Светот пред нова нафтена криза? Тензиите на Блискиот Исток го креваат алармот
Светот повторно се соочува со ризик од енергетски шок, поттикнат од воените тензии на Блискиот Исток и растот на цените на нафтата, што сè почесто се споредува со кризите од 1970-тите години.Според Фатих Бирол од Меѓународната агенција за енергија, сегашната состојба претставува „најголема закана за енергетската безбедност во историјата“. Тој предупредува дека недостигот на нафта на глобално ниво достигнува околу 11 милиони барели дневно – повеќе отколку во двете големи нафтени кризи од 1973 и 1979 година заедно.Клучен фактор во актуелната ситуација е Ормутскиот теснец, преку кој минува значаен дел од светската нафта. Неговото затворање доведе до пад на понудата од околу осум проценти, што веќе се одразува врз цените и глобалните пазари.Сепак, економистите укажуваат на важни разлики во однос на минатото. За разлика од 70-тите, кога цените експлодираа неколкукратно и предизвикаа стагфлација, денешниот пазар е поразновиден и поотпорен. Производството не е толку концентрирано, а САД во меѓувреме значително ја зголемија сопствената продукција, намалувајќи ја зависноста од Блискиот Исток.Дополнително, државите располагаат со значителни стратешки резерви – над 8 милијарди барели – кои веќе се користат за ублажување на шокот и стабилизирање на цените.И покрај тоа, штетите врз енергетската инфраструктура во регионот се сериозни. Десетици нафтени и гасни постројки се оштетени, што значи дека дури и по евентуален крај на конфликтот, обновувањето на производството може да трае со месеци или години.Клучното прашање останува времетраењето на кризата. Доколку блокадата на Хормушкиот теснец и воените дејства продолжат подолг период, ризикот од глобална нафтена криза значително ќе се зголеми.Во меѓувреме, ефектите веќе се чувствуваат: раст на инфлацијата, поскапо гориво и притисок врз економскиот раст. Иако сценариото од 70-тите засега не се повторува во целост, неизвесноста останува висока, а пазарите внимателно го следат секој нов развој на настаните.
Свет | пред 14 часа