Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

СДСМ со иронично „извинување“ до Орце Ѓорѓиевски за тендерите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library4hsa32qf750t0nUjNfA

СДСМ со иронија му упати „извинување“ на градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, откако тој ги демантираше тврдењата дека чантата на неговата сопруга чини илјадници евра. Во реакцијата, СДСМ ја пренасочува темата кон тоа „каде завршуваат парите на граѓаните“ преку тендери, посочувајќи ги фирмите „Пирамид билдинг“ и „Ленди груп“ како фаворизирани. Партијата тврди дека за два месеци овие две фирми добиле 96 милиони денари (1,56 милиони евра) од Град Скопје: 20 милиони денари за „Пирамид билдинг“ и 76 милиони денари за „Ленди груп“, наведувајќи и датуми на договорите. Дополнително, СДСМ спомнува поголем број тендери поврзани со истите фирми и ги обвинува власта и Ѓорѓиевски за луксузирање на грбот на граѓаните. Во делот за чантата, СДСМ тврди дека објавената фотографија не е иста како онаа од промоцијата и саркастично додава дека „верува“ оти чантата чини 944 денари.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

СДСМ со иронична реакција упати „извинување“ до градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, откако тој ги демантираше дека чантата на неговата сопруга чини илјадници евра.

— реклама —

„Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема, каде завршуваат парите на граѓаните од тендерите кои ги добиваат двете омилени фирми на власта, Пирамид билдинг и Ленди груп.

— реклама —

За два месеци 96 милиони денари или 1,56 милиони евра добиле омилените фирми на Орце и на ВМРО-ОКГ од Град Скопје каде тој е градоначалник.

— реклама —

20 милиони денари е тендерот за Пирамид Билдинг со склучен договор на 05.12.2026 година.

76 милиони денари е тендерот за Ленди Груп со склучен договор од 28.01.2026 година.

Едни исти фирми, на централно и на локално ниво добиваат тендери и ние да им се извиниме?

Да не треба да му се извинуваме на Орце и за 56те тендери на Пирамид билдинг, каде е татко му на шефот на Кабинет на Мицкоски, Нелоски?

Или да се извинуваме и 74-те тендери на Ленди груп вредни 17.5 милиони евра?

Вие да делите тендери и да се луксузирате на грбот на народот со авиони, часовници, чанти а народот кој не може да врзе крај со крај да ви се извинува?

Извини Орце, да не се малку тендери, да не треба повеќе?

А што се однесува до чантата, следниот пат кога ќе објавуваат слика, прво нека ја проучат разликата од таа што неговата сопруга ја носи на промоцијата со онаа којашто ја објави денеска, очигледна е.

Да да, и ние и граѓаните веруваме дека чантата е 944 денари. Веруваме да“, стои во соопштението на СДСМ.

media-library8or03dufbgj969sVn5x

Ѓорѓиевски и даде рок од 24 часа на СДСМ да се извини: Нема да отворам теми за златни визи, станови и згради во Дубаи и Козле

По објавата на СДСМ дека чантата на сопругата на градоначалникот на Скопје чини 30.000 евра, на социјалните мрежи се огласи Орце Ѓорѓиевски. Тој побара од партијата во рок од 24 часа да се извинат на нивниот официјален фејсбук профил каде беше објавена информацијата.„СДС, ташната не е реалност, ама златните визи и зградите во Дубаи и Козле, се!СДС повторно докажа дека нема ден без сопствено „лизгање“. Очигледно, тоа им е последната преостаната дисциплина. Во обид да привлечат внимание и барем накратко да го прикријат политичкиот дебакл во кој се наоѓаат, повторно пуштаат лажни вести кои се нивен заштитен знак, стара навика и очајнички обид да останат релевантни.Сето ова можеби ќе беше само уште една евтина манипулација, доколку не продолжија по најниската можна линија, а тоа е мешање на моето семејство.Истата матрица ја гледавме и за време на кампањата, кога мета на анонимни и нереализирани ботови беше мојот син.Денес, без срам и без граници, ја продолжија приказната преку мојата сопруга.Во своето соопштение тврдат дека на вчерашната промоција на отчетот за 100 дена од сработеното таа носела чанта од „луксузен бренд“. Очигледно заборавиле дека денес сè е проверливо и дека граѓаните одамна не се наивни. И, удрија во ѕид. Повторно.Фактите се едноставни и кристално јасни, чантата што ја носи мојата сопруга чини 945 денари купена од македонска продавница. Не 30.000 евра. Туку 945 денари. Толку од нивната сензација и „ексклузива“.Кога не можат да најдат ниту една сериозна замерка за работата на Скопје, кога гледаат дека градот повторно се исправува на нозе и дека резултатите се видливи, тогаш се служат со вакви лаги. Со ниски удари, со фабрикувани приказни и со напади врз семејството, затоа што политика и аргументи одамна немаат.Јас нема да паѓам на нивното ниво и да потсетувам во какви луксузи живеат семејствата на нивните челници и функционери.Нема да отворам теми за златни визи, за станови и згради во Дубаи, во Козле „подарени“ луксузни Q8-ци и слични симболи на нивната лажна скромност.Ќе го задржам нивото на комуникација, иако јавноста многу добро знае кој како живее и од што.За разлика од нив, јас водам скромен живот. Живеам во стан.Возам сопствен автомобил. Ништо повеќе и ништо помалку. И мојот народ тоа го знае.Јас ќе продолжам да работам за моите скопјани. Секој ден и секоја ноќ. Беспоштедно. А тие нека тонат во сопствената мизерија и во лагите со кои со години се обидуваат да опстанат.Барам јавно извинување од СДС во рок од 24 часа, објавено на истата Фејсбук-страница каде што ја пласираа лажната вест, како и во медиумите.Доколку тоа не се случи, ќе поднесам пријава и ќе ги искористам сите правни механизми за заштита на мојот и угледот и честа на моето семејство.Политиката може да биде жестока, но не смее да се води преку лаги, подметнувања и лични дискредитации.Времето на валкани игри, завршува“, вели Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 месец

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 5 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 9 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања