Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Белата куќа го обвини НАТО дека им свртел грб на САД среде кризата со Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-libraryl95j61423irb9qwf0sq

Белата куќа дополнително ја заостри реториката кон сојузниците, обвинувајќи го НАТО дека „им свртел грб“ на САД во екот на меѓународната криза поврзана со конфликтот со Иран.

Портпаролката Каролин Ливит ја пренесе пораката на претседателот Доналд Трамп, кој смета дека Алијансата „била на тест и не го поминала“. „Навистина е жалосно што НАТО во изминатите шест недели му сврте грб на американскиот народ“, изјави Ливит, додавајќи дека токму американските даночни обврзници со години ја финансираат одбраната на сојузниците.

— реклама —

Овие изјави доаѓаат во контекст на пошироката геополитичка криза, откако Вашингтон прогласи успех на воената операција против Иран и постигна привремено примирје, со најава за продолжување на преговорите за долгорочно решение.

Ливит потврди дека Трамп во текот на денот во Вашингтон ќе одржи средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, најавувајќи „искрен и отворен разговор“ за иднината на Алијансата.

— реклама —

На прашањето дали американскиот претседател размислува за повлекување на САД од НАТО, Ливит не ја исклучи таа можност. „Тоа е тема за која претседателот веќе разговарал и за која дополнително ќе разговара со генералниот секретар Руте“, рече таа, додавајќи дека јавноста наскоро би можела да слушне и директна изјава од Трамп.

Најновите пораки од Белата куќа дополнително ги засилуваат тензиите меѓу Вашингтон и сојузниците, во време кога паралелно се водат чувствителни преговори за безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Пакистан се залага за траен договор меѓу САД и Иран

Свет | пред 15 часа

— реклама —
media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Речиси милијарда долари иранска нафта ја заобиколила американската блокада

Свет | пред 17 часа

media-libraryotp04iork40b92aI4vG

САД трошат алармантно брзо ракети: Украина загрижена за одбраната

Свет | пред 17 часа

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски: Американците одат во Москва, а го заобиколуваат Киев – тоа е непочитување

Свет | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања