Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Се деблокира експропријацијата, 850 метри „голгота“ заминуваат во минатото - до крајот на годината четири ленти и нова патека на „Борис Трајковски“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-library606cc1unvdqu1634jJM

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека е постигнат договор за довршување на булеварот „Борис Трајковски“, еден од најфреквентните сообраќајни правци во градот, кој секојдневно го користат повеќе од 100.000 жители.

Ѓорѓиевски информира дека одржал средба со стопанствениците долж трасата, при што бил постигнат договор за забрзано спроведување на експропријацијата – процес што, како што наведе, во минатото останал недовршен. Со тоа, според него, се отвора патот за реализација на проектот кој со години бил најавуван, но не и реализиран.

— реклама —

Булеварот „Борис Трајковски“ е еден од приоритетите во рамки на капиталните инфраструктурни зафати, а градоначалникот оцени дека неговата недовршеност претставувала сериозен проблем за жителите на овој дел од градот.

Во најскоро време се очекува објавување на јавната набавка, а проекциите, според најавата, се дека изградбата ќе биде завршена до крајот на оваа календарска година.

— реклама —

Станува збор за делницата од околу 850 метри, од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево, која треба да добие современо решение со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека.

Градоначалникот апелираше за трпение од граѓаните за време на градежните активности, оценувајќи дека привремената непријатност ќе резултира со трајно и безбедно сообраќајно решение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynbj0fssafh3k8Sb3ZRk

Ѓорѓиевски: Започна процесот на одгасување на Вардариште

Скопје | пред 6 дена

— реклама —
media-librarys8o3gcc07pjobisP5T0

Над 300 оброци за бездомници на Велики Четврток

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryrh4pk550lq7bcWa0N1K

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“

Скопје | пред 2 седмици

media-library0co5sc0kahlhbVkMDDn

Скопје денес е центар на светското олимписко таеквондо

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања