Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ѓорѓиевски најавува строги контроли за намалување на загадувањето на воздухот во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-librarys2h0eh7nlkrb7lZJ06o

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави засилени контроли и мерки за намалување на загадувањето во Скопје, во соработка со Министерството за животна средина, со фокус на индустриските и потенцијално загадувачки објекти. Тој бара строга регулатива, алтернативно загревање и поеколошко производство, како и долгорочно изместување на тешката индустрија од централното градско подрачје. Најави институционален притисок во рамки на законот и дека нема да се откаже од процесот.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави засилени контроли и конкретни мерки за намалување на загадувањето на воздухот во главниот град. Тој истакна дека, иако не е директно надлежност на градот, ќе соработува со Министерството за животна средина за спроведување строги контроли врз индустриските и потенцијално загадувачки објекти, со цел заштита на амбиенталниот воздух и јавното здравје.

— реклама —

„Чекорите наши се во насока да има строги контроли. На долг рок, ние мораме да работиме кон тоа да сите потенцијални загадувачи, цела потешка индустрија на некој начин, ние да ја отстраниме од Централното градско подрачје.

— реклама —

Знам дека тоа е приватна сопственост, знам дека имаат и од другите страни аргументи, не е само, УСЈЕ единствен којшто би требало да се споменува на ова тема, има уште неколку такви во градот Скопје, но многу е важно што сега, за разлика од минатото, не се молчи. Јас како градоначалник дадов поддршка на таа иницијатива и не престанав да давам поддршка и понатаму, и ќе давам до крајот на мојот мандат, но не само да давам декларативна поддршка, туку и ќе се борам во целиот процес.

— реклама —

Она што е освен контроли, а треба да биде јасна регулатива, е да си најдат алтернативен начин на загревање таму и алтернативен начин на производство. Затоа што и она што го посочуваат граѓаните како проблем, а тоа е сите оние работи кои излегуваат во јавност и коишто се согоруваат дел од нив таму, е сериозен проблем и треба да стане минато. Зборам ако треба ние да се грижиме за животната средина и тие декларативно не го прават тоа, декларативно се грижат со садење на дрвца по општините, тогаш треба барем системот на загревање и преработка на материјали таму да се сведе на еколошки горива.

И тоа е нешто од коешто не отстапуваме, драго ми е што повторно ќе кажам, и владата е на иста линија, и со мене, со градот Скопје, со советниците, но и со граѓаните, и тука по нас на тоа прашање ќе правиме сериозен притисок, институционален, нормално во рамките на законот. Сето она што би значело отпор поврзан со тоа прашање, би значело и друг пристап кон вршење на активностите таму, и тоа е прашање на коешто понатаму нема да се повлечеме ни јас, како градоначалник на градот Скопје, ниту советот на градот Скопје, ниту па кој било од службите на Министерството за животна средина“, вели Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

384195512_10222568730078005_5385278146917642351_n

Само три европски земји имаат чист воздух: загадувањето расте глобално

Свет | пред 6 дена

cementara

Усје не е единствениот кој влијае на влошување на амбиенталниот воздух, вели Ѓерѓиевски

Скопје | пред 1 месец

media-library0mv0rf26868n3JRgapR

(Видео) „Профит за нив, болести за нас“: Протест за затворање на „Усје“ пред три институции

Скопје | пред 1 месец

media-librarysadj1g24iub21Rpr4Vf

(Видео) „Ги убивате сите деца, вклучително и вашите“, револт во Струмица поради загадениот воздух

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања