Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Филипче: Храната поскапува, нов ценовен шок по џебот на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 дена -

Македонија
media-library3ejbir0j0eltdYcu37F

Филипче вели дека една мерка на Владата не е доволна за да се ограничи растот на цените, бидејќи не поскапело само горивото туку и основните прехранбени продукти, што е сериозен удар за граѓаните. Според него, откако храната еднаш ќе поскапи, тешко се враќа назад и граѓаните не ги чувствуваат мерките. Тој тврди дека Македонија е единствена во регионот каде владина мерка придонела за раст на цената на горивата, иако цената на нафтата последниве денови паѓа. Ги критикува и споредбите со Словенија и Хрватска поради нивниот далеку повисок стандард и минимални плати.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Една единствена мерка не е доволна за да има ограничување на растот на цените на горивата и храната,  не поскапе само литар гориво и дизел, туку поскапеа сите прехранбени продукти, посочи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Топ Тема“, на телевизија Телма.

— реклама —


— реклама —

Филипче нагласи дека СДСМ континуирано предупредуваше дека се потребни навремени мерки за да не дојде до сегашното енормно зголемување на цените на горивата и нафтените деривати и на храната, што  е сериозен удар за граѓаните.

— реклама —

„Не поскапе само литар гориво безоловен и дизел, туку поскапеа сите прехранбени продукти. Видете што се случува во маркетите, основните прехранбени производи, месни, млечни, овошје, зеленчук, зејтин, јајца се е поскапено. Овие мерки кои што ги донесе Владата, односно една единствена мерка практично не е доволна за да има некое ограничување на растот на цените и граѓаните не ја чувствуваат. Дополнително, поскапената храна и да се намали цената горивата веќе нема да се врати назад“, рече Филипче.

Тој додаде дека Македонија е единствената земја во регионот во која со владина мерка наместо намалување на цените, има зголемување на цената на горивата.

„Изминатите три дена цената на нафтата паѓа, а кај нас се уште е висока. Сметам дека сме единствена земја во регионот која што со некаква мерка што ќе се донесе придонесува и прави цената на литар гориво да порасне. Тоа се случи откако се најави предлог мерката на премиерот со ДДВ-то за неколку денари, скокна цената на дизелот“, рече Филипче.

Во интервјуото Филипче посочи дека несоодветни се споредбите што ги прави премиерот Мицкоски со држави како Словенија и Хрватска кои имаат далеку повисок стандард од Македонија.

„Сиромаштијата е огромна,  нема никаков раст на платите изминатите две години. Ја слушаме од премиерот реториката, ние имаме најевтина гориво во регионот ги споредуваме цените, ние имаме слично цена нешто поевтино од Словенија од Хрватска, ама таму минималната плата е 1.500 евра, неразумна споредба со земји кои што имаат повеќекратно поголем стандард од македонскиот животен стандард“, рече Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 5 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 9 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања