Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Иран: Ормутскиот теснец никогаш повеќе нема да биде ист

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryabq8cv2koqk948R6I44

Претседателот на иранскиот парламент Мохамад Багер Калибаф изјави дека Ормутскиот теснец влегува во нова фаза на нестабилност и дека безбедноста не може да се врати на претходното ниво, поради американското и израелското присуство во Персискиот Залив. Тој тврди дека американските напади не можат да ги уништат иранските капацитети за оружје и дека Иран по минатогодишниот конфликт ги изменил воените системи и ракетните лансери. Калибаф порача дека Иран нема да се предаде и дека по крајот на војната регионот ќе се промени надвор од интересите на САД, со нов регионален поредок на исламските земји.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Калибаф, изјави дека Ормутскиот теснец, еден од најважните светски поморски коридори за транспорт на нафта, влегува во нова фаза на нестабилност и дека безбедносната состојба повеќе не може да се врати на претходното ниво.

Во телевизиско интервју, Калибаф нагласи дека американските бомбардери и борбени авиони не се способни да ги уништат иранските капацитети за производство на оружје, и покрај честите напади врз воени цели од почетокот на конфликтот.

— реклама —

„Ормутскиот теснец повеќе не може да биде како порано, ниту да се врати во поранешната состојба. Безбедност повеќе нема“, изјави Калибаф, додавајќи дека причината за тоа е, како што рече, американското и израелското присуство во регионот на Персискиот Залив.

Тој посочи дека Иран извлекол поуки од минатогодишниот дванаесетдневен конфликт и значително ги изменил своите воени системи и дизајнот на ракетните лансери.

— реклама —

„Тие мислат дека можат да ги уништат нашите постројки со бомбардери, но не знаат дека целосно го сменивме нивниот дизајн“, рече Калибаф.

Иран, според него, нема да попушти под притисок и нема да се предаде, а крајот на конфликтот ќе донесе промени во регионот кои нема да бидат во согласност со интересите на Соединетите Американски Држави.

„Кога војната ќе заврши, лицето и поредокот на Блискиот Исток ќе се променат, но нема да се случи ништо што Америка го посакува“, изјави Калибаф, додавајќи дека исламските земји ќе воспостават сопствен регионален поредок и безбедносен систем.

Тој исто така оцени дека единственото што го постигнале САД и Израел е убиството на поранешниот врховен лидер Али Хамнеи, но, како што рече, системот не се распаднал и бил наследен од ново раководство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

„Имам добри вести“ – Трамп најави помилување на демонстрантки во Иран

Свет | пред 11 час

— реклама —
lopta-fudbal

Иран сепак ќе настапи на Светското првенство во САД

Спорт | пред 12 часа

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп: Иран може да добие уште три до пет дена

Свет | пред 12 часа

media-library4md44j2raa565nJ5iCE

Цените на нафтата надминаа 101 долар поради тензии во Ормускиот теснец

Свет | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања