Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Трамп го критикува НАТО, британски дипломат: Погрешно ја разбира Алијансата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Свет
media-libraryvu8k6ge34h6veaF2D7a

Американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини членките на НАТО дека направиле „глупа грешка“ откако одбиле да учествуваат во обезбедувањето на Ормускиот теснец, клучна поморска рута низ која пред војната минувале околу 20 проценти од светската нафта.

— реклама —

Говорејќи од Овалната соба, Трамп изјави дека повеќето сојузници не сакале да се вклучат во конфликтот, додавајќи дека иако американската поддршка не му е неопходна, нивното одбивање да испратат бродови за разминирање во Персискиот Залив е неправедно.

— реклама —

На овие ставови реагираше поранешниот британски дипломат и некогашен постојан претставник при НАТО, лорд Питер Рикетс, кој оцени дека Трамп „целосно погрешно ја разбира суштината на Алијансата“.

— реклама —

„НАТО е одбранбен сојуз. Ова е војна што САД сами ја избраа и за која не ги консултираа сојузниците. Никогаш не било договорено членките да ја следат Америка во секој конфликт што таа ќе го започне“, изјави Рикетс за Би-Би-Си.

Според него, пораката на Трамп е дека поддршката треба да биде двонасочна – доколку САД ги штитат европските сојузници, тогаш очекуваат и тие да возвратат со ангажман во други региони.

Рикетс предупреди дека ситуацијата е „повик за будење“ за европските земји, кои, според него, треба да ја зајакнат меѓусебната соработка и да градат посамостојна безбедносна политика.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

(Видео) Трамп: Никој во историјата не заслужува Нобелова награда за мир повеќе од мене

Свет | пред 10 часа

media-library1ve5ufdd63v50gpMbd8

Трамп: Ако некоја земја сака да испрати нафта во Куба, немам проблем со тоа

Свет | пред 11 час

media-library928rb7fvg2d00Q6SeWy

Војната со Иран ја открива слабоста на непредвидливата стратегија на Трамп

Свет | пред 2 дена

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Низ САД се планираат масовни протести против Трамп

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања