Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Поранешната министерка го искритикува наследникот во Одбрана: Нема нови набавки, нема реформи во Армијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 дена -

Македонија
slavjanka-petrovska

Поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска информира дека денеска се промовирани 17 „Страјкери“, лесни оклопни возила кои се дел од договорот за набавка со Соединетите Американски Држави, склучен во 2021 година.

— реклама —

Таа посочи дека овој договор е еден од вкупно седумте договори „влада со влада“ реализирани во периодот на владите предводени од СДСМ, оценувајќи дека станува збор за значаен чекор во процесот на модернизација и опремување на Армијата.

— реклама —

Сепак, Петровска изрази загриженост дека во изминатите две години, освен најави за „историски“ набавки и буџет за одбраната, не се забележува конкретен напредок. Според неа, во овој период не е склучен ниту еден нов договор за модернизација на Армијата.

— реклама —

Таа оцени дека состојбите во одбранбениот сектор не се во согласност со изјавите на актуелниот министер Владо Мисајловски, наведувајќи дека нема нови набавки, нема зголемување на платите, нема нов колективен договор, ниту пак нови вработувања во критичните специјалности. Дополнително, според Петровска, изостануваат унапредувања по заслуги, реформи во системот за справување со кризи и несреќи, како и поширок напредок во секторот.

Во својата реакција, Петровска упати и директна критика кон министерот Мисајловски, обвинувајќи дека избегнува јавен дуел, при што порача дека „на лагата ѝ се кратки нозете“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryfikojh3tn0ftbKJnAiI

Од судница до Брисел: Политичките ривали на иста маса во НАТО

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2025-09-10-143507

Петровска до АНБ : Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

Македонија | пред 6 месеци

slavjanka

Петровска: АНБ веднаш може да ја декласифицира документацијата, законот е јасен

Македонија | пред 6 месеци

Slavjanka-P-1

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична против ексминистерката Славјанка Петровска

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања