Поранешната министерка го искритикува наследникот во Одбрана: Нема нови набавки, нема реформи во Армијата
Поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска информира дека денеска се промовирани 17 „Страјкери“, лесни оклопни возила кои се дел од договорот за набавка со Соединетите Американски Држави, склучен во 2021 година.Таа посочи дека овој договор е еден од вкупно седумте договори „влада со влада“ реализирани во периодот на владите предводени од СДСМ, оценувајќи дека станува збор за значаен чекор во процесот на модернизација и опремување на Армијата.Сепак, Петровска изрази загриженост дека во изминатите две години, освен најави за „историски“ набавки и буџет за одбраната, не се забележува конкретен напредок. Според неа, во овој период не е склучен ниту еден нов договор за модернизација на Армијата.Таа оцени дека состојбите во одбранбениот сектор не се во согласност со изјавите на актуелниот министер Владо Мисајловски, наведувајќи дека нема нови набавки, нема зголемување на платите, нема нов колективен договор, ниту пак нови вработувања во критичните специјалности. Дополнително, според Петровска, изостануваат унапредувања по заслуги, реформи во системот за справување со кризи и несреќи, како и поширок напредок во секторот.Во својата реакција, Петровска упати и директна критика кон министерот Мисајловски, обвинувајќи дека избегнува јавен дуел, при што порача дека „на лагата ѝ се кратки нозете“.
Македонија | пред 5 дена