Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Видео) Тошковски: Покрај начеканата катастрофална состојба борбата со криминалот е успешна, криминалните групи паѓаат, а информации не протекуваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
toskovski34

Министерот за внатрешни работи денеска во Владата учествуваше во платформата „100% посветено за тебе“ каде за јавноста во фокус беа мерките и политиките за безбедноста, одбраната и правдата.

— реклама —

Министерот Тошковски уште еднаш потенцираше дека бескомпромисната борба со криминалот и корупцијата е еден од главните приоритети како на новата Влада и МВР бидејќи тие го поткопуваат функционирањето на општеството и ја креираат недовербата на граѓаните во функционирањето на институциите и самата држава.

— реклама —

— реклама —

Министерот истакна дека при преземањето на функцијата иако начеканата состојба беше катастрофална во поглед на организација и ресурси сепак и со тие ресурси и голема посветеност резултатите во борбата со организираниот криминал и корупцијата дава значително подобри резултати од претходно.

„Еден врховен судија и еден член на Совет на јавни обвинители со правосилна пресуда повеќе не се дел од рекетарски систем којшто институционално го граделе години наназад. Во една недела за два дена имавме две сеопфатни акции, едната на територија на Југоисточна Македонија и едната на Западна Македонија. Во едната падна цела организирана група на цариници којшто ја злоупотребувале службената положба и се богателе на грбот на македонските граѓани. Во втората акција беше сузбиена една криминална група која долги години харала и била поврзана со нелегална трговија со дрога, со луѓе, перење пари. Разликата од претходно во спроведување на таков тип на акции е што тогаш на денот на акцијата некако магично првите луѓе на тие криминални групи секогаш беа надвор од државата и недостапни за полицијата, а беа апсени луѓе кои не се носители на криминалот. Е сега таква информација која ќе им дозволи да избегаат не протекува и затоа акциите се успешни и ќе продолжат да бидат успешни“, дециден беше министерот.

Тошковски запрашан кога ќе профункционираат камерите од многуочекуваниот проект Сејф Сити истакна дека поставувањето на камерите во Скопје, Тетово и Куманово се очекува да биде завршено и проектот да биде финално пуштен во текот на 2025 година. Системот ќе регистрира сообраќајни прекршоци како што се минување на затворен сигнал (црвено светло), возење со брзина поголема од дозволената и непрописно паркирање со крајна цел зголемување на сообраќајната култура и намалување на сообраќајните несреќи со човечки жртви чии бројки се очекува драстично да се намалат.

„Проектот иако планиран и почнат од порано не се предвиделе системските решенија како ќе се имплементира и низ другите институции како судовите. Законските измени ќе бидат во насока на усогласување на нашето законодавство со европското законодавство. Измените се однесуваат на воведување на нови членови во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кои директно се однесуваат на сопственикот на возилото (или оној со правото на користење на возилото) со кое е сторен сообраќајниот прекршок. Сообраќајниот прекршок ќе биде документиран со соодветни технички средства и уреди за снимање при што на сопственикот на возилото ќе му биде доставен соодветен поднесок за сторениот сообраќаен прекршок. Дорегулирањето на постапката за заштита на личните податоци е во тек, односно во периодот што следи, запазувајќи ги сите законски регулативи. Секако ќе има период на информирање на граѓаните, нивно прилагодување кон системот со цел да стартуваме сите спремни и заедно да градиме сообраќајна култура која ќе резултира со ред во сообраќајот без жртви“, потенцираше Тошковски.

Тошковски на крај истакна дека Министерството е целосно посветено кон креирање на опремена, обучена и модерна европска полиција која ќе ја штити безбедноста на сите свои граѓани и бескомпромисно ќе се бори со сите видови криминал и корупција кои ја нагризуваат функционалноста и просперитетот на општеството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynhb8co62a2dl7lctyzK

Освен насилникот што пукаше и се закануваше на сопругата и децата, вчера имало уште еден случај на семејно насилство

Македонија | пред 3 седмици

ulica-partizanska-koli-avtomobili-semafori

Казни од „Сејф сити“ и ако останете заглавени на крстосница, а сте поминале на зелено светло

Македонија | пред 1 месец

pance-tosh

(Видео) Тошковски: Од 120.000 на 500 прекршоци – ‘Безбеден град’ дава резултати

Македонија | пред 1 месец

media-library39j3bs4jgpinbcco50A

Тошковски: За „Безбеден град“ со внес на матичен број се спречува доставување на податоци на погрешно лице а евентуалните грешки ќе се коригираат во рок од 24 часа

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања