Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Ѓорѓиевски: Интензивна инфраструктурна офанзива во Скопје, продолжува реконструкцијата на „Фрањо Клуз“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-library7a7lqa0676mseY6J6A4

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека градежните активности во главниот град се одвиваат со засилена динамика, оценувајќи дека реализацијата на проектите е доказ дека ветувањата се претвораат во конкретни дела.

Тој посочи дека во тек е втората фаза од реконструкцијата на улицата „Фрањо Клуз“, една од клучните сообраќајници во општина Аеродром. По, како што наведе, децениска запоставеност, улицата добива нов двослоен асфалт, нови рабници и целосно уредени тротоари, со цел подобрување на безбедноста и функционалноста за сите учесници во сообраќајот.

— реклама —

Паралелно, интензивни градежни зафати се реализираат и на улицата „Никола Парапунов“, каде се поставуваат нови, пошироки и побезбедни тротоари, со подобрена пешачка пристапност и современо урбано уредување. Според Ѓорѓиевски, со овие интервенции просторот добива нов лик, а жителите – поквалитетни услови за секојдневно функционирање.

Тој најави дека со подобрување на временските услови, од пролет ќе започне реализацијата на повеќе капитални проекти кои, како што истакна, ќе придонесат за засилена инфраструктурна трансформација на градот.

— реклама —

„Ова е новото време за Скопје. Време на работа, резултати и одговорност“, порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека активностите ќе продолжат со засилено темпо во наредниот период.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynbj0fssafh3k8Sb3ZRk

Ѓорѓиевски: Започна процесот на одгасување на Вардариште

Скопје | пред 6 дена

— реклама —
media-librarys8o3gcc07pjobisP5T0

Над 300 оброци за бездомници на Велики Четврток

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryrh4pk550lq7bcWa0N1K

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“

Скопје | пред 2 седмици

media-library0co5sc0kahlhbVkMDDn

Скопје денес е центар на светското олимписко таеквондо

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања