Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Цаневска: Загадениот воздух не познава партиска припадност, нечиј профит не смее да е поважен од здравјето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library01p44kqn4usc3RXRqOO

Советот на Град Скопје денеска ја одржа првата вонредна седница, на која се дебатираше за загадениот воздух. Вонредната седница беше свикана на иницијатива на советничката група на СДСМ и Коалицијата, а подржана и од други советници. Денешните предлози и дебати ќе бидат земени предвид и во рок од еден месец советниците треба да добијат конечен предлог заклучоци кои ќе бидат инкорпорирани во акцискиот план. Тие го задолжија градоначалникот Орце Ѓорѓиевски да испита колку краткорочните мерки за намалување на загадување се имплементираат од страна на скопските градоначалници и да им укаже дека нема да се толерира нереализирање на мерките за намалување на аерозагадувањето.

Советничката Катерина Цаневска, рече дека Скопје со години е меѓу најзагадените градови во Европа, а реакцијата на институциите, и на државно и на локално ниво, се сведува на аларми, препораки и апели.

— реклама —

„Според Институтот за јавно здравје, околу 4.000 смртни случаи годишно во државата се поврзуваат со загадениот воздух. УНИЦЕФ предупредува дека секој деветти смртен случај кај новороденчиња е поврзан со аерозагадувањето. Загадениот воздух и смртните случаи и заболените не познаваат партиска припадност”, рече Цаневска и посочи дека институциите затаиле на неколку полиња: затоплувањето како сериозен извор на загадување, урбанистичкиот криминал со кој Скопје е претворено во бетонска долина без воздух, потоа стариот возен парк и нефункционалниот јавен превоз, отсуството на ефективен инспексциски надзор, сеуште профитот од големите индустриски капацитети е поважен од здравјето а новиот Закон за контрола на индустриски емисии, остава простор клучни информации за загадувањето да бидат прогласени за „деловна тајна“.

Како мерки, Цаневска предложи:

— реклама —

1. Итно усвојување и финансирање на програма за замена на нееколошки системи на греење, со јасни рокови, обврзувачки таргети и реален буџет

2. Воведување задолжителни рестриктивни сообраќајни мерки во денови со екстремно загадување, вклучително и ограничување на сообраќајот, бесплатен јавен превоз и приоритет за еколошки возила

3. Мораториум и ревизија на деталните урбанистички планови во критичните зони на градот

4. Донесување обврзувачки Акциски план за чист воздух за Град Скопје за период 2026-2029, со конкретни мерки, рокови, одговорни институции и месечна јавна отчетност

5. Засилен, континуиран и јавно видлив инспекциски надзор над индустриските капацитети, со мерење на емисии во реално време, санкции за загадувачите

6. Целосна транспарентност и право на информирање на граѓаните, без сокривање на податоци зад „деловна тајна“ кога е загрозено јавното здравје

7. Итна имплементација на  локални политики за животна средина, со особен акцент на мерки за намалување на загадувањето на воздухот согласно обврските од Поглавје 27 и европските директиви.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3ubopt15lmq0dHrUBgV

Нов директор во „Лајка“: Орце Ѓорѓиевски го брани изборот, Штерјова обвинува за партизација

Скопје | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryacssdvpb4m0oeVWqaK2

Цаневска: Скопје станува „невидливо“ за инвеститорите по суспендирање на кредитниот рејтинг Б+

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryo50v32k7adh95ZJe2f8

(Фото) „Бандит“ на говорницата на Град Скопје

Македонија | пред 2 седмици

media-librarylb03orba9b188mShzls

Не заборавајте: затворен за сообраќај е потегот од Кисела Вода до Црвен Крст во центарот на Скопје

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања