Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Руте: Ормутскиот теснец мора да се отвори, ќе најдеме решение

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
rute

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, порача дека сојузниците ќе мора да најдат начин за повторно отворање на Ормутскиот теснец, нагласувајќи дека станува збор за клучна артерија за светската економија.

„Убеден сум дека сојузниците, како и секогаш, ќе направат сè за да ги заштитат заедничките интереси. Ќе најдеме пат напред“, изјави Руте, коментирајќи ги разликите меѓу САД и европските партнери околу начинот на дејствување.

— реклама —

Тој потенцираше дека постои широк консензус дека теснецот не смее да остане затворен.

„Сите се согласуваат дека Ормутскиот теснец мора повторно да се отвори што е можно побрзо. Тоа е од клучно значење за светската економија“, додаде Руте.

— реклама —

Изјавата доаѓа во услови на тензии меѓу Вашингтон и европските сојузници, откако американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека НАТО може да се соочи со „многу лоша иднина“ доколку сојузниците не помогнат во обезбедување на поморскиот сообраќај.

Сепак, дел од европските држави веќе сигнализираа дека не се подготвени да учествуваат во евентуална воена операција во регионот.

Иран во меѓувреме практично го блокираше Ормутскиот теснец како одговор на американско-израелските напади, што доведе до нагло зголемување на цените на енергенсите и дополнителна нестабилност на глобалните пазари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

mark-rute

НАТО: Ќе преземеме сè за одбрана на Турција

Свет | пред 17 часа

— реклама —
media-libraryng9ecqnv8gssbu2vMxx

НАТО пресретна руски бомбардери над Балтикот

Свет | пред 1 ден

nato-mrezi

НАТО ќе стане „поевропски“: расте загриженоста за улогата на САД

Свет | пред 1 седмица

media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Напнатоста околу Иран ја турна НАТО во најголема криза

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања