Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Вашингтон го притиска НАТО: „За неколку дена“ да достави планови за обезбедување на Ормускиот теснец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Свет
media-librarybf78tj12r94fdPla1kY

САД побарале од НАТО-сојузниците во рок од неколку дена да предложат конкретни планови за обезбедување на слободната и безбедна пловидба низ Ормускиот теснец – една од најважните енергетски и трговски артерии во светот. Барањето доаѓа во контекст на засилени тензии на Блискиот Исток и зголемени ризици за поморскиот сообраќај низ Персискиот Залив.

Според информациите објавени денес, американската страна инсистира на „конкретни обврски“ од европските сојузници, со цел најавената поддршка да се преточи во оперативни решенија – од распоредување капацитети и логистичка поддршка, до координација на патролирање и реагирање во случај на инциденти.

— реклама —

Барањето било претставено во серија состаноци и разговори меѓу американски и НАТО-претставници, вклучително и во Белата куќа, каде се одржал состанок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Разговори имало и во Пентагон и во Стејт департментот, како дел од пошироките консултации за улогата на Алијансата во актуелната безбедносна криза.

Во јавните изјави по средбата, Руте разговорот го опишал како „искрен“ и отворен, иако, како што се наведува, постојат јасни несогласувања. Во исто време, американската администрација, според наводите, останува незадоволна од нивото и формата на европскиот ангажман во неодамнешните операции поврзани со Иран.

— реклама —

Темата дополнително ја оптоваруваат и претходните тензии меѓу Вашингтон и Алијансата, кои, како што се посочува, постоеле и пред најновата ескалација на Блискиот Исток, а делумно се врзувале и за политички несогласувања околу Гренланд. Во таква атмосфера, барањето за брзи и прецизни планови за Ормутскиот теснец се чита како тест за кохезијата на НАТО и за подготвеноста на европските членки да преземат поголем дел од ризикот и одговорноста на терен.

Ормускиот теснец е тесен морски премин со огромно стратешко значење, преку кој минува значителен дел од глобалниот извоз на нафта и гас. Секое нарушување на безбедноста таму може да предизвика економски и политички потреси далеку надвор од регионот – што ја објаснува итноста со која САД бараат одговори и планови од сојузниците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Пакистан се залага за траен договор меѓу САД и Иран

Свет | пред 15 часа

— реклама —
media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Речиси милијарда долари иранска нафта ја заобиколила американската блокада

Свет | пред 17 часа

media-libraryotp04iork40b92aI4vG

САД трошат алармантно брзо ракети: Украина загрижена за одбраната

Свет | пред 17 часа

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски: Американците одат во Москва, а го заобиколуваат Киев – тоа е непочитување

Свет | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања