Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВОЗДУХ

384195512_10222568730078005_5385278146917642351_n

Само три европски земји имаат чист воздух: загадувањето расте глобално

Само 13 земји во светот имаат воздух што се смета за безбеден за дишење, а меѓу нив во Европа се само три – Андора, Естонија и Исланд, покажува најновиот Светски извештај за квалитет на воздухот за 2025 година.Според анализата на податоци од илјадници градови во повеќе од 140 земји, само 14 проценти од градовите во светот имаат воздух во рамки на безбедните граници, што претставува пад во однос на претходната година.Главни причини за влошувањето се климатските промени предизвикани од човекот, особено шумските пожари, песочните бури и екстремните временски услови поврзани со согорувањето на фосилни горива.Светската здравствена организација поставува строги граници за честичките ПМ2.5, кои се особено опасни бидејќи можат да навлезат длабоко во белите дробови и крвотокот, зголемувајќи го ризикот од сериозни заболувања.Најзагадени земји во светот се Пакистан, Бангладеш, Таџикистан, Чад и Демократска Република Конго, додека сите 25 најзагадени градови се наоѓаат во Индија, Пакистан и Кина.Во Европа, ситуацијата е влошена во дел од земјите, при што 23 држави бележат раст на загадувањето, особено поради чад од пожари и прашина од Сахара. Истовремено, некои земји, како Малта, бележат намалување благодарение на преминот кон почисти извори на енергија.Загадувањето е изразено и во големи градови, при што Париз, Лондон и други метрополи повремено се наоѓаат меѓу најзагадените во светот.Дополнителен проблем претставува недостигот на податоци, бидејќи милиони луѓе немаат пристап до информации за квалитетот на воздухот во реално време, што ја отежнува борбата против загадувањето.Експертите предупредуваат дека без систематско следење и намалување на емисиите, глобалниот квалитет на воздухот ќе продолжи да се влошува, со сериозни последици за здравјето на луѓето.

Свет | пред 6 дена

media-librarys2h0eh7nlkrb7lZJ06o

Ѓорѓиевски најавува строги контроли за намалување на загадувањето на воздухот во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави засилени контроли и конкретни мерки за намалување на загадувањето на воздухот во главниот град. Тој истакна дека, иако не е директно надлежност на градот, ќе соработува со Министерството за животна средина за спроведување строги контроли врз индустриските и потенцијално загадувачки објекти, со цел заштита на амбиенталниот воздух и јавното здравје.„Чекорите наши се во насока да има строги контроли. На долг рок, ние мораме да работиме кон тоа да сите потенцијални загадувачи, цела потешка индустрија на некој начин, ние да ја отстраниме од Централното градско подрачје.Знам дека тоа е приватна сопственост, знам дека имаат и од другите страни аргументи, не е само, УСЈЕ единствен којшто би требало да се споменува на ова тема, има уште неколку такви во градот Скопје, но многу е важно што сега, за разлика од минатото, не се молчи. Јас како градоначалник дадов поддршка на таа иницијатива и не престанав да давам поддршка и понатаму, и ќе давам до крајот на мојот мандат, но не само да давам декларативна поддршка, туку и ќе се борам во целиот процес.Она што е освен контроли, а треба да биде јасна регулатива, е да си најдат алтернативен начин на загревање таму и алтернативен начин на производство. Затоа што и она што го посочуваат граѓаните како проблем, а тоа е сите оние работи кои излегуваат во јавност и коишто се согоруваат дел од нив таму, е сериозен проблем и треба да стане минато. Зборам ако треба ние да се грижиме за животната средина и тие декларативно не го прават тоа, декларативно се грижат со садење на дрвца по општините, тогаш треба барем системот на загревање и преработка на материјали таму да се сведе на еколошки горива.И тоа е нешто од коешто не отстапуваме, драго ми е што повторно ќе кажам, и владата е на иста линија, и со мене, со градот Скопје, со советниците, но и со граѓаните, и тука по нас на тоа прашање ќе правиме сериозен притисок, институционален, нормално во рамките на законот. Сето она што би значело отпор поврзан со тоа прашање, би значело и друг пристап кон вршење на активностите таму, и тоа е прашање на коешто понатаму нема да се повлечеме ни јас, како градоначалник на градот Скопје, ниту советот на градот Скопје, ниту па кој било од службите на Министерството за животна средина“, вели Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 месец

cementara

Усје не е единствениот кој влијае на влошување на амбиенталниот воздух, вели Ѓерѓиевски

Орце Ѓорѓиевски, вчера во Топ Тема зборуваше за амбиенталниот воздух во градот. Тој посочи дека загадувањето не се должи само на цементницата Усје, туку дека проблемот постои со години.„Усје според мене не е единствениот кој влијае на влошување на амбиенталниот воздух во главниот град. Сите го дишеме тоа и го живееме многу години наназад. Сега транспарентноста е зголемена и треба граѓаните да го знаат тоа. Сите овие индустрии треба да бидат надвор од градот“, рече Ѓорѓиевски.Градоначалникот истакна дека приватната сопственост го ограничува директното дејствување на градот. Па така за Усје вели дека е привата сопственост и тој како градоначалник не може да влезе кај некој дома и да каже „од денес нема тука да ви стои гарнитурата“. Сепак посочи дека потенцијалните загадувачи постепено треба да се изолираат, особено од централното градско подрачје како и да се зголемат контролите.

Скопје | пред 1 месец

media-library0mv0rf26868n3JRgapR

(Видео) „Профит за нив, болести за нас“: Протест за затворање на „Усје“ пред три институции

Со транспаренти со пораки „Профит за нив, болести за нас“, „Дишеме отров“, „Воздухот не е луксуз, тоа е право“, „Профит за Усје, болест за народот“ и „Стоп за Усје“, граѓани денеска протестираа барајќи затворање на цементарницата, посочувајќи дека економскиот профит не смее да биде над здравјето на луѓето.Протестот започна пред Влада, по што демонстрантите се упатија кон Собрание и продолжија пред Министерство за животна средина и просторно планирање. Учесниците порачаа дека институциите имаат одговорност кон граѓаните и дека барањата за заштита на здравјето и животната средина мора да добијат конкретен и итен институционален одговор.Дел од пораките упатени преку транспарентите се однесуваа и на прашањето за мерењето на загадувањето, со критики дека реалната состојба не се прикажува соодветно и дека граѓаните со години се изложени на штетни емисии. Присутните истакнаа дека не можат да прифатат состојба во која, како што рекоа, „не можеме да дишеме од профит“, нагласувајќи дека правото на чист воздух е основно човеково право, а не привилегија.Според „Усје“, тие повеќе од месец се цел на неосновани напади.Со став се јави и премиерот Христијан Мицкоски.

Скопје | пред 1 месец

media-librarysadj1g24iub21Rpr4Vf

(Видео) „Ги убивате сите деца, вклучително и вашите“, револт во Струмица поради загадениот воздух

Во Струмица вечерва се одржа протест за чист воздух, на кој граѓаните јавно го искажаа револтот од долгогодишното аерозагадување и, како што порачаа, институционалната незаинтересираност за заштита на јавното здравје.Со транспаренти на кои пишуваше „Колку пари чини еден живот“, „До кога ќе бидеме депонија Европа“, „Ги убивате сите деца, вклучително и вашите“, „Надлежни за плата, ненадлежни за воздух“, „Корупцијата труе повеќе од индустријата“ и „Од смогот не се гледа иднината“, демонстрантите побараа итни и конкретни мерки за намалување на загадувањето и заштита на здравјето на граѓаните.Од говорницата беше упатена остра критика кон институциите, при што говорниците истакнаа дека молкот и отсуството на реакција не се случајни, туку претставуваат свесна политика. Беше нагласено дека станува збор за политика на одолговлекување и „купување време“, во која се чека да помине уште една сезона, уште една зима или лето, додека последиците по здравјето на граѓаните се продлабочуваат.„Кога државата не реагира како во вонредна состојба, таа испраќа порака дека нашето здравје е колатерална штета“, порачаа говорниците, предупредувајќи дека загадениот воздух директно влијае врз квалитетот на животот, а најмногу ги погодува децата, старите лица и хронично болните.Протестот помина со извици „Сакаме да дишеме!“, а граѓаните порачаа дека нема да се откажат од притисокот кон надлежните сè додека не се преземат сериозни и долгорочни мерки за решавање на проблемот со загадениот воздух.

Македонија | пред 2 месеци

cementara

ТИТАН Усје реагира: И без работа на печките, ПМ честичките остануваат високи

И покрај сите факти и докази кои потврдуваат дека компанијата работи согласно домашната регулатива и кои беа јасно потврдени од страна на релевантните институции, продолжуваат нападите кон ТИТАН Усје. Овие напади не само што се тенденциозни, бидејќи не се засновани на факти, туку на произволни толкувања, тие истовремено отвораат и дилема, од кои причини и мотиви неосновано „прстот“ се посочува само кон една компанија, која е значајна за националната економија, и додава нова вредност за вработените, за заедницата и за сите наши партнери. Што е најважно, овие напади ниту малку не придонесуваат кон изнаоѓање на решение за загадувањето во Скопје, велат од ТИТАН Усје„Дека компанијата не е причина за ваквите состојби, покрај другото, зборуваат и фактите од последните неколку дена. Имено, поради редовен ремонт двете печки не работат - едната од 20.12.2025 година, а втората од петокот на 16.01.2026 година. И покрај тоа што ТИТАН Усје целосно не работи, во петокот на 16.01. највисоката вредност на ПМ 10 честичките достигна 275 микрограми на кубен метар, во саботата (17.01.2026) - 250, во неделата (18.01,2026) – 143, во понеделникот (19.01,2026) – 190 и вчера, во вторник (20.01.2026) - 221 микрограми на кубен метар. Оваа состојба се потврдува секоја година.ТИТАН Усје е компанија која не само што работи согласно законите и е носител на А-интегрирана дозвола, таа е под континуиран 24-часовен независен мониторинг на излезните гасови од оџаците, а резултатите од мерењата се јавно достапни преку неделни извештаи. Мерењата на оџаците во Титан Усје се одвиваат согласно законската регулатива која ја пропишуваат институциите и е усогласена со европските директиви. Дека нашето работење не е поврзано со состојбите со амбиенталниот воздух во Скопје зборува и фактот дека и кога компанијата не работи, загадувањето е високо.Како компанија која е дел од интернационална групација, ТИТАН Усје во континуитет инвестира во модернизација на технолошките процеси . Изминатите шест години инвестициите надминаа 36 милиони евра, од кои 4,5 милиони евра беа наменети за намалување на влијанието врз животната средина.Искрено веруваме во потребата од еднаков третман на сите ентитети во земјата и согласно принципот на владеењето на правото очекуваме нашето работење да се опсервира и оценува низ призмата на стручноста и законите, а не преку лични и паушални ставови.Остануваме отворени за конструктивен дијалог со сите релевантни партнери во насока на изнаоѓање на трајнорешение во интерес на сите“, се додава во соопштението.

Скопје | пред 2 месеци

media-library01p44kqn4usc3RXRqOO

Цаневска: Загадениот воздух не познава партиска припадност, нечиј профит не смее да е поважен од здравјето

Советот на Град Скопје денеска ја одржа првата вонредна седница, на која се дебатираше за загадениот воздух. Вонредната седница беше свикана на иницијатива на советничката група на СДСМ и Коалицијата, а подржана и од други советници. Денешните предлози и дебати ќе бидат земени предвид и во рок од еден месец советниците треба да добијат конечен предлог заклучоци кои ќе бидат инкорпорирани во акцискиот план. Тие го задолжија градоначалникот Орце Ѓорѓиевски да испита колку краткорочните мерки за намалување на загадување се имплементираат од страна на скопските градоначалници и да им укаже дека нема да се толерира нереализирање на мерките за намалување на аерозагадувањето.Советничката Катерина Цаневска, рече дека Скопје со години е меѓу најзагадените градови во Европа, а реакцијата на институциите, и на државно и на локално ниво, се сведува на аларми, препораки и апели.„Според Институтот за јавно здравје, околу 4.000 смртни случаи годишно во државата се поврзуваат со загадениот воздух. УНИЦЕФ предупредува дека секој деветти смртен случај кај новороденчиња е поврзан со аерозагадувањето. Загадениот воздух и смртните случаи и заболените не познаваат партиска припадност”, рече Цаневска и посочи дека институциите затаиле на неколку полиња: затоплувањето како сериозен извор на загадување, урбанистичкиот криминал со кој Скопје е претворено во бетонска долина без воздух, потоа стариот возен парк и нефункционалниот јавен превоз, отсуството на ефективен инспексциски надзор, сеуште профитот од големите индустриски капацитети е поважен од здравјето а новиот Закон за контрола на индустриски емисии, остава простор клучни информации за загадувањето да бидат прогласени за „деловна тајна“.Како мерки, Цаневска предложи:1. Итно усвојување и финансирање на програма за замена на нееколошки системи на греење, со јасни рокови, обврзувачки таргети и реален буџет2. Воведување задолжителни рестриктивни сообраќајни мерки во денови со екстремно загадување, вклучително и ограничување на сообраќајот, бесплатен јавен превоз и приоритет за еколошки возила3. Мораториум и ревизија на деталните урбанистички планови во критичните зони на градот4. Донесување обврзувачки Акциски план за чист воздух за Град Скопје за период 2026-2029, со конкретни мерки, рокови, одговорни институции и месечна јавна отчетност5. Засилен, континуиран и јавно видлив инспекциски надзор над индустриските капацитети, со мерење на емисии во реално време, санкции за загадувачите6. Целосна транспарентност и право на информирање на граѓаните, без сокривање на податоци зад „деловна тајна“ кога е загрозено јавното здравје7. Итна имплементација на  локални политики за животна средина, со особен акцент на мерки за намалување на загадувањето на воздухот согласно обврските од Поглавје 27 и европските директиви.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryp169oluh36242QNuHlc

Димитровски: Како Совет имаме обврска да се бориме за почист воздух на скопјани

„Првата битка е итно да обезбедиме чист воздух во просториите во кои престојуваат ранливи групи во текот на зимата, а втората би рекол не е битка туку војна, е да поставиме добри основи за војна со загадениот воздух во нашиот град. За подобар квалитет на воздухот во просториите, потребно е да им обезбедиме на домаќинствата сигурен извор на топлина, како би можеле да ги заменат ќумбињата, печките на дрва со централно греење, да обезбедиме соодветна вентилација и филтрација на воздухот преку системите за греење, ладење, климатизација во градинките, училиштата и болниците, и не е за занемарување тоа што овој Совет изгласа да се купат прочистувачи за воздух за 400 училници во средните училишта во Скопје, тие се набавиме и ќе бидат дистрибуирани во текот на овој месец“, истакна Даме Димитровски претседател на Советот на град Скопје, на денешната вонредна седница на Советот.Димитровски посочи дека во борба со загадувањето, индустријата треба да примени европски практики во мерењата и јавноста на податоците, а градот и општините да ги зголемат инспекциските надзори.„Индустриските капацитети во Скопје, се наши соседи и мора да покажат чесност, преку јавно и транспарентно прикажување на континуирани мерења. Бараме од индустријата да примени европски практики во технологијата, во мерењата и јавноста на податоците. Малите и средни претпријатија имаат на располагање неколку понудени програми во кои може да искористат субвенции и од државата за намалување на потрошувачката на енергија, за подобрување на ефикасноста и намалување на загадувањето. Градот и општините треба уште посилно да притискаат и со едукација и со превенција, но и со инспекциски надзори секаде каде имаат надлежност и дополнително, при донесувањето на планската документација, чистиот воздух, и моделирањето на движењето на воздухот треба да станат обврска и за градот и за општините. Ние како Совет имаме обврска да се бориме за она што им е потребно на скопјани“, рече Димитровски и додаде:„Ќе мора да има мониторинг на сите големи загадувачи, вклучувајќи ги индустријата, домаќинствата, сообраќајот, дивите депонии, и хорека индустријата. Затоа уште на почетокот на 2026, бараме да се започне со подготовка на План за борба со аерозагадувањето. Во овој план бараме да се анализира влијанието на сите загадувачи, да се регистрираат сите оџаци во котлината, да се анализира влијанието на досега спроведените мерки во изминативе години, да се дефинираат мерки и акции кои можат да му помогнат на градот. Ние, Советот на град Скопје треба да бидеме строга контрола на планови кои ќе придонесат за поголемо загадување, но и ветер во грб за секоја акција која ќе го намали загадувањето“.

Скопје | пред 2 месеци

zagadeno-skopje-5

„Мириса на смрт, бели дробови се луксуз, деца растат со антибиотици“: Апел на мајка од Скопје против тишината за загадениот воздух

Уметницата и мајка од Скопје, Ина Михајлова, преку својот профил на социјалните мрежи јавно и без задршки проговори за, како што ја опиша, ужасната реалност со загадениот воздух во главниот град, испраќајќи силен апел до јавноста да престане со молчењето.Во објава што предизвика бројни реакции, Михајлова со потресни зборови го опиша секојдневието на семејствата кои живеат во Скопје, нагласувајќи дека децата тука не растат со румени образи, туку со инхалации, сирупи и антибиотици. Таа посочи дека бронхитите што постојано се повторуваат, кашлиците што стануваат нормала и прозорците што не се отвораат ниту преку ден се дел од животот што полека се прифаќа како нешто вообичаено.„Мириса на смрт“, напиша Михајлова, додавајќи дека секојдневно живее со чувство на вина затоа што сака да го изнесе детето на прошетка, како здравите бели дробови да се привилегија, а не основно право. Според неа, додека граѓаните се гушат, им се сервираат приоритети што немаат никаква врска со реалноста во која живеат.Во својата порака таа јасно ги дефинира вистинските приоритети: детето да може да истрча без да се закашла, да заспие без инхалатор покрај креветот и да не знае што е антибиотик пред да научи да чита. Михајлова нагласува дека ова не е драма, туку секојдневие за илјадници семејства во Скопје.Со завршните зборови, таа испрати директен и вознемирувачки апел до општеството, предупредувајќи дека колку повеќе се молчи за загадувањето, толку подлабоко се вдишува отровот што секојдневно го уништува здравјето на граѓаните.

Коментари | пред 3 месеци

IMG_2960

(Фото) Опаѓа загаденоста во Скопје, дел од мерните станици светат и зелено

Се подобрува квалитетот на воздухот во Скопје, по викендот кога главниот град се впишуваше во првите три најзагадени во Европа, а Македонија беше и меѓу првите десет држави со најзагаден воздух. Утринава, повеќе мерни станици светат зелено, што значи дека има незначително загадување, односно во рамки на дозволеното. Ниско загадување има во неколку делови од градот како Карпош 4, Карпош 1, Тафталиџе 1, Аеродром, Центар. Специфично е што високо загадување покажува мерната станица на Водно.Состојбата со воздухот во текот на викендот, кога воздухот имаше мирис на чад, погледнете ја тука:

Скопје | пред 3 месеци

odnosi

Политичка пресметка околу воздухот: се караат што кажал Заев, а што Мицкоски и дали „ајро, ајро“ ќе го исчистел воздухот

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека, како што наведуваат, намерно злоупотребува стара изјава на премиерот Христијан Мицкоски поврзана со квалитетот на воздухот, со цел политички поени и дефокусирање на јавноста.Од партијата оценуваат дека станува збор за, како што велат, „уште една фабрикувана лага“, слична на, според нив, претходните тврдења за „мигранти и ширење страв“.„Не знаеме зошто СДСМ не ги користи изјавите на нивниот поранешен лидер Зоран Заев, во кои ветуваше дека ‘ајро ајро’ ќе го исчисти воздухот и дека ќе донесе живот и чист воздух за сите“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.Во соопштението се наведува и дека реакциите на СДСМ се, како што велат, „павлов рефлекс од штабот на Бихаќка“, додавајќи дека опозициската партија користи однапред подготвени пораки.Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека ќе потсетат на, како што ја нарекоа, „изјавата на векот“ на поранешниот премиер Зоран Заев, поврзана со загадувањето и квалитетот на воздухот.Претходно, од СДСМ соопштија дека Скопје е втор најзагаден град во Европа, оценувајќи дека граѓаните секојдневно дишат токсичен воздух опасен по здравјето.Според опозициската партија, Владата не презема соодветни мерки за справување со загадувањето, туку, како што тврдат, фокусот е ставен на сомнителни јавни набавки и тендери.„Додека нема пари за политики за чист воздух, има пари за стотици тендери за исти фирми и милионски договори“, наведуваат од СДСМ, обвинувајќи дека премиерот Мицкоски ги доведува во заблуда граѓаните со споредби дека воздухот во Скопје бил почист од оној во Виена.Во реакцијата, СДСМ оценува дека ваквите изјави ја поткопуваат довербата на јавноста и дека токму поради тоа била донесена, како што велат, противуставна Резолуција.„Што е следно – забрана да се зборува за загадениот воздух затоа што власта тврди дека тој е чист?“, прашуваат од СДСМ.

Македонија | пред 3 месеци

zagadeno-skopje

Скопје се гуши во смог, Струмица уште позагадена

Скопје утрово повторно се соочува со сериозно загадување на воздухот. Според мерењата на домашните мерни станици, а рангирањето на швајцарската апликација „Ај Кју Ер“ (IQAir), индексот на загаденост во главниот град достигна 102, што го става во категоријата „нездрав воздух“.На светската листа на најзагадени градови, Скопје утрово се најде на 26. место. Во регионот, полоша состојба има само Сараево, кое се искачи на првото место на оваа неславна листа.Од градовите во земјава, поизразено загадување од Скопје е измерено само во Струмица, каде индексот на загадување достигна дури 226. Според утринските мерења, во воздухот во Скопје се регистрирани 35,9 микрограми ПМ2,5 честички на метар кубен, како и 2,9 микрограми јаглерод моноксид.Највисоки концентрации на загадувачки честички во главниот град се измерени во реонот кај Млечен ресторан и во населбата Острово, додека зголемени вредности се регистрирани и во Центар и Чаир.Здравствените власти апелираат до граѓаните, особено до ранливите категории – деца, повозрасни лица, хронично болни и бремени жени – поголем дел од денот да го поминуваат во затворени простории, по можност со прочистувачи на воздух, и да избегнуваат подолг престој на отворено.

Македонија | пред 3 месеци

zagadeno-skopje

Град Скопје со препораки за зимата и најавени засилени контроли против загадувањето

Во пресрет на зимската сезона и очекуваните епизоди на зголемено загадување, Град Скопје упати нов сет препораки до граѓаните и најави интензивирани инспекциски контроли за спречување на штетни емисии и нелегално согорување отпад.Ве известуваме дека Секторот за заштита на животната средина како надлежен сектор во врска со предлагањето мерки и активности за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, согласно со акционите планови за воздух а во пресрет на зимската сезона и на очекуваните епизоди со зголемено загадување на воздухот, ги предлага следниве препораки:- редовно чистење на оџаците од домовите и одржување на грејните тела;- за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми или каков бил синтетички материјал;- да се користи суво и чисто дрво за затоплување, без примеси од земја и отпадоци;- печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот;- редовен сервис на котли, печки и клима уреди за ефикасно согорување и помалку емисии на штетни материи.Градот Скопје ги известува граѓаните дека во периодот што е пред нас ќе следат засилени инспекциски контроли на сите постројки кои поседуваат елаборати за заштита на животната средина или Б-интегрирани еколошки дозволи, а особено внимание ќе се посвети на откривање и спречување на спалувањето отпад.

Скопје | пред 3 месеци

skopje-vozduh-3

Приватна компанија ни донира 1 милион евра за имаме почист воздух во болниците, градинките, училиштата

„Чистиот воздух е наше заедничко право, а загадувањето предизвик кој бара обединет одговор од сите нас. Ова е проблем што бара заеднички напори од целата заедница. Ја поздравувам најголемата донација во земјата од страна на македонската компанија ЕКОТИП во вредност од 1 милион евра“, напиша премиерот Христијан Мицкоски и додава:„Оваа значајна донација на напредни прочистувачи од реномираниот германски производител Mann+Hummel ќе обезбеди воздух со највисоки медицински стандарди за најранливите категории: Во градинките, училиштата, болниците и другите јавни установи каде што квалитетот на воздухот е од клучно значење. Оваа иницијатива не само што ќе го подобри квалитетот на воздухот во јавните установи, туку и ќе помогне во креирање на поздраво општество.Воедно продолжуваме дијалог со претставниците на германската Mann+Hummel, кои деновиве со тимот на Владата и Екотип ја анализираат можноста за понатамошна соработка со фокус на долгорочни иницијативи и заеднички развојни перспективи.Ваквите примери нека бидат повик за акција, секој придонес, мал или голем, е чекор кон поздраво општество!“.

Македонија | пред 1 година

46065724_2242678189077887_401652701433167872_n

Струмичани се здружуваат со слоганот „Забрането дишење“, и одат на марш поради загадувањето

Организацијата „Здрава котлина“ организира протестен марш во сабота на 1 февруари во Струмица, поради енормно високото загадување.Во повикот стои:„На 1ви февруари (сабота) со почеток во 11:00 часот ќе одржиме протестен марш низ улиците на Струмица како израз на граѓанско незадоволство од упорното нерешавање на проблемот со воздушното загадување во Струмичката котлина што га истопори Струмица на 7мо место најзагаден град во Европа.Место на собирање е во паркот кај Дом на АРМ и од таму по улицата 24 Октомври почнуваме да се движиме покрај Комуналец, продолжуваме на улица Младинска кај болницата до кружниот тек кај Мавровка, па по улица Гоце Делчев до кружниот тек кај поштата, а потоа по булевар Гоце Делчев до раскрсницата кај Глобал, па продолжуваме по булевар Ленинова покрај Основен суд Струмица и маршот ќе го завршиме пред зградата на општина Струмица кај канцелариите на инспекциските служби.Таму ќе се обратиме на јавноста за нашите пораки и барања до локалната и централната власт. Ќе ги посочиме нештата што мора да се променат и во името на сите вас ќе искажеме конкретни и прецизни мерки од кои ќе нема отстапување.Пресудно е да се врши јавен притисок и тоа е најефективно во отсуство на резултати кои со години ги чекаме да ситигнат. Она што досега добивме се полни болници и жални вести. Струмица не смее да остане 7ми најзагаден град во Европа и токму тоа зависи од сите нас! Ова е исклучиво граѓански протест и секакво јавно истакнато партиско одбележје или симбол ќе биде отстрането од страна на редарите“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-08-at-22.48.26

(Видео) Скопје го снема, ако гледате од Водно

Скопје не се гледа од Водно. Камерите на ЈСП покажуваат дека градот е прекриен со смог, додека истовремено, е на шесто место по загаденост во светот и прв во Европа. Со вредност на нивото на штетни ПМ честички од 164 единици воздухот во Скопје е во категоријата означена со црвено како „нездрав“ воздух.Секоја зима, во Македонија го има истиот проблем. Но попроблематично е што речиси и да не се гледаат ни минимални разлики, иако граѓаните нонстоп алармираат, а политичарите постојано ветуваат. До 2022 година имаше и бесплатен автобуски превоз во загадените денови, но годинава, такво нешто нема. Градоначалничката Данела Арсовска објави неколку пати дека инспекциските служби санкционираат компании, но не се презентирани статистички податоци колку тоа помогнало до сега.

Македонија | пред 1 година

toni-mihajlovski

Скопје, смрдеше на отров, смрдеше на „амбуланта“, на смрт, како во гасна комора, таков е системот!, реагира актерот Михајловски

Актерот Тони Михајловски се осврна на загадениот воздух во Скопје, посочувајќи дека градот е како во гасна комора. Потсети дека тоа трае над деценија и истото се третира како да е нормално, а не, штетно.Целиот статус на Михајловски:Бајати вести. Скопје/Козле завчера околу 23:30 мирисаше/смрдеше на отров. Смрдеше на “амбуланта”, на “болница”. Смрдеше на смрт.Ги прошетав кучињата 20тина минути. Јакната ми мирисаше на отровот а и крзното на кучињата мирисаше на истото. Тоа што мирисаше можеше и да се види во воздухот. Како во гасна комора. Децата ни кашлаат, болниците се полни, се гушиме. И така е 15/20/25год?И не ни пречи. Никому не му пречи. Можеби континуитетот го нормализира ненормалното, можеби сме заљубени во џелатот, или едноставно сме се “навлекле” на смрадот.Додуше мене ми пречи, ама мене тоа ми е заради астмата. Отидов да си купам “дишало” Фостер, ама немав со себе копија од потврда од на мајка му фрчилото дека имам астма. Нема потврда, нема дишало. Таков е системот. А ме има во “системот” дека имам астма, ама немам потврда. Копија која треба да ја носам со себе кога сакам да земам нова пумпи*ка.И тоа е направено така за да не се злоупотребува Фостер пумпи*ката. Можам на пример да се излечам од астма а сеуште да земам пумпи*ка и да ја препродавам. Или да ја давам на делење. По едно пафче/димче за одредена цена. Сиромав чо’ек, жив ѓа’ол. На мајка му пумпи*ката кој и да го смислил системот. Си купив Вентолин. Брка работа а и нема да станам првиот дилер на Фостер пумпи*ка во нашата земја.Нејсе, на вести јавија дека доцнат авионите од Истанбул. Шуќур. Полесно се дише кога имаш таква информација. п.с. Се прашувам тие што го одобриле тоа, очигледно горење на нечиј отпад, дали имаат деца, и дали нивните деца дишат некој друг воздух?

Коментари | пред 1 година

IMG_2960

Скопје најзагаден град во Европа, Македонија во првите 20 држави

Светскиот сервис „IQAir“ кој прави рангирање на светските градови на едно место, покажува дека Скопје е најзагаден град во Европа, по квалитет на воздух. Тој се наоѓа на 11 место со индекс 161, што значи дека е штетен за здравјето.Според мерните станици, најзагадени делови се Центар, Лисиче, Карпош, како и Ѓорче Петров.Истовремено, Македонија се наоѓа на 19 место во Скопје по ниво на загаден воздух. Освен Скопје, висока загаденост има и во Кичево, Гостивар, Тетово.

Македонија | пред 1 година

ulici-gorce-petrov-2

Во Скопје се дише почист воздух дури и од Мелбурн, Македонија сега не е загадена

Во Македонија денеска се диши чист воздух. Според сервисот „Waqi.info“ кој генерира информации од светските сите мерни станици ширум светот, ја рангира Македонија на 132 место по загденост на воздух.Чист е воздухот и во Скопје, град кој изминатите денови беше меѓу првите најзагадени во светот. Во моментов, во главнот град се дише почист воздух дури и од Мелбурн, Торонто, Рома.Чистиот воздух дојде откако во текот на ноќта имаше пад на температурите, заладување и ветер.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-10-at-17.25.04

Се протестира пред Влада: „Партиска книшка штити од загадување?“

„Партиска книшка штити од загадување?“, со ваков транспорент се бараше чист воздух на протестот во Скопје. Тие порачаа дека се сите го дишат истиот воздух. На друг транспарент испишаа: „Молчи трпи, гуши се, се е ок!“. Тие застанаа пред Влада, повикувајќи ги сите граѓани да излезат на улица.[caption id="attachment_316658" align="alignnone" width="577"] Screenshot[/caption]„Денес се собравме тука не само од Скопје, туку од Македонија. Да кажеме: доста е бре луѓе! Веќе преку глава е да има влада до влада, локална самоупава до самоуправа, да чекаме да направат нешто. Ние имаме доставено барања до Влада, министерство, локална самоуправа, предлози базирани на наука“, рече Горјан Јовановски.Според нив, време е да престане миграцијата од Македонија поради нискиот квалитет на воздухот.

Скопје | пред 1 година

skopje-zagaden-vozduh-magla-1

Граѓаните дишат загаден воздух, а власта ги намали парите за животна средина и чист воздух во Буџетот, вели СДСМ

„Не само што власта на Мицкоски и ДПМНЕ не презема ништо за да го намали загадувањето на воздухот, туку во предложениот Буџет за 2025 година ги намали парите за животна средина, за енергетика и квалитет на воздух“, вели СДСМ и додаваат:Во Министерството за животна средина има предвидено повеќе пари за вработувања, а помалку пари за заштита за животната средина, односно намалување на парите за 25%!За квалитет на воздух исто така власта ги намалува парите од од 46.415 на 22.771 милиони денари што е намалување од 51%.Има помалку пари за развој на енергиката, намалување од 406.331 на 243.100 милијарди денари.Парите за гасификација се речиси преполовени, додека за енергетска трансформација нема ништо.Мицкоски најави гасна конгенеративна централа со која ќе се намали загадувањето а во буџетот пари за тоа нема. Ја нема ниту ветената 1 милијарда евра инвестиции за намалување на загадувањето за 50%.Со повеќе пари за плати а со помалку за животна средина нема власта поккажува дека нема намера ништо да преземе против загадувањето и граѓаните ќе продолжат да се гушат.

Македонија | пред 1 година

skopje-zagaden-vozduh-magla-3

(ФОТО) Годинава во Скопје воздухот многу поопасен, во однос на истиот период лани

Наместо да има подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје, со текот на времето бележиме поопасен воздух што го дишеме, пишува Мета.мк во својата анализа.Главниот град во текот на минатиот месец дишеше поопасен воздух во споредба со декември 2021 година, со поголем број на денови кога се надминати дозволените среднодневни концентрации на ПМ-10 и ПМ-2.5 честички во воздухот, покажуваат резултатите од мерењата на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитетот на амбиенталниот воздух на Министерството за животна средина и просторно планирање.Притоа, резултатите од мерењата за присуство на ПМ-10 честичките во Лисиче за декември 2022 година покажуваат дека дури девет дена од месецот имало екстремно загаден воздух, кога среднодневните концентрации на овие загадувачки честички биле над 150 микрограми на метар кубен – загрижувачка граница поради која властите го вклучуваат прагот на алармирање.Заедно со ПМ-10 честички, воздухот во Лисиче изминатиов месец бил “богат” и со ПМ-2.5 честички. Да напоменеме дека максимално дозволената среднодневна концентрација на ПМ-2.5 честички во воздухот е 25 микрограми на метар кубен. На 23 декември, во Лисиче бил измерен 24-часовен просек на присуство на ПМ-2.5 честички од 259 микрограми на метар кубен, што е за фантастични 10 пати повеќе од максимално дозволената граница.Воедно, дури 30 од вкупно 31 ден во месецот на мерната станица во Лисиче е измерено надминување на дозволената среднодневна концентрација на ПМ-2.5 честички во воздухот, покажуваат резултатите од месечните извештаи објавени на веб-страницата на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитетот на амбиенталниот воздух на Министерството за животна средина и просторно планирање.Дека во декември 2022 година се дишел поопасен воздух од истиот месец од претходната година, докажуваат и официјалните резултати кои се добиени и од другите мерни станици во Скопје.Па така, мерната станица „Ректорат“ спроти трговскиот центар „Мавровка“ покажува полоши резултати во декември 2022 година. Кога станува збор за присуството на ПМ-10 честички во воздухот, измерено е дека во 16 денови од овој месец била надмината максимално дозволената гранична вредност за 24 часа од 50 микрограми на метар кубен. Притоа, во текот на три дена од минатиот месец воздухот бил екстремно загаден, при што концентрациите на ПМ-10 честички биле над 150 микрограми на метар кубен.Целиот текст можете даго прочитате тука

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања