Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Мустафаоглу контра Ѓорѓиевски: Во Градската администрација ќе имаме не 21, туку 44 нови вработувања за 42 позиции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-library7sujn196t63d8lAgr1J

Советничката во Град Скопје, Дарја Мустафаоглу, од редовите на опозициската Левица, по седницата на град Скопје, од која градоначалникот се пофали дека спречил непотребно вработување во градската администрација, излезе со сосема спротивен став.

- Добро сум проценила дека ќе си извади рил градоначалникот за “храбриот потег” да не дозволи 21 вработување во Градската администрација по распишан јавен оглас од претходното раководство.

— реклама —

Но, реалноста е поинаква, а согласно годишниот план за 2026 (предложен од актуелниот градоначалник) во Градската администрација ќе имаме не 21, туку 44 нови вработувања за 42 позиции

Пиарот навлегува во лага кога ги имаме фактите… - пишува во објавата на Мустафаоглу.

— реклама —

Tаа сподели и видео во кое се обраќа од градското собрание и истакнува дека во планот за вработување во градот за оваа година се планираат многу позиции, од кои дел биле пополнети со преземање луѓе од општина Кисела вода, но посочи и на позиции кои нејзе и звучат како непотребни.

„Од овие вработувања коишто се предвидени во ова предлог одлука, делумно ги имате исполнатo со на преземање од Kисела Вода. Значи, на некоја позиција нема да бидат според јавниот оглас.

Морам да напоменам дека годишниот план за вработување во град Скопје за 2026 година го имавме поддржано, исклучиво поради пожарникарите коишто беа предвидени дека ќе се вработуваат во 2026 година, меѓутоа, овдека е убаво да се истакне фактот што имаме 42 позиции коишто предвидуваме дека треба да се пополнат.

На пример, ева градоначалникот нека ми објасни дали е потребно и колку е потребно помлад соработник за превод на англиски јазик во годишната програма за 2026 година, раководител на одделение за управување со квалитет, советник за давање на информации за градоначалникот, раководител на одделение за координација на активностите на градоначалникот, советник за подготовка на материјали и документација за заштита од бучава., раководител на одделение за техничко регулирање на сообраќај, советник за контрола над работите во доменот на изведба на одржувањето на хоризонталната и вертикалната сообраќајна сигнализација, виш, соработник за категоризација и менување на улици, самостоен референт за документација, помлад соработник во занаетчиство и трговија, самостоен референт за документација, самостоен референт за административна поддршка, самостоен референт за персонална евиденција“, изјави Мустафаоглу.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynbj0fssafh3k8Sb3ZRk

Ѓорѓиевски: Започна процесот на одгасување на Вардариште

Скопје | пред 6 дена

— реклама —
media-librarys8o3gcc07pjobisP5T0

Над 300 оброци за бездомници на Велики Четврток

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryrh4pk550lq7bcWa0N1K

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“

Скопје | пред 2 седмици

media-library0co5sc0kahlhbVkMDDn

Скопје денес е центар на светското олимписко таеквондо

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања