Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, заедно учествуваат на состаноците на Парламентарно собрание на НАТО што се одржуваат во Брисел, по низата јавни препукувања и меѓусебни политички обвинувања во изминатиот период.
Двајцата пратеници, покрај соочувањата во Собранието, претходно се најдоа и во судница, откако Петровска поднесе тужба за клевета против Ковачки, поврзана со негови тврдења дека таа поседува хациенда во Бутел.
Во објава на социјалните мрежи, Петровска информираше дека учествува на редовните состаноци на Парламентарното собрание на НАТО, оценувајќи дека тоа претставува можност за размена на ставови и за презентација на позициите на претставниците на Алијансата и на Европската унија во контекст на актуелните геополитички движења.
„НАТО останува обединето и цврсто посветено на заштитата на безбедноста на граѓаните на својата територија. Сојузниците се свесни за промената на облиците на заканите и континуирано ги прилагодуваат своите безбедносни и одбранбени системи на новите предизвици“, напиша Петровска.
Настанот во Брисел се одвива во време на засилени безбедносни тензии на европскиот континент, при што се очекува фокусот да биде ставен на колективната одбрана и одговорот на новите глобални предизвици.
Од судница до Брисел: Политичките ривали на иста маса во НАТО
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 1 месец -
Македонија
Поврзани содржини
НАТО пресретна балистички проектил од Иран во турскиот воздушен простор
Свет | пред 7 часа
Прага признава: нема средства за исполнување на НАТО обврските
Свет | пред 2 дена
Руте: Ормутскиот теснец мора да се отвори, ќе најдеме решение
Свет | пред 1 седмица
Членките на НАТО дискутираат за повторно отворање на Ормускиот теснец
Свет | пред 1 седмица