми на организиран криминал.Двете страни се сложија дека сето тоа придонесува за поефикасно координирање и спроведување на активностите со меѓународните криминалистички служби, во борбата против организираниот и другите видови сериозен криминал и дека ваквите традиционално добри односи и соработка ќе продолжат и во иднина.

Македонија | пред 1 година

1-5

Тошковски: За два дена разбиени две големи криминални групи

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на емисија на ТВ Алфа истакна дека борбата со организираниот криминал и корупција е еден од главните приоритети на министерството а криминалот нема никаква етничка, национална или било каква припадност освен криминална.„Во текот на вчерашниот ден се апсеа група од 15 цариници и еден полицаец за коишто во рамки на една оперативна акција спроведена по насока на Обвинителството за гонење на организиран криминал и висока корупција во кој има силни докази за поткуп и злоупотреба на службена положба и овластување. Денес имавме друга опсежна акција во неколку градови во западниот дел на државата на разбивање на криминална група која 20 години оперирала и никој не ја пипнал. Делата на таа група се бројни од трговија со дрога, трговија со луѓе, злоупотреба на службена положба и овластување. Ние мора да покажеме јасна цврста и силна волја против организираниот криминал и корупцијата. И тоа го покажуваме. Вчера со акција против корупција денес со акција против организиран криминал од највисоки размери. И така и ќе продолжиме“, потенцираше министерот Тошковски.Тошковски нагласи дека и борбата против криминалот нема да биде ефективна не се расчисти ефикасно и со криминалците во институциите и дека МВР интензивно работи и на пронаоѓање и факање на криминалците и во своите редови за што досега има значителен број реализирани дела.

Македонија | пред 1 година

toskovski-vozila-3

(Видео) Примопредавање на возила од страна на РСБСП наменети за сообраќајната полиција

Денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи, на министерот Панче Тошковски од страна на претседателката на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот Гордана Кожуваровска му беа предадени возила моторни возила наменети за модернизација на опремата на сообраќајната полиција. Две моторни возила се од типот Dacia Duster и четири моторни возила Dacia Sandero Stepway, произведени во 2024, опремени со полициски ознаки и со дополнителна опрема.„РСПБСП во рамки на неговата законска надлежност во соработка со МВР, денеска овозможи да се зголеми обемот на возила којшто го имаме на располагање во министерството. Шесте возила ќе бидат користени во рамки на СВР Скопје во рамки на увидната екипа и сообраќајната полиција. Се надевам дека со тоа ќе ја зголемиме брзината на реакција во рамки на вршењето на увидните активности на ниво на градот Скопје. Во иднина преку РСБСП или други институции ќе бидат набавувани полициски обележени возила со цел нивна поголема видливост а со тоа и поголемо чувство на безбедност на граѓаните.“, потенцираше министерот Тошковски.РСБСП ги набави возилата и опремата во согласност со обврската дел од овие средства да ги намени за набавка на опрема за осовременување на службите на МВР кои се грижат за безбедноста на сообраќајот, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.Претседателката на РСПБС Кожуваровска истакна дека продолжува успешната соработка помеѓу РСБПС и МВР со заедничка цел унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.

Македонија | пред 1 година

dacic-toskovski-2

(Видео) Тошковски - Дачиќ во Куманово: One Stop Shop системот ќе профункционира до почетокот на следната сезона, одлична соработка меѓу двете полиции

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски беше домаќин на делегација од Република Србија предводена од вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ. Двете делегации остварија билатерална средба во просториите на СВР Куманово.На средбата беше разговарано за модалитетите на понатамошно унапредување на досегашната одлична соработка помеѓу двете министерства, координација за учество на делегација на Република Србија на Симулациска вежба за размена на информации во реално време за криумчарење мигранти и трговија на луѓе долж источно-медитерантската рута која ќе се одржи од 14 до 17 октомври во Охрид оваа година.Исто така на средбата се разгледа и нацрт текст за Договор помеѓу двете влади за воспоставување на заеднички контроли во рамките на One Stop shop концептот на заедничкиот граничен премин за меѓународен патен сообраќај Табановце - Прешево.„Имавме состанок во СВР Куманово, при што ги констатиравме фазите за постигнатото во сето она што го преземавме како планови и обврски во рамки на последната посета. Разговаравме за се она што е поврзано меѓу двете полиции од аспект на тековна соработка која морам да потенцирам дека е одлична. Продолживме да разговараме за темата од минатиот пат а тоа е подобрување на транзитот на нашите граѓани на граничните премини со тоа што договорено е во рамки на техничките групи меѓу двете министерства да има континуирани средби за реализација на крајното решение за One Stop Shop системот. Овој проект е многу значаен за двете држави и мораме да го реализираме што побрзо и веќе од следната туристичка сезона да имаме брз проток на патници и стоки преку заеднички контроли на граничните премини.“, потенцираше министерот Тошковски.Тошковски додаде дека одличната соработка меѓу двете министерства и полиции ќе продолжи и ќе се надградува и во делот на заеднички и взаемни обуки со цел подигнување на капацитетите на двете полиции во борбата со сите видови криминал и предизвици од областа на безбедноста.Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ потенцираше дека ова е трета заедничка средба на која прецизно ги дефинираат чекорите и работите кои треба да се направат за да се решат проблемите и со тоа да се олесни животот на граѓаните на двете држави.„Најголемиот проблем на кој сме фокусирани е долгото чекање на границата за нашите граѓаните и се веќе работиме со конкретни чекори и тимови на двете министерства тоа да се операционализира и процесот да усоврши така што нема веќе да постои таков проблем. Во насока на другите проблеми како илегалната миграција знаете дека со заедничка работа меѓу двете полиции е направено многу за да се намалат преминувањата на илегалните мигранти и добивме пофалби за тоа од страна на Европската комисија и Унија. Тоа е заеднички проблем и ние сме на патот на таа рута на илегална миграција која на крај води во Европската Унија и бидејќи самата мигрантска рута поминува низ земји на ЕУ па низ нашите земји добиваме и ќе добиваме поддршка во вид на логистика и материјално-технички средства од самата ЕУ за справување со илегалната миграција“, подвлече министерот Дачиќ.Двајцата министри на крај истакнаа дека двете полиции соработуваат одлично и таа соработка ќе се унапредува во делот на организираниот криминал, нелегалната миграција, трговијата со луѓе, шверцот со дрога, борбата против тероризмот и брзата размена на информации.

Македонија | пред 1 година

2-4

Средба на министерот Тошковски со новоназначениот амбасадор на Република Црна Гора, Н.Е Зоран Миљаниќ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со новоименуваниот амбасадор на Република Црна Гора, Н.Е Зоран Миљаниќ.На средбата беше оценето дека соработката помеѓу двете министества е на исклучително високо ниво со взаемен интерес за нејзино продлабочување во борбата против организираниот криминал, илегалната миграција, трговијата со луѓе и шверцот со дрога.Двете страни се сложија дека илегалната миграција е предизвик за безбедноста на двете земји и преку заеднички изразена волја може да се придонесе за уште подобро управување со миграцијата и заштита на границите преку поинтензивна соработка во рамките на регионалните иницијативи.На крај беше потврдено дека нашите две пријателски земји имаат заеднички приоритет - членство во Европската Унија, и реализирањето на оваа стратешка цел ќе биде олеснета преку размената на искуства и добри практики и засилување на регионалните врски на пријателство и соработка.

Македонија | пред 1 година

1-2

Министерот Тошковски на средба со шефот на канцеларијата на Советот на Европа во Скопје, Олег Солдатов

Денеска, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со шефот на канцеларијата на Советот на Европа во Скопје, Олег Солдатов.На средбата беше потенцирана добрата соработка во изминатиот неколкугодишен период, како и заеднички постигнатите резултати, а беа разменети мислења во однос на поважните тековни прашања, со осврт на можностите за натамошна соработка.И двете страни изразија уверување дека соработката ќе продолжи и ќе се продлабочува.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања