НАТО пресретна балистички проектил од Иран во турскиот воздушен простор
Балистички проектил, за кој е утврдено дека е лансиран од Иран и дека влегол во турскиот воздушен простор, бил неутрализиран од воздушни и противракетни сили на НАТО распоредени во источниот Медитеран, соопшти турското Министерство за одбрана.Во соопштението се наведува дека сите неопходни мерки се преземаат решително и без одлагање против секоја закана насочена кон територијата и воздушниот простор на Турција.„Балистичкото средство, за кое е утврдено дека е лансирано од Иран и дека влегло во турскиот воздушен простор, беше неутрализирано од страна на воздушни и противракетни одбранбени сили на НАТО распоредени во источниот Медитеран. Сите потребни мерки се преземаат решително и без двоумење против каква било закана насочена кон територијата и воздушниот простор на нашата земја, а сите случувања во регионот внимателно се следат, со приоритет на нашата национална безбедност“, се наведува во соопштението.Инаку, Турција предупреди дека би можела да покрене воена интервенција во северен Ирак, слична на нејзините операции во Сирија, доколку курдските милитанти се вклучат во копнените борби во рамки на Иран, наведуваат турски извори.Предупредувањето се однесува првенствено на борците на Работничката партија на Курдистан (ПКК) и нејзиниот ирански огранок, Партијата за слободен живот на Курдистан (ПЈАК), во случај да учествуваат во операции во западен Иран, наводно со поддршка од Израел.
Свет | пред 3 часа