Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Орце тврди дека ќе воведува ред: На Бит Пазар ќе го урива „Али тобако“ оти е на велосипедска и пешачка патека

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-library6cin2kbp0uh497FNC3b

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во изјава за медиумите истакна дека мора да се воведе ред со дивопоставените објекти низ градот.

— реклама —

„Дивопоставените објекти насекаде низ градот граѓаните бараа ред, бараа 30 години наназад, јас кажав дека ред ќе има. Јас знам дека во одредени процеси некој нема да го прими тоа позитивно, затоа што му го нарушувам комодитетот којшто 30 години некој му го дозволил да го има на сметка и на грбот на граѓаните и на градот Скопје и општините. Тоа се луѓе коишто немаат никаков документ за поставеноста таму. Тоа се генерално објекти коишто узурпираат велосипедски, пешачки зони но и многу градски зелени површини. Има неколку примери во одредени општини. Пример општината од кај што доаѓам јас, во сред амбуланта има поставено времени објекти без никаков документ. Тоа е редот и достоинството кое граѓаните го заслужуваат? Не. Ред мора да има. На Бит Пазар има едно тобако коешто невозможно е да се функционира од тоа тобако, на сред велосипедска и пешачка патека, ќе биде отстрането. Секаде каде што имаме узурпација на државен простор и невозможно функционирање на граѓаните. Таму ќе постапуваме. Мораме да градиме систем во кој ќе има ред. Вие како новинар и вашите родители, во овие 30 години и повеќе независност на државата, ви дозволил некој да поставите во сред градски парк објект? Не ви дозволил. На некого му го дозволиле тоа. Е сега треба да го направиме редот“, вели Ѓорѓиевски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8m0naa6v0eud6XfH2h2

Јубилеј во Драчево: 55 години образование во ООУ „Кузман Шапкарев“

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryjbq16a5c83340onl1S7

Нови спортски содржини на кејот на Вардар: реконструирани терени и фитнес-зони на отворено

Скопје | пред 3 седмици

media-librarynp8j9mia7dps0VqfVKA

(Видео) Сообраќаен колапс во Скопје – возачи чекаат по 30 минути за да се поместат од место

Скопје | пред 1 месец

media-library60s2rbsetk9bfFSYMGj

Подземна со шест ленти и нови кружни текови во центарот на Скопје

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања