Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Што ќе случува со цената на нафтата?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library1mi2n94v9sfv9Tg5K8m

Светските енергетски пазари се потресени по ескалацијата меѓу САД, Израел и Иран и блокадата на Ормутскиот Теснец. Се очекува скок на американската нафта за околу 9% (над 73 $/барел), со можни сценарија до 80 $, па и над 100 $ ако кризата се продлабочи. Иран ја забрани пловидбата низ теснецот преку кој минува околу 20% од светската трговија со нафта; напад врз танкер дополнително ја зголеми неизвесноста и остави многу пловила закотвени. ОПЕК+ најави зголемување на производството, но капацитетите се ограничени; растат и златото/среброто, паѓаат берзите во Заливот, а се најавуваат поскапи горива и инфлациски притисоци.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Светските пазари се подготвуваат за нагло зголемување на цената на нафтата, откако ескалацијата на конфликтот меѓу САД, Израел и Иран, како и блокадата на Ормутскиот Теснец, предизвикаа силни турбуленции на енергетските берзи.

Според податоците на брокерската куќа ИГ, американската сурова нафта би можела да поскапи за околу 9 проценти веднаш по продолжување на тргувањето, што би ја искачило цената на барелот над 73 долари – највисоко ниво од јуни 2025 година. Аналитичарите на Барклис предупредуваат дека во случај на „значително нарушување на снабдувањето“ цената може да достигне и 80 долари по барел. Од Ројал банк оф Канада одат чекор понатаму, оценувајќи дека нафта над 100 долари не е нереално сценарио доколку кризата се продлабочи.

— реклама —

Клучниот удар врз пазарот дојде по одлуката на Иран да го забрани преминот на бродови низ Ормутскиот Теснец – стратешка поморска точка низ која поминува околу 20 проценти од светската трговија со нафта и енергенси, во вредност од приближно 500 милијарди долари годишно. Преку теснецот се транспортираат и хемикалии и ѓубрива, што значи дека блокадата може да има ефект и врз земјоделството и глобалните цени на храната.

Дополнителна неизвесност создаде и нападот врз нафтен танкер, по што најмалку 150 пловила што превезуваат сурова нафта, течен природен гас и деривати останаа закотвени на отворено море.

— реклама —

Во обид да го смират пазарот, осум земји од групата ОПЕК плус, меѓу кои Саудиска Арабија и Русија, се договорија да го зголемат производството за 206.000 барели дневно од април. Сепак, аналитичарите предупредуваат дека капацитетот за значително дополнително зголемување е ограничен, а извозот и натаму зависи од безбедноста на пловидбата низ Заливот.

Покрај нафтата, раст бележат и благородните метали. Златото поскапе за повеќе од 2 проценти, доближувајќи се до 5.400 долари за унца, додека среброто скокна за над 3 проценти. Инвеститорите бараат „безбедни засолништа“, што е типична реакција во услови на геополитичка нестабилност.

Ефектите веќе се чувствуваат и на регионалните берзи. Повеќето пазари во Заливот забележаа пад, при што саудискиот индекс изгуби 2,5 проценти, додека Кувајт привремено го суспендираше тргувањето поради „вонредни околности“.

Експертите предупредуваат дека скокот на големопродажните цени на нафтата директно ќе се одрази врз малопродажните цени на горивата, што значи дека граѓаните ширум светот, вклучително и во Европа, би можеле наскоро да се соочат со поскапи бензин и дизел, но и со поширок инфлаторен притисок доколку кризата потрае.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 12 часа

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 13 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 13 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања