Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Тошковски: Нова дигитална услуга на МВР за електронско издавање на уверение за државјанство во секое време, достапна преку uslugi.gov.mk

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
e-drzavjanstvo

Министерството за внатрешни работи денес ја промовираше наградената услуга за електронско издавање на уверение за државјанство која е достапна преку националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk.

— реклама —

„Услугата која и досега беше достапна на порталот иако можеше да се аплицира во секое време, сепак издавањето на е-државјанството беше можно само во работно време. Отсега услугата станува целосно дигитална и граѓаните може да аплицираат во секое време и за само една минута по поднесувањето на барањето, доколку е се во ред, добиваат позитивен одговор и можат да го симнат документот од системот. Дигитализација на услугите и процесите во министерството се еден од нашите врвни приоритети како Влада и како министерство. Граѓаните заслужуваат брзо и ефикасно да ги добиваат своите документи кои институциите се должни да им ги обезбедат. Дополнително процесите на дигитализација во огромен процент ја намалуваат можноста од корупција од која страда нашето општество, така што преку дигитализацијата се води и борбата со корупцијата“, истакна министерот Панче Тошковски.

— реклама —

Националниот портал uglugi.gov.mk минатата недела беше ребрендиран и редизајниран од министерството за дигитална трансформација, е централен портал каде се достапни сите електронски услуги на институциите во државата.

— реклама —

Тошковски потенцираше дека се министерството за внатрешни работи забрзано работи и на дигитализација и на други услуги кои ќе бидат достапни за граѓаните во следниот период.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynhb8co62a2dl7lctyzK

Освен насилникот што пукаше и се закануваше на сопругата и децата, вчера имало уште еден случај на семејно насилство

Македонија | пред 3 седмици

ulica-partizanska-koli-avtomobili-semafori

Казни од „Сејф сити“ и ако останете заглавени на крстосница, а сте поминале на зелено светло

Македонија | пред 1 месец

pance-tosh

(Видео) Тошковски: Од 120.000 на 500 прекршоци – ‘Безбеден град’ дава резултати

Македонија | пред 1 месец

media-library39j3bs4jgpinbcco50A

Тошковски: За „Безбеден град“ со внес на матичен број се спречува доставување на податоци на погрешно лице а евентуалните грешки ќе се коригираат во рок од 24 часа

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања